Редовен груминг како на видеото, ќе и олесни и на мачката. Само треба да имаш добар чешел, зависи какво крзно има. За чистење на облеката можеш да побараш леплив ролер (како на второто видео). http://www.youtube.com/watch?v=CeXtOIt--L8 http://www.youtube.com/watch?v=EfBge26r5m8
Додека бев во Охрид баба ми нашла на улица колабирано маченце и го спасила. Го донела дома, го избањала, наранила и освежила. Маченцево по моја проценка има околу 4-5 месеци. Машко е и го крстивме Бетмен зашто е црно-бело, а на главата црното му е како маската на Бетмен. Ќе ви постирам сликички кога ќе можам.
Девојки помагајте со совети Денес кученцето што го земавме со дечко ми да го чуваме нешто не било добро. До вчера се беше ок, активно, си скокаше, си трчаше, си јадеше си спиеше се најнормално... (старо е 2 месеци), а денес не сакало да јаде, имало тажен поглед, не гризе како што гризаше нема сила ни да гризне, цифка, спиело денес со отворени очи Утре никој неможеме да го однесеме на лекар, а задутре да не е предоцна, ве молам за совети. Едит: За период од 10 минути се измочкало 5-6 пати
Ako е штенчак во питање,онак му нема спас за зал... имунитетот му паднал,сега се вакцинира и на месец и половина дури,летно време има многу вируси
Tука сум и јас! ...Како што кажа Лудо не само креветот него и перницата...Понекогаш и он ме буди...Од сабајле бацки и чека пред врата да го прошетам...Зашо сега има и симпатија па сака нон стоп да е надвор...Коа ќе и го спомнам името..Кај е (името на љубовта) одма скока и чека пред врата демек надвор била...Абе душка мила
Ова болдираното не го сватив што значи тоа штенчак?? Инаку Лео денес е подобар, се надевам ќе му пројде, утре на лекар...
Па болест е тоа,што ги фаќа најчесто малите кутриња и оние големите што не се вакцинирани со прва вакцина...најчесто фаќа летно време кога има највеќе вируси
Се надевам не е тоа дека вчера беше подобар, денес пак ветеринарот не е на работа , ама ок е исто како вчера... А за првата вакцина ни рекоа на 3 месеци..
НА 2! Некои и на месец и половина...на 3 месеци ставаат РЕ-вакцина! моментално кучето ваше подле=и на пад на имунитетот посебно оти е и летно време...ако има 2 полни месеци,носи го на вакцина!
Ветеринарот во градот кај дечко ми рекол првата на 3 месеци . Кучево има полни 2 месеци и 1 недела до денес.
Добро Ана па не можеш ти да го однесеш кучето на ветеринар? Несериозно е да се однесувате така со малото и да дигате паника кога не му е добро, но и да заборавате на лошото штом почне да трчка. Знаеш како, исто како и за дете - не треба да го има оној кој не е спремен да го чува.
Живеам во друг град ... Кај дечко ми во градот има 2 ветеринари и двајцата се на одмор . Бев јас кај ветеринар во мојот град и му објаснив што и како, па ми рече настинато било да му се даде парацетамол.
Голема грешка,од една обична настинка може да развие грип од грип па штенчак и адиииооос папии... затоа сега вакцините се ставаат предвреме,сега екологијата се измени,воздухот е по загаден,кученцата поправило треба да се вакцинираат веднаш штом престанат да цицаат,оти додека цицаат мајчиното млеко ги штити од вируси,после одбивањето што најчесто се случува на 2 месеци,се вакцинира веднаш,додека порани кучињата биле многу поздрави како и луѓето и не ни требало ревакцини додека некои не ставале ниту вакцини! моето куче што го имам,беше одбиено на месец дена,можеше и да јаде и све,и морав да му купам високо квалитетна и скапа храна со витамини за да избута уште еден месец за до вакцина....
Сега брзо, кучето ми беше некако клапнато (што е очекувачки за хаска на 50 степени) и на своја рака му дадов далерон (парацетамол).... и ветеринарот партал ме направи Ако веќе се правиш доктор, ми рече, ќе му дадеш аналгин... Каснењето со вакцини е многу опасно. Атос ероден на 15.03, првата вакцина ја прими на 28.04, втората на 19.05 и третата со мало каснење на 21.06. Во меѓувреме два пати е прочистен од глисти и секако прима витамини. ... и да дополнам - се додека не ги прими сите вакцини движењето му беше лимитирано, само во двор го пуштавме.
ЛЕлее,па далеронот греее уште повеќе си му ја качила температурата хаха туку за хаски слушај шо прај еден другар мој,преку ден стави 5-6 шишиња вода да се замрзнат и вечер му ги остави околу леглото да му држат ладно и комотно си спие,а преку ден го бања обавезно еднаш и тоа со маркуч и лед студена вода,и пред 7 часот не го изнесува надвор,освен за мочкање
Не може далеронот да грее, па за намалување на температура е Ние имаме во двор ставено едно бебешко корито и секогаш му ја менуваме водата, да му биде ладна ... и се бања по едно 15-16 пати во ден .... СДП до кога се хаските екстермно темпераментни ? До кога како додаток на храната конзумираат, не обични папучи, туку патики , небаре десерт бираат? ... и што мислите за дресура..од која возраст? каде? каква?
Поти далеронот,а кај кучињата има други ефекти,пример јас на зајачицата кога се породуваше дадов далерон таа роди,ко пламна температура цела ја брцав во вода... инаку хаските цел живот се темпераментни,јас лично не ги сакам сибирските раси на кучиња,оти се тераат на своја глава,инатливи се и не се баш ептен дружољубиви и трперливи,т.е на игнор ставаат... дресура почни од 6 месеци,имаш дресери ако си спремна да одвоиш пари,ти сама да го дресираш неверувам,да беше ретривер или некоја друга мека раса,ајде ама хаска....ако го убаво издресираш,можеби ќе немаш проблем.
Имам 6 месечен мачор , од вчера забележувам дека нема апетит, спие повеќе од вообичаено, нит `преде` нит мјаука. Ќе ја душне храната , и ќе ја остави. Вечерта го чув како се накашла , сува кашлица беше. А го бањавме ден пред тоа...можно е да настинал од бањането ( со млака вода бањат , па исушен со крпа, дома спие ). Би го однела на ветеринар, ама мора до 15-ти да чекам плата, па се надевав на совет ако некој имал вакво или слично искуство со мачор.
До кај година ипол ќе имаш секакви козумации, а тие подоцна ќе се намалат, ама нема скрос. Убаво ти напиша нутриционист... Многу многу тврдоглава раса, многу. Се по свое прави. Јас во последно време имам еден проблем. Мојов се промени откако го имаше оноа негативно искуство зимово со труење и од тој момент почна да сака или несака одредени луѓе. За разлика од порано кога сакаше се што постои на планетава Е сега кога го шетаме стално доаѓаат група на дечиња да го галат, ама последниве месеци он тоа не го дозволува, вајда се плаши од група на луѓе, а тоа не го прави на лица кои ги знае и ги гледа често само на непознати и најчесто на деца. Значи пафта со опавчето и штом му се приближат одеднаш ќе зарже и скока. Носи маска значи неможе да изгриза, но не знам ни дал ќе гризне зашто си пафта со опавчето откако ќе задрже. Дали е глуп и не знае како да се однесува со деца многу или навистина не ги сака. Зашто навистина помислувам дека он не знае што значи ржењето и дека погрешно го употребува. Еве дечко ми се игра со него се борат и он понекогаш рже ама никогаш ни го гребнал, а камо ли нешто повеќе да направи. Исто и сестра ми се игра и он заржува, а пафта со опашот. И никогаш не рже на кучиња, он гледа во секое куче потенцијално пријателче Всушност секое ржење му е проследено со игра на некој начин. А инаку имаме дечиња неколку на улица, на нив никогаш не им лае, постојано се игра со нив, го галат, ги бубнува им прави здраво. Ама штом му се затрчаат голема непозната група на деца он рже. Како да го одвикнеме, како да го воспитаме да не прави така? Искрено ова ни е прво куче, не сме никакви експерти во воспитувањето. Ама несакам да ги плаши децата а знам дека не е опасно куче. Некако да го караме, што да направиме? Само кажете за домашни услови, дресер не фала, немам толку пари за фрлање.