Yххх, ми се јавува дечко ми ми вика- среќа си. зашто бре?- EEEE зајчето се проодило 8 зајчиња родило, од кои 1 скроз црноо , знаевме дека беше трудна, ама ете денес се продила E сега има проблем, нема да има доволно цициња за сите, а плус и зајците само 1 дневно им даваат да цицат на бебињата, кое не се нацицало тоа е... Hекако ќе правиме, да ја држиме на сила да ги дои, или дали мислите дека со шприц и топлено кравјо млеко е добро? зашто греотка се, прошлиот пат и ги изедоа бебињата другите зајачици, затоа сега чим се види дека е трудна, сама у кафез се става
не треба да се чепкаат зајците додека се мали,поради тоа и ќе ги изеде.Осум зајачиња е супер,иако во литературата пишува 7.Моја зајачица раѓала 12,па ги одгледувала и не ги дои само еднаш туку повеќе пати.Само давај и повеќе храничка и све ќе биде во ред....
леле му купив на златново мое ретриверче денес зајко плишан и топки, преврлајнци да прај од кеф,имаше полно играчки и сите ги загина низ маалото,и сега малце да ја подновам ,абе кеф шо да кажам
Black.beauty ме импресионира со одговорот за малечкото маченце,па решив да те прашам и јас:Имам,обично мачорче и тоа е старо две години го хранам со паштети ,мартадели но никако да порасне само се дебелее.Во едно имам кученце австриски пинчер кратовлакнест изгеда исто како срна,како малечка доби како шок од кучешки бисквит.Несмее коски,освен од копан но многу убаво варена да е коската.Не смее да се бања добива паѓање на влакната нешто слично како косопасец.Па, ве замолувам сите феминки ако знаете нешто околу болестите на куценцата испратете ми одговор.Во едно таа е стара 7 години,живее со нас бидејки не може да издржува ниту ладно,ниту топло,а може и јас ја направив таква бидејки е премногу галена,но таа е прекрасна.ПОЗДРАВ
Мачето не е веќе маче.туку мачорка или мачор! Две години е возрасна.на една е возрасна а камоли на 2,значи веќе пораснала,не храни ја со тоа предимно заради тоа што не е добро а и за срцето не е добро.Запомти,што подобра храна,толку повеќе ќе живее! Мартадели такви вештачки работи НЕ,ајде сега разбирам кога немаш да и дадеш ама што те кошта сува храна 140 денари килограм да купиш,ќе има 2 недели! поздрав
Луѓе советувајте ме, имам една мачка која ми се врти во двор, понекогаш ја хранам, и почна да извршува физиолошки потреби на многу неприкладно место во дворот, во едно заградено делче и тоа на цименто, не во земја. Го измив местото и испрскав со средство и парфем за да не и мириса, два дена беше добро, се изветреа и сега пак почнала таму. Ме чуди што не си копа во земја, мачките се многу хигиенски настроени, оваа само си остава таму Што да направам да не оди веќе? Имам внучиња кои се шеткаат низ двор, може да се испозаразат, а немам како да го затворам местото
Луѓе јас си го шеткам кученцето по надвор, сега ме фати страв од крлежи, да не му се има закачено некој од надвор, пробав да проверам, ама тоа е како топка, крзно како пудлица има, црно плус, ништо не се забележува.Има ли места каде што обично се прикачуваат овие штетници, да видам таму или некој начин да го претражам полесно...ич не сум искусна со овие суштества, до сега не сум имала кучиња и мачки за да знам.
Мене ме инструктираа дека се појавуваат најчесто по нозете и онаму каде е најтопло - може да ги видиш околу ушињата и секако му имам најдено и на муцето ... последните му ги најдовме на предните„мишки“ ако може така да се изразам А би те советувала да си купиш или каивче или да ставиш ампула !! но и со едното и со другото треба да проверувашш!!!
Ги има најчесто крлежите и болвите долу на ципите меѓу прстињата,зад ушите и на вратот! значи прочитајте ги претходните коментари...да напоменам ампулата фронтлајн е најефикасна!
му ја ставив ампулата фронтлајн на кутрето и можам да кажам дека е многу ефикасна после толку шеткање му се немаше закачено ни крлеж ни болва. Прашањето ми е дали на кутрето ке можам да му ги мијам нозете наместо да го бришам со марамчиња и дали ке може да го бањам или ке се изгуби дејството на ампулата ?
Па требало да го бањаш пред да му ја ставиш сега ако го избањаш ќе помине дејството! само со влажни крпи триј го...за 1 месец ќе го избањаш! незнам дали трае дејството ама мислам дека со бањање се намалува
Како ќе помине дејството, кога ампулата преку кожата навлегува во крвотокот? Не го мачкаш ти животното по цело тело па кај и да гризне болва/крлеж да се отруе, туку по должината на 'рбетот од каде продира во крвта. Нема да помине дејството, слободно избањај го И во овие периоди кога збуфнуваат крлежите ставај му ако си во можност на месец, до месец ипол. Да и напоменувам не треба да ја ставиш врз крлежот туку на вообичаените места, врат, корен на опаш по должина на 'рбет. Потоа крлежот ќе се отруе, ќе се исуши и ќе се откачи.
Како вие го разбирате чудното однесување на мачињата пример. повлекување настрана и бегање од луѓе,не дава да ја галам и слично.Многу е чудно
За некои две недели ќе земам Азијат(Централно азиски овчар).Па ако знае некој нешто повеќе околу карактерот на кучето,би ми значело.До сега сум чувала повеќе кучиња,ама вака огромно не инаку еве како изгледа
И да земеш! супер кучиња се.Слични се ко шарпланинците на карактер.Малце се своеволни ама многу се приврзуваат и имаат одбранбен карактер но и многу се нежни спрема мали деца и све тоа,зависи како ќе го дресираш!Е сега ќе јаде многу тоа секако и ептен големо ќе биде...уште од мало го дресирај зашо може да те надвладее и да си прави што си сака!
денес тара повраќаше жолто-бела пена ...ова и се случило до сега два пати од кога е роденка ве молам некој со искуство да ми каже од шо може ада и биде....инаку ми го јаде каблето за интернетот шо е и неможам никако да ја одвикнам....читав дека е можно од пластика и такви некои раб да и се случува ова ?
Ја шеташе ли денес? Да не лапнала некој отров надвор, или па дома некое средство за чистење, растение? Како и да е препорачувам да и дадеш медицински јаглен, раствори неколку таблети во вода и дај и ги со шприц. Нема да и штетат сигурно, дури и да не е затруена. Второ да не и ја смени храната? Млеко дали и даваше, ако да дали и даваш редовно или понекогаш? Внимавај на храната, каде ја чуваш, дали и стои надвор на топло/сонце веќе почнаа жештините многу лесно ќе се расипува храната, освен ако не ја храниш со сува храна.