1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.326
    Допаѓања:
    41.640
    Пол:
    Женски
    ^Не е точно ова, кучето е месојад ама овошјето и зеленчукот се значително здрави за него и ветеринарите препорачуваат да им се дава, во нив има витамини кои тоа треба да ги прима, нормално дека не треба да живее само на тоа, но едно јаболко на ден и тоа како е здраво за кучето.
    Баш пред некој ден гледав на емисија за животни и токму овој муабет се вртеше, значи не го зборам ова од моја глава.
    Моето си обожава зеленчук и јас секако не му го скратувам тоа.
     
    На anuska85 и honorthyself им се допаѓа ова.
  2. anuska85

    anuska85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    па добро еве јас ке си прашам лично за Макси :lol: значи на 2 месеца која храна е најдобра за него јас моментално му давам 3 оброка ,претходно дававме 4 ама еве сега гледам дека и 3 му се многу( пошто остава во чинијата не јаде ) и јас му давам еден млечен оброк обично насабајле или навечер и 2 месни (конзерва со кучешка храна и лепче измешано)Пробав со оваа зрнестата ама ич не ја сака буквално нејќе да ја помириса.Исто така понекогаш му давам и пире со месо измешкано или сардина со пире од компир .Дали добро го хранам добива ли се сто треба за негова возраст? :worried: и му давам 1 капка Вигантол и плус пола таблетка мултивитамини за кучиња
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Како бе така зборувате дека не треба растителни работи да јадат животните.
    Поголемиот процент на една овошка ил зеленчук е водата, останатото е витамини.
    Како може да им наштети? Никако.
    Секој ветеринар и познавач на животните препорачуваат да јадат животните овошки и зеленчуци.
    Тоа е најдобар и природен начин на конзумирање на витамини.
    Моето несака зеленчук, речиси ништо, ама затоа овошје ама баш се јаде.
    Ете за самоједи не се препорачуваат моркови заради крзното да јаде.
    Воедно и кромид никако не им давајте, тоа никако, штетен е кромидот, содржи некоја си состојка која човечкиот организам тешко ја преработува, а животинскиот неможе да ја преработи.
    Значи давајте овошје и зеленчук.
    Ама не му давајте шеќери во форма на чоколади и други благи. Шеќерите од овошките се здрави, тоа се брзоразградливи. Ама шеќерите од чоколадите неможе нивниот организам да ги поднесе, чест случај каде им се дава во големи количини благо на кучињата е дијабетис и ослепување.
    И јас на моето знам ресанче или некоја коцка чоколадо да му дадам кога јадам јас а нему лиги му течат, си знае што е убаво оно, ама не смее. Гледајте да не ризикувате со благото. Е тоа не е здраво за животинчињата.

    Кромид, чоколадо, пилешки коски. 3 најбитни работи според мене кои никако не треба да се сервираат на кучињата.
     
  4. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Значи јас коментирав за македонски типични случаеви, кога кучето место месо јаде грав и зелка. Месо ќе види некад, а можда ни тад. Сите потребни витамини и минерали ги има во кучешката храна, особено сувата која убедливо е најдобра и за мачиња и за кучиња, прво никад нема да се расипе, второ има пристојна цена, трето животното со таа храна никогаш нема да остане нити гладно, а нити ќе се прејаде. Мене ми е сосема јасно дека не се многу тие што можат да си дозволат да ги хранат своите миленици со храна посебно наменета за нив, јас буквално си кратам од сопствена уста за да купувам таква храна и тоа не го оправдувам. Во ред е некогаш тоа животно да касне нешто растително ако само сака, они најдобро си знаат што им е потребно на организмот. Али да не заборавиме дека они се во суштина месојади и нивната храна треба да е ГЛАВНО базирана на месо. Нити јас не го зборам ова од онака, туку од лични проблеми со луѓе кои забораваат на тоа и мислат дека грав, зелка, подварок и леќа е храна која заменува оброк за нивните миленици.
    Значи ПОВТОРУВАМ, никој не вика дека на тоа животно треба да му се забрани пристапот до овошје и зеленчук, никогаш тие сами не би изеле нешто што им штети, освен ако не се прегладнети. И пак кажувам, 60% од оние кои чуваат миленици ги чуваат на манџи од кои животното само преживува, а не добива ништо од потребните материи за неговиот организам. И за тоа јас овде се праам паметна, не дека ако му дадете јаболко или сецкана зелка ќе му биде нешто.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Кучето спаѓа во месојади,да,ама спаѓа и во сештојади,како например мечката,свињата и ете например китот,а исто и мачката.За целосно да се каже дека е месојад,мора да јаде исклучливо месо,а кучињата јадат и зеленчук,некогаш и овошје(овошје поретко многу ретко да им се дава).
    Инаку совет до оние кои немаат услови да го хранат кучето со кучешка храна е да им варат што почесто компири и ориз,да им даваат месо да јадат и понекогаш млеко(ама 1-2 пати месечно).И мислам дека не е многу на трошок,ако се купи 2-3 килограми храна и на една пудлица пример по една чаша од 100 мл да и се сипа храна барем секое утро...
    Ааа и тоа,оти секако дека нема да биде убаво крзното на оние кои не се хранат со кучешка храна како со оние кои се хранат,ставајте маслиново масло една лажица во јадењето или втријте во длаката ...
    Кисело,луто,зачинето а посебно салати или слични работи НЕЕ!
    коски давајте им,имате месари ги фрлаат коските по кои сеуште има месо,па земете давајте им да глоцкаат само немојте коски од риба и од пиле ;)
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    60% од луѓето се хранат сами со манџи, а сепак и покрај тоа што немаат средства чуваат милениче и тоа го хранат со манџи.
    А тоа значи едно милениче помалку на улица.
    Едно по едно, многу луѓе вака чуваат миленичиња, не само кај нас, секаде во светот.
    Сепак да не заборавиме дека луѓето прават добрина и со тоа што чуваат миленичиња иако немаат услови и за себе.
    Едно е расно куче, тие од страна на милениците најчесто се чуваат многу погрижливо, ветеринари, витамини, апчиња, крлежи, вакцини, а повторно не гарантира долг животен век на животинчињата. Напротив дури нашиве кученца се многу покревки и почесто заболуваат, многу се пребирливи за храна, да не речам размазени се.
    А има нерасни кои се чуваат и од луѓе кои одвај имаат леб за себе, па тука има животинчиња кои доживеале и 15 години и кои се поздрави од многу расни кучиња.
    Секој како сака ќе си го чува миленичето, тоа сум научила.
    Убаво е да се знаат лошите и добрите работи во исхраната.
    Ама ако немаш услови а сепак сакаш куче, секогаш сум за тоа имај го дома, чувај го, давај му љубов, а храната своја дели ја со него.

    Храната е делче од животот на животинчињата.
    Побитно е вниманието.
    Јас повеќе би ги испокарала оние кои чуваат со години милениче а ниеднаш не го пуштиле да се прошета или пак ниеднаш не го погалиле. Преку храната лесно се поминува, други работи се некогаш побитни.
    Бар моето размислување е секогаш во тој правец.
    Ако сакам куче и со манџи ќе го хранам и многу ми е гајле што мислат другите за како тоа го чувам, битно секогаш љубов ќе има од мене и утринска гушка.
     
    На 1209, BlackSwan5, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Ми се обеси хрчицата...
    ГИ остави маливе,трето кучило оваа година,7 хрчачиња сираци останаа,скроз голи,трет ден им беше...
    Нема да преживеат знам,а и немам време да ги хранам преку 2 саати со биберон а и плус пробавме ама несакаат...а таткото несмееме да го пуштиме ќе ги лапне...
    Жалосно,а ете 700 денари чисти ќе земев,веќе ги бев пазарил :(

    Сега нема шо друго,ќе ги разделам на мачорите,3 на бенгалот,2 на персискиот и 2 на сијамскиот...подобро барем корист нешо да се има,знам оти звучи б изарно али тоа е тоа
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Леле чудо парите пази да не ти избегаат.
    Јас не знам како спомнувате во овие моменти пари бе?
    Не само што е бизарно, трагично и патетично е што така размислуваш. :puke:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Искрено да ти кажам,не е тоа куче за да се приврзам,колку други животни имам...
    Грев ми е многу за хрчачицата,2 години ја имав,ама до сеа мал бизнис си праев од хрчачињата и не е којзна какво животно кое мене ми пружи љубов и поддршка за да ми е толку многу жал...
    оно греотичка е де,а и нема кај да ги дадам на доилка,едино да прашам утре во некој петшоп ако можат да ги припојат кон некоја мајка хрчацица ако имаат,без пари ќе им ги дадам,ако не на мачорите ...
    Сега мора да си си купам друга...
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    подобро дај ги во пет шоп, греота е да им ги дадеш на мачките да ги јадат :x :x :x .
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148

    Јас моето куче го хранам исклучиво со готвена храна-макарони, ориз, пилешко со зеленчук, грашок,или најчесто - 1/2 кг леб со пилешка паштета, 1/2 чаша овесни снегулки, 2-3 лажици лен , измешано со 1/2 чаша јогурт/ и 3-4 лажици зејтин-сончогледов или маслинов - тоа му е омилена комбинација .
    Од вештачката храна дали има пробано 10 пати ,му носам најчесто кога одиме на одмор..
    А, крзното му е мазно меко и негувано ..во парк кога го шетаме ме прашуваат со која вештачка храна го хранам..
    Значи сакам да потенцирам дека јас лично не верувам во квалитетот на вештачката храна .Прво за да не се расипе полна е со конзерванси и со вештачки глупости..Тоа ти е исто како еден човек постојано да се храни со конзерви,индустриска храна,Бљак..
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Mоето куче не сака конзервирани кучешки храни, воопшто не ги јаде
    Jа раниме со месен нарезок, кој каде каде го сака повеќе од кучешкиот, паштета, виршла, јајца, овошје, зеленчук, манџи, ориз, риба,компири, лазањи,пита... Cе си јаде баш како човек :D
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Не знаев до скоро дека кучињата и г**на јаделе :puke:
     
  14. armagedo

    armagedo Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Абе како на куче давате грашок ,компир или не дај боже грав ,боранија или друго мешункасти зеленчуци.Како им давате конзервирана храна паштети нарезоци или незнам уште што ,па тоа е зачинето со конзерванси и наменето за луѓе а не за миленик .Се занае куче како треба да се храни.Или готова сува храна која јас не ја практикувам или ке си готвите посебно за него како јас што правам и не ми е тешко.Секој ден варам месо јунешко со коска или пилешко БЕЗ коска и кожа или мисиркино без коска ,риба во кои додавам ориз или палента без зачини без сол а има и интегрални макарони за кучиња може и соја .Зеленчук можете морков ,патлиџан мал ,зелка не ,пиперка ,компир не .Можете и интегрален или стар леб понекогаш.Свежо може краставица да грицне карфиол или морков,а од овошје само оние кои немаат многу шекери,значи лубеница динња не ама јаболко обожаваат.Секако дека месото е во 70 % застапено 20 % тестенини или ориз а 10 % овошје и зеленчук.
    Бидејки имам самојед морковот ни е забранет.Плус имате бисквитки нај различни во продавниците за храна за кучиња па како награда тие им се како посластица,ке си земете кесичка и кога ке ви досаѓа а вие јадете благо него ке му дадете бисквитче,нема куче што не ги обожава.Можете од време навреме јогурт ама без додатоци (леб) а пресното млеко само додека се мали.Џигери и такви изнутрици не се даваат освен јунешко срце кое е како мускул.Коските не треба да ги варите давајте ги свежи,тамо се витамините,и само јунешки коски други не ама и во тоа не треба да се претерува ,одвреме навреме.
    Ако сакате да доживее нормална старост и без некои болести кои Вас ке ве чинат скапо ,да има убаво крзно морате да внимавате што му давате на миленикот а не она на што тоа ја врти опашката.
     
  15. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ок, ок темата се сврте во погрешна насока.
    Прво кучиња и мачки се КАРНИВОРИ= месојади, тука апсолутно нема потреба да се караме и расправаме. Второ човекот и мечката се омнивори, дури и мечката би ја вброиле во хербивори бидејќи мечките повеќе сакаат да се хранат со растителна храна, т.е. плодови но јадат и животинки ако немаат избор.
    И не би ја вртела темата кон -љубовта на домашниот миленик е побитна од храната. Се знае што треба да јадат куче и маче, а што луѓето и крај. И да, секогаш е подобро било каква храна од никаква. И мене ми е мило ако некој двои од своја уста за да прехрани животинче, па макар и со грашок. И јас на кучиња од улица сум им давала храна за мачки која не е баш за нив, или леб со паштета, тоа сум имала тоа сум дала. Место да излезам на кафе тие 200 денари јас ги давам на храна за мачки и никој не ми е крив, тоа си е мој избор. Не се споредувам со луѓе кои едвај преживуваат па пак двојат нешто и за животните, ама и јас правам некоја минимална жртва затоа што сум решила самоволно дека ќе имам миленици и мое е да се грижам за нив како што треба. Луѓево прават погрешни проценки за својот буџет и не се информираат, па ради ку*чење низ парк купуваат или зимаат на поклон кане корсо па после си имаат проблем од типот не можам да си го прехранам кучето, и тоа куче сега ќе јаде грав секој ден ради некој помодарец. Мене тие луѓе ми сметаат, а не оние што зеле куче од улица за да го спасат.
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    A да ја држам гладна ли?
    Kој дел од HE CAKA кучешка храна е нејасен? :) :)
    значи не ја јаде, џабе, сме пробале, сме и давале, гладна седи, не ја јаде!
    што да и правам :)
     
  17. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Хахахах даа,јадат,моето кога идам за Берово таму нонстоп јаде коњски гом*а и нонстоп пасе трева :D
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.326
    Допаѓања:
    41.640
    Пол:
    Женски
    Јас на моето не му давам манџи, ама друга готвена храна да, незачинета како нашата туку само посебно за него.Е сега сакам да прашам како им штетат пилешките коски, пошто јас на моето му давав 2-3 пати и ги обожава, ништо не му е, ама јас незнаев дека им штетат :worried:
    Инаку дечко ми чува куче пудлица нечистикрвна околу 11 год е старо, здраво и живо е (освен фактот дека е родено глуво) и тие го хранат со домашна храна, но јаде и кучешка, па одлично се држи до сега.
    И се согласувам со Расионерка, подобро рани го со било што ама да не седи гладно на улица, може нема да има здраво крзно како негуваните домашни, ама барем ќе има љубов и оброк на ден.
    А за грашок и зрнести плодови точно дека не треба, може проблеми со мешето да има.И благо исто ама некогаш по некоја коцка чоколадо нема да го умре.
     
  19. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Пилешките коски можат цревата да му ги распорат внатре како и коските од риби,затоа...
    Инаку баш кучето треба да јаде скроб,а во скроб спаѓаат компир,ориз како и грашок и грав,овде сте грешка,најдобро од јаглехидрати е скроб,а веќе благо ако треба јас давам црно чоколадо по една коцка,оти ептен ми квичи за благо...
    А секако,пред се со месо да се храни(во услови ако неможе да се купи цпецијална храна) ;)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Смеам на зајчињава да им давам бисквити? Сега јас грицкав за појадок и едново зајче беше со мене у кревет и дојде и почна да си грицка од таа што ја држев у рака.ја изеде цела и му дадов уште половина. И другово пошо е помирно само не гледаше така тажно и на него му дадов. Смеам?