1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Шом хрчакот мој јаде,а и двата вида се глодари а мојот јаде одкоа сум го купил,валјда нема ништо да му стане :D
     
  2. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    повод муабетот кој е почнат горе
    ..Нашиот јаде се што јадеме ние ..обожава ориз и чоколада
    а кога има грав или каква и да е некоја манџа тој јаде но само лебче намочено во чорбата од истата,,,
    овошје јаде се најмногу сака Лубеница,,а викендов јадеше и студена праска !! Банана ЈОК :lol:
    Има педигри кој му купуваме и има кучешки бисквити и ленти и печени пилешки грклани и гради ... но кој и да седне да јаде нешто тој му е пријател и сам одлучува дали ке јаде или не ...

    Омилена слика ми е постојано ко седна внука ми да јаде Пршени компирчиња и го вика него а овој Веќе е зад неа и чека да му даде... заедно јадеа .....

    Мислам дека се зависи од она како ке го научиш и секако што си решил да му даваш за исхрана..
    една моја колешка си го направи кучето ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ( на што ние тука сите ја осудуваме) но тоа е тоа...


    НЕ САКАМ ОВОЈ ПОСТ ДА Е ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ПОГРЕШНА НАСОКА НА ТЕМАВА НО МИСЛАМ ДЕКА Е УБАВО ДА СЕ ЗНАЕ ДЕКА МОЖЕ И ТОА ДА СЕ ДЕСИ ....извинете за капс
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anuska85

    anuska85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    како да го спасам Макс од крлежи помагајте луѓе :worried: ,ампула ми велат не можам да му ставам уште било мало(инаку 2 месеца има)му купив каивче против крлежи, го чистам секој ден гревче е човече инвазија од крлежи абе денес му вадам 5-6 огромни утре еве го пак исти толкави :@ како може за еден ден толкави да се напраат ме интересира и од кај толку ги закачува
     
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Сигурна си дека добро му ги вадиш? Јас мислам дека треба да го однесеш кај ветеринар и да го среди, затоа што крлежите не се вадат лесно. Ем и малечко е греота е да се мачи, а начин сигурно постои да се извадат. Крлеж не се вади туку така. Колку што знам всушност ако ги "вадиш", главите им се поткинуваат и им остануваат внатре и уште си се живи, се хранат и одма растат. Има специфичен начин на вадење крлеж, одамна имам гледано некако дека треба да се врти или дека треба да се задуши за да излезе. Значи тоа е најдобро стручна особа да го направи и внимавај зошто крлежите и на луѓе се закачуваат.
     
    На anuska85 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Анушка а да избегнуваш во треви да го шеташ бар сеа некој период.
    Тие ги има најмногу во тревата.
    И дали прими инекција таа мачкина куга? Кога ќе се прими има период од ревакцинација од 2 недели и тогаш исто да се избегнува шетање многу и пред се контакт со други животни.

    И откако ќе се вратиш од шетање одма чешлето и чешлај го, ќе паднат сите крлежи кои се потфатиле.
    А тие што му влегле не се вадат едноставно.
    Има начин со пинцета и се вртат во обратен правец од стрелките на часовникот. Ова е единствен правилен начин на вадење дома со пинцета. Ако не ги вадиш вака тоа е исто ко да не си ги извадила, останува главата а таа пак цица крв.
    Уште е мало за такви проблеми со крлежи, замисли кога ќе порасне.
    Ако неможеш да ги извадиш сама оди на ветеринар, има инекција мислам дека и телото ги отфрла крлежите, ама искрено не знам како точно функционира ова, не сме имале толку голем проблем за до ветеринар да стигнеме, но сум слушала од други дека ги носат на ветеринар.

    На нашево ние одма чешлање после шетање и секој крлеж си посебна пинцета вадење како што ти кажав погоре.
    А ампулите против крлежи имаат ужасно кратко дејство. Какви 6 месеци, ма ни 2 месеци. Некогаш и после 2 недели од ставање сме наоѓале крлежи.
    Лани ги немаше тука овие напасти, ама годинава поради врнежливиот мај ги има енормно многу.
     
    На anuska85 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Луѓе ајде малце помош. Ми умрело едното папагалче. Го изнесов кафезот надвор, грев ми е да го фрлам :( , ќе го чекам татко ми да си дојде од работа.
    После што да правам со ова другово? Страв ми е да не му се случи и на него нешто :worried: .
    Ова што умре два дена беше ко невеселко, така само дремеше.
    Ова другово го ставив сега на биро и си дреме така, му истурив и малку јадење така на бирото пошто не ми се вадат оние канчиња од кафезот :worried: .
    Да го носам ли на ветеринар и ако го однесам што би му правеле? Страв ми е и тоа да не ми умре ;(
     
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ветеринариве не се разбираат многу, многу од птици, тешко кој би се решил да го прегледа т.е. да му земе крв за да испитаат. Ако бил некој вирус или бактерија искрено можно е да се разболи и другото, но со сигурност не можеш да знаеш. Исчисти го убаво кафезот со некое десинфекционо средство и темелно исплакни со вода од кога ќе го отстраните мртвото папагалче и не мисли на лошо. Колку време го чуваше? Може едноставно си умрело од старост.

    Убаво ти кажале девојките, најверојатно ти само ги корнеш, па на истото место после си избива пак крлеж. Крлеж се вади на следниов начин: најпррво треба местото каде што е крлежот да го потопиш со зејтин/алкохол/ацетон за крлежот да се „опијани“, почекај 2-3 минути да се отпушти малце, после со пинцета фати го најблиску што можеш до кожата и врти спротивно од стрелките на часовникот и никако не влечи бидејќи така ќе го скинеш. Откако ќе го извадиш најдобро е да го запалиш место да го фрлиш затоа што се многу, многу отпорни и ќе преживее, а местото каде што бил помини го со памукче натопено во алкохол за да се дезинфицира.
     
    На anuska85 и martinuska им се допаѓа ова.
  8. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    ^ Па едно две години и нешто, а стари се негде околу 2 ипол години.
    Умреното со кафезот го изнесов надвор, а ова другово го оставив на биро и го поклопив со вангла со решетки :worried:hock: . Не можев да го оставам така пошто лета и паѓа и ќе скрши нешто и ќе искрши нешто :worried:, а немам во што да го ставам . Му ставив водичка и јадење и го оставив така поклопено и го гледам сега си лежи.
     
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    А какви папагалчиња чуваш? Правилото е колку е помало толку помалку живее, но сепак мислам дека ако се сосема здрави живеат најмалце во просек 5 години, па дури и 7 еве нека се. Само да кажам јас никогаш не сум чувала папагалче, но вака што сум читала информативно. И знам дека тигриците прават исклучок, ако се толку мали може да живеат и до 15 години. Што значи најверојатно било болно папагалчето, но не значи дека и другото дека се заразило.
    Ете тоа е проблемот со украсните птици кај нас што ветеринарите воопшто не се информирани, така што сите љубители на птици немаат каде да се обратат кога имаат проблем, а како врв на се често и храната која ја продаваат низ пет шоповите е со половичен квалитет што одма го скратува животниот век на птицата. Знам има еден човек, не знам дали е ветеринар, порано стално го имаше во Пет Шоу со Мелита, мнооогу добар познавач на птиците. Постар човек со наочари, знам дека држи некаде продавница за птици, но повеќе не би знаела да ти помогнам за ако сакаш да го контактираш :worried: Али сепак кажувам, по не знам кој пат, подобро прашај некој што продава папагали, повеќе ќе знаат отколку ветеринар.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    ^ Тигрици се. Знам дека долго живеат и затоа ми е многу криво што ми умре :worried:
     
  11. anuska85

    anuska85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    а вистина ли е дека е мало за да му ставам ампула ?
     
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Извади го умреното папагалчето од кафез и завиткај го во нешто пред да го фрлиш/закопаш. Исчисти го темелно кафезот и врати си го живото папагалче внатре и да се надевам дека нема ништо да му биде, да се надеваме дека не е вирус. Мој совет е од ветеринар да си земеш една доза витамини, минерали и физиолошки раствор како превенција за другово и ќе му ги додаваш во вода ( би требало да ти дадат во течна форма, и повеќето не ги ни наплаќаат).

    Можеби умрело од прехлада ако го фатило промаја, или пак ако си ги држела долго на сонце на тераса. Внимавај на нив, не се многу отпорни птици...Ако дува ветерче подобро прибери ги дома, и никако директно сонце да ги пече! Во просек би требало да живеат околу 10 години. И се надевам дека живово папагалче нема да го фати тага, зашто некои и умираат...Можеби во тој случај е попаметно да му купиш ново другарче.

    Ако сакаш да го најдеш човеков да го консултираш (тој од емисијата на Мелита), можеш прво да се обратиш кај Војо во Зоо-вивариум, тој го познава, или пак ако сакаш можам во приватна порака да ти дадам бројче од ветеринар кој малце повеќе се разбира во птици, го има и мојов лечено на пар наврати.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anuska85

    anuska85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    исто сакав уште нешто да се консултирам со вас ако некој има информација се разбира ;) као оди тоа со вадење педигре за кучето? Всушност еве за сто се работи:кученцето го купи маж ми од еден негов колега и всушност јас тогаш не ни знаев како одат тие работи со педигрето мислев дека тоа е документ што после можеме да си го извадиме се разбира со некоја доплата....а инаку тој во меѓувреме не фарбаше као што ке ни е тоа не ни треба па не ни било кученцето за на изложба демек за џабе пари ке сме давале ке не чинело дупло кученцето...мина околу месец дена одкако го земавме кученцето од него и јас во меѓувреме слушам дека не било скапо да си платиш да ти извадат педигре негде околу 20-30 евра и си велам па што ке му извадам да си го има зашто да не 8) и како нарачан пред некој ден ни доаѓа на гости и јас му спомнувам а тој на мене ми вели :ааа па сега и да сакаш касно е веќе :drunk: Му велам :зашто касно а она на мене ми вика дека не го пријавил леглото не знам таму кај требало и затоа не можело веќе :^) е сега драги мои што да правам како на кутрето да му извадам педигре а инаку мајка му има а како што кажува типот од кај што го земавме имал и татко му
     
  14. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не се секирај, така си требало да биде :hug: . Чувај си го другото и ако е желно за друштво купи му ново другарче, само прво почекај барем некое време да видиш дали е добро, а сигурно е :)
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Пак ќе речам, најубаво е да се консултираш со ветеринар а и во пет шоповите обично знаат што за која возраст на кучиња е наменето. Има и други средства за заштита не мора да е ампула, има каивчиња што се ставаат како околувратници и тие се за заштита. Колку се дозволиви за толку малечко куче и колкава е ефикасноста на средствата не знам точно, важно е дека мора да водиш сметка посебно во пролет и лето особено превентивно да го заштитиш кучето.
     
    На anuska85 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Анушка, според теоријата кученцето би требало да има барем 2-3 килограми за да може да му се стави ампула и обавезно наполнето 8 недели. Ти мислам спомна дека е 2 месеци старо значи 8 недели, ама јас сепак би почекала барем уште 2-3 недели. Јас имав лошо искуство кога ставив ампула на 3 месечно маче, преживеа и ништо не му беше но сепак е ризик. Можеш да купиш шампон против болви и крлежи и да го избањаш тоа е посигурен начин сега за сега, нормално да внимаваш да не се лижне и убаво да го исплакнеш. Инаку баш сега читав за ампулите Frontline јас ги знаев како најдобри, но пишува дека најголем број кучиња се алергични на нив... Сега може го смениле составот но не сум сигурна. Ако се решиш да купуваш распрашај се убаво дали некој се жалел од Frontline или купи Protektor - поефтина е за 150-200 денари, но искрено и не со сјаен квалитет т.е. кратко трае дејството.
     
    На anuska85 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tinkerbell33

    Tinkerbell33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10
    Имам персиско маче старо 3 месеци...женско...кој сака да купи вакво маче нека ми пише...за цена ќе се договориме... :)
     
  18. anuska85

    anuska85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    ИМА ЛИ НЕКОЈ ДА МИ КАЗЕЕЕЕЕ ВЕ МОЛАМ!!! :hai: :hai: :hai: :hai: :hai: :
     
  19. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    18.279
    Пол:
    Женски
    Луѓе имам едно проблемче,кутрето го имам прочистено од глисти пред некоја недела,па го вакцинирав,ама еве вчера мајка ми вика дека повратил глисти.Треба ли пак да му дадам апче?не знам што да правам.
     
  20. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Колкав е тој период од пред некоја недела? Ако е месец поминат, дај му слободно без размислување. Знаеш најверојатно дека на 3-4 килограми оди една четвртинка, така да според килажата израчунај колку треба.