ветеринарот ми препорача Фронтлине вакцина за кутето против крлежи и ја земав... ако може да ми кажете како да и ја ставам,и дали треба целата течност или само капка???
Тоа е ампула, а не вакцина. Една цела ампула е доволна за отприлика животно со тежина од 10тина килограми. Така да ако твоето кученце е толкаво стави ја цела, ако има 3-4 кила стави му пола, иако Фронтлајн се доста безбедни ампули, не би требало никаков проблем да направат. Се ставаат позади вратот и на коренот од опашот. Не се измива, можеш после 15-20 мин со марамче да го избришеше остатокот на влакната, ќе бидат како малце мрсни, или доколку не ти смета остави така. Ампулата можеш да ја ставиш и по должината на целиот 'рбет, но доволно е и позади врат и неколку капки на коренот од опашот. Втриј ја со прст за побрзо да се впие во кожата и обавезно измиј си ги рацете после, и тоа е тоа.
никако немој да го избањаш исушиш и да му ставиш.ден ипол треба да помине откако е избањато и послем ке му ја ставиш и нема да го фаќаш на местото.се става кај вратчето и по рбетот.и се разбира послем нема да го бањаш
Mојава кучка од 4 килца, стигна на 5.8 здебелена е се тркала по дома Tреба на диета да ја ставиме, ама кај може таа без крекери, бисквити соленки по цело пакетче јаде во 1 ден дебела моја, си ја сакам највеќе на цел свет.
Девојки треба ми брзо помош! Само што си купив мало пиле (петелче) и не знам со што да го нахранам. Денес е недела и не работи ниту една брашнара. Ај помош...
Дебелата твоја ризикува да добие инфаркт...сигурно има покачен крвен притисок! што раса?? Бисквидите се јаглехдирати, кои кучето несмее да ги прима-појавуваат слепило.Соленките и го уништуваат срцето и ја задржуваат водата во организмо.И како нема да биде дебела?? ставај ја на диета веднаш и повеќе физичка активност. Со палента или трошки,можеш јајце да му свариш и да го сомелеш или ако имате пченично брашно дома па и оризче.Утре да му купиш витаминска храна обавезно
Значи мора да биде избањато ? ахам, незнаев ... ама моето е веќе бањато два пати до сега а нели не се препорачува често да се бањаат...? ама како и да е чим мора и ке го избањкам
Ми го нема мачорчето вејке 9 дена можеби е сезона на парење али толку време никогаш не се вратил дома, премногу ми фали немаше нешто шо сакам појке од него
За жал сезоната одамна им помина...февруари март беше сезоната па и јанури да кажеме.Ако ти бил стар мачорот,сигурно отишол негде за да си умре бегаат од дома за да умрат за као демек да не тагуваме по нив!
Мојата мачка е 3 кила 700 грама, а има 1 година, знам дебела е ама сега е трудна, 1 пат, ја мерам стално на вага и за нејзината возраст (како да се изразам) е многу преголема. Ко топче е. Посебно сега само бара да јади (ја хранам со купечка храна) друго и не јади (освен кога станува збор за риба, салама Сакав да прашам, дали е штетна таа ампулата за болви, крлежи сега дури е бремена? Ветеринарот ми рече дека таа одела во крвотокот и затоа ми е страв да не му наштети на мачињата а почна да фаќа крлежи, и ги ваѓам со пинцета ама дека дома седи да не ни се закачи нас некој крлеж ми е страв многу се грозни
Ако може мала помош од оние кои се поискусни со чување на мачки.. Пред неколку дена во двор кај мене најдов мало маче (ми изгледаше како само што прогледало), најверојатно мајката го оставила. Уште одма му ставив млекце, меѓутоа сеуште не е способно само да се храни, па почнав да го хранам со шприц. До вчера му беше се ок, го пуштив низ соба полека, полека шеташе, а денес некако ми е чудно, како да се тресе цело, а и не ми е активно како вечера и не мјаучи. Се труди да оди, но се тресе. Ако има некоја од вас искуство, како да го израснам како што треба нека ми пише, би и била многу благодарна.
^^^ Немам такво искуство до сега, јас мислам дека му студи дека е уште мало, стави го во кутија постелена со некое ќебе или нешто волнено и пак давај му млеко, сигурно ќе се опорави
Крлежите за да ги извадиш, не употребувај пинцета, туку едно капаче зејтин нанеси на еден крлеж и така тој од зејтинот нема да дише веќе и ќе се ослободи па ти после тоа можеш комотно да го трнеш, без пинцета, клешти и сл. Крлежите се со глава внатре во кожата и така цицаат крв, а со газот надвор, со тоа што тие дишат низ газот, така да чим истуриш зејтин врз него тој ќе прекине да дише пошто се затнува газот и ѕака не диши и умира. А иначе ти препорачувам мачката да ја ставиш на диета, со тоа што ќе и даваш по многу малку од таа храна, 2 пати на ден.
Не губи надеж..мојот мачор го немаше цела недела,го исплакав..и оп вчера си дојде Ненормално ослабел,но откако го нахранив повторно отиде по мачки ваљда,бидејќи гледам дека се има борено со мачори има ранички па претпоставувам дека од тоа му се..така да мислам дека ќе се врати и твојот мачор
Black. Beauty фала на одговорот, а за диетата никако да и ја направам. Ќе речам еве денес 2 пати само ќе и дадам, ама кога ќе почни да мјаука тажно и да се беси по нас кога јадиме, и по фрижидерот неможам против себе и давам јадење неможам, знае како да ми го сркши срцето А за мачорчето, да ви кажам дека кај мене на улица деновиве се пареа, значи уште се парат (кај што не фатило првиот пат сега пак на ново се пареше една мачка од комшиите и некој "нов зет" прв пат што го гледам така да не се нервирај сигурно ќе се врати
Обавезно во мало пакетче стави му нешто волнено, на нив им е многу ладно, и да со шприц само по малку млекце давај му. Мора да му биде топло, а храни го почесто но по малку, на саат-два. И да, не го оставај директно на сонце да е, ама никако, може ама ако е кутијата затворена. поздрав
Треба да го оставиш жалот на страна пошто сепак за нејзино добро правиш, и мене ми е жал за некои работи па се воздржувам затоа што знам дека за добро правам И на ветеринар да ја однесеш тоа ќе ти го каже и дека треба на диета да ја ставиш..тоа е тоа.