1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Тоа што ви е прво куче тврдам дека не значи ништо. Сум чувала до сега 5 кучиња ( од кои две во моментов) и секое куче е приказна само за себе. Секое со различни потреби, поинакво однесување, поинакво манифестирање на лутина, радост, глад, ситост.
    Нема тука искуство, знаење ... има само проучување на неговиот карактер и љубов и разбирање.

    До некаде и подобро е да не ги сака сите, но кога станува збор за деца ... и јас би се потрудила да ги засака.
    Би постапила така што кога ќе зарже на група деца, ќе повикам едно од децата да пријде, да го погали .. па друго дете... за да види дека децата само му се радуваат и секако на крај ќе го погалам и ќе му дадам некое чоколатце за браво што беше умно куче.
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Он тоа истото го прави еден момент се игра еден момент рже.
    Инаку ржењето е така тро страшничко проследено е со лаење :$
    А он и понатаму се игра со дел од нив, кажав на улица со сите деца е пријателче.
    А сеа во последно време им кажуваме да не му трчаат така, ама деца ко деца ееее вчера го галев и пак му доаѓаат. И ќе им зарже и ќе ги исплаши, утредента може и да им дозволи да го галат, задутре пак ќе рже.
    Јас ви викам дека он не го сваќа ржењето :D
     
  3. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Му пречи тоа оти не е на негова глава,оти можеби несака ама мора,која хаска например да ја пуштиш и послем непознато лице да ја повика ќе дојде? Никоја,само можеби ќе дојде и ќе те одмине,е добро ако имаш храна да му дадеш нема баш да те одмине...
    таков темперамент се,горделливи,дигнати ептен високо летаат...
    другар ми шо има сибирски самојад,ми иде ќотек да му дадам одошто е брливо кучето,не е истрпува...
    Инаку,секогаш кога ќе заржи вака,затегни му ја каишката нагоре,би требало да те погледне или само ќе замолчи и кога замолчи дај му лакомство(носи си со себе гранули храничка) и секогаш кога прави вака кога го затегнеш и кога престане да р`жи давај му награда и со тек на време ќе свати дека така нетреба,но немора да значи оти сепак ретривер би се научил за 2-3 дена,а на хаската можеби 2-3 недели најмалку не и бегаат секојдневен тренинг
     
  4. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Не им давајте на животните лекови за луѓе кои не се наменети за животни без совет од стручен искусен ветеринар..Не реагирајте се на своја рака, за доброто на вашите миленици..
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.324
    Допаѓања:
    41.632
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден барав тука совет за крлежите.Проблемот е што единствениот ветеринар во градов е на одмор, еве веќе 10 дена татко ми му ѕвони и го нема.Па пробавме да го исчистиме кученцето, не го шетаме од тогаш, ама ете денес пак му најдов и зедов шампон против болви и крлежи, зошто друг спас не знаев.Дали имате искуство вие со шампони, колку се ефикасни, само за да ги умртви тие што ги има па потоа му земам ампула?
     
  6. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Моето има и ампула плус ремче против болви плус со таков шампон го бањам :D
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.324
    Допаѓања:
    41.632
    Пол:
    Женски
    И моето имаше ампула, ама и помина дејството и нели треба прво да се исчисти па да се стави нова, јас затоа сакав прво да го исчистам и ме интересираше дали е ефикасен шампонот, поточно дали можам за 2-3 дена да му ставам ампула ако го избањам денес?
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Во темава мислам дека се спомнаа и ремчиња за околу врат како поефикасни од ампула ама не знам дали делуваат и за да се исчистат или само превентивно. Внимателно со отстранувањето, ако не се извадат правилно и целосно и им остане главата под кожата тие си се живи и ништо не сте направиле и во прва прилика на ветеринар да се однесе зошто тие гадинки пренесуваат и болести.
     
  9. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Доколку најдете крлеж на својот миленик или на маалските кучиња кои ги раните, истурете капаче зејтин врз крлежот и потоа извадете го внимателно, за кратко време ќе умре, бидејќи со зејтинот му го затнувате отворот за дишење..(го имам ова спомнато во претходните постови)

    За вадење крлеж за зажал нема во МК посебна "лажичка", но ја има во другиве држави, ако можете набавете си ја, одлична е за вадење крлежи целосно со се главата, вака изгледа:

    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [/img%20[​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Превентива за болви може да се искористи Неостомозан, се раствора во 1л вода (ќе добие боја на млеко) и се прска кучето низ цело тело. Го има кај ветеринариве, околу 150 ден. е.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Јас имам млад господин мачорот Lucky ;) Скита насекаде прав фраере во маало и пошироко :lol:
    Кога беше помал го бањав и се научи и сега ми е како кутре сака вода... :)
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.324
    Допаѓања:
    41.632
    Пол:
    Женски
    E само заборавив да прашам, шампонот не е штетен за него нели, мислам ако случајно се лижне или така нешто?
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Викаат кога превентивно со нешто ги бањаме или прскаме или ампула им ставаме на милениците тоа да го правиме пред прошетка.
    И таман 30 минути до 1 час како и да е индивидуално е шетањето пред се од секој сопственик а и од секоја раса некои се мрзливи некои темпераментни, битно ќе се шета откако ќе е испрскан да речеме и не му се дава можност да се лиже.
    Обично и не треба да предизвика несакани дејства, ама овој совет за потоа да се прошета е превентивно за случајно да не има нешто. Во секој случај тие работи имаат дејство врз инсектите, а не врз самото куче.
    Ако е нешто отровно тоа и преку кожата ќе навлезе, не само преку лижењето.
    Но кажав не би требало да има ништо што би допринело до негативен ефект од овие прскала ако се купени и препорачани од ветеринар :)

    А инаку од нова до стара ампула нема потреба од некакво чистење. Не треба пред ампула да се бања 1 недела кучето. Бидејки ампулата се распоредува низ целото тело на кучето поради неговата мрсна кожа, затоа треба 1 недела пред и една недела по ампулата да не се бања. А и да не се чешла и гали многу 2 дена бар откако ќе е ставена ампулата, за убаво да се распореди.
    Инаку ампулите имаат дејство околу 1 месец, а за болви повеќе. Па затоа ако редовно се става на 1 или 2 месеци максимум нема зашто да се чисти со некои средства кога доволно е што редовно ампулата се става ;)
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.324
    Допаѓања:
    41.632
    Пол:
    Женски
    Добро е, жив е.Сега го избањавме и испаѓаа одма значи едно излегување од када, го прегледавме убаво нема ништо, ќе почекаме некој ден па тогаш ќе му ставиме ампула пак.А за тоа знам дека не треба да се бања, ама ние не забележавме дека истекло дејството на ампулата, па јас после прошетка забележав инвазија од крлежи и затоа моравме прво да го исчистиме зошто како што знам ампулата не ги усмртува тие веќе што се закачиле...може сум во заблуда, ама за секој случај, сега е мирно.
    Фала ви на советите девојки. :)

    П.С.Расионерке прочитав дека имаш проблеми со ржењто, мислам дека не ги сака малите деца, исто и моето и кучето на дечко ми од мали деца бегаат како од ѓавол.Мислам дека е поради тоа што малите деца знаат да ги гњават, ненамерно секако, ама на кучињата им смета.А и моето ржи по дома , пр кога си играме, се гониме или му земам играчка, ама никогаш не каса, мавта со опашот и ржи, мислам дека тоа е она како на играње, не дека е опасен или дека ржи зошто сака да нападне.И јас немам многу искуство, ние го чуваме 7-8 месеци, ама ситно е и меѓу луѓе е малку подисплашено, па само по дома се сили.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Јас имам една црна мачка,многу си ја сакам :) Баш е мила,сака многу да се гали :D
    Проблемот е што многу влакна моментално и паѓат и кога ја галам цела станувам влакна :| Има некое решение?
     
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Решение пишува три страни поназад т.е. на 153 стр. во темава. ;)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Јас понекогаш со правосмукалка поминувам преку неа :$
     
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    18.279
    Пол:
    Женски
    На колку месеци се сечат уши и опашка на кутриња? И дали секаде може,или пак не е дозволено?
     
  18. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Опаш е дозволено,уши не се дозволени да се купираат.Инаку на 6 месеци ушите,а опавчето уште од раѓање најдобро.Операцијата може да ја изврши секој ветеринар,само нема да пишува во книшка и нигде оти си купирала уши и пример инспектор да те праша каде си купирала нема да одговориш оти ќе напакости на ветеринарот :D
     
  19. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    18.279
    Пол:
    Женски
    А ќе биде проблем опашката на 6 месеци да се сече? КАко и да е јас решена сум кучето да ми биде без уши :D вака е како клапчо,и плус на расава претежно им ги сечат.
    Сега е малечок и има големи клапнати ушиња,а инаку е вака ќе изгледа без уши,баш истава шара ја има.
    [​IMG]
     
  20. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Мислам дека нема да биде проблем,ќе треба целосна анестезија само за кучето,а ушите не да ги сечеш туку да ги купираш т.е да ги изостриш да не се клапнати :D