1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    ~ Госпоѓица Лили денес киваше.Да не е заради временцево ~ ?
     
  2. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Госпоѓица Лили дали јадеше пилешко денес?? :D
     
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    17.654
    Пол:
    Женски
    девојки папагалов кај мене е од нова година кај мене тогаш имаѓе еден месец а сега има 4 месеци и уште е диво,дивина невидена незнам шо да му правам за да го сприпитомам и му зборам и се и па е диво.иначе машко е и е тигрица ;)
     
  4. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Е да ти кажам право денес не јадеше пилешко.ПОД казна е. :^) :lol: А можеби и со тоа и правам услуга..слушнав дека од пилешкото се кивало.. :D
     
  5. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Оуу тешко тие да се сприпитомат.И да,ептен се луди ко хеликоптери се...
    Според мене немаат мозок у глава тие,ќе се мавне у прозор и ќе се самоубие хех :D
    Има едни стапчиња е сега незнам од што беа ( дали цимет или неш др не ме фаќај за збор) и кога му примириса тоа дојде на твојата рака и постепено постепено се припитомува и си јаде...
    барем јас така арата си ја скротив инаку тоа е папагал кокошка уште повеќе без мозок! :D
     
  6. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    Колку се движат тие огрлиците против крлежи и бубачки за кучиња, а слушнав имало и вакцина некоја ??? ако може некој да ме посоветува, сакам да го заштитам кученцето уште сега... :(
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    не помагаат. ќе си одиш на ветеринар, ќе ти дадат едно ко тубиче ли,течно е, 300-400 денари е, се става на вратчето ама од горната страна, под главчето,капка по капка, и од тоа нема да ти фати цел месец крлежи, јас ти препорачувам од јуни до август да си го користиш, сега нема уште крлежи, барем јас така мислам... мојава нема фатено, значи нема, инаку вака по 5-6 стандард и се, затоа со капкиве ја редиме :D
     
  8. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Да добро ти вели Лудото можеш и со тие ампулите течности.Но,кучето мора да има најмалку 6 месеци-8 и мора да биде бањато па суво за да ги ставиш тие капки на врат.Но,еве кај комшииите овде тие му ставија на кучето(шкотски овчар) и тоа се разчеша и му се направи гоолем проблем рана му се отвори.
    И огрлиците штитат колку толку највеќе кога го шеташ за да не го напаѓаат и мислам дека се околу 200 денари.Има да и вакцина,која се става поткожно која содржи фермони кои постепено се лачат заедно со масните клетки под влакното на кучето и бубачките бегаат.Но скапи се многу можеби една 50 евра да ти е а и чисто се сомневам овде да има негде.За во Србија знам дека има.Поздрав :D
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Вака сега...
    Добив машко маче, 1 месец и 1 недела можеби, тука негде е.
    Е сега...му давав млеко, лизна малку, после му дадов виршла сецкана, цела ја изеде! :D
    Дали може нешто да му биде?

    Јас утре ќе ги читам странициве, ама ако некој сака, да ми пише ЛП за целоснава грижа за мачево, затоа што прв пат чувам.
    Значи вакцина, дали може да ми фати дома болви, какви се тие паразити и колку се штетни, кога да го бањам,како да го научам само да мочка, каков песок да му ставам итн...
    Значи ве молам, кој е така поискусен со мачиња, нека ми пише. :)
     
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Искрено јас да ти кажам, не мислам дека нешто ќе му биде.
    Мојот мачор откако го имам, а беше месец дена некаде, јаде све и свашта. Што јадам јас јаде и тој. Така да немислам дека нешто ќе му биде.
    Вакцини, братучедми е ветеринар јас не се разбирам од тоа...
    А за мочкањето мачките се педантни животни кои стално си бараат место за вршење нужда и секогаш копаат дупка, така да мислам дека некое време да го пратиш и да го насочуваш каде да врши нужда па ќе се научи ;)
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Додека да наполни 6 месеци,ќе го храниш повеќе пати на ден и ќе му даваш исто така и млеко но после тоа до 1 годинка млекото ќе го намалиш з апосле 1 годинка целосно да го исфрлиш од исхраната.
    Виршлата е добро што си му давала,но ако имаш средства да му обезбедиш специјална храна за мачиња било тоа Вискс или Кит кат значи пола килограм ти е 70 денари да му ставаш 1 дневно од таа храна и после тоа од тоа што јадеш ти(освен луто,зачинето и премногу солено и мрсно) ќе имаш пола месец.Сепак мислам дека 2 пати месечно по 70 денари се исплаќа да даваш за маче за да биде и по здраво и по енергично.Е сега кога порасне таа порција ќе се намали на 1 неделно по пола килограм.Но сепак те советувам да ако сакаш да ти живее повеќе и да биде здраво да го храниш исклучливо со специјална храна но можеш и со домашна да ја мешаш(ориз,компир).Пилешко не му давај стек такви работи зашо кива и солзица пуштаат од тоа месо.80% од мачките се алергични на пилешки стек.
    Провери добро да не има паразити,сега што и да му правиш не ќе можеш ништо само ќе го сумреш ако превезмеш нешто против паразити оти многу е малечко.Почекај 6 месеци да наполни и ќе купиш огрлица за против болви и паразити и плус капки што се ставаат на врат кои имаат заштитно дејство 1 месец но мора мачето да биде повозрасно.
    1 вакцина мора да прима на 2 месечна возраст и после тоа д ане доаѓа во контакт со други мачки и надвор да излегува барем 1 недела.После тоа може а и немора ре-вакцинација да се направи на 6 месечна возраст мислам дека беше(јас на моите не сум им правел ревакцинациии).На 1 годишна возраст ќе ја однесеш на вакцина против беснило.
    Е сега ако ти е женско,отприлика јануари,февруари,март тука негде ќе се разгони и ќе почне да лудува.
    Ако е машко очекувај некад да ти дојде со крвава кожа или искубена опашка.Затоа ти предлагам кога наполни 8=9 месечна возраст ако имаш услови да го кастрираш.Цената е од 1000-1500 за кастрација.Мојата фати 1200 за мојот мачор.Барем така ќе го лишиш од проблеми.
    ...вода секогаш да има и чиниичето секогаш да му биде полно со храна(од таа специјалната).Не смееш да го бањаш додека не наполни 6 месеци,сега можеш само со влажна крпа да го триеш.А и тие не ни треба да се бањаат,јас мојот бенгалски мачор го бањам 4 пати годишно чисто ради тоа што е дома по цело време и за и на нас да ни биде хигиенски(ама вистински ризик е кога мачор се бања а посебно бенгалски).Толку ...ако уште нешто те интересира,пиши :D
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Добро,благодарам многу.
    Е сега, читав на форумов дека виршли,колбаци, салами и такво преработено месо не смеат да се даваат на мачиња до 1 година старост,ама еве ти викаш добро што сум му дала :worried:
    Друго, како да проверам дали има паразити? Болви видов дали има, не се гледаат, прочешкав, а се чешка многу малку така.И башка, дома е чувано цело време, не знам дали може на друг начин освен од надвор да фати болви?
    Инаку, машко е ама не планирам воопшто надвор да го изнесувам, или чувам.
    Е сега, кога да му ставам апче за глисти, одма или да почекам уште малку?

    И, дали има некоја можност ние вака по дома да фатиме болест или слично?
    Имам слушнато дека ако голтнеш влакно од маче, можеш да умреш...Какви болести пренесуваат? :?:

    Благодарам однапред.
     
  13. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Мачето можеш да го исчистиш од внатрешни (глисти) и надворешни (болви итн.) паразити со посебно апче за таа работа. Ќе отидеш до некоја аптека за животни и ќе прашаш за Бихелдон, Канидон, Прател таблети. Се купуваат и на парче, тој лек се дава спрема тежината на мачето, така да чим мачето ти е месец ипол старо тогаш ќе му дадеш 1/4 од апчето во парче мевце. Таа доза ќе му ја даваш на секои 3 месеци. По дома неможете да фатите болест, без гајле. Само ќе си го негуваш мачето како што треба, ќе му пружаш внимание, љубов и грижа :)

    Се останато ти има веќе напишано Nutricionist, поздрав.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми некој добар ветеринар за да ги кастрира моите мачки- Госпоѓица Лили и Госпоѓица Црнка. :) Првиот пат ги дочувавме ама сега нешто сомнително ми е.Ако има нешто ќе ги однесам да `абортираат` :lol: и после ќе ги кастрираат.Хелп !?? :angel:
     
  15. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    ^^Ако е самото маче здраво, значи вакцинирано, чисто и се тоа, нема од што да се плашиш за болести, мачорите мој двата спијат со мене па до сега ништо ми се нема случено.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Др. Марин (02/3113 101 - позади социјално се наоѓа) е чудо од доктор, од искуство ти кажувам. Се шират гласини и дека др. Анастас (02/6090 699 - кај МЗТ салата мислам се наоѓа) е исто добар доктор. За се што ти треба слободно прашај ги нив. Мачките нема потреба да абортираат, пожелно е само еднаш да се омачат а потоа да ги стерилизираш. Стерилизација е за мачки, а кастрација е за мачори ;)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ако сакам нешто да прашам, може да се јавам на телефонов на Др. Марин, или мора кај него да одам со мачето?
    Прв пат ми е, се извинувам за смотаниве прашања. :$
     
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски

    За мачори а?? Океј како и да е. :lol:
    Благодарам за помошта. :D НЕМА ДА ГИ КАСТРИРАМ ТУКУ ЌЕ ГИ СТЕРИЛИЗИРАМ. :rofl:
     
  19. GirlFromMars

    GirlFromMars Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8

    А зошто да не му давам млеко одкако ке наполни една година? Мојот мачор има 4 години и уште си пие млекце, дури и сам си бара, а ништо не му еве 4 години редовно си пие
     
  20. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Затоа што млекото содржи лактоза, а после 1 година старост не е пожелно да се конзумира, без разлика што си пие и не прибира, нормално дека ќе сака пошо е млеко, па ако му дадеш чоколадо и тоа ќе јаде ама штетно е..