1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Имам кученце и забележав дека повраќа и несака ништо да јаде од сабајле. :(
    Пие само многу вода. :( Кажете ми како да му помогнам? Што да му дадам? Ве молам одговорете ми.
     
  2. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Купи медицински јаглен од аптека и еден шприц од 5 мл. Истолчи го апчето и измешај го со млака водичка и дај му на кученцето. Дај му едно сега, едно попосле. И обавезно дај му четвртинка апче против глисти. Ако не си му давала до сега, обавезно почни. Се даваат на месец ипол- два. Сега мешето му е сигурно полно со гасови и тврдо, но би требало да се смири после јагленот. Ако уште е тврдо и после тоа значи има глисти.
     
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Јас имам едно прашање.
    Пред еден месец заминавме на одмор дестина дена немаше никој дома, а кучето го оставивме, еден пријател на татко ми го хранеше секој ден.
    Кога се вративме беше радосно и се тоа, но по некое време јас заминав сама на одмор, а кучето е мое и многу е приврзано со мене.
    Мајка ми ми кажа дека додека сум била на одмор многу станала разлошена и постојано ги касала сите. Тоа се уште продолжува сега кога сум и јас дома.
    Значи, нема шанси да излезеш од дома, а таа да не почна навидум да си игра со тебе, но скока и каса и ако сакаш да тргнеш да одиш некаде доаѓа по тебе и те влече по панталоните и сл.
    Не е тоа нешто насилно, повеќе изгледа како игра, но некогаш е навистина тешко да се одбраниме.
    Станува збор за година и пол старо кученце, мешанче од малтезер, а таткото не го знаеме, но е многу мило.
    Што може да биде причината за ваквото однесување?
    Женско е, ја чуваме во дворот и не ја пуштаме никогаш надвор, освен ако не ја носам на прошетка.
     
  4. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Јаглен (од хумана аптека) дај му, можеш и оризова вода кога веќе само течности сака. Провери дали има проливче и дали е жолто, може и настинка да е и најважно пази да не дехидрира од повраќањето.

    Ако не му се подобро ситуацијата однеси го на ветеринар, ќе му дадат витаминчиња, ќе ти кажат што точно му е :)
     
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Не знам дали ова е соодветна тема,ама ако некој сака мало маче нека ме контактира по лп. Исклучително мирно,убаво и мило е. По цел ден се гали. :)

    П.С Ако некој знае број од прифатилиште за животни каде што ги чуваат добро се додека некој не ги посвои исто така нека ми пише.
     
  6. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Нема нешто такво кај нас за жал. Постои Вардариште али боље на улица да го оставиш мачето него таму да го однесеш. Пробај објави го по страниве на фб и како услов постави им од време да време да ги контактираш да ти кажуваат како е мачето, затоа што дупло повеќе има кретени што ќе му направат нешто лошо ако го земат.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    3.582
    Здраво луѓе.. Јас имам едно мн слатко кученце женско е и има 10месеци и во последниве неколку дена имаме големи проблеми прокрвари пред 20дена и се беше во ред но сега постојано се чеша таму и се лиже и повторно има отечено многу стана ангесиво и не јади ништо освем салам... ве молам ако некој имал сличен проблем или ако знае решение нека пиши мн ми е жал да го гледам тажно..
     
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Нормално е да и биде отечена кога и е период за парење. Решение освен да ја парите друго нема. Нормално може и да ја чувате и ќе и помине периодот, ама тоа за нејзиното здравје е многу лошо. Ако веќе не планирате да ја парите, однесете ја на стерилизација.
     
  9. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    вие што имате проблеми со агресивност или страв кај кучињата, гледајте Dog Whisperer, можеби тоа ќе ви помогни.. јас пред некое време многу го гледав ама сега ми се здосади а и не го знам терминот па кога ќе го фатам го гледам.. таму вели да не се пробуваат тие совети без консултација со тренер на кучиња, ама јас ако имав куче што не е многу пораснато, ќе ги применував.. моето е 5-6 години и бидејќи е врзано, кога го носи брат ми на прошетки, многу влечи, така да не можам со него да ги применувам работите Цезар што ги кажува, ама затоа на мачињата си ги применувам :lol: :rofl: .. Инаку за грижата... паа кучето си има куќарка, мачката голема си шета цело време (откако донесов мали мачиња, бега од мене и ги мава нив, ретко кога ја галам ;( ), а малите или спијат надвор (не се многу мали, имаат 6-7 месеци) или кога успевам ги пикам во ходникот, само мајка ми да не ги види.. храна од тоа ние што јадеме ама за тоа мајка ми и татко ми се грижат.. јас само се грижам да имаат доволно галење и љубов :inlove: :) а сакав да прашам, пред некој ден маченцето многу ми прдеше :lol: и тоа само малку звук онака како да квичи нешто - пуф, пуфцк ама без да смрди :) навистина се прашував од што може да е тоа, бидејќи сабајлето прдеше така, а веќе во приквечерината, престана.. ?
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Ако те интересира има во 13,30 на национал географик канал
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    На колку време ги бањате мачките и од кога почнавте?
    По моја некоја си логика дека мачките не сакаат вода нели па и несакаат многу многу бањање ама мислам дека ако од мало се почне ќе сконта дека мора да се бања. Моментално не го пуштам да излегува надвор, зашто е мало 3-4 недели и да ја научи куќата.
     
  12. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Види, има некои ретки мачки, 1 на 1000 да речеме кои сакаат или барем не се потресуваат толку од вода. А оние кои не сакаат, нема да сакаат никад. Инаку во принцип маче нема потреба да се бања. Ако го чувате само дома доволно е еднаш во месецот, а ако го чувате надвор/дома тогаш е веќе и улично маче и стварно нема логика да се бања затоа што испаѓа секој втор ден дека треба.
    После секое бањање треба да седи дома тој ден кога е избањато и ако е ладно дури и наредниот. Јас моите мачки не ги бањам, но сум ги бањала тие кои ги чував пред нив и сите се разболеа, најсериозен случај беше со мнооогу тешка инфекција на ушите.
    Најубаво е ако ви е страв од инфекции кои вие би можеле да ги фатите и слично да го чувате само дома, стерилизирајте/кастрирајте го на возраст од околу 5 месеци, нема да се пари, нема да има контакт со други мачиња. Четкајте го редовно, ставајте му ампули или каивчиња за болви и крлежи, нека јаде квалитетна храна и нема да имате никакви проблеми. Мачките се премногу чисти животни, само некои мачорчиња може да се помрзливи па да не си одржуваат хигиена таму доле па да им смрди газето, искрено кажано. Ако ви се погоди такво тогаш замивајте го само таму.
    И ако сепак се решите за бањање никако миење на главата, само до вратот.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не претерувајте со бањање на мачките, поготово ако ги чувате само дома и одржувате хигиена во домот на високо ниво.
    Мачките се исклучително чисти животни, па секојдневно многу пати самите се бањаат/чистат со лижење на крзното. Тоа е предност бидејќи не сте обврзани често да го правите, а пречесто бањање е и штетно за мачето. Осетливи се на бањање и може да настинат ако се третираат така. Ние ја бањаме само еднаш годишно и тоа во лето. Од често бањање замирисува кожата и се трга природната маснотија која ги штити од инфекции (тоа и за кучиња е исто мислам). Постојано ќе има тенденција да си ја врати сопствената миризба на кожата која ние не ја осеќаме вообичаено, а со бањање им се измива. Веднаш после бањањето интензивно се лижат додека не се исушат и притоа си голтаат голема количина на влакна.

    Многу многу повеќе обрнете внимание на чешлањето, затоа што така ќе му направите добро и на мачето и на вас. При лижење мачето ги вади од себе вишокот влакна (иако не може сите да ги извади) и ги голта, а колку повеќе ги голта толку повеќе му се собираат во стомакот и повремено знаат како клопче да ги повратат. Исто така ако правилно и редовно се чешла влакната во домот и на облеката значително ќе бидат намалени.

    За бањање подобро да бидете двајца, едниот да го држи мачето (внимателно зад вратот), а другиот да го бања. Мокрење на глава НЕ!, особено вода да не дојде во контакт со ушињата! Најдобро користете специјален шампон за мачки, немојте шампони за луѓе и прилагодете ја температурата на водата.
    http://www.youtube.com/watch?v=kuMYdTH_qIo
    Претходно мислење на феминка
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    пак јас за мојот мачак :)
    денеска приметив дека се напунил болви :worried: и сега у дилема сум дали да му купам ампула зошто има само 4 ипол месеци ( некаде прочитав дека од 6 месеци па натака може да се ставаат ампулите ) ?
    и каква ампула зошто нели има ампула што се става кога мачето е чисто значи без паразити а има и ампула за да се исчисти од болвите ? ај некој што е поупатен да ми каже каква ампула да му земам за да го исчистам мачето ,и што е подобро за отпослем откако ке биде чист каивче против болви или ампула ??? :?:
     
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Јас сум повеќе за каивче за заштита (превентива) од надворешни паразити, некако во моево искуство подобро се покажаа каивчињата, а ампула само еднаш сме употребиле за убивање на болви.
    Инаку со оглед на возраста најдобро консултирај се со ветеринар или таму кај што ќе купуваш (пет шоп).
    Јас едно маченце имав на таа возраст со болви земено од улица и на ветеринар му ставија неопитроид прашок (мислам дека така се викаше) зошто не бил отровен за мачиња дури и ако го лижат, а сепак ги убиваше болвите. Сепак консултација со некој стручен за најсигурно.
     
    На Cataleya му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Кај нас има 2-3 вида на ампули со мање-више истиот состав само различни фирми, така да многу да бираш не можеш. Или земи му Протектор или Фронтлајн. Ампулите може да се ставаат најрано на 8 недели, што значи твоето со скоро 5 месеци би требало добро да ја поднесе. Инаку искрено кажано, дали мене ми продаваат некои чкљ ампули или што е не знам, но веќе не држат како порано. Најмногу 2-3 недели и пак забележувам болви. Значи ампулата ќе го штити преку сила месец дена, особено на пролет и лето. Така да стави му ампула па после 2-3 недели стави му каивче. На каивчињата пишува дека траат до 5 месеци што сигурно не е така, али и 2 да траат мене ќе ми одговара. Јас пред некој ден купив каивче па ќе видиме како ќе биде. Само немој ампула па одма после некој ден каивче, најмалце 10тина дена треба да поминат бидејќи сепак и едното и другото содржат отров. И види со што ќе има подобар ефект па практикувај го тоа.
     
    На Cataleya му/ѝ се допаѓа ова.
  17. love.summer

    love.summer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    24
    Со каков шампон ги капите кучињата?
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Шампон за кучиња Trixie
    [​IMG]
     
  19. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    ^^^за нашиот убавец ги користиме овие 2 преку летото а за зимата имаме едн посебен за црна пудлица [​IMG]
    [​IMG]
     
  20. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Ефикасен и безболен препарат кој се нанесува на површината на кожата на вашето милениче и пружа сто процентна заштита. :)
    [​IMG]

    https://www.facebook.com/veterinadooel
    http://www.veterina.com.mk/