1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Пред некој ден читав дека овие мачиња се посебно осетливи и често добиваат инфекции на очите. Им треба посебна грижа и нега во тој предел. Не знам за што точно се работи,ама гледај ако забележиш промени да го однесеш на ветеринар за да не се влоши состојбата и да доведе до слепило.
     
  2. anuska85

    anuska85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    здраво на сите јас сега ви се приклучувам :D се надевам дека ке ми помогнете со некои ваши искуства бидејќи пред 2 недели си купивме сибирска хаска и би сакала доколку има некој искуство со хаски да ми каже некој корисен совет во врска со исхраната воспитувањето и сл
     
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    На мачево му е отечена цела шепа.Не знам што му е, си гази нормално, ама многу му е отечена.
    Најверојатно го каснала оса, што да му ставам?
     
  4. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    Девојки, имам една мисија за вас... :lol: За едно 2 недели ќе одам на одмор, а немам каде да ги оставам моите миленичиња. Станува за сива британска мачка и мала морска прасица. Каква комбинација,а? :rofl: Е, сега прашањето ми е: Дали има некој хотел за миленичиња или пак некој кој што би се зафатил за нивно чување? Сите што ги знам или ист период ќе одат на одмор или се луѓе на кои што не им верувам ама ич. Вака барем ќе знам дека се добро згрижени и ќе ме чекаат дур да се вратиме.
    П.С. По можност пишете ги цените и контактните податоци.
    Благодарам однапред :*
     
  5. anuska85

    anuska85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Лед и песок ставај му на шепичката,ако си оди нормално ништо не му е...


    Ако си почетник со кучиња многу тешко ќе ти биде,знам дека сите шо ќе видат хаска или самојад се заљубуваат во него,но всушност поларните кучиња се со најголем ТЕМПЕРАМЕНТ и можат исто така животот да ни го направат кошмар(ова го кажувам од лично искуство).Хаска како хаска ќе си прави шо си сака,а ако не биде стимулирана со некоја работа ќе ви доврши се во домот и не очекувај послушност од која било поларна сорта...само внимавај да не ја зазеде АЛФА лидер позицијата...

    Исхрана највеќе сува,можеш ии месо да и даваш и да и вариш компир и ориз...сега е мало 5 пати на ден да се храни по малце најдобро,може и млекце ама не често,а послем начисто ќе го отстраниш млекото...
    Глисти вакцина,побарај совети наназад има еден куп :D
     
    На anuska85 и MacaLove им се допаѓа ова.
  7. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Јас никогаш не сум верувал на никој кога се во врска моите миленици и не би ги оставил ниту во хотел за миленичиња ниту пак на некој роднина или другар,стрикно мајка ми или баба ми бог да ја прости кога беше жива се грижеше,а ден денес кучето со мене си го носам на одмор!

    Би ти предложил мачката да ја носиш со себе,а прасицата остави ја на кој било близок да ја чува оти не е тешка за чување,само ти смени и пилевината и водата и храната и ќе им кажеш како треба да се чува...
    Купи од тие шо се корпите за пренесување на мачки и носи си ја,таму во собата ќе ја пуштиш и кога си дома ќе си биде со тебе,е сег амачка на плажа неможеш да понесеш како шо јас го носев кучето и го пуштав дури да плива ...
     
  8. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Значи кучињава(хаска, самојед) се многу тврдоглави. Два-три пати ако му дозволиш да биде по негово, богами ке си имаш маки ;) .
    Јас би ти препорачала да бидеш по строга со него, можеш да го потчукнеш по муцето малку (ама многу малку, колку да свати дека нешто згрешил, не да го осакатиш) или да му викнеш посилно.

    Другарка една чуваше самојед и цело време ја мазеше, ке направи глупост кучево, она вика ништо, ништо и после кучево си зема за право што сака да прави па џабе беше и потчукнување и викање.
    Кога некој ке и свикаше она јаката па лае уште :D

    Кучево ко чуваа дома ама после некое време го однесоа во село и таму го хранеле со пилешко и почна ненормално многу да и паѓа крзното, цела беше исчупана, сега незнам дали дека прво ја чуваа во стан, па во двор(што искрено мене не ми се верува) или дека прво јадеше кучешка храна па почнаа со месо да ја хранат.
     
    На anuska85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    Кај нас проблем е тоа што ќе одиме со некои пријатели, а нивното 4 годишно синче е алергично на мачки. Ние мислевме да и вадиме пасош и да ја носиме со нас, но бидејќи ќе бидеме во иста куќа сместени не можеме да ја земеме со нас. :( А за прасицата веќе најдовме кој да ја чува. Така да сега за сега само мачката остана да ја сместиме некаде и ние можеме слободно да одиме на одмор без никакви грижи.
     
  10. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Еве да ти предложам нешто,можда ќе ти се чини банално малце али еден другар така правеше...
    Ако немаш излез,остави ја мачката в стан,смени и песок и стави и мноогу сува храна за да јаде додека сте на одмор,на повеќе места стави вода,посебно во изладнати простории да биде ладно.Мачките имаат контрола колку јадат,ќе си каснува одвреме навреме од храната и ќе си пие вода,ќе и оставиш играчки и кршливите предмети ќе ги отстраниш негде а и пред се ќе затемниш дома ролетни ќе спуштиш,знаеме дека мачките од 24 часа 20 преспуваат па ќе си спие на ладничко...секако ако седиш повеќе од една недела оваа идеја отпаѓа! Другар ми така правеше,нема никој дома остави послем се врати смени песок и храна и се си беше во ред ;)
     
  11. armagedo

    armagedo Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Јас имам самојед веке 10 години ,слични се со хаските.Немој да ве плашат дека овие врсти на кучиња се полоши за чување од било која друга раса.Дека се тврдоглави па сите се тврдоглави ,дека сакаат да бидат алфи па и тоа важи и за другите раси.Единствена маана им е што постојано дома имате влакна бидејки скоро цела година им пага поддлаката и малце повеке лаат од другите раси.Јас си го воспитував мојот самојед од мал и имав поддршка од сите дома тоа е најдобро,се знае што не е дозволено ,нема на кревет,нема пиење воа од шоља,нема фрлање храна под маса ,нема земање храна од маса или работна маса од кујна,нема вршење нужда дома,нема чорапи изџвакани ниту некоја маица или пижама .Само со упорност кучето треба да знае што смее а што не и да не му се попушта.Со правилно воспитување ке се оформи карактерно некаде окулу 18 месеци и потоа ке живате сите срекно и весело.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.327
    Допаѓања:
    41.640
    Пол:
    Женски
    Moeто кученце веќе 2-3 дена не јаде, мислам не буквално да не јаде, ама одбива скоро се, не сака специјална храна, ниту пак домашна, дири и месо одбива што му е омилено.Значи деновиве буквално живее на зеленчук, луѓе како зајак да чувам дома, што на маса се стави краставица и тој ја виде абе збеснува, моркови глода ко луд по цел ден и тоа со уживање, јас не сакам многу зеленчук да му давам, знам дека е здраво да прима, ама го фаќа пролив и после мака мачиме, ама тој си сака и седи пред фрижидер и му вадам нешто јадење и краставица го душка јадењето и ја зема краставицата со радост.
    Инаку е весел како и обично, трчка, лае, си игра само што спие повеќе ама веројатно ради топлото време.
    Е сега што мислите дали одбива храна ради тоа што му е топло или има некој друг проблем?Почнувам да се загрижувам.
     
  13. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Ај да го изнесеш надвор да попасе малце трева за да поврати,нема да биде лошо ...
    Зеленлук е здраво да грицка,давај му сега и ориз и компир варен и почни во нив да му мешаш месо па послем храна и пак ќе почне :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    1029, не се секирај, од топлото е, и мојава дома ништо не јаде. Само вода пие (лока) по цел ден и исто е со краставициве, прееска лупев краставици за салата и ги изеде лушпите како шпагети :rofl: И’ давам секое сабајле кучешка храна, не сака да јаде. А не сака ни да шета, само навечер од што и’ е жешко. А исто така мојава многу јаде кајсии, праски, лубеница и цреши периодов :lol: Ако си е весело како и нормално, немаш потреба за загриженост :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anuska85

    anuska85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    инаку мојата хаска се вика Макс и сега на 19 направивме 2 месеца старост :clap: е сега имам усте доста дилеми сто се однесува на чувањето ;) додека не го зедовме макс имавме обично куче и си го чувавме 7 год (додека некој бездушник не ни го отру) и знам него летно време си го бањавме почесто едно 5-6 пати е сега слушам не знам колку е тоа точно хаските до 6 месеци не се бањале :o колку е тоа веродостојно ве молам посоветувајте ме затоа сто Макс изгледа поприлично валкано оти си го чуваме надвор во бокс :lol: и кога ке го споредам со д. хаски сто ги гледам неговото крзно ми изгледа лито онака безживотно
     
  16. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Поправило нетреба секое кутре до 6 месечна возраст да се бања,ама пример јас сум бањал така да нема проблем а и плус топло е ... ;)
     
  17. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Изгледот на крзното пред се зависи од исхраната, ако го храниш со манџи на пример никогаш нема да има крзно како куче кое е хрането со храна за кучиња. А и додека се мали многу почесто им се менува влакното и имаат повеќе така наречен пух односно рунтави ситни влакненца така да очекувај тек за некој месец да добие пофино крзно.
     
    На anuska85 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elkazelka2

    elkazelka2 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    јас имам француска пудлица.. и го бањам во месецот можеби 2-3 пати, го шишам, му давам да јаде тоа шо јадам и јас пошто верувале или не кучето јаде и зелка салата, патлиџани сееее....коа спие не го задевам ... ихихих
     
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    ^^ Знам дека не секогаш секој има можност да го храни кучето со кучешка храна која е далеку поскапа него дома да се спреми нешто, ама тоа што кучето јаде зелка и патлиџани и не е за пофалба. Кучето е МЕСОЈАД, али нашите стандарди го прават сештојад. Неговиот желудник и цел организам не е предиспониран да јаде растителна храна, туку храна од животинско потекло т.е. месо.
     
  20. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Мојава убавицa исто не сака да јаде ништо преку ден од што и е многу жешко. Тука е +38, а таа е надвор и само спие по цел ден под сенки. Затоа пак навечер кога ќе залади малку си се најадува убаво. Се си јаде... од коски, кучешка храна, леб, салама до соленки, сливи, праски и трева.. Ја обожава тревата, постојано си пасе. :D
    Лани се загрижував ама речиси сите кучиња не јаделе во лето.
    Ја немам шетано којзнае од кога поради жешково, ниту пак сака да си игра... :|
    Кога сум сама дома си ја пуштам внатре, но мајка ми ако ме дознае тешко мене. :lol: