Ова подоле е за мачиња без мајка која мораш да бидеш многу внимателна: *МАЧИЊА СТАРИ ДО 2 НЕДЕЛИ ТРЕБА ДА СЕ ХРАНАТ НА СЕКОИ 2 ЧАСА (И ВО ТЕКОТ НА НОЌТА, НЕ САМО ПРЕКУ ДЕН, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ВО ПЕРИОД ОД 24 ЧАСА ТРЕБА 12 ПАТИ ДА ИМ СЕ ДАДЕ ДА ЈАДАТ). Откако ќе направат 2 недели може да се почне со хранење на секои 4 часа, а кога ќе направат 3-4 недели може да се хранат на секои 6 часа и потоа постепено да се навикнуваат да јадат сами. **ВО КУТИЈАТА КАДЕ ШТО СПИЈАТ МОРА ДА ИМА ШИШЕ СО ВРЕЛА ВОДА ОД 1,5 ЛИТРИ ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВА ПОСЛЕ СЕКОЕ ХРАНЕЊЕ ЗА ДА ИМ БИДЕ ПОСТОЈАНО ТОПЛО, АКО ИМАТЕ САМО ЕДНО МАЧЕ-СИРАЧЕ ТРЕБА ДА СЕ ЧУВА МЕЃУ ДВЕ ШИШИЊА ОД 1,5 Л СО ВРЕЛА ВОДА ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВААТ НА ИСТИОТ НАЧИН. ***НЕ Е ДОВОЛНО САМО ДА ИМ СЕ СТАВИ ЏЕМПЕР ВНАТРЕ И ДА СЕ МИСЛИ ДЕКА ИМ Е ТОПЛО ЗАШТО ТИЕ САМИ НЕ МОЖЕ ДА ПРОИЗВЕДАТ ТОПЛИНА И МОЖЕ ДА УМРАТ ОД СТУД и покрај тоа што се чуваат во соба и мислите дека се на топло! ****МАЛИ МАЧИЊА НИКАКО НЕ СМЕАТ ДА ЈАДАТ ЖИВИ ЈАЈЦА ЗАШТО ЌЕ УМРАТ ОД БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА! Исто така, ако земете да чувате вакво маче многу е важно првин да се јавите кај ветеринарно лице, тоа да ги прегледа, а после тоа да го следите упатството од тука. 1. За да можете сами да одгледате толку мали мачиња и да ви преживеат (што е најважно) ви треба следново: а) „Лактовит“ од „Зегин“ (160 денари) + 2 шприца од по 10 мл и 2 шприца од по 5 мл (по 2-3 денари се, a треба да ги менувате отприлика на една недела, односно штом забележите дека шприцот потешко се стиска). б) Памук (има во „КАМ“ - 35 денари) в) Ѓезве (за во него да вриете вода) г) Пластични чашки од оние за една употреба (за да се подготвува смесата со „Лактовит“). д) Мала стаклена тегличка (најзгодна е од бебешка кашичка- за чување на поголема количина зовриена вода) ѓ) Полномасно млеко (3,2% масленост, се прави раствор со превриена вода во сооднос 3:1, тоа значи 3 дела млеко со еден дел превриена вода). 2. Ќе си направите простор (да речеме кај вас во соба на маса) за да се хранат, тука ќе си ги наредите сите работи што ви се потребни - „Лактовитот“, шприцовите, памук, ѓезвето со зовриена вода, пластичните чашки и стаклената тегличка. 3. „Лактовит“ за 1 маче-сираче се подготвува на следниов начин: Во ѓезве се става ладна вода колку за еден филџан кафе и откако ќе зоврие ќе оставите да се излади на собна температура. Откако ќе се излади цела вода се префрла во стаклената тегличка и се полни еден шприц од 5 мл (ако мачето е старо најмногу 2 недели) или од 10 мл (ако е постаро од 2 недели) што го истурате во пластичната чашка. Во чашката за 10 мл вода се става 1/3 лажичка „Лактовит“ (пластичната мерна лажичка што е внатре во пакувањето), а за 5 мл вода количината „Лактовит“ се намалува соодносно. Откако „Лактовитот“ е во водата промешувате за да се изедначи смесата, односно да нема грутки прашок. Полните еден од шприцовите со смесата и почнувате да храните. Шприцот не се мести за директно да му шприца на мачето во грло туку се става странично, не е битно од која страна, како ви е вам најзгодно (или во зависност од тоа дали сте деснак или левак) и се шприца капка по капка. ШПРИЦОТ ПО СЕКОЈА УПОТРЕБА УБАВО СЕ МИЕ ДА НЕ ОСТАНУВА „ЛАКТОВИТ“ ВО НЕГО. ХИГИЕНАТА ПРИ ОДГЛЕДУВАЊЕ НАПУШТЕНО МАЧЕ Е ОД СУШТИНСКА ВАЖНОСТ! *Најубаво е мачето да се храни наизменично со „Лактовит“ и со раствор од полномасно млеко за да не дојде до иритација на цревата (некои мачиња не го поднесуваат добро „Лактовитот“). 4. Многу е важно да се внимава да не му се наполнат белите дробови со течност, затоа е најубаво мачето само да си цица, односно да влече, од шприцот, така ќе бидете сигурни дека хранењето се изведува правилно. Кај нас не постојат шишенца за хранење мачиња-сирачиња, како што постојат на Запад, ниту постои замена за мајчино млеко специјална за мачиња па затоа мора да се импровизира со шприцови, со пипети и со „Лактовит“ кој не секогаш ги задоволува потребите на напуштените мачиња. ***ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ИМПРОВИЗИРАТЕ И ДА ПРАВИТЕ ШИШЕНЦА ЗА ХРАНЕЊЕ НА МАЛИ МАЧИЊА ОД САДОВИ ВО КОИ СЕ ЧУВАЛЕ ЛАКОВИ/СУШАЧИ ЗА ЛАКОВИ ИЛИ КАКВИ БИЛО ДРУГИ ХЕМИСКИ ПРЕПАРАТИ ЗАШТО МНОГУ ЛЕСНО МОЖЕ ДА ГИ ОШТЕТАТ И ОНАКА КРЕВКИТЕ ЦРЕВНИ ЅИДОВИ КАЈ МАЧИЊАТА И ДА ПРЕДИЗВИКААТ МНОГУ БОЛНА СМРТ! КОЛКУ И ДА МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ УСПЕАЛЕ ДА ГО ИЗВРИЕТЕ/ИЗМИЕТЕ ВАКВОТО ШИШЕНЦЕ СЕ ЛАЖЕТЕ. ВАКВИТЕ ИМПРОВИЗАЦИИ МОЖЕ ДА ГО ЧИНАТ МАЧЕТО ЖИВОТ ИЛИ МНОГУ СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ ШТО МОЖЕ ДА МУ СЕ ПРОВЛЕКУВААТ ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ!*** Ако белите дробови на малото маче се наполнат со течност ќе се разболи од аспирациска пневмонија, ќе почне да кашла, тешко да дише, ќе престане да јаде и на крај ќе умре. Затоа е многу важно кога се зафаќате со една ваква сериозна работа да ѝ пристапите на исто толку сериозен начин. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmedhealth/PMH0001179/ http://www.kittensense.com/article/kitt ... in-kittens ВО ОВАА РАБОТА НЕМА ПРОСТОР ЗА ГРЕШКА! СЕКОЈ ВАШ ПРОПУСТ И СЕКОЕ ВАШЕ НЕВНИМАНИЕ ДРАСТИЧНО ГИ ЗГОЛЕМУВА ШАНСИТЕ ЗА СМРТ КАЈ МАЧЕТО! 4. НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРАВИ ПОГОЛЕМА КОЛИЧИНА СМЕСА „ЛАКТОВИТ“ И ДА СЕ ОСТАВА ДА СТОИ ЗАШТО СЕ СОЗДАВААТ БАКТЕРИИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ УБИЈАТ МАЧИЊАТА!!! ПОДГОТВЕНА СМЕСА „ЛАКТОВИТ“ МОЖЕ ДА СТОИ НАЈМНОГУ 1-1,5 ЧАС, ПОВЕЌЕ НЕ! Единствено што може да се остави да стои подолго време е зовриената вода што е практично да ја имате во поголема количина за да имате за повеќе хранења, да не морате на секое хранење да зовривате нова.
И мене ми го снема мачорот Има една година што значи веќе се пари, но до сега не го снемало никогаш. Го нема од вчера попладнето, а имаше и раничка малце кај трупот од што се тепа со мачори и се гледаше дека го боли, малце беше неарен. И јас веќе го исплакав, не знам некако од една страна си викам ќе си дојде, од друга губам надеж затоа што никогаш не се случило ова до сега. Не дојде ни да јаде ни ништо... Обично навечер шета, а преку ден се вртка низ дома и двор си одмара. Го побарав да не го удрила кола или нешто, но не знам кај се точно се движи.. не го најдов, го викав не дојде Инаку тоа за сезоната за парење не мора воопшто да значи, мали мачиња има цело време што значи и постојано се парат. Можеби најголем полов жар имаат тогаш во фебруари, али на пример другото маче кое го чувам е родено на почеток на август, значи мајката се парела крај на мај или почеток на јуни.
ПРОДОЛЖЕНИЕ... 5. Мачињата НЕ СМЕАТ да пијат вода директно од чешма, МОРА ДА ПИЈАТ ИСКЛУЧИВО ПРЕВРИЕНА! 6. Додека се олку мали треба да пијат по 3-4 мл „Лактовит“ на едно хранење, ама ако сакаат да пијат повеќе слободно давајте им повеќе. Мачињата како што ќе растат ќе си бараат сè повеќе и повеќе количински, така што не мора да се грижите дали им давате доволно или премногу, тие си јадат онолку колку што може да им собере. Проблемот е ако не сакаат да јадат доволно или ако од ден на ден не им се зголемува количината што сакаат да ја изедат, или уште полошо, ако таа количина се намалува - во тој случај веднаш треба да се обратите кај ветеринар (листа на ветеринари со контакт-телефони ќе најдете најдолу во оваа белешка). 7. ПОСЛЕ СЕКОЈ ОБРОК СЕ ЧЕКА ОКОЛУ 5 МИНУТИ и ќе земете мало парченце памук, ќе го навлажните со топла вода и полека ќе го масирате мачето кај газето и гениталиите за да почне да мочка и да кака. ОВА Е ИСТО ТОЛКУ ВАЖНО КОЛКУ И САМОТО ХРАНЕЊЕ зашто ако не го исфрли изметот може да добие труење и да умре! Делот околу гениталиите треба да се одржува чист и сув, ако мачето има пролив веднаш треба да се јавите на ветеринар (листа на ветеринари со контакт-телефони ќе најдете најдолу во оваа белешка). 8. Некаде околу третата недела од животот мачето треба да се навикнува да јаде само. Ќе пробате да му ставите во тацна пилешка супа или конзервирана храна за мали мачиња. Исто така, во овој период „Лактовитот“ може да го растворате со пилешка супа, а не со обична превриена вода. Супата не треба да има никакви зачини и треба да е правена само со неколку зрнца морска сол. Кромидот, лукот и сличните на нив зеленчуци се токсични за мачиња, еве и која друга храна би било пожелно да ја избегнувате: http://cats.about.com/cs/catfood/a/humanfood.htm. Може да ставите сосема мало парче пилешки гради во малку вода и неколку зрнца морска сол, да го испасирате и да му го дадете така да лиже од тацната или со шприц. Важно е дека мачето до 4 недели старост веќе треба да биде сосема самостојно, а ова е период и кога треба да му ставите пластично од сладолед наполнето со песок во кутијата каде што спие и полека да го стимулирате таму да врши нужда, а не вие постојано да го издржувате за одење во ВЦ. 9. Мали маченца најчесто многу брзо се учат да одат во ВЦ во песок и околу ова обично не треба многу труд, едноставно кога веќе знаете кога отприлика кака/мочка ќе го пикнете во песокот, ќе му фатите една предна шепа и ќе почнете заедно да копате низ песокот за да му покажете како треба. Мачето ќе оди во ВЦ или веднаш или ако случајно, сепак, чека на вас да го издржите може откако ќе го стимулирате да оди во ВЦ да го ставите памукот со измет/урина во самиот песок. Мачето ќе го намириса и нареден пат ќе си отиде таму во ВЦ. Толку е едноставно! Мали мачиња првите пати кога одат во ВЦ во песок знаат да цивкаат или да мјаукаат силно, тоа не дека нешто ги боли, но едноставно тоа им е начин за да покажат дека сакаат да вршат нужда. Тоа може да ви биде од голема помош во случај мачето да ви седи на кревет со вас и одеднаш да почне да цивка – веднаш ќе знаете дека ви кажува дека сака да оди во ВЦ. Мачките се многу паметни и многу чисти суштества! За крај еве едно видео, да видите практично како се прави сè: http://www.youtube.com/watch?v=E2m28AmEbG8&feature=player_embedded СО СРЕЌА! Па се надевам дека ти помогнав многу
Девојки барам ваше искуство на темава !!! Пред 2 дена му најдовме еден крлеж на малиот убавец наш и му го отстранивме со пинцета!!! Но дел од главата остана во телото ... Копавме и не можевме да ја извадиме пошто беше мн нежно местото. после ситуацијава со крлежов го однесовме на ветеринар и тие ни рекоа дека бил мртов веке крлежот и дека требало да внимаваме сега од местото да не иде линфа..... Нешто ми е сомнително тоа нешто па ме интересира да ми кажете дали некој од вас имал некоја ваква или слична сторија?! Пред 3 недели му купивме и ставивме ампула од баер која има валидност според нашиот ветеринар на 1 месец - пошто малиот спие со нас и го бањаме еднаш на 7 дена ... Спојлер причината за страв ми е дека околу велигден ни кажа едно другарче дека 2 годишен питбул му умрел од крлеж
Ако бил преносител на болести крлежот и го инфицирал ќе умре.Ама не се секирај,јас секогаш кога фатам крлеж во еден од моите мачори со чупалка го отстранам и посел на местото ставам ракија.Купи му Фронтлајм ампули најдобри се,се става на брат на рбет и на опаш мислам а јас на мачките им ставам само на на врат.Исто така можеш да му купиш огрличе против болви и крлежи,ќе го штити да кога шета не му скокаат болви!
Не го оплакувај сеуште,ќе ти се врати!Треба минимум 10 дена да поминат,па да го прогласиш за мртво.Јас имам бенгалски мачор,12 килограми е,колку куче,што да правам такв аму е сортата.Слаб е,висок и долг со мноогу тешки коски и леопардска камуфлажа!Ниту еден мачор неможе да му наштети,по 3 мачори одеднаш тепа и најголем љубовник ми е овде у маало :Р ама и опасен е,зашо се случи да отепа еден пинч и ми го донесе мртов! од тогаш,ограничено му е излегувањето надвор! ама многу си го сакам такви се бенгалските,мојот е повисок и по блед
Како што ти пишаа и погоре, ако не бил преносител на некаква инфекција нема потреба од паника и плашење. Мене ми се има случено , на кучето кое моите го чуваат да му се закачи крлеж, но јас наместо со пинцета и ги вадев со рака, а внатре не остана ништо. Мислам дека нема потреба од паника. Е сега мене не мие јасно како тоа го бањате еднаш на 7 дена, колку што знам најдобро е да се бањаат еднаш месечно, а може и еднаш на два месеци. И ние спиеме заедно со моето кутре ама не ја бањам еднаш неделно.
Јас напишав на lackygirl како да постапи за отстранување на крлеж на претходната страница (еве подоле цитатот), тоа ти е најдобриот начин, па пробај. Крлежите за да ги извадиш, не употребувај пинцета, туку едно капаче зејтин нанеси на еден крлеж и така тој од зејтинот нема да дише веќе и ќе се ослободи па ти после тоа можеш комотно да го трнеш, без пинцета, клешти и сл. Крлежите се со глава внатре во кожата и така цицаат крв, а со газот надвор, со тоа што тие дишат низ газот, така да чим истуриш зејтин врз него тој ќе прекине да дише пошто се затнува газот и ѕака не диши и умира.
Ти ги препорачувам ампулите Frontilne или Protektor, а за бањање дефинитивно 1 месечно треба да го бањаш, а тоа еднаш на 7 дена е претерано често, така да навистина стопирај ја таа рутина, лоша е за кучето.
Тука ветеринариве велат дека не било мнн лояо да се бања толку често но сепак ако се користат препарати кои се за Кучиња а не наши( мислам шампони кои ние си ги користиме) Малиот е на 4 години и таа рутина од бањање на 7-8 дена е веке статична од пред да го имам јас во моја сопственост ( не да се зезам ама и тој не се поднесува ако е подолго не бањат). Фронт лине каивчето му прави алергија, а со ампулата цело време бевме детективи со дечко ми минатата година дури и болви ловевме зош не ја биваше за ништо. Сега имаме и посебен шампон за против такви „ЧудовиШта“......ама да видиме како ке оди со тоа.. Просто сакав да знам дали некоја од вас има искуство точно на делот со главата на крлеж останата во телото...
Мене ми се случи тоа со мачорот и прашав ветеринар ми рече дека може да се направи абцес кој сам ќе пукне или пак едноставно да нема никакви проблеми. Ако крлежот бил заразен тој ја пренесува болеста со самото тоа што се закачил на животното, без разлика дали при вадењето главата ќе остане или не. Е сега следи го местото каде што бил крлежот ако се појават црвени кругови околу тогаш однеси го на ветеринар тоа се први знаци за Лајмска болест и обично таа ја пренесуваат крлежите (иако има и мал милион други, но оваа е почеста) а ако почне да заздравува тогаш нема проблем. И ако имаш дома намачкај го местото со некоја антибиотска маст.
Благодарам Крејзи... Ако има нешто ново на тоа место ке пишам или ке сликам за да видам да ми кажете нешто ...ние го мажеме со некоја ЈОдизирана маст со антибиотик..
Black.Beauty фала ти за советите, многу ќе ми бидат од помош. Енца го чувам во кутија за кондури, има кебенце и покриено е постојано. Може дека во текот на ноќта не го хранев па од глад така ми се тресеше. Го ранам на 2 саати со млеко помешано со превриена вода, затоа што имав слушнато дека така чисто млеко ако им се дава на мали мачиња им било премногу јако.. Иначе после јадење му го масирам стомачето (исто така прочитав ) им било полесно да се измочкаат или искакаат и после тоа го чистам секогаш. Ќе ги следам советите и се надевам дека се ќе биде во ред Девојки фала ви уште еднаш.
За тоа сме тука Само најубаво ќе биде ако има некој во моментов мачиња што цицаат,да го приклучиш кон нив доколку мачката прифаќа, барем некои 10-тина дена, еве некој и од форумов ако има да се понуди, тоа е најдобро и најлесно решение, ако не само упорност и љубов, и ќе го исправиш на ножиња...ако издржи една недела после мислам полесно ќе е. А и во секое време можеш да му свртиш на др. Марин, има телефон некаде во темава, ќе ти даде најдобар совет без никаков проблем, ако нешто значи не е во ред, или не знаеш како да постапиш, јави му се, или пак во Капиштец кај др. Диме јави се, и тие даваат информации по телефон, само што др. Марин ми е најсигурен, но во случај да не го добиеш. Поздравче, и многу ми е мило што има повеќе луѓе што се грижат за животинки, најмили суштства и најискрени души.
Масирај го за стомачето а и со влажно крпиче бриши го по гениталиите за мочка оти кога мајките ги лижат тогаш тие мочкаат а воедно и по анусот.
Точно, затоа сме тука Еве јас колку можам и знам помагам (практично и теоретски) Да точно е за млекото Shila89, затоа треба Лактовит млеко да внесува, убаво ти пишав таму Поздрав
Имам едно прашање. Ова е шепата на едно маче нели...е сега, моево под тоа белото најдоле, има на двете шепи како црвенки едни, не знам што се...не сум сигурна дали ги имаше таму пред тоа...знае ли некој што се? Темно црвени, на допир се како топчиња такви, и му искачаат долги бели влакна, како брковите што му се.Ај малку помош...
ПОМОШ!! Имам куче хаски последниве дена јаде осии многуу устата му е лом ама и уште ги јаде.Како да ја одвикнам да не ги јаде се со лета јаде ама многу ми е зал ко му ја отворив устата лом бесе
Едноставно закарувај ја кога ќе ја видиш дека се обидува да лапне, а иначе разгледај околу твојот дом дали има некое осило да го исчистиш..Како и да е за било каква информација/совет можеш да го побараш и др. Марин на (02) 3113 101.