Домашни миленичиња Jas kolku sto znam cipot koj sto cini 1000 denari se stava za dokolku se ukrade kutreto ili se izgubi da se potvrdi sopstvenosta,a za lociranje se vgraduva GPRS cip koi se dosta poskapi i se uste gi nema kaj nas [mod-kirilica:wp77dda3][/mod-kirilica:wp77dda3]
Домашни миленичиња ех да ги има незнам кој не би ставил,зар е подобро без нив,јас на сите миленици ке им вградам сигурно.
Темава привремено ќе ја заклучам, треба да се среди, па брзо ќе биде одклучена и ќе се има можност за дискутирање. Благодарам на трпението
Домашни миленичиња Јас и брат ми сме чувале мачиња,кучиња,зајаче,змија,заби и полноглавци,гуштери,гасеници,ползави овие поекстремниве ги носеше брат ми како помал,а јас му помагав да ги крие,секое откритие на мајка им и приредуваше невиден шок . Моментално имам мачорче се вика Марко има 1год.8мес.сум го одгледала уште од бебе немаше ни прогледано и многу сме приврзани,а многу ми е паметно милото само научи да ја користи wc шолјата,само си отвара врати,многу е своеволно и тврдоглаво,така и сум го воспитувала никому да не попушта,да има став !
Болно домашно милениче Моето мачорче се има удрено на главата,раната беше малечка ама ја чеша па ќе прокрвари повторно и повторно и не успева да му зарасне.Прашавме ветеринар,вели инфекција има да му се даде инекција.Јас малку се сомневам како знае на невидено дека била инфекција,мозе да го чеша и зошто му заздравува раната?!Дали некој знае со што би мозела да го намачкам или нешто др.што би помогнало?
Болно домашно милениче Стави му хидроген 3%,моето куче пред некој ден се исече на ноџето и ветеринарот ми кажа да и ставам хидроген
Болно домашно милениче одкако се врати изгубеното куче многу ни е ослабено сите коски му се познаваат ... и има некоја чудна форма на нозете...размислуваме да го однесиме на ветеринар , сега за сега му даваме антибиотици но се со поминат рок ( незнам дали тоа е штетно ) .. се надевам дека ќе се среди за брзо ..уште еден проблем има : Кога јади веднаш по 5-10 мин оди по потреба ...не3 дека му даваме некои течни јадења ..обични како за куче .. како да се спречи тоа или пак е прашање на време ?
Болно домашно милениче ^^^ Абе пааа....зошто му давате лекови со поминат рок?????????кога веќе му давате на своја рака барем нека не бидат со поминат рок...за едно апче ли е работата .... инаку, совет, јави се во ветеринарна амбуланта, прашај, можеби и по телефон ќе ти кажат нешто...инаку не му давај ништо друго освен по пола аналгин или еден андол на ден, и не му давај месо....јас моите животинки кога се болни ги лечам со живи јајца.... 3-4 дена не му давај месо, само малку млеко, и по некое живо јајце....
Болно домашно милениче Имам кученце, самојед, 1 месец и 20 дена. Се случува веќе 3-4 пати да се тресе додека спие, целото тело му се тресе, од почеток бавно но полека забрзува. Кога ќе го промрдам за да се разбуди, не реагира за 2-3 секунди и потоа се буди исплашено Што може да му е? Дали сонува нешто лошо или...?
Болно домашно милениче лекарот ни рече дека не е проблем дали се со поминат рок апчињата ...затоа и не зедвме нови така стојат дома ..
Болно домашно милениче А ако не е тајна, кој ветеринар ви рекол дека апчиња со поминат рок може да се даваат на куче?
Домашни миленичиња За ова што правевте муабет за чипови и вадење пасош за куче сега ќе ви објаснам. За да на кучето се стави чип,кучето немора да има пасош.Од 2 месеци старост па нагоре на кутрето може да му се стави чип,чипот се става кај грбот. И чипот не игра никаква улога за вадење на пасош и патување во странство,комотно куче што нема чип може да патува низ странство,значи чипот не е задолжителен за вадење на пасош и патување. А додека за вадење на пасош,кучето мора да има примено вакцина за беснило и имунитет и за да се извади пасош претходно е потребно да се направат анализи на крвта. Бидејќи нашата мила и заостаната државичка нема лабаратории за проверување на крвта,крвта се праќа или во Грција или во Словенија за да се добијат резултатите и процедуата трае подолг период.
Болно домашно милениче Сериозно убаво ти вика Доберман. Ветеринарот очигледно не го бива. Па и искрено како вие размислувате така да му давате апчиња со поминат рок? Вие дома пиете апчиња со поминат рок? Секако дека не. Епа фрлање во канта и никако на кучето такви апчиња. И купете му витамини, купете му пивски квасец, земете му добра храна малку да ојача, може не е хранет со денови па желудникот сеа реагира. А за самојатчето и моето мрда некад во ноќ, како сите ние што сонуваме и оно сонува, ама ти викаш неколку пати така прави а е ептен малецко нема ни 2 месеци. Хммм стварно не знам. Кога ќе прима вакцина сега кажете го тоа на ветеринарот. За секој случај.
Болно домашно милениче Ништо страшно и моето дур спие се тресе и се буди по неколку секунди,така еднаш од памет се извадив почнав шамари да и мавам за да се разбуди Така си сонуваат И мене ме интересира кој е тој ветеринар што ви кажал дека може да се даваат апчиња со поминат рок?
Болно домашно милениче Самото тоа што се со поминат рок значи дека не смеат да се пијат . Тој што ти го кажал ова нека ти ги врати парите
Болно домашно милениче Моето цело се дрмаше кога сонуваше, дури и со нозе преташе, и испушташе разни звуци ...што ли сонуваше , сигурно бркаше некоја мачка во сон А интересно, кога ќе ја разбудев и требаа неколку секунди да ги прибере зениците, едната од горе , другата од доле, како во цртан филм
Болно домашно милениче Mојата рипка, карас, неколку дена како седи доле во аквариумот, ретко плива нагоре, порано мн. јадеше - а сеа не толку, како мрзлива изгледа. Вака на изглед нема никакви знаци по телото кои би претставувале болест. Што може да биде, ако знае некој?
Болно домашно милениче Покрај тоа што се разбирам многу за кучињата (во некои случаи знам повеќе и од самите ветеринари) исто така се разбирам и од акваристика и сенадевам дека ќе ти помогнам. Како прво дај ми повеќе информации околу аквариумот за да ти кажам што му е на карасот. Има повеќе фактори кој би ја довеле рипката до таа состојба што е сега како што ја опишуваш. Би те прашала најважното, -Дали има филтер во аквариумот и дали има греач? Иако карасите спаѓаат во ладноводни риби (сакаат поладна вода) сепак несмее да се дозволи да падне температурата под 20/21 степен. Многу ладната вода ќе им го забави метаболизмот и рибите ќе бидат буквално како укочени и ќе бидат неактивни и ќе бидат на дното на аквариумот. Исто така ако нема филтер во аквариумот тогаш рибата ќе има малку кислород на располагање и затоа ќе биде неактивна. Исто така ќе те прашам на колку време ја менуваш водата? Одговори ми на овие прашања за да дојдеме до сршта на проблемот за да знам како да ти помогнам.
На темава на страна 3 изначитав доста чудни коментари околу тоа како да научиш мало кутре да не врши нужда дома. Луѓе незнам која ви е целта со весниците и да изигравате плашила. Ви треба само слободно време и трпение. Секое куче може да се примети кога сака да моча или кака (тоа е секогаш после јадење и после спиење). Само треба да го фатите моментот пред да клекне (или додека клекнува) и да го однесете на местото каде што треба да изврши нужда. Не го внесувајте внатре додека не изврши нужда надвор, па макар тоа и да трае 5 саати. Крај на муабетот. Неверувам дека ќе му треба повеќе од 4-5 дена да научи. Ако се измоча внатре а тоа го видите откако веќе завршило работа, нема поента да го карате, нема да свати зошто го карате. Јас така само со упорност и голема контрола го научив моето кутре за 1 недела,без никакви весници и удирање со весникот по газето.