Форумџика на годината

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.352
    Пол:
    Женски
    Очајна сум веќе со ова мое инаетливо куче! Никако не можам да го научам за вршење нужда надвор од дома,а луге моча на секои 15 мин,не можам по 1000 пати да го носам надвор :( Сум чувала повеќе кучиња ама ваков инат не :D (се метнало на мене).

    Ве молам некој да ми каже некоја финта или спрејовите дали помагаат,знам другарка ми имаше таков спреј и божем помага па после ми рече не....само не ми викајте да му ја доближам муцката и со весник да го плеснам,ми треба нештоо друго ова не помага.Плус го носам надвор после јадење и после секое станување од спиење и ќе моча надвор ама мора и дома да не закасни не знам зошто е таков инат.
    .
    (ќе ми го усмрди цел стан,само бришам,прво со оцет па со омекнувач,ама мислам и паркетот поприми веќе :( не можам на толку кратко време да го носам надвор иако го носам доста често)....а да инаку има 3 ипол месеци,некој може ќе рече мало е,ама луѓе се друго разбира,кога е гладен ми го носи тањирот,се си кажува освен ова,па не може само за ова да е мал
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.001
    Пол:
    Женски
    ^Ќе те разочарам малку можеби ама и моето беше такво за жал до 6 месеци, ука не фаќаше, му се каравме, со весник, со викање, без викање, со награди и се живо и диво пробавме и ништо.После шест месеци некако само сфати каде треба да оди и веќе немаме проблем.И нашето слушаше за се друго, ама ова никако, мислам какаше на тараса ама мочкаше кај мене пред врата.Се шетавме со џогер во рака, мајка ми ги исфрли теписоните и така, само со стрпение и ќе се научи само.Јас со повеќе луѓе правев муабет за тоа оти верувај како и тебе на главата ми се качи и сите го велеа истото дека само ќе сфати за некое време.И баш пред некој ден на тв гледав емисија за кучиња и оваа беше тема на муабет, стручњак велеше дека кучињата регистрираат се што им се зборува, ама не го применуваат до некоја одредена возраст, потоа им се редат коцките и научуваат сами(мислам си го враќаат филмот што ние сме и го правеле)Значи треба да ги учиме, да им се караме помалце и да ги наградуваме кога ќе се умни иако мислиме дека не не слушаат, тие регистрираат се, па применуваат потоа.Така да нема чаре, ќе бришиш уште некој месец и потоа ќе видиш ќе сфати само, еден ден ќе се измочка каде си го учела и потоа ќе нема мака.
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Совет еден домаќинки, со оцет ќе ти мириса по дома.
    Алкохол земи си 100%, најдобро се чисти, ни мириса потоа, а дезинфицира многу.
    Така да фрли оцетот, земи алкохол од продавница и чисти со тоа. :)

    Инаку инат е, изиграва мангуп. И моето изиграваше и на крај татко ми се изнервира и ни забрани дома да го внесуваме иако он во поголемиот дел од времето си седеше дома. Под казна сеа надвор беше. Среќа имаме двор, ти си во станче. И откако после недела/две го внесовме дома како препородено беше кучето. Ниеднаш од тогаш не сеизмочка. Вајда запали тоа што беше казнет надвор да седи :D
    А претходно што уште не пробавме, ма јок. Абе по 20 пати на ден го носевме надвор. Знаеше да се прошета надвор и да влезе да се измоча, а надвор несака. Идиотчиња што да кажам. Кога ќе прочитам некои за 3 дена го научиле за хигиенски навики само си викам алал да им е, јес да е пред се до кучето, а воедно и расата.
    Јас се чудам како е можно овие сибирскиве раси да се толку тврдоглави. Значи срдли ко мали деца.
     
  4. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.352
    Пол:
    Женски
    А да и со алкохол чистам,си го потрошив алкохолот што си го користам за надградба со нокти цело шише па почнав со оцетов,треба пак да земам,имаш право.А инаку и за тоа со расата,точно е,мене уште кога се распрашував ми рекоа дека е многу своеглава раса,дека со инаетот ќе имам проблеми.Ништо ќе проолжам редовно да го носам надвор така после јадење и после спиење,да му створам некоја навика,па се надевам ќе сфати :?:
     
  5. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Женски, ми треба совет. Кученцево ми е 3 ипол месеци старо. Пред неколку недели го вакциниравме и почнавме да го шетаме надвор. Врзано е (се плашам од кучуњава скитници, да не го нападнат). Не прави проблем, не му смета синџирчето, од одма се навикна на него. НО! Штом го симнам долу во двор, веднаш почнува да душка и СЕ живо да јаде. Буквално се! Градов и така е нечист. Секое ѓубренце, крпче, марамчиња (тоа посебно сака), трева, цвеќенциња, инсекти, дури и мастиките што се залепени на асфалт ги ваќа и ги јаде. Многу ми е страв, посебно од отровиве кои ги ставаат за уличниве кучиња. А и од други ствари. Ќе касне нешто што не треба, па не дај боже...
    Мака мачам додека го шетам. Ги гледам другиве кученца, си шетаат нормално. Дали е уште мало, или друго е, не знам.
     
  6. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Многу си го сакам мачоров уште од мал. Има 6 години, се е ок ама ептен е одвратен за галење. Цел е со рани, и едвај чекаме да дојде зима за да му пораснат влакна и да не се тепа веќе со други мачори..Мене лично не ми е гад што е таков пошто сум огромна мачарка и не ми смета , другиве не го допираат и не ми е гајле, ама не ми е за нас што ни е гадно туку ми е жал за него, партал се праи со еден мачор :worried: Цел е лом. Ама не ми беше тоа прашањето, туку секогаш кога го галам морам кај главата да му ставам некое марамче, крпче зашто кога ке му се уарни почнуваат да му течат лиги :puke: а исто така многу рчи како чоек некој , иначе што е со лигиве? Некој совет? :?:
     
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Сите се лигават кога се галат, не се секирај за тоа. Ако се кастрирани нема да се тепаат, ама за возраста на твојот мачор може да е малце ризично, бидејќи е делумно стар така да најдобро е да го оставиш како што е.

    Прво, ако си љубител на животните нема да ги делиш на скитници и расни! Второ уличните кучиња нема зошто да го нападнат ако не им е сезона за парење и ако ти не им викнеш или ги удриш. Поседи во некој парк и примети како оние кои имаат кучиња, а воедно ги галат и се пристојни кон уличните немаат никакви проблеми, а како оние што се курчат и ги бркаат уличните кучиња нареден пат кога ќе дојдат ќе бидат нападнати.
    Второ носи си весник со тебе, при секое јадење на нешто што не треба удри го со весникот. Не го боли, туку го плаши звукот. Прави го тоа се додека не се научи, мастиките ако ги голтне може да има проблеми со цревата, а исто и ако јаде хартија. Сите кучиња се љубопитни ама мора да се научи што смее, а што не. Ако видиш дека јаде трева значи дека го боли мешето и тоа не е толку сериозно, но не треба да јаде трева од парк на која може е посипан отров.
     
  8. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Добро, зошто одма мора со провокации ?!?! Реков јас дека не ги сакам животните и дека ги тепам?! Не знам од каде си, но тука во мојот град (Тетово) на секој контејнер има по најмалку 3 кучиња. Не бегам никогаш од нив и никогаш ниедно не ме нападнало. НО! Пред некој ден кога го шетав моето куче едно од напуштените кученца кои нема кој да ги згрижи го нападна, се стрча кон него. Ако не беше врзано со синџирче и ако не го земев веднаш во раце, не знам сега дали ќе беше живо! Исто напоменав дека се плашам од отровите кои ги ставаат за нив (за кои ужасно сум против).
    И пак ќе повторам! Никогаш не ги напаѓам јас, ниту пак им велам да бегаат, не ги гаѓам со предмети за да ги избркам. Баш напротив! И ужасно ме нервира кога некој вака ќе ме нападне без причина.

    Едноставно сакав да побарам совет што да правам со кучето.
    Толку.
     
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    А зошто не згрижи некое од тие кучиња покрај контејнерите ако сите се исти за тебе? Никој не те напаѓа, твој е изборот дали ќе ги сакаш или не, мое е да се сснам ако мислам дека некој не ги дели животните рамноправно, а таков впечаток добив од твојот пост. За совет ете ти дадов, пробај па ако чини добро, ако не побарај од некој поискусен.
     
  10. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Не, не згрижив ни едно од тие кучиња, чувам расно. Ама бидејќи ти многу се засили, верувам дека имаш згрижено некое од нив.
    Фала ти многу за советот.
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Па ако толку те интересира имам мачка која беше фрлена и имаше 2 дена кога ја најдов. А имав и улично куче од 3 месеци на две недели ама не се слагаа па го дадов на другар. Расното куче секогаш некој ќе го земе или купи, ама не и уличното. Али ја ти реков, твој си е изборот, ако толку те курчам игнорирај ме, не ми враќај :D
     
  12. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Да де да. Твое си е. Чувај што сакаш и сакај што сакаш.
     
  13. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    мачорчето мое има скоро 4 месеци .тука прочитав дека треба да се вакцинира на 2 месеца :?: ... ?
    прашањето ми дали можам да го вакцинирам сега и колку пари е вакцината ?!
     
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    25.365
    Пол:
    Женски
    Се испровоцирав и морам да пишаам, сеедно ако сум оф-топик, нека ме избришат.
    Ама зошто вакви муабети кога воопшто не си запознаена со ситуацијата овде?
    Чисто информативно, кученцата на улица кои немаат дом, не се ни малце кученца, туку се огромни ѕверови кои неретко напаѓаат и луѓе! Без претходно да бидат испровоцирани.
    Мои комшии го изгубија нивното кученце, затоа што беше нападнато додека го шетаа низ маало.
    Сериозно, ако не знаеш за некоја ситуација доволно добро, подобро молчи, или пак ела изволте и згрижи некое од кучињава овде, кои се толку збеснати што не можеш ни да им пријдеш, а не па да ги згрижиш.
    Ајт.
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitanova3159

    vitanova3159 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    jas iam edno persisko belo ma4or4e i go banjam na sekoi 2 meseci so sampon za macki i koga ide u wc bidejki doma go cuvam mu stavam pesok vo edna kutija i tamo odi u wc samo treba da go naucis a inace go hranam so specijalna hrana za macinja i mu davam mn mleko i vitamini ... :)
     
  16. Vesna26

    Vesna26 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    10
    јас имам 1 куче и мн е слатко се вика дора и има 2 години тааа е по расата пит булл. мн е бесна но и слатка но кога це го зетам се валка и секој ден треба да го прскам со црево сто да правам
     
  17. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ај, ај, ај. Немој ти на мене да ми објаснуваш колку биле опасни уличните кучиња и животни и да ми збориш дека се такви сами од себе. Ако се ради некој такви, тоа е ради нас драга. Ниедно животно кое е родено во средина на луѓе, значи не збориме за диви ѕверови, не напаѓа ако не е испровоцирано. И по стоти пат го пишувам ова на форумов, доволно е тројца пред тебе да го шутнале, за после од страв ни крива ни дужна тебе да ти рипне. Ама немој да си наивна и да мислиш дека они се такви сами од себе. Додека има вакви пуфли како тебе што солат памет дека уличните кучиња биле ЅВЕРОВИ, а расните и домашни се душички, ќе има многу повеќе опасни скитници. Кога ти си дала парче леб или било што на улично куче? Си погалила некад некое? Или секад ги глеаш ко парче гомно фрлено на улица и се плашиш да не се шугави па нежните рачиња да не ти се заразат? Ако више толку те занима, ја дома чувам мачки и не можам да зеам куче ради нив. Али не поминува вечер да не купам најефтина паштета од продавница и да ја дадам на кучиња низ град кои мене лично ми изгледаат најнеухранети. Да им дадам на сите не можам, ама уште 5 луѓе да им дадат нешто за јадење во текот на НЕДЕЛАТА или барем месецот тие кучиња нема никого да нападнат, ако не се болни од беснило па да се агресивни. Кучињата можат на километар да го осетат биењето на срцето и да осетат дали си вознемирен само што за жал за нив е тоа знак дека сакаш нешто да им направиш, не можат да разликуваат кој се плаши од нив, а кој е агресивен. На крај, краева дури и да се истрауматизирани и агресивни со малце нежност и храна можеш мачиња да ги направиш. Кучето не е опасно ради големината, туку ради односот на луѓето према него.
    И да, јас овде што сакам ќе пишам, ти не си никоја за мене да ми кажуваш што да мислам и пишувам особено не кога се работи за животни затоа што очигледно врска си немаш. Ајт!
    Треба да се вакцинираат кога се помали затоа што тогаш се најосетливи и уште не им е развиен убаво имуниот систем па им треба дополнителна заштита, инаку можеш да го вакцинираш и сега. Вакцината чини 600 денари и нема разлики во цена од ветеринар до ветеринар, тоа си е стандард цена. И мој совет, нека не те наговорат да го вакцинираш против беснило, освен ако не живееш во некое попланинско место кај што има шанси да се симне лисица, волк или некое такво диво животно. Вакцината за беснило е 300-400 денари ама има многу нус-ефекти така да ако нема потреба поубаво да не се вакцинира.
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    25.365
    Пол:
    Женски
    Имам право да ти се обратам, исто колку што ти имаш право на тема каде што се дискутира за животни, да ме нарекуваш пуфла, и да кажуваш претпоставки за мене и за мојот однос кон животни, кога воопшто не ме познаваш. Од каде знаеш, можеби имам згрижено десетици кучиња,можеби ги хранам редовно оние незгрижените, а ставов ми е само затоа што се изреволтирав што девојчето праша НАЈНОРМАЛНО прашање, за кое што ти ја нападна, а гледам сега дека секој следен што пробува да каже мислење, биднува лично навреден.

    Простете за оф-топик.
     
  19. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Дали има некој што има направено стерилизација на својата мачка?Која е цената и за колку време би заздравела?Дали е болна постапката?
     
  20. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Цената варира во зависност од ветеринарот и од тоа дали е мачето расно или не. Ако е расно вообичаено е околу 2 000 денари. Заздравува доста брзо, дента ќе биде буквално издрогирана, утредента веќе ќе си почне се најнормално, ќе пробува да си ги извади завоите и ќе си ја лиже раната, но тоа е добро бидејќи плунката им е антибактериска па така најбрзо им поминува. Ако евентуално почне да ја гризе и раскрварува раната ќе ти дадат онакво како конус за околу врат да не може да се лиже (заборавив како се викаше). Постапката дали е болна не можам да ти кажам, а не можат ни животните сами :D Сигурно осеќаат болка, но мислам дека не е ништо страшно чим одма функционираат нормално после ден-два. Но во секој случај тоа е толку рутинска операција, се прави за 15тина минути и ретко има компликации. После недела дена ги вадат конците и толку е. Раната заздравува целосно за недела ипол-две, после почнуваат да си растат влакненца и за месец дена не се познава ништо. И колку е помладо мачето толку побрзо заздравува, а најрано може да се стерилизира на 4 месеци отприлика. Ако си од Скопје и ти треба препорака за ветеринар пиши ми ЛП.
     
    На Mermaid90 му/ѝ се допаѓа ова.