леле и јас на почетокот се нафрлив по цело лице од нејзиното крзно, сега гајле немам A јас ја бањам секоја недела, да ми е чиста, ама не ми пречи ни прљава, и таква си ја сакам
Јас па сум против тоа. Дефинитивно не го практикувам. Јас го чувам надвор пред се кучето, половина од денот тој е и во соба, но сака надвор да седи. А да седи во двор а потоа да ми легне дома во кревет нема шанси. Па и да го чувам внатре мислам дека не би дозволувала. Плус е долговлакнето куче, така да во време на митарење штом го погледнам тепихот се ужаснувам, а не па креветот да ми е влакнест. Јас сум голем преголем љубител на животните, но и сум за поделба на работите. Да си знае кучето кај ќе седи, да знае кај ќе спие, да знае кај ќе шета и да си знае негови работи кои се. Јас си имам мој кревет, тој си има негово, јас си имам моја чинија за јадење, тој си има негова, јас си имам свои работи во соба тоа се мои, не смее да зима работи кои не се негови. За мене тоа е најдобар начин. Јас и го гушкам и бубнувам и се, ама 8 часа да спиеме заедно на кревет а претходно со своите 30 килограми и милион влакна на себе во некоја трева и прашина скокал и се играл, не, дефинитивно не.
Е јас до лице не ги допирам и не ги бацувам затоа што си го лижат газето, па после крзното па тоа ми е искрено малце погадно. И обавезно мијам раце после галење, тоа ми е ради баба ми, како мала мислам дека 45 пати на ден ме тераше да мијам раце ради животни низ двор. До сега два пати имав алергии или некакви инфекции од мачките, ама некако не се потресувам. Ништо не ме успива како нивното предење, мислам дека и да не сум уморна кога си лежиме заедно ќе заспијам за 5 минути И онака мора да се умре од нешто, ако мене ми е задоволство да нанам со смрдливо и прљаво маче или куче ќе си правам така, па што биде нека биде. Како селскиве деца спијат со кучиња и разни животни во штали, идат испокинати во зима па ништо не им е. Многу сме галени и пазени ние, тоа е проблемот
E во право си, и мајка ми така ми викаше, ама ајде од малечка си плачеше да спие со мене,а мене пусти мерак ми беше, со тртуфче од пола килце да си спијам, и сега така си е научена пс, ај да не ви кажувам јас колку сум опуштена со нејзе, ќе ви се згади, чим одма раце миете после галење Eдит- ееее, моето е само 5.5 килца, затоа има место
Ах ,голема грешка правите кога миленикот ви е во кревет до вас.Јас имав порано доберман и катастрофа бре.Во кревет кој прв да легне Тепачка па гужва и на крај на коше ама не тој туку јас.12 години без нормален сон.Сега имам самојед .10 години веке наполни ама си спие на под,нема шанси на кревет да се качи.И сите дома го почитуваа тоа правило уште додека беше многу мал.Е сега си спиеме нормално како луѓе. Не е хигиенски миленикот да спие во вашата постела.Тие знаат да закачат на себе болва,крлеж ,шуга и многу други паразити.Ако користите ампула овие паразити не умираат веднаш кога ке дојдат на крзното од миленикот.Сите овие се пренесуваат и на луѓето е пренесуваат многу болести.Се случува миленикот да се гребне на нозете обично па крвави флеки по креветот .Кога имате миленик хигената во домот уште повеке и поинтензивно се одржува и сега вие секој ден ке менувате постелина?А за влакна да не збориме.Сите што имаме миленици тешко излегуваме со влакната по домот па уште и во кревет БЛАГОДАРАМ НЕ.
Значи нема потреба да ни објаснуваш од ризиците, ако прочиташ наназад ќе видиш дека сите ние многу добро се разбираме од животни и сите проблеми со нив, така да ептен сме свесни на ризикот на кој се изложуваме Фала на пажња ипак. И да, шугата кај кучиња и мачиња ја предизвикува паразит кој не може да паразитира на кожата на човекот
Кажувајте што да правам со крлеживе веќе аман ми се вика ! Имаме дома германски овчар и во јуни му најдовме 2-3 крлежа.Отидовме кај ветеринарот и он ни даде една течност со шприц во вода се растворала.Абе го измивме неколку пати на 5 дена нели по еднаш ама ништо Он продолжува да се чеша мислам дека само повеќе фати Значи има уште крлежи и никако не паѓаат. Сега незнам дали ампула да му купам или ?
Секако дека ќе му купиш ампула! Таа течност е да ги убие закачените, ама нема да делува на новите што ќе се закачат! Сега баш зборев со една пријателка ми ги препорача Фиприст ампулите. Јас земам Протектор ама не се добри како што беа, или ми продаваат фалсфикати.
Една ампула за да не фаќа во иднина. Обично кажуваат 3 месеци дека траат тие ампули, ама пример годинава поради влажноста месец мај беше најопасен, па ни 2 недели не траеа ампулите. Ампула ние 2-3 пати годишно му ставаме т.е. стававме. Сеа имаме ремче. И тогаш знае да фати крлеж и го вадиме со пинцета во правец обратен од стрелките на часовникот. Ако не се извади правилно и остане дел од крлежот, тој ќе преживее и понатаму пак ќе цица крв. Треба правилно да се вадат. А ако има многу и не знаеш да ги извадиш знам дека постојат инекции кај ветеринарите кои се ставаат и изумираат крлежите во телото кои се веќе. Но ова не сме го примениле, само сум читала дека има. Инекцијата е за внатрешно ако веќе има крлежи. А ампулата надворешно го штити за во иднина. Тоа што го попрскуваш е добро за болви и за крлежи, ама не траат долго, тие се само провремено решение. Ампулата е подолготрајно решение. Или ние последнава година имаме алтернативно решение. Како што кажав погоре ремче. Ременче против болви и крлежи. Ептен е добро. Има неколку видови по разни цени, од 500 па до 2500. Зависи од производителот и од колку месеци штити. И навистина спас се. Постојано го носи околу вратот и ние речиси и да немаме проблем со крлежи. Само во мај имаше 3-4 крлежи и толку. Ние сме презадоволни од ремчињата, многу повеќе него од ампулите.
^ E ние земавме вакво каифче, малце грдо мириса , и ампула една. E сега треба да се стави во 5 литра вода, да се трие кучето со нејзе, само да се пази да не му влезе во око, умираат бубите, и после нели се става каишов, и до 6 месеца траат утре ќе ја бањам па ќе видиме, значи ја изедоа болви Eдит- A од таа ампулата што се става капка по капка на вратчето, и испопадна крзното, пликови доби, со креми ја пустевме, се среди, јас таа пак не би ја користела, јез да немаше крлежи и буби еден мал период ко месец дена
Црно рипче карасче цел ден ми плива грбно и ја гледам ко да нема ориентација повремено се губи, па пак е нормална па пак нешто не е ко што треба. Ја оделив од другите риби во посебно мало аквариумче. Пред некој ден 3 нови риби поприлично големки скалари им додадовме во аквариумот , па да не и од нив? Како шок бидејќи никогаш не била со такви големи риби во исто. Ај кој знае нека пише што да правам , како да ја оправам, постои ли некое лекче да купам да пркне???
Моето се одвикна и повеќе не спие со мене, само сабајле кога мајка ми оди на работа тоа трчи и рипа на кревет да ме поздрави, се погалуваме малце па спаѓа и спие до креветото, мада некогаш го оставам сеуште кога не го осетам дека се качил.Ама сега ме замисливте, јас моето често го бањам си кажав, на две недели, кога го шетам не се вала многу, освен цел ден ако е надвор, ама јас забележав пред некое време еден куп брунчиња ми излегоа на лицето и вратот па мислам од него да не е јас не го бакнувам ниту го доближувам до лице, ама онака често се ѓњавиме.Ако е од тоа што чаре да најдам?
и мене така ми беше на почеток, ама ми се навикна лицето, прво не ја доближував, ама од кога почна да ми се лепи за лице, ми се навикна фацката, сега ме лиже, се гали на образите, со шепите ме гали по лицето, ни едно брунче не ми излегло од неа
Грешите за шугата.пренослива е на луѓето.Јас еднаш се заразив од едно мало џукелче па си се мачкавме заедно со скабитокс па кога оздраве го вдомивме убаво.
Сега ќе ви кажам што е лекот ако се најдете во исто-слична ситуација. Ќе ја оделите од другите и ќе изроните 2-3 трошки амоксиклавче, значи многу малку. Не се шалам, рипчево е препородено, и јаде од тоа храната нејзина и се. Ваљда настинкато ми било. Фала Богу дека се е во ред.
Леле јас спијам со моево веќе 3 години во кревет заедно, гушнати, па еве ме жива здрава со стварно ојачан имунитет! Ама пуфлава има 3 кила и 300 грама и е почиста од брат ми Стално и ги миеме ноџињата после шетање и се на се вкупно 3 крлежа и имаме најдено до сега Така да.. мислам дека ако станува збор за помало милениче, што се чува исклучиво дома, нема никаков проблем да спие со вас, но ако е самуед или доберман, јас не би сакала да е до мене па камо ли тоа кутрото да зоврива на +55 залепено до мене..
НИКАКО КАРАСИСО СКАЛАРИ НЕ СЕ ПОДНАСААТ И ПРАВИЛО БР1 КОГА ВОВЕДУВАШ НОВИ РИБИ ВО АКВАРИУМОТ ОБАВЕЗНО ПРАВИШ ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ВОДАТА СО МЕТИЛЕНСКО ПЛАВО