Девојки ми треба совет Имам двегодишен пит бул кој секогаш бил многу силен и енергичен, ама вечрва приметив дека нема воопшто енергија. Го повикав да дојде и видов дека не може многу да движи, се тетеравеше кога стануваше и како да го превитка долниот дел од телото. Му ставив во јадењето апче против болка, ама го гледам само лежи и не станува.Ќе го носиме утре на ветеринар али многу се загрижив Имате ли некој совет?
Најверојатно веќе сте го однеле, што испадна? Се надевам дека не е сериозно. Инаку секогаш сум против своеволно давање апчиња на милениците, гледај да не го правиш тоа освен ако не ти ги препишал ветеринар и те насочил кога, како и колку да даваш. А конкретно за проблемов стварно вака не би знаела што може да е и баш ме интересира што ви кажале
Луѓе имам мачка стара година дена и не знам што и стана мн ослабе во последно време а беше слатка , дебелка сеа на чивава ми личи поише одколку на мачка си јаде најнормално ај кажете ми што може да и биде?
Ако има рунтаво крзно во лето нормално е да ти изгледа многу помала затоа што пола од тоа крзно го нема. Чим јаде добро тогаш ти останува уште да и го провериш фецесот да не случајно има проливи или глисти, а и како и да е треба да и даваш апчиња за глисти на два месеци отприлика. Зависи и колку е активна, еве ти пример за две од моите мачки. Јадат исто, а едната има 3 кила и дома скоро и да не ја гледам, само кога јаде и ако поспие некој саат, а другото има 5-6 кила али по цел ден се вртка дома и се излежава.
За сите што имаат куче... како ја спречувате миризбата на кучето. И покрај тоа што мајка ми го капи многу често сепак кучето пак мириса на куче непријатно. Користи специјален шампон за бело крзно зошто кучето е бело и кога ќе се исуши го посипува со пудра за помалце да мириса... ама по неколку дена пак се осеќа непријатна миризба. Ајде совет некој
Здраво, имам хрчак кој го имам дома само 3 дена. Сабајлево кога се разбудивме беше во газето цело крваво. Еден ветеринар ни рече дека и хрчаците добиваат менструација еднаш во својот живот. Но хрчакот воопшто не јаде. Во овие 3 дена количински има изедено мноооогу малку. Воопшто не се движи и нема сила за многу чекори. Немам кој да го прашам како да му помогнам на глувчето, ветеринарот не ги познавал добро хрчаците
Ако сопственикот на женката не го пријави леглото кое планира да го добие ниедно кутре нема да има педигре без разлика дали родителите имаат педигре и оценка.Откако ке се пријави леглото а покасно се родат малите ,во кинолошкото друштво се пријавува приновата ,се плака и секое кутре си добива педигре,ама ако предходно нема пријава нема ни педигре. Така да чувајте си го кутрете без разлика дали има педигре или не.Многу е погрешно кај нас што секој што има куче трча по изложби и дава огласи за парење а не е ОДГЛЕДУВАЧ туку само сопственик на миленик.Кај нас сеуште не е регулиран статусот одгледувач односно оној кој има квалитетен примерок ,кој вложува во него ,се регистрира и зароботува ,кај нас тие работи се измешани.Така да не се замарајте дали имате педигре или не,тоа е најмалку важно.Бидете си вие стрекни весели и чувајте си миленик а тој ке ви возврати на свој начин.
Има раси на кучиња кои природно мирисаат и што и да правите тие пак ке си мирисат на куче,но има раси кои со правилна исхрана воопшто не мирисаат.Сменете ја исхраната и ке видите сами со која храна кучето помалку мириса или воопшто нема да мириса.Инаку кучињата не е добро да се бањата често ,доволно е два пати во годината и тоа со козметика наменета само за нив.Постои и суво бањање со шампон во прав како пудра и ако морате да го бањате ви препорачувам суво бањање со шампон пудра за кучиња.
Девојки имам куче старо 2 ипол месеци скоро 3 сакам да го научам да оди кога го шетам а не да се враќа назад и да се влечка кажете ми како да го научам
Јас моето го учев со храна,ке му ја ставиш до местото до кое сакаш да оди и ке истрча до неа,потоа ке си оди нормално,моето научи за една недела
првиот пат кога го шетав и моето тераше инает ќе си седнеше на газето и не мрда или пак што велиш се враќа наназад или се влече (а инаку колку твоето старо е ),и јас што ќе правам -си го зедов во раце и целата прошетка така си се носевме (мајка ми иначе збрлаве вика немаш памет куче во раце ке ми носиш) .Се враќа сопругот од пат и ајде ќе се шетаме и ќе го носиме и Макс со нас ,му ставаме синџирче и сопругот тргнува ама Макс знаеш пак си тера инает му велам ааа во раце земи го не оди уште е мал за водење, арно ама сопругот не попушташе почна пак да го трга со синџирчето се повлече Макс на газето малку се тегнеше ама на крај виде не виде ,очигледно наиде на тврд и одлучен човек и почна да си оди ко што треба ЗНАЧИ МУАБЕТОТ МИ БЕШЕ САМО УПОРНОСТ И НЕМОЈ ДА МУ ПОПУШТАШ,АКО СЕ НАУЧИ ДА Е ПО НЕГОВО СТАЛНО ТАКА КЕ ПРАВИ јас сега си го шетам без проблем ама не му попуштам сака понекогаш да води инает да оди кај што наумил тој ама јас ќе го потегнам малку за ланецот и веднаш се разбираме ....е сега добро понекогаш знам и да му одам по кејф компромис само тоа
Девојки здраво Знам дека е темава за домашни миленици, но незнаев каде на друго место да пишам. Си чувам две кучиња пред зграда и секој ден ги ранам со виршли. Ова ме чини околу 30-40 денари дневно. Не е многу знам, но кога ќе се соберат ден по ден..па месец по месец, не е баш малце Е сега..дали можете да ми дадете некој совет како поефтино (а пообемно) да ги хранам, зошто вака со виршливе нит се најадуваат нешто многу, нит нишо.. П.С. Не ни останува многу храна дома, а таа што ќе остане мајка ми му ја носи на друго куче
^^ Да, плус е поздрава за нив и плус не може да се расипе особено на горештиниве. Купи од некој пет шоп или па од маркет, во Кам се обично најефтини. И ако можеш кај што ќе им оставаш храна носи им и садче со водичка бидејќи ќе пијат многу повеќе ради сувата храна. И ако имаш време седи во близина дур јадат да не случајно некој се осмели да им стави и отров, маршираат многу такви гадови насекаде. Доволно е да ги храниш еднаш на ден чим се возрасни. Ако купуваш од негде на кило, тогаш оди до некој маркет и ѕирни позади на опаковките со храна има табели според килажата, процени по колку кила имаат отприлика и давај им толку храна колку што пишува таму. Поздрав и секоја чест што се грижите за уличните животни, искрено ми се плаче од радост и ми се враќа некоја верба и надеж дека има и добри луѓе на светов што не си го гледаат само својот вид и се свесни дека треба сите заедно да живееме во симбиоза
Многу е мало кутрето за шетање. Ако имаш двор пушти низ двор да се прошета и тоа доволно ќе му биде. Или многу малку шетај го надвор. Го вакцинираше ли? Овој период треба и да се вакцинира по втор пат и несмее да се шета надвор неколку дена одкако ќе го вакцинираш да не биде во контакт со други кучиња.
Aјде не е за грижа, ама да ви кажам, луѓе брат ми е Mагнет за кучиња и мачиња. прв ден се враќа од туѓина, и одма му се лепи некое тако звано џукче, се враќа у 4 сабајле ме буди вика лудо, стани едно кутре ми се залепи, и трча лудо со саламите душичка гладна кога ме виде, абре се испорадува, мирно едно, со клемпави уши, цела салама ми ја изеде прошлиот пат па едно друго мало му се залепи, колку беше убаво па мачиња еден куп... Cигурно ќе си поигра и тие по него одат, знам јас како одат тие работи A да го видите кој вол набилдан е, 2 метра,и убав е машала, а многу сака мачиња и кучиња како мене Oд секогаш сме биле такви, сигурно зашто сме порасанати до многу домашни миленици,особено мачки еден куп сме имале и по некој гулаб со скршено крило во зима ги собиравме ко мали во картонски кутии во кујна ги стававме, ама умираа пустите за еден ден, не јадеа ништо
Да, може да пробам со таква храна, имам и Кам во близина тамн А им симнувам понекогаш, крадам од на моево дома и ја јадат и таа Леле а само што го пишав постов вчера, ми оставиле вечерта уште едно кутре пред зграда, мало, 2 месеца дали има Премногу е слатко и такво е дебелко..изгледа го чувал некој па го фрлил на улица Незнам како е можно да постојат такви луѓе Ќе ставам слика вечер или утре од него, ако има некој заинтересиран (и само дворче би му било доволно) ве молам контактирајте ме... Ви благодарам многу на вас две за предлогот
Aбе можеш да им дадеш манџи дома што јадете дробени со леб, знаеш немој да ги учиш кучињата многу многу на месо, зашто после па само тоа ќе ти јадат Mожеш чат пат да им купиш конзерви, има големи кучешки не се баш скапи или Cуќе салами, јас секогаш имам по дома од тие, за мачките, бидејќи има комшијава мој мачки без број, па жал ми е да ги гледам толку гладни A исто и на другите комшии кучето е секогаш гладно, па и него му давам! имаш месни нарезоци ефтини, е сега, доколку не си во можност да купуваш, најубаво е тоа од ручекот што е, кучињата не се прибирливи и уште нешто доколку си во можност, стави им ремче, да се знае дека некој ги чува, така прават кај мене во маало, тие згради што си чуваат кучиња, а пред секоја има по некое тако звано џукче, и не ги собират од вардариште
Ставив не се секирај т.е моја другарка стави,зошто јас немам фб, со мој број и се ама искрено не се надевам многу, зошто и претходно имам ставено и никој не се јави. Ако знаете некој што сака и има можност да го чува, ве молам пишете ми, ќе го добие со мој превоз, избањато, исчистено и со црвена машничка околу вратот