1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.325
    Допаѓања:
    41.634
    Пол:
    Женски
    Колку е старо?Што му даваше да јаде?
     
  2. karmenka

    karmenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    62
    упс види јас кај сум ти пишала, не ми замерувај, не сум многу активна и незнам што е лп што одговор :D

    Епа овие двете си ги имам научено на месо и се има случено да прибираат ( да нејќат сува храна,за леб да не збориме, ќе го душнат и ќе си отидат :)))
    Ама затоа ова малово си го учам на лебче со нешто од озгоре колку да му мириса на нешто вкусно :)
    А овие од Вардариште нема шанси да го најдат, само став ми е да не се јави некој од комшииве и да ги викне да го земат, пошо си плаче кога му е досадно или кога е гладно :worried:

    Фала ви многу за советите во секој случај, уште утре ќе одам по кило сува храна, малце витамини да осетат :)
     
  3. sandrasandra

    sandrasandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    феминки пред 2 дена земавме лабрадор усте 2,3 дена ке наполни 2 месеца.Но имам и мало детенце сто е постојано со него.морам да му ставам ампула против крлежи затоа што ги има...Ми кажаа дека фронтлине биле најдобри.Е сега кученцето има околу 3 кг,ме интересита дали треба да му ја ставам цела или пола?ако во слуцај ја ставам пола тоа сто ке остане се употребува пак или се фрла?????ако имате била каква информација ве молам пишете затоа што денес мораме да го средиме................ви благодарам
     
  4. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Сандра за толку мало куче ампула не е препорачлива, најубаво да почекаш барем да наполни 10 недели. Сега за сега отстранете му ги крлежите и избањајте го со шампон против болви и крлежи многу посигурна опција ви е. За истиов проблем напишав детално 2-3 страни наназад за една друга феминка, таму напишав како се вадат крлежи па прочитај. И најубаво не го пуштајте надвор некое време, се надевам и дека примило веќе и вакцина и ревакцина. Фронтлајн ги сметаат за најдобри ампули ама на интернет ако побараш за нив ќе наидеш на огромна толпа незадоволни сопственици особено на кучиња од таа ампула, кај некои имало и фатални последици. Инаку кога ќе ја купуваш кажи дека ти е за мало куче, ако ти дадат од големите ампули тогаш стави пола, а другата половина од лично искуство го губи дејството и џабе е да ја ставиш после некое време.
    Обавезно дајте му и апче за глисти, 4тинка е доволна.
    И јас сум секогаш за тоа дека децата треба да имаат во околина животни, така им се јача и имунитетот но ако кученцето навистина е непрочистено од паразити внатрешни/надворешни тогаш бидете многу внимателни.
     
  5. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Може мала помош? Јас земав куче пред 5 дена , ново ми е ама некој да ми даде совет како да го научам да врши нужда на едни посебни пелени.Инаку е уште мало,има 6 месеци. :geek:
     
  6. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    мојава мачка по некое чудо сака вода сакам да ја бањам пошто ја чувам и надвор и внатре и ако ја избањам сигурно дека 2 дена нема да ја пуштам да иде надвор за да не настине se grizam za moite domasni zivotni :)
     
  7. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    На колку месеци да го банам кучето хаска е мада таа сама си се чисти ама ми смрди јас сега пошто е лето со цревото секоја недела ја ладам
     
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Девојки ми треба ваша помош, каде во околината на ГТЦ има најблиску пет шоп? Тој од кај што купував до сега ми е далеку моментално. Итно ми е..
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Прво што ми падна на памет е кај грчка амбасада 2та пет шопови..не се баш до гтц ама не можам да се сетам на некој друг во околината.
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Имаш кај зелено пазарче, има и во Рамстор.
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Tоа кај зелено пазарче не е опремено воопшто, најопремено некако ми е во Kарпош, кај нивниот центар, убава продавничка, снабдена си е бајааѓи

    Hего луѓе мене ми треба малце помош
    Hа кучето на вагината му излезе едно гонојно брунче, ама и се исуши тоа, веќе како корупка и фати ама ново и излезе, црвенко гнојно, не ја боли воопшто

    да не имала некоја сличен порблем, да ми препорачате некоја маст?
    Tatko ми ќе оди утре кај ветеринарот, ама проблемот е што ние не ја носиме нејзе на лице место таму, зашто е многу лоша со непознати луѓе, лае урла каса... :worried:

    ќе го праша него, ама ете ме интересира дали сте имале слична ситуација :?:
     
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.677
    Допаѓања:
    23.003
    Пол:
    Женски
    За 5 минути ќе биди сува, не грижи се, прежешко е надвор нема гајле, јас и малите кои имаат 2 месеци ги ладам не па големата ;)
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Какви се тие пелени?
    Инаку најискрен и најдобар совет е да го научите вашето милениче надвор да ја врши својата нужда. И 6 месеци дури не е ни мало кучето, јас би рекла дека е во возраст кога мора да научи а е битно и како овие 3-4 месеци е воспитувано.
    Значи баталете пелени, песок и слични работи, научете секое утро и секоја вечер прошетка, дури и јас би рекла 3 пати па и повеќе пати на ден. Така имате чиста околина. Луѓе реално изметот мириса, да го оставиш дома ил на тараса сеедно мириса одвратно.
    Баталете и шетајте си го кучето надвор, најдобра за вас, вашиот дом а и најдобро за вашето куче.
    Не мора тие ваши прошетки да се големи, на 3 минути симнете се пред двор/зграда.



    Кожата на кучињата испушта после бањање една чудна миризба. Затоа бањајте го на 2-3 па и 4 месеци, со шампон специјален за кучиња кој го има во секој пет шоп. Нашите шампони за луѓето имаат друга ph вредност, не ризикувајте може да направите компликации.
    А има и шампони за суво бањање т.е. како пудри во прав се.
    А претпоставувам дека мириса постојано бидејки ти го бањаш со цревото и неговата кожа испушта постојано миризба. Прскај го ти, но не го бањај комплетно постојано, не е убаво.
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Кои се симптомите дека мачката треба да се омачи? Знае ли некој?
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.325
    Допаѓања:
    41.634
    Пол:
    Женски
    Моето се научи конечно, сега врши нужда надвор на тараса, ние веднаш чистиме и нема проблем со миризби...за оние кои се мачат со тоа, да ви кажам дека само ќе се научи, карај го тепај го абе незнам што нема фајда, додека само не му текне...ние се откажавме од се тоа и после некое време гледаме трчи на тараса.
    А за бањање ние го бањаме еднаш месечно, некогаш кога ептен се укашкува оти обожава да се вала се паѓа и почесто па ништо не му е, убаво крзно си има и се нема рааболено до сега.Јас неможам да го оставам така на 2-3 месеви пошто дома го чуваме и спие со мене на кревет, па гадно ми е така толку време гаден да седи.
     
  16. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Брадавиците ќе и бидат екстремно зголемени и црвени, мешето и е прилично зголемено и се осеќа мрдањето на мачињата. А баш ден-два пред да се омачи ќе видиш дека се пика на разни места - си бара место за омачување, ако ја чувате дома пазете да не ја зтворите во некој шкаф обично таму се пикаат. Исто станува некако помирна, едноставно се приметува разлика. Можеби ако и поставите кутија со некое
    ќебенце или чаршавче ќе се омачи таму, ама обично си бираат некое место сами.
     
  17. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош. Чувам зајче и пред некое време приметив дека се чеша и дека му паѓаат влакната многу и го однесов на ветеринар и ми рекоа дека ма шуга :( и ми дадоа неостомосан ампула ми рекоа да ја растворам во вода и да го мачкам зајчето на 5 дена вкупно 3 пати, и така направив, му помина ама не скроз, шпте се чеша и си прави рани, не му е скроз поминато, и не дава веќе да го мачкаш со ништо, бега, се плаши и многу мие жал. Е сега сакав да прашам за колку време треба да му помине, дали процесот е долг, оти гледам дека уште се чеша или па треба да купам нова ампула или нешто друго? Фала многу.
     
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Побарај во аптека бензил бензоат лосион или само кажи дека ти треба течност против шуга, изгледа исто како бела пудра за сипаници онаа што се користи. Околу 70 денари е. И мачкај го само на тие места кај што уште се чеша и не зимај друг пат толку силни средства како неостомосан зајчињата се многу осетливи, тоа е прејако за нив. Дури и за мачки не го препорачуваат, а не па за зајчиња. И ќе му помине, не се секирај. За две недели најмногу со третирање треба да се исчисти скроз.
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Mе интересира дали го делите креветот со миленикот?
    Jас од прв ден спијам со кучето, и така сме навикнати, порано кај нозете ми спиеше, ама сега, богами глава до глава на перница :lol: и перницата ја делиме :lol:
     
    На ma4o4female му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Да! И тоа со мачки што се нон стоп надвор-внатре, ловат врапци и глувци и не ги бањам. Некад ме фаќа језа, ама си се тешам дека јачам имунитет вака :D