да ви кажам колку сум злобна Cи зимам една шумеча таблетка, ја гризам и праам демек пена низ уста имам, демек умирам, паѓам на под се тресам Kучево мое шокови, вришти плаче ме гали, гребе по помош,мисли лудо ојде на другио свеT Aма морам тест да и напраам да видам колку ме сака
ХАХАХАХАХАХАХАХА(значи не сум била само ја луда)...ја така му праам на моево...Ќе легнам на тросед ќе почнам да праам демек се гушам и само од таму иде кучево почиња да скока..демек шо се дешава доаѓа до мене седнува почнува да ме лиже и ја (демек) кога ќе се вратам во нормала(прекинувам со глупоста)..седнува поред мене и се мази..Абе чуда се.. ..Душички
се додека има млеко, јас многу години имав мачки, и секогаш кога некоја имаше мали, им даваше да цицат додека има млеко значи тие и ке пораснат и имаат заби, и јадат што и да му дадиш ама кога ке ја видат мајка му и цицаат, е сега имав само еден случај кога почнаа да јадат мачката ги намириса по усните дека јадат и не им даваше повеке да цицаат, а со другите си цицаа до големи освен што јадеа.
извинете ме однапред можеби сте дале одговор на ова прашање ама јас преку ред ги разлистав страниве,па сакам да ве прашам колку пати им давате на кучињата да јадат?јас имам златна ретриверка 2години и давам наутро една чаша со готова храна (250мл.) а навечер две такви и + секогаш нешто бонус (лепче,коска,месо варено) ама мн. ми е некако слаба
пупи, миризбата можно е да не доаѓа од крзното. Има шанси да се жлездите во прашање, се наоѓаат во внатрешноста на анусот од левата и десната страна. Доколку жлезди не се испразнуваат самите од себе, додека кучето ја извршува големата нужда што е нормална појава, тогаш тие мора рачно да се испразнат, затоа што ќе се наполнат. Причинители за ваквата состојба се неправилната и премногу течна исхрана, премногу масна исхрана и генетиката на кучето. Мој совет е да не се обидуваш да ги чистиш сама затоа што можат мн лесно да се повредат. Мене на ветеринар не ми наплаќаат или пак тоа е минимално.
Ќе ноже ли некој што чува пинчер да ми каже со што се хранат (сите јадења), и ако има некој идеја да ми даде соодветно име за него ако е машко?
Девојки а мене ме интересира нешо.Од неодамна си земав мало маченце и ми шетка по станот.Но имам и папагал и гледам дека мачкава се обидува да се поткачи кон кафезот , а се поткачува ии по масичката во дневна и по трпезариската маса сакам уште мало да го одвикнам од ова , но како ??
The same! Ќе си легне прво кај нозете, но наутро ја наоѓам кај главата, на цела перница, а јас на ќоше и од перница и од кревет ...па потоа пола саат се расонуваме и така...душа е моето куче и не се плашам од никакви болести...фала богу дома си ја чувам...
Домашни миленичиња Дали би можел некој/а да ми помогне околу мојов проблем.... кучето веќе два дена има чуден измет... изметот му е некоја чудна сиво бела боја, за прв пат вака од коа ја земав (инаку у септември полни една година и е вакцинирана секако) , затоа ве молам ако има некој искуство со ова, да ми одговори пошто барам на гугл ама ништо неможам да најдам на оваа тема... Фала однапреед !
Кога кучето ќе стане возрасно се храни 2 пати дневно (наутро и навечер). Добро е тоа што и го даваш само ете меѓуоброци да и бидат мало парче леб, варен ориз и сл но во мали количини. Имаш готова храна за кучиња нели па можеш да прашаш во продавница за миленици која му е погодна, пошто е мало, освен сува не е на одмет да му даваш и течна храна. Имиња за миленици имаш на гугл колку ти душа сака Би требало да му е од храната, обично од тоа е. Која храна му ја даваш?? Можеш да го прашаш др.Марин за совет 02-3113-101, 070 340-846 или др. Анастас 02 6090-699, 078 234-701.
Jaс да ги прашам оние поуискусните за совет.На моето кученце му ставивме ампула за крлежи пред месец или два не знам точно, денес кога го вратив од шетање со мајка ми му извадивме повеќе крлежи кои беа мали и сеуште не беа прикачени, веројатно истекло дејствието на ампулата, само не знам дали тоа е од овие денови или од предходно.Сега е веќе доцна да купам па утре сабајле ќе набавам и ќе му ставиме, ама проблемот е што сега ни е страв да нема некои испаднати од него по дома па да ни се закачат и да нема уште по него зошто е пудлица со црно крзно и одвај ги најдовме тие со мајка ми и нема шанси да не сме испуштиле некој, што да правиме како привремено решени до утре?
E месец или два не држат тие, земи му од тоа ремчето Pоси што го има постирано поназад, навистина е ефикасно ни буба ни крлеж има A плус со ампула се купува, нели го рибаш кутето да му паднат бубите, после тоа се става ременов Hе верувам дека би паднал крлеж, мојава крлежосана на времето ме гушкаше па немаше гајле
Земи празно шише со прскалка (они со средства за чистење) наполни го со вода. Секогаш кога мачето ќе се обиде да стигне до кафезот испрскај го со шишето, така ќе почне да го поврзува непријатното чувство од прскањето со желбата да стигне до кафезот и би требало да сте ок. Јас така го одвикнав моето да се качува на кујнската маса.
Можеш да ја прскаш со Неостомозан, тоа е прашок го имаш кај ветеринариве, околу 150-200 ден е, се раствора во вода, за против болви, крлежи..
Имам мало маченце. Не го зедов цицалче од мајка му, напротив,кога го земав јадеше и тврда храна,само малку потквасена. Сега го чувам речиси три месеци. Проблемот е во тоа што каде што ќе стигне постојано "цица". На прекривачи,ќебиња,блузи,панталони,кревети,перници... Се мести со ножињата го масира местото и лиже, исто како што цицаат кога се малечки. Сакам да го одвикнам од оваа навика додека е мало бидејќи пречи, а ако не го забележам подолго време, утоп ќе ја направи некоја блуза. Ве молам за помош!
Рано е тргнато од мајката т.е. прерано е одвикнато од цицање, затоа прави така. Некаде читав за такви случаи ама никако не ми текнува дали пишуваше како да се одвикне мачето од тоа лажно цицање..ќе пробам да најдам соодветен одговор и ќе пишам, ако не пише некој во меѓувреме што знае.
Така си се успива, мојата мачка која ја најдов стара 2-3 дена правеше и уште прави така понекогаш, а има 2 години. Мачорот кој го чувам цицаше од мајка му 2 ипол месеци па пак кога се успива бутка со шепите т.е. масира. Дај му некое парталче, оставај го кај што најчесто спие па него нека си го цица.
Мојот ден денес цица,5 годишен е,дојде со шепите и ме масира и дур да видам фатил делче од маицата и ја налигавил...
Уште нешто ме интересира мене.Мачката моја многу се митари, дури неможам во раце да ја земам оти блузата ми е полна со мали влакнена како се справувате со овој проблем ?