Луѓе, абе моево маче цело време ми ја лиже блузата, а и хеланките.Ќе го земам во скут, и цело ме лигави, кога ќе го спуштам мјаука. Ја немам исфлекано со никаква храна ...
мачето бебе е или поголемо обично бебињата ложат бараат да цицаат а ако е поголемо те лиже за ти да мирисаш на него те присвојуват со тоа !
Имам две бели мачки и си ги сакам најмногу,неможам да го замислам животот без нив Но постарата мачка во понеделник ке ја носам на доктор,многу и испаѓа длаката и си има направено неколку дупки.Знам дека е период кога тие се ослободуваат од вишокот влакно но ова е претерано.Најверојатно има некоја кожна инфекција.Само се надевам дека нема да е ништо сериозно и страшно
Сакам да ве прашам колку чини ампула за против крлежи, каде можам да ја набавам и како се користи. Благодарам однапред.
Зависи за која ќе се решиш, препорачувам или Протектор - чини околу 300 денари, или Фронтлајн - чини околу 420-450 денари. Можеш да ја набавиш во било кој пет шоп или во ветеринарните станици/амбуланти. Важно е кога ќе ја купуваш да кажеш за колкаво животно ти треба (тежина во килограми) па ќе ти дадат поголема или помала ампула и количински ќе ти посочат колку да ставиш. Ако чуваш маче, се става најголем дел позади на вратот кај што најтешко може да се излиже мачето (иако и таму стигнуваат) и барем неколку капки на коренот на опашот. За кучиња е исто со тоа што можеш да ја ставиш и по должината на 'рбетот бидејќи кучињата не се лижат многу. Но сепак најубаво позади врат и на опаш.
Абре луѓе, дај кажете каде да ја однесам мојата принцеза на шишање. Значи кутрето е лагото ромањоло и ми е страв да ја носам кај некој непроверен фризер Не , сериозно, ај некој кој има искуство со фризери за кучиња нека ме просветли Благодарам
Леле сега видов нешто кај мачево што ме извади од памет. Едното уво му е како црно, има како црни точки, како прљаво да е внатре,а другото увце му е бело и чисто внатре, ништо нема. Не сум го бањала па за да фати инфекција, што може да му е?
Не знам дали има некој буден, но доколку има ве молам помагајте. Пред половина час станав, кученцево многу повраќа, цивка и има пролив. Страв ми е да не има некое тровање. Утрово јадеше храна за кучиња, меѓутоа вечерта мајка ми му дала манџа. Сега едвај заспа. Апче за пролив немам моментално, сакам да му сварам нане, меѓутоа ми е страв бетер беља да не направам, а вака може да дехидрира. Кога ќе се раздени ќе одиме на ветеринар, ама сега му е многу лошо.
Оф леле срце златно Не верувам нане да му наштете, пробај малку му дај колку да не дехидрира. Малку свеж воздух ако е во соба, за протв пролив ако имаш малкууу темно чоколадо ама ептен малку. Барем јас на мојто куче порано му даваше коа немаше апчиња. Надевам се дека нема тровање . Не се секирај ке се оправе
Јас мислам дека нема тровање бидејќи нема пена кога повраќа, бар според тоа што го читам од интернет. Инаку сега заспа едвај, само го гледам дали дише од што ми е страв. Сакав да се јавам до кај ветеринарот, меѓутоа е многу доцна. Фала ти.
Нема на што срце Ако нема пена значи нема тровање туку манџата не му се погодила Ке се оправе не се секирај. Знам дека те е стра, знам го тоа чуство, како на дете гледаш. Срце златно нека спие сега па утре ке видеш ако не му е поарно на лекар
Луѓе на зајчево почнаа да му паѓаат влакната, цело време се чеша, ми кажаа дека имало кожна болест и дека треба да го мачкам со некоја ампула или кантарион. Сиротко цело време се чеша, жал ми е да го гледам. Го намачкав со кантарион ама се лиже. Од што може да му е, го чувам во стан. Ампула ли да купам или ќе му помине од кантарионот?
Абре луѓе дај кажете што да правам, никој во салониве во СК не ми се нафаќа да ми го шиша кутрето, викаат специфична раса било и не се нафаќаат. Дај кажете уште некој салон, па и таму да пробам. Фала
И јас да сум не би го шишал твоето ...расата е специфична и има специфични гени! Пример до сега не шишале и шо ако почнат да шишаат такво куче прв пат ќе го унакажат и после ќе ги е страв да не ги тужиш ... Јас сам си го шишам персискиот мачор па ако можеш некако со машинка некоја поквалитетна пример со 5 центиметри должина исшишај го ...
луѓе моето куче јаде многу путер. ќе седне татко ми на маса, и одма, вришти да и сече, и така го јаде без леб, и ќе и дадеме малце, и после не и даваме, ама полудува, лае урла, додека не и дадеме уште Mислите ли дека е штетен путерот за нив? Oваа и така е здебелена малце, па 1 кило путер јаде ебате тоа будалото
Штетен е и те како ... Едно од најнездравите јадења,тоа е масло кое се втрднува на висока температура! Твоето куче ризикува од срцев удар или тромбоза,веднаш укинувај!
Мачката ми е страсен зависник од конзервите од Кам. Ко, конзерво-џанки ми е. Купи татко ми пред година, као ради тоа што поефтина дрн-дрн и од тогаш, јаричов мој нејќе да помириса друга храна. Ни Вискас ни бутур... дури пре би конзервата рибетина, и другата не знам што беше, него ли да јаде салама, колбас, свежо месо, риба... Се друго од месенца, само по три - четири дена, откоа ќе ја прејаде оваа конзервава, оти, у стил- да смени малку. Као, прочистување има на организам од дрогава. И после па по старому сме Што е со конзервава аман?! Дури и ептем, ама ептем грозно мириса у споредба со сите останати
Бар ефтино поминувате Добро подобро е да се јаде мешана храна, но има и кучиња кои јадат да речеме цел живот една единствена кучешка храна. Мислењата на луѓето се поделени, некои велат дека подобро е домашна храна, некои купечка бидејки содржат доста витамини. Мачката битно здрава и жива ти е. Провери го составот на козервата што го пишува, претпоставувам и витамини има доволно и мевце има така да не се до толку страшни. Па ние домашната храна што ја јадеме којзнае како се доаѓа до тоа месо, до тој зејтин, којзнае што ставаат во зеленчукот и овошјето подбрзо да узрее, така да реално денешнава домашна готвена храна и за нас луѓето не е здрава. Моето исто така јаде од Кам едни конзерви смрдливки A од домашна јаде најмногу џигери со ориз кои татко ми специјално за него ги готви, нормално обавезно на тараса готви зашто тие џигери смрдат, а ова моево душа дава за нив. Изгледа уживаат во посмрдлива храна. Оно моево и гомца јаде
Леле душа напатена е твоево. Ме изнасмеа со гомцата. Ова нашево не се има десено тоа, али ако си поврати нешто, си го лапнува дур си пошол да земеш крпа, се враќаш и аш. Ништо Ок е чим и вие од Кам му купувате на душево ваше. Јас се зафркавав со татко ми дека ставаат нешто у конзервава што ја прави мачкава моја, хај-хо.. и затоа демек нејќе ништо друго. Инаку ми е гадливка, принцезица моја. Не дојадува тоа што и останало во чинија од претходно, мора свежо да и ставиш. Ако денес јадела едната конзерва, онда утре другата, задутре па првава и после имаме ден кога само ја гледа конзервата се мршти и врти глава, као увреџено и повреџено што му даваш од истото. Како?! - мислам, бугати. Ама, така си го научивме ние ова, ради искуството со претходната мачка. Таа претходно ја чував преку 15 години. Се јадеше. Смоки најмногу, пржени пиперки и сос од патлиџани обожаваше . Чипс, зачинет ако е ммм и беше. И се разболе. Имаше рак. Ок стара си беше, ем ради ред други причини, ама по неа, некако сме многу претпазливи кон ова, па ко капка у дланка си го гледаме Мазулче е... мислам, молим-ти-се цц