Немора да значи дека ќе почнат со крената нога да мочкаат,со крената нога тие маркираат по малце по малце ако му се мочка ќе си се измочка на раат како женче...сепак 7 месеци е,очекувај да почне да маркира територија после 9 месец
Многу смешна работа ми праи кучево, а не знам зошто го прави тоа. Кога ќе му џитнам лепче го зема и јаде малку, додека другото ко крие помеѓу душеците кај троседот, двоседот и фотељата. И ако види некој во близина, го зема и го преместува. Изгледа го крие за кога ќе му се јаде. Прават ли и вашите кученца вака?
Моето во саксијата со цвеќе беше закопало тоа си е инстинкт кога не се гладни го сокриваат и никогаш не забораваат каде го сокриле. од 15-20 дена зависи ....
Домашни миленичиња луге треба ми помош. никогаш не сум имала никаква животинка дома сега имам куче чивава не знам како да се грижам за него, може ли некој да ми помогне? на колку време да го хранам, колку време да спие? има само 41 ден
Домашни миленичиња Како прво,мора да му осигураш место каде сакаш да спие.Мора да му ставиш 2 мали чиниички,едната секој ден со свежа вода а другата со специјална храна за куче.Сега е мало кучето,па храни го 5-6 пати на ден бидејќи е чивава по една рака би му било доволно од сува храна или пак оти е малечко сеуште неможе сува по една лажица месна храна.Мора да го вакцинираш уште 2 недели вакцината е 600-800 денари за имунитет и немој да го бањаш додека не наполни барем 5 месеци,туку смееш само со влажна крпичка.Сувата храна подобро е да биде од Ројал Канин ќе речеш дајте ми за кученце мало ќе ди дадат Puppy или Junior скапа е храната но со 2-3 килограми ќе поминеш послем тоа можеш да му вариш ориз,леб да му даваш и све тоа....сега можеш и млеко да му даваш да јаде ама не многу оти ќе добие пролиф.Држи го понастрана од мачки оти може да го изедат,сепак чивава е.И пружи му многу љубов и внимание,оти може да ти умре од стрес! и секако,не попуштај се шо сака тоа,оти ќе ти наметне алфа статус,треба да се знае дека ти заповедаш! Тоа е све во кратки црти ...
Луѓе ај некој нека ми каже искуство за бременост кај зајчињата. За колку време се породува женката, како сте се грижеле за малите итн
Се породува од 25-30 ден може и ( 30 + 1 , 2 дена) и ако роди повеќе од 7 зајчиња пожелно е другите да ги дадеш на друга доилка или пак да мора да ги фрлиш оти ќе изумрат другите а и плус слабо ќе напредуваат.Кога се породи т.е пред да се породи,треба кај неа да има сено.Таа 5 дена пред пороџај ќе почне да си прави гнездо да собира во устата сено и да копа во некој ќош...после тоа пред да се породи ќе се искубе од својата длака од стомакот и ќе направи волнено гнездо заобиколено со сено.Кога ги роди зајачињата,за да ги изброиш најдобро е со вода убаво да се измиеш рацете да се исушиш и после тоа мајката да ја земиш и да си ги триеш рацете од неа за да добијат твоја миризба па тек ондак да откриеш зајачињата,оти ако намириса дека друг ги фаќал ќе ги убие.Малите ќе почнат да излегуваат после 2 ипол недели и веќе на месец и една недела се готовои за одделување.
Помош! Имам кученце самојед старо скоро 4 месеци. Веќе една недела ми киваше и кашлаше од време на време, но не го земав тоа за сериозно.Го шеткам често и уште се учиме од земја да не зема ништо. Арно ама, вчера синоќа додека го шетав на кеј, зема да јаде тревки. Оддеднаш почна да повраќа, да кака, да кива и кашла на секои 5 минути. Му дадов лесна храна (jогурт и леб) и му ставив парацетамол за против болки. Денес е подобар.Не повраќа, но му се случува да кашла и кива на моменти. Дали има место за паника? Благодарам однапред!
Здраво сакам да прашам дали ако на кученце старо 20 дена му ставам нео петроид прашок може да му биде нешто и дали ќе се исчисти од к'рлежи ?????
Можеш да му ставиш малце, но некое поголемо дејство нема да има. Најубаво е кога ќе потпорасне да му купиш каивче или да му ставаш ампули. Значи прво и основно кога кучето веќе некој период има одредени симптоми значи дека треба да го однесеш на ветеринар. Второ, не му давај лекови на своја рака НИКОГАШ, против какви болки си му дала Парацетамол? Од што би имало болки во случајов? И Парацетамол е за опуштање на мускулите и снижување на телесната температура, што ако кучето има нормална температура, ќе му направиш проблем од ништо. Кучето каснало тревка која за среќа била малце токсична, поради тоа се исповратило и искакало. Друг пат кога куче ќе почне да ти повраќа и кака одеднаш, ако почекаш некое време може комотно веќе да не биде покрај тебе. На кеј, по паркови, градинки, училишта на секој чекор се расфрлани отрови. За поголем број од нив треба половина час да почнат да делуваат и да усмртат животинче, а ако е малечко како твоето може и побрзо. Има отрови што делуваат за 5 минути доволно е само да ги душне. Затоа треба одма да се носи кај ветеринар, или ако си дома веднаш да му дадеш медицински јаглен растворен во вода, па после повторно кај ветеринар. Искрено, си направила веќе 2-3 грешки али најголема ти е таа што уште чекаш да му помине, а кучето упорно ти кашла и кива. Може е настинка, може е алергија, може е инфекција се може да е. Ако немаш средства да плаќаш на ветеринар, размисли дали треба да го чуваш, бидејќи сепак имаш расно куче кое за жал не е отпорно како џукелче и сигурно уште пар пати за нешто ќе треба да го носиш. Размислувај совесно за својот миленик.
Нема место за паника никаква,тоа го прават кучињата! Јадат трева и тревата ги прочистува внатре и имаат нагон на ќивање и повраќање и тоа е супер оти се прочистуваат! Не се плаши никогаш кога тоа се случи
Нутриционист, цела должна почит до тебе и твојот чичко/тетин ветеринар од кој очигледно црпиш знаења, ти имаш пракса и знаеш многу работи тоа го видов, но немаш теорија драго момче. Прогуглај на интернет колку отровни растенија има за нашите миленици. Нас ни се чини као аеее куче е, што ќе му биде. Има толку токсични и алергенски материи надвор за нив, глава има да те фати. Од ништо МОЖЕ да испадне нешто. Колку што даваш корисни совети, толку даваш и непромислени. Кучето може комотно да се затруе, да има алергиски реакции кои ќе му го исцрпат организмот, да си го уништи дигестивниот тракт и остали срања. Сите сме виделе кучиња и мачиња како јадат трева и да таа е супер за нивните мешиња, ама некогаш и они грешат со сопствените инстинкти па завршува се тоа фатално. Кучето и кива и кашла со денови или недели она уште не го однела на ветеринар. Еве ти ќе и дадеш може пореален и секојдневен совет, не е ништо се прочистува или има мала алергија, ама не може бе така драги љубители и сопственици на животни. Исто е како да имате дете. Детето ваше да киваше и кашлаше одма ќе го однесевте на доктор. Да каснеше нешто и да повратеше и да имаше дијареа, пак ќе го однесевте на доктор. Немаше да пишете на форум, па да чекате мислења од луѓе кои реално точен одговор не може да ви дадат туку може само да погодуваат.
Може и да си во право ако тревата била токсична што неверувам,каде по паркови ќе прскаат трева,тоа се случува само по полињата а и кучето ќе осети ако има некоја токсична материја,секако не би осетило ако се наоѓа во храна што во овој случај бара прочистување а не нешто што би му го загрозило здравјето. Сите опитни луѓе кои чувале кучиња пример како мене знаат зашто служи тревата.Кучето не е тревопасно животно па да ја јаде сета трева,има 2 вида трева која ја користи за прочистување а една е од таа по парковите додека другата е една висока.Ако нејзиното куче јадело од тие 2 треви нема опасност,но неверувам да јадело од некоја друга трева оти никогаш не јадат од друг вид како например млечки или кокошкина трева или англиска трева...Моето куче кашлаше и киваше и не само тоа и пролиф имаше па кога го изнесував јадеше трева и се прочисти веќе не киваше ниту кашлаше! Значи му требаше прочистување кое што го доби и после тоа редовно си пасеше трева и супер му беше...но сепак ако имате думња во труење најдобро е вака да пробериш: Ако непцата на кучето се розеви и имаат боја во ред е а ако се бледи значи нешто не е во ред па кучето пробало преку пасење да исфрли некоај токсична материја или пак глисти...дали убаво провери да не има глистии ??
Дечкии помагајте пак јас со моете ново кученце тамн му ги исчистив крлежите открив дека има глисти преска кога повраќаше поврна една голема цела педа и во изметот има ама малецки му дадов апче за глисти но изгледа џабе сега пак имаше во изметот да му дадам ли уште едно апче или не нз ставарно што да направам ?
Почекај не му давај одма, сега би требало да ги искака глистите. Како и да е јави се кај некој ветеринар за совет, знам јас имав случај со мачка кај која оперативно мораше да се вади глиста, но штом твоето ги исфрла би требало да е добро. Сепак, повторувам јави се кај ветеринар да ти каже барем за колкав период би требало само да се прочисти од апчето. Но уште едно толку брзо не му давај, доволно е едното апче сега за сега.
Едно прашање до оние што чуваат самоједи: Дали во овој период е нормално на кучето да му паѓаат влакна(многу) дека иде жешко време,кучето го четкаме повеќе пати во денот,ама пак кога се доближиш до него или го галиш многу влакна се лепат за облеката?
Да да, нормално е, без гајле, само четкај го повеќе пати во текот на денот. Можеш да му купиш и од витамините за зацврстување на влаконото за да се намали тоа митарење ама не е неопходно, и онака треба да му паднат влакната, зашто ќе зоврие летово.
Подобро нека му опаднат влакната,чешлај го секој ден за да не му се запласти,на есен докај зима ќе му порасне густо руно пак