Од 6-8 недели е првата,на 15 недели е ревакцинација и после 1 година има пак ревакцинација.За беснило се вакцинира кога достигне полова возраст поздрав!
Не ни треба да се капе таа,но веќе ако е потребно не се препорачува повеќе од 6 пати годишно!Јас мојата уличната што ми е оти влегува дома ја капам редовно но знам дека не треба.А имам и друга која си ја чувам внатре и ја капам во 2-3 месеци еднаш! поздрав
Кученцево мое, 4 месеци има..Многу почна да гризе, ме каса по врат кога го држам в раце, за нога колку пати ме има искасано села заби сум. Поминувам дома, ме каса по прсти..Му купив играчки да си игра, да ги гризе нив, но неможам да го одвикнам од гребење и касање
Така е тоа,побрлавеани се сега имаат црви во гзот! па не се чуди тоа е дел од фазата,и ти си била мала и си правела лудории! ете и јас имам кученце ми ги искина сите чорапи! но не би било лошо да почнеш да го воспитуваш уште сега иако најдобро е потешки команди да се тренира после 6 месец а сега само основните.поздрав
Ако не започнеш со вежби и да го принудиш да те слуша тешко тебе. Имам самојед, сега е 9 месеци и уште ме гризе по малку бидејќи како помал не давав да го допрат а камо ли да го удрат некоја воспитна. Многу проблеми ќе си имаш, едвај го шетам, ич не е мирен а сеа во последно време е заљубен па кога е дома е тажен , само тогаш не гризе хахаха
Имам куче хаски и денес беше избегана и ја имаа фатено кучиа други улични и некое ја имаше фатено за ногата и му имаше направено рана и ставив јод ама многу бегаше и не можев преврска да и направев Ми ја стај главата на рамото и ми цвилеше .Ми е страв да не добие инфекциа што да направам???
Таму кај што те гризе стави путер и нема да те каса. ако не тешко тебе... Моето дури беше ,мало гризеше сега има 1 год и 3 месеци и многу е умна ама некогас и знае да изеде накоја кокоска
Добро е тоа што јод си и ставила,инаку ако не е вакцинирана против беснило тешко нејзе веднаш да ја носиш на вакцина тие можеби со беснило се кучиња.Од инфекција не плаши се штом си дезинфицирала! поздрав
Ај кој има папагалче нека ми одговори.. Значи,почна на малово да му излегува нешто како бело,како брадавица до клунчето.. Барав на интернет што може да е, и пишува дека се работи за некој паразит и дека во екстремни случаи може да се прошири на нозете и на цело лиценце Познато ви е?
Па на мене ми стои во дневна каде што седиме и ние.Температурата е до кај 25 степени и до сега не сум приметила нешто да не и одговара таа температура.
Собна!(од 18 + ...) Познато ни е,но тоа мислам дека се случува само во длабока старост.Јас имав една многу стара тигрица која ја нападна шуга дури кога беше ептен стара и дупки и стори.Остави и вода да се избања и давај и зеленчук и овошје.Би ти рекол да ја напрскаш со хидроген(3%) по паразитот за да падне но може да отиде по очите.Така зајаците мои имаа шуга во ушите со хидроген ги прскав и псоле некое време им ги чистев корупките од паразитот и премивав.поздрав
Ама моево не е старо,6 месеци има. Фала многу инаку,сега ќе пробам се што ми кажа. А да не има некое овошје/зеленчук што не смее да јаде?
Се смее да јаде од овошје....инаку пробај со хидроген треба да падне ако има корупки па тек ондак со маст хлорамфеникол би можела да го намачкаш! поздрав
Што кога кученцето треба да остане само? Мал самојед скоро 2 месеци и цело време цифка кога нема некого до него. Сега почнува работна недела и има негде околу 2 3 саати што ќе треба да ги помине само.Како да реагираме на тоа и како да го навикнеме да оно да не цифка додека не нема нас?
Па никако нема да реагирате ќе го оставите само и ќе се навикне на тоа.Првите неколку дена ќе цифка дури да се навикне а потоа ќе престане.Неможите вие цело време да сте до него тоа мора да се навикне да биде и само.
Па мора преку тоа да помине секое кутре.Мора да знае да си најде утеха во себе и да изгради карактер прекросувајќи му на стравот.Преку тоа сите минувале,само немојте да го тешите оти ептен ќе го огалите и ќе ви наметне Алфа статус.Поздрав