Домашни миленичиња Па за јадење јадат окулу 500-700 грама сува храна дневно, а понекогаш и мешаме со конзервирано месо за кучиња. Немаат склоност кон посериозни заболувања, но воглавно се зависи од тоа како е чувано. И ние ја чуваме дома иако сме во куќа она сепак е внатре само треба во периодот кога се митарат почесто да се четкаат. Неверојатно се социјализирани и приврзани кон семејството особено ако има мали деца, а со помали кучиња премногу се нежни и внимателни па и ние сега планираме да земеме и пудлица за да се дружат. Цената варира од 350 евра па нагоре зависи полот и родителите. Нашата е од првото легло во Македонија поточно мајка и е од Тетово а татко и е од Скопје. Инаку легла овде кај нас сеуште нема, затоа што во Македонија има само околу 24 кучиња од оваа раса. Ако си заинтересирана нашава треба да има легло летово па може да ме контактираш преку лп. Докулку те интересира уште нешто слободно прашај ме. [/qu супер чим многу јадат ќе дадам од мојот дел па ке ослабам малку и кога ке се родат бебињата пиши ми и стави слики сакам да ги видам лелееееееее
Домашни миленичиња Ај некој ако знае нека ми каже по колку време живеат карасите? Сакам и јас риби ама кога ќе умрат ќе плачам .. Кажете ми по колку треба да се хранат (имам слушнато дека ако ги прејадеш умираат а незнам дали е точно тоа) и на колку време треба да им се менува водата.. обожавам риби ама незнам како да ги чувам
Домашни миленичиња имам аквариум со караси и ако ги гледаш правилно немаат гајле овие се неколку години може и 3 -4 имам поголем аквариум со пумпа кога ќе се подиспразни го допунувам. филтрите ги чистам на неколку месеци а аквариумот е на погодно место ете му се погодило и не ми фаќа зеленило. ги хранам ако сум дома секој ден по малку а ако повеќе време не сум дома ок не јадат. се случува по 4 дена да не ги хранам не им е ништо можат да издржат без храна. морам да кажам дека незнам од што 2 рипки ми умреа ама сепак сметам дека е од моја негрижа поради тоа што пумпата не ми работеше. температурата треба да им е околу 23 степени. зимово им беше и помалку но преживееа. така да слободно без страв земи си. имам прашање за поискусните чувачи на риби имам жолто карасче ама некако ми се поцрнува устичето му е црно, сега му се шараат перките црни и на градите дали е болно или ....?? ми е страв и тоа да не умре ??? што може да му е или да не е тепано? ајде помогнете ми
Домашни миленичиња Јас си имам дома три мачки, ги третирам како да се луѓе и многу си ги сакам нема теоретски шанси да ги оставам надвор да спијат, секогаш си се на топло инаку многу специфични мачки се овие моиве...јадат буквално се! лушпи од компири и краставици, зелка, кочан од зелка цвекло обожаваат, пуканки, и најстариот мачор полудува кога ќе намириса наполитанки ама не му давам да јаде многу, по една-две доста му се не ги бањам воопшто, и пак секогаш се чисти, немам видено побела мачка од мојата а сега е трудна и очекувам за 2-3 дена да имам малечки маченца....едвај чекам и многу се паметни, се разбираат што ќе им кажам....е сеа прашање е дали ќе сакаат да послушаат да е до мене, би ги собрала сите мачки и кучиња што се напуштени, ама ете, за жал не можам еднаш најмалото маче го снема цел ден (а никогаш се немаше случено да шетне подалеку од 5 метра од куќата) и одма кај нас општа жалост....дури и татко ми кој порано не сакаше мачки цело време беше тажен очигледно го украл некој но сабајлето се врати трчајќи, како да бегаше од некој сакав да прашам дали некој знае колку чини кастрирање на мачки, или дали постојат некакви апчиња за тоа?
пораснав со мачки и кучиња. сега чувам ван мачка има 9 месеци, ја купивме кога имаше 3 недели. многу е паметна, уште првиот ден кога и го донесов легенчето со песок знаеше дека таму треба да си оди по нужда. Ја чувам само внатре, таа не знае како изгледа надвор. ја пуштив на снег абе да за секунда влезе внатре. кога беше мала сакаше да се бања, сега малку ќе ми мјаука ми дава отпор ама поминувам со малку изгреботини. Ја бањам еднаш на два месеци, понекогаш ја чешлам се плаши од чешелот, кога ќе го види веднаш гледа да се шупне некаде. ја кастрирав на 6 месечна возраст и добро поминавме. раничката и помина за еден месец, сега ништо не се познава . се јаде од печени тикви, варени костени, кокос, порокал, диња.... ја не занм што маче е ова се ние што јадеме мора и таа да касне . многу е слатка спие со мене и мора главата да и биде на перничка ако не се лути и оди пред компјутерот да спие. ја размазив малку ама што да правам најмнногу ја сакам. колку само ме радува кога ке се вратам од работа само што ќе слушне дека идам доаѓа пред врата и ми се мази.
пампкин кастрацијата кошта 3000ден за апчиња не занам дали постојат мислам не оти со кастрацијата се отстрануваат јајниците која би била нивната функција сепак консултирај се со ветеринар
Би сакала да те прашам, ако знаеш, за моето кученце старо 1 и пол месец што треба да јаде? Јас вчера му дадов млекце и лепче, а денес ќе му варам ориз. Што друго би можела да подготвувам? Фала однапред. Здраво ma4o4female наместо во приватната порака тука ќе ти одговорам на прашањето за да и другите членови ако незнаат во врска со исхраната да научат. Исто така и другпат ако сакаш да ме прашаш нешто околу кученцето слободно можеш тука на темава да ме прашаш Бидејќи кученцето е 1 и пол месец треба да му купиш кучешка сува храна Puppy (оваа е за мали кутриња до 3-4 месечна возраст). Исто така освен кучешката храна од домашна храна можеш да му даваш: - ориз варен со пилешко месо и морковче варено , риба (туна или сардина) од конзерва , јогурт , кисело млеко , павлака , палента , макарони , овошје и зеленчук Несмееш да му даваш: Благо , коски (посебно НЕ пилешки), паштети, салами, многу зачинети јадења.... И избегнувај да му даваш кравјо млеко бидејќи многу често добиваат дијареа. Наместо кравјо млеко давај му јогурт. А и ќе заборавев да напоменам, штом е 1,5 месец старо ако не е вакцинирано обавезно утре однеси го на прва вакцина и никако немој во наредниот 1 месец да го изнесуваш надвор додека не стекне имунитет, надвор може само во раце кренато да го држиш а на земја немој да го оставаш.
Сакам да прашам дали треба на кученце да му се мокри ушенцата? За носето знам дека треба нон-стоп да е мокро, бидејќи ако не е значи е болничко...плис некој ако знае нека ми одговори.
Мислиш дали треба да му бидат мокри (влажни) ушенцата (тоест внатре ушната школка) ? Не, ушињата треба да си бидат суви и мазни со розевкаста боја. А тоа со носето суво/влажно и не е баш некој голем показател за тоа дали кучето е болно или здраво, бидејќи ако кучето се наоѓа во соба со сув воздух, тогаш и носот ќе му биде сув али сепак кучето ќе си биде во одлична здравствена состојба.
Денес отидов на ветеринар, но ми рекоа по 15 дена вакцина. Утре ќе треба да му дадам четвртинка од таблетата против глисти. Така рекоа, па сега не знам. Штом така велат, така и ќе правам. Тенкс anyway
Да да, прво се прочистува кучето од внатрешни паразити и после се носи на прва вакцина, добро ти кажал ветеринарот. Ревакцината се прима 4 недели по примената вакцина. А 1 таблета е за 10 кила куче, и пошто твоево е 2-3 килца треба четвртинка.
Педигрето не е никаков предуслов за вадење на пасош, слободно пасош може да се извади и на куче без педигре. Постапката е следна, Кучето мора да има примено вакцини за имунитет (од овие редовниве еднаш годишно што се ставаат) и мора да има вакцина против беснило. Треба да се направи преглед на крвта, али бидејќи кај нас во МК нема такви лабаратории за испитување на крвта на кучињата, крвта се праќа во Грција или Словенија. Исто така треба и чип да има. Али за подетално како и што, оди во ветеринарна амбуланта и се во детали ќе ти објаснат.
Зема половина од таблетката, но сега поврна глисти а ништо не јаде од утрово. Исто му пени устата. Нормално ли е тоа и кога ќе може да јаде?
Не си требала да му даваш половина таблетка (бидејќи половина таблета е за 5 кила куче, твоето е 2-3 кила) си требала четвртина да му дадеш. Устата несмее да му пени. А да те прашам на кој ветеринар го носиш кучето?
Па убаво ти кажале четвртина, а ти си му дала половинка, многу е тоа за него. Утре сабајле однеси го на ветеринар обавезно и пиши како е. За пасош нема потреба од преглед на крвта, туку само потврда од примени вакцини и чип. Јас моето го носев на одмор со мене пред неколку години.
Па луѓе тие таму му дадоа половина јас утрово го однесов на ветеринар за да му ја дадат таблетката (оти јас не знаев ) и тие му дадоа половина и кога се вративме исповраќа глисти, спиеше околу 2 часа и потоа кога се разбуди му дадовме да јаде. Потоа, глистите ги исфрлаше преку изметот. Но, едно време мноооогу почна да цимоли (а јас претпоставив дека е од саламката која му ја дадов да ја јаде и дека неа ја бара повторно). Се јавивме што се јавивме на ветеринарот и тој ни кажа дека е нормално сега да цимоли бидејќи мешето го боли. Сега е добро си спие, си кака глисти, а јас си трчам по него и чистам глисти Ништо поодвратно не сум видела. А сега сакам да ја прашам Doberman што се случува со тие глисти? Дали целосно се чистат и дали е можно повторно да се појават? Дали при процесот на чистење може да дојде до компликации? Дали е тоа ризично за нас луѓето? Фала ви на сите за грижата, а јас пак ќе си пишам.