Имам еден проблем со мачки. Во двор чуваме две мачиња и со нив немаме никаков проблем, но во комшии чуваат преку 15 мачки ги хранат и се собираат тука. Проблемот е што некоја од нив ми спие но и врши голема нужда кај мене пред врата. Имав чергиче го тргнав, мирисаше полошо него во зоолошка, тоа не им пречи си се какаат на плочки а денес и на моите влечки сум ги заборавила пред врата Им ставив на подестот од скалите перниче да спијат таму ама не сакаат пред врата, што да направам секоја идеја е добредојдена!
Има посебни спрејови кои мирисаат тешко за мачките а се прска да не уринираат,во тие по ексклузивните петшопови
Сабајлево најдов мало маче мноогу е мало уште нема прогледано многу е слаткичко имаа едни комшии бремена мачка и кога се омачила едното маче кај мене го оставиле бидејки многу сакам животни штотуку родено е земавме со сестра ми го внесовме во нашата соба го ставивме измеѓу две шишиња и ги обложивме да не му биде тврдо го покривме со кебенце а и одоздола под него кебенце му ставивме Лаковит купивме му даваме секој пат со нов шприц сигурно си е сигурно после секое давање на Лаковит чекаме 5 минути и со памукче со топла вода го масираме кај газето кај ветиринар неможевме да го однесеме бидејќи сами дома сме мама и тато на работа се кога ке се вратат веднаш ке го однесеме сакав да ве прашам да не сме пропуштиле нешто?
Исто така со влажно крпиче кога јаде муцето му го тријте а исто и по целоото тело,така ќе осеќа дека мајката го лиже ... шишињата само надвор ако го чувате и тоа навечер ги ставајте инаку најдобро не оти сега е ептен топло,само во мека постела да биде ...и очињата тријте му ги редовно,сега уште малце би требало да прогледа
Да да и телото цело со влажно крпче му го триеме идеја на сестра ми инаку шишињата му ги ставивме бидејки кога надвор е топло кај нас дома е ладно па собата ја затопливме специјално за него многу е слатко помалечко суштество не сум видела сепак благодарам да советите едвај чекам да прогледа па да си играме со него вечер на секои два саати ке треба да стануваме нема спиење ама ај ке се менуваме со сестра ми
Прочитав дека има фризер за кучиња, но дали има и за мачиња. Јас имам персиско маче и од кога потпорасна потешко е за бањање, а и плус што е влакнесто многу му се прават како топчиња и неможам да го средам. Дали некој знае нешто за средување на мачиња???
Јас персискиот си го шишам,особено летото 2-3 пати обавезно го прошишувам можда и више...некои се против тоа за персиските ама влакното им расте нонстоп... Можеш дури и да експериметираш со шишањето,пример да му оставиш на врвот на опашот топче волна на главата малку како лав да излгеда ( јас ова често го практикуивам) и ако го шишаш купи ис машинка за шишање но и калапи за 3,4 и 5 ка,јас мојот сега за сега со 3 ка го ошишав а кога е по студенко таму септември со 5 ка го шишам...
ХАХАХ ме изнасмеа, а дали е мирен кога го средуваш. Може ли слика да ми пратиш да видам како изгледа лавчето
http://lh6.ggpht.com/-TeghSijtnZI/TfP96 ... 25255D.jpg аМА ОВА Е ЕПТЕН ОСТРИЖАНО ВИШЕ КАКО ОВА... http://www.cat-grooming.co.uk/images/up ... bsmall.jpg бАШ КАКО ОВА НА ВТОРАТА СЛИКА МИ Е Инаку да,мирен е,првиот пат правеше проблеми ама полека полека се научи...зависи и од машинката каква е...
Има јас сум видела дека средуваат т.е. шишаат, бањаат и чешлаат и мачиња таму кај што го носи една другарка кучето на шишање. Тоа е ветеринарна амбуланта, петшоп и фризер за кучиња и мачиња
Да незнае некој од кај можам да купам такви кафези за куче(на мене ми треба за бенгалсски мачор)ама за големина за куче,шо се со метал ко мрежа само ... Си напраив проблем со мојов идиот,отиде на комшиката Жако папагалот добро шо не ме тупна 200 евра да и плаќам ...
Каде може да најдам ампула за куче, ама да биде по поефтина цена? Разгледав во неколку продавници, ама цените многу варираат, а јас не сум и ставала на нашава досега, па ич не се разбирам. И уште нешто: Ампулите колку време делуваат? Или зависи каква ќе купам?
Ампулата Фронтлајн јас ја зедов 450 денари,а Протектор мислам дека е 300 денари.Во ексклузивните петшопови би требало да ги има,а ако не оди во ветеринарна таму ги има.Апмулата се става на тилот една капка,на сред р`бетот и на почетокот на опашот...или пак може само на тилот и на почетокот на опашот ... Пред тоа избањај ја и ампулата ќе и ја ставиш после 2 дена откатко е избањата,па послем тоа додека да се впие ампулата не гали ја(најчесто 2 дена) и не ја изнесувај во допир со др кучиња...дејството трае 3 месеци,ниту крлеж ниту болва ќе фати
Фала многу Nutricionist! Уште едно прашање - ампулата делува превентивно, т.е. да не закачува крлежи, или ги чисти и тие што веќе се закачиле? Затоа што јас редовно ја чистам, ама ете може ќе остане некој крлеж на места каде што не сака да ја чепкам, на пример позади ушите, или под муцката.
Види сега,ампулата влегува во крвотокот,па и тие крлежи кои ги има би требало како цицаат крв да се отпуштат,ама исто така преку кожата се испуштаат фермони кои ги осеќаат болвите и крлежите и не скокаат на тоа куче,па најдобро е откако исчистиш да му ја ставиш ампулата
Мене сега наскоро братучедка ми ќе ми даде едно персиско маченце. Бело е. Но незам како да го чувам внатре ќе треба да е цело време. За храна добро ќе му ставам во нешто и вода исто. Но за какање како.. Дали треба да му купувам песок или обичен да ставам. Леле незнам дали ќе успеам добро да го чувам маченцетоо . Ме фаќа паника до сега не сум чувала такво маче. Па ако има некој од вас што има такво маченце нека пише како се грижи за него.
Ништо страшно Ќе му купиш песок и можеш во леген да го ставиш песокот или пак купи од оние посебнине, иако нема потреба да фрлаш пари. Неколку дека ќе ти треба трпение додека да се научи мачето. Често ќе го ставаш во песокот, и да не му се кака или мочка ти пак ќе го ставиш во песокот а од кога ќе заврши работа не го покривај тоа за да му стане јасно дека таму треба да си врши нужда! Но, додека се научи, на некоклу места стави весници за да не ти прави лом по дома... Брзо учат мачките кога станува збор за хигиена. Милион мачки сум чувала, лесна работа е ова. И уште нешто, со оглед на тоа дека ќе имаш персиско маче, купи чешал затоашто меко и нежно влакно имаат, ако му се згрутчат влакната ќе стане како топка цело па ќе мораш да го шишаш
Добро штом велиш лесна работа оваа мајка ми на глава ми се качи не ќе сум можела да го чувам -.-. А уште нешто да му купам шампон за мачки или со обичен да го бањам? А за чешлање со мерак ќе го чешлам хаха обожавам мачиња такви
Ете јас ќе ти кажам,имам јас персиски мачор... ГО зедов многу мало 2 месеци имаше.Пред се тие се многу осетливи на промаја на храна на све на све...мора да го вакцинираш за имунитет и да го РЕВАКЦИНИРАШ обавезно оти се дна од најосетливите раси...Храна сега оти е мало незнам дали ќе може сува,но можеш месна храна да му даваш и можеш исто така и млеко али не често и ориз можеш и варен компир до 6 месечна возраст да го итстраниш млекото начисто...ПИЛЕШКО МЕСО НЕМОЈ!!!! А ПОСЕБНО НЕ СТЕК...... киваат од него,80% од мачките се алергични ... За какањето е лесно,има еден песок на база на скроб е и кога се измоча маченцето се формира топченце,е сега незнам како се вика оти ние не користиме моите мачори имаат стекнато навика во вц шољата да си мочаат и какаат... Песокот ќе го ставиш во некој сад низок а послем во легенче можеш ...попавило на едно маче треба 2 места со песок но ако имаш услови нетреба,мене ми зазимаше место па морав со еден гаџет да ги научам да си мочкаат и какаат во школката Чешлајне обавезно дневно еднаш а шампон има си посебен е сега оти е бело ако сакаш еднаш месечно бањај го ама по правило мачките не треба да се бањаат...јас мојот бенгалски не ни смеам да го бањам,ќе ми ги извади вените а персискиот си го шишам и си го бањам обавезно во 2 месеци еднаш