Да не случајно некој знае бројче од салонот за кучиња позади Мечос што е? Ми треба да закажам, ама не знам ни како се вика, ни кое е бројчето
Да не случајно некој знае бројче од салонот за кучиња позади Мечос што е? Ми треба да закажам, ама не знам ни како се вика, ни кое е бројчето Чупе не знам дали зборуваш за АШАЈА но јас можам да ти дадам број од сопственикот Тошко Грозданов. Можеш да прочиташ во групава за сите фризери во Скопје, овој е најдобриот,вистински професионалист.Ако се интересираш кажи бројот во ЛП.поздравче
4-5 месеци мачето ми е, и си ја удри шепата на ногата на нешто стапна, му течеше крв малце ама му запре сега куца малце, ама почна и да се треси, од то што се удре да е ? некој совет, да му дадам некое апче нешто? доцна е за на ветеринар.
Насолзени очи кај Мачките Значи на мачорот мој веке 3 дена очината му се насолзени и подзатворени како да му се спие дали можи да ми помогни некој околу ова... позз.
Насолзени очи кај Мачките Пробај да најдеш телефонски број од некој ветеринар, во најмала рака, доколку не го носиш мачоров на преглед. Опиши му ги симптомите и прашај го. Тој најдобро ќе ти каже. Имав проблем со малите мачиња, на пример... Исто им солзеа очите, им беа подзатворени, само што, им се појавуваше и мрежичка, леплив секрет. Им ги чистевме со чај од камилица.
Насолзени очи кај Мачките јас имам приметено дека мачките солзат откако ке јадат ПИЛЕШКО најпрво кога приметив им давав пилешки виршли оние што се рефус потоа мислев дека е од некоји состојки во тие виршли но пак приметив дека и кога им давав од печено пилешко или варено дома припремено дека солзат . Можеби не сум во право но многу избегнувам да им давам пилешко и сега немам таков проблем .Првиот пат со виршлите беше страшно дури и како отоци им се направија мислев,,очите ке им истечат,,народно кажано !
Леле на моето маче почна и кожата да му се познава од тоа митарење, како краставо станува и многу е како тажно, само си спие и сака да го галеш, нити мјаука нити си игра како претходно.Ве молам кажете ми со што да го мачкам за кожата , некој ми вика со грес маст или некоја крема бецутал ама незнам да не му биде нешто кога ке се лиже. Ве молам за одговор
Феминки ми треба што побрзо одговор, сакам кучето да го бањам па пршањето ми е дали мора да го бањам со специјален шампон за кучиња или може на пример со Бекутан ? Плс одг
Па вака..имам две веќе мачки(не маќенца) Додека беа мали ги хранев со млеко и шприц,а сега кога пораснаа им купувам специјална храна за мачки,дали крекери дали нешто во конзерва...значи секогаш различно.Ги чувам внатре,но сепак не се тромави.А на лето скоро цело време се надвор. Ги БАЊАМ ама не често со шампон за мачки.Потоа ги сушам и ги бришам,па ги чешлам.Кога им беше време за `трчкање` по мачори ги затворив дома и не ги пуштав да излезат-само за до веце и пак и враќав..и замислете двете наеднаш.Фјуф..и тоа помина.. Сега планирам да ги однесам на операција...а да и ВаКЦИНИРАНИ СЕ. Многу си ги сакам.. Неколку пати ми се разболеле и јас веднаш на ветеринар гi однесов.Им `препишаа` некој апчиња и капки и им ги давам и сега се здрави.Едното маче-Лили за малку ќе ми умреше.Ама пак ја однесов на ветеринар заради тој еден глупак со кола за згази.Ама сега е жива и здрава.Ми рекоа ако издржи уште 5-6 часа ќе живее.И така јас цела ноќ не сум спиела ја гледав и плачев. Исто така имаат и такво ремче за околу врат..
и ти си била како мене ! еве и мене ми изгазија досега еден мачор преубав и една мачка лепота за жал двете умреја поради некои манјаци кои возат пребрзо во слеп улица ! сега имам една стара мачка и еден нов мачор .Мачорот до пред една недела го чував дома ама тој почна да излегува не ме ферма убаво му е времето надвор ама многу се плашам од манјаци кои брзо возат !
Заради умислените луѓе невините животни секогаш страдаат.Постојат многу такви луѓе,не се само нашиве случаи,ама само мачево да ми умреше тој жив немаше да остане.Знам дека е само заради едно маче,но мене тоа -едно маче- никој не е свесен колку ми значиииии.. Баш ми е жал за твоите случаи со непретпазливите шофери..
Јас имам тужено така.И делото го добив,отштета 135 евра,му ја зедоа возачката дозвола и му забранија чување на какво било домашно животно.Ми го згазија сијамскиот мачор пред 7 години, и мајка ми реши да тужи.Поздрав
Имам проблем со кучето. Златно ретриверче, година дена има. Го чувам во двор, ама претерува со лаење ноќе. Околу 4h кога ќе почне да лае, не прекинува додека некој не го пушти. Сме го оставале по неколку ноќи да лае, демек ќе се научи, ќе види никој не го рецка и ќе престане, ама никако. Уште истото си го прави и некогаш кога одам во 4h да го пуштам, после 15 мин го затворам во бокс и пак лае. Незнам што да правам, со месеци трае ова, а денес и добив опомена од соседите дека ќе ме пријават ако не превземам нешто. Некој со слично искуство???
Моево кутре лани имаше повреда на левата задна нога. Некое време не можеше да оди со таа нога, па ја држеше поткрената. После некое време се опорави, ја терав да трча по скали, да скока на двете нозе, и почна да стои цврсто и на таа нога. Арно ама, сега гледам дека кога трча, пак ја држи така поткрената ногата. Колку што знаеме дома, никаде се нема удрено, ниту пак некоја ја има згазено, а вака кога и го проверував ноџето, не видов да има повреда. Стои и оди нормално, на сите четири нозе, ама кога трча задната лева ја поткренува. Како да ја штеди. Малку звучи глупаво, ама да не ја боли од промена на времево?
Тоа ќе си и остане вечно,изгледа капачката на коленицата и пукнала.Не е ништо страшно,сите мали кучиња скоро поткуцнуваат подрипнуваат со ножичката.Се привикнуваат да живеат со такво ноџе и не е ништо опасно.Позз
http://k9loft.com/services/blog/2011/02 ... -at-night/ Читни овде, може ќе ти помогне. Лично мое мислење е дека секое куче што не е огромно ко шарпланинец треба се чува дома, ама тоа веќе е твоја одлука.
Ех да знаеш само каква војна водев додека беше дома, кога беше мал, а сега несмеам ни да помислам да го внесам... Немам избор... Сепак фала на помош