Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Имам златен ретривер 4 ипол години е стар, а другарка моја има исто ретривер 2 години има. Прв пат ги здруживме пред скоро време, ама мојов му ржи на ретриверчето. Исти се и двајцата, мојов сака да му се качи иако е машко, а и помалово ретриверче исто. Не сме ги пуштиле до сега од ланец, страв ни е и на двете. Има шанса ако ги пуштиме да се здават или слично и постои ли начин да ги здружиме некако?
    Фала многу :)
     
  2. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Нажалост има опасност...И моето е исто такво...Мене ми е многу криво ради тоа,ама што да му правам?Со сите мажјаци постари од година ипол се р'жат...Си покажуваат машкост,единствено не р'жи на другарите :D од населба...Бидејќи се знаат од мали...И со нив нема опасност си го пуштам без никаков проблем :!:
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Не верувам дека ќе се здават. Братучетка ми чува златен ретривер со педигре ( и незнам таму колку Цациба има земено и некои др. награди...) и едно куче кое е помало и не е некоја раса, и до ден денес не видов да се здават или слично. Златен ретривер е премногу питома раса.
    Можеби на прв поглед и нивно прво видување така изгледало дека ќе се здават додека не се здушат :) . Баш ќе ја прашам....
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.816
    Пол:
    Женски
    Јас си имам два поблема со моето кутре.
    Првиот и поголемиот е тоа што, кога некој ќе заѕвони дома на врата или зошто сме во зграда, ако шушка или зборува по ходник, овој трчи накај врата и лае колку што може најсилно, значи и да спие, секундарно се буди и лае.Не лае само на гости туку и на моите кога влегуват дома, единствено на мене не реагира кога влегувам.Притоа не е агресивен, кога ќе види кој е и гости да се, се смирува, тивок е, освен секако ако не ги знае и ако тие што дошле не го обожават и притоа си игра со нив.
    Некогаш не ми е проблем кога лае, ама пример ноќеска, ако брат ми си дојде касно и сите спиеме, овој кога отвори уста мислиш ќе го јаде и не буди сите,милион пати се имам притресено од што ме исплашува.
    Проблем е и за гостите, некои што не знаат дека имаме куче, се плашат, мислат кој знае какво куче е според лаењето, а тој е ситен и доста мирен.
    Јас разбирам дека тоа му е функција, нели не чува, ама тој ептен сериозно си ја сфаќа должноста :D

    Вториот проблем е шетањето.Значи секое утро кога одам до продавница го шетам, ама тој многу се тегли натаму-наваму или се укопува во едно место и не мрда додека не го потеглам убаво за да тргне.Значи тоа ме нервира, сакам кога го шетам да оди до мене, примерно, а не да се инатеме по цел пат.Исто и страв ми е од што се тегни некогаш како да однемува воздух и се загушува, поткашлува и грчи.Инаку имам навика и да го пуштам пред да се вртиме, да потрча малце, па кога е пуштен ме слуша, кога му речам стој, застнува, кога го викнам доаѓа, ама на каишка не сака да слуша.

    Ако некој има некое од овие искуство со нивните кучиња, нека сподели како да го средам ова однесување, зошто знам дека не е правилно, не сакам така да се научи зошто после ќе нема спас.
     
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мојот пинч има 3 месеци. Многу е неодолив :inlove:. Но имаме проблем со него, никако да го научиме надвор да мочка. Ке се шетаме и таман ке влеземе дома и како цистерна. Некој совет.
    Исто така ме интересира во каква корпичка спие вашето милениче? Од каде може да се купат истите и дали имате некоја идеја како сама да му направам (бидејќи многу се скапи)?.
     
  6. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ако си од Скопје, има во Џамбо околу 500-600 денари се. А сама можеш да исечеш некоја поголема кутија и да ставиш внатре некоја постара перница, одозгора некое убаво чаршавче или ќебенце во зима и готово.
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.816
    Пол:
    Женски
    Наврати се малце низ темите јас пишав за твојот проблем.
    Моето спие во стара перничка голема одозгора покриена со мек материјал, мада сега лето на плочки а зимото обично се сместува на фотеља.

    А некој за мојот проблем што го пишав порано?
     
  8. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Читам за вашите проблеми со миленичиња, еве ви линк, од овој дресер, побарајте има и други видеа, како да не лае кучето , како да слуша кога ќе шетате.
    http://www.youtube.com/watch?v=hoNerLMt ... ure=relmfu
    Инаку јас немам проблем со новово куче. Само дојде, го чувам, ама многу е хиперактивен. Незнае што попрво да напраи со себе си. Сега го носев на вакцина, во кола прв пат се возел, абе една с'клетајца кога го фати незнаев што да му напраам, не бре дери се, не бе ќотек. Ништо не му успева, ни видео, ни мидео :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Мислам дека некој пробал да ми го труе мачорот, кашла, како да повраќа. Каков мрднат народ има, се сомневам во една проклетничка. Што да му дадам да испие на мачоров, итно е, не сакам после да биде касно и да се каам што не сум му помогнала.
     
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ако имаш медицински јаглен, веднаш раскрши едно или две апчиња и измешај со малце млака вода и давај му со шприц, лажичка или било што! Ако немаш тоа млеко или топла вода за да се исповрати! И носи го на ветеринар ако можеш одма!
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70

    Пробај дај му шербет, јас едното маче така го спасив уште помало додека беше и еве сега живее веќе 11 години :)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Бидејќи имам Хаска летно време е потребна многу повеќе грижа отколку зима . Го хранам 3 пати на ден , го туширам по 2 пати обавезно и го шетам по 1 во ден и цел двор е негов а посебна навика има за чешлањето :D Кога ќе го види чешелот веднаш седнува на стол , од тие големите :D и чека го чешлам и се гали после :D А за јадење јаде Орландо конзерви :)
     
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.918
    Допаѓања:
    23.886
    Пол:
    Женски
    Мислам дека можи исто така со млеко благо преблажено (со повеќе шеќер).
     
  14. MiDnIgHtLaDy

    MiDnIgHtLaDy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    21
    Имам 4 папагалчиња-тигричиња.На едното папагалче уште пред неколку месеци забележав дека на ногичињата има нешто како лушпи,брадајчиња,но бидејќи не се познаваа многу не обрнав внимание, мислев дека ќе се исчисти,дека ќе се повлечат и дека не е ништо страшно.Сега пак му се прошириле и над клунчето и околу очите :worried: Незнам што му е,страв ми е дан се пренесат и на другите папагалчиња :( Помош?
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Кучкава моја добила, а јас појма немам што да и` правам. :( Помагајте ве молам. Гаќички со улошка да и` ставам ќе ги распара. :wasntme:
     
  16. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    моето маче изгледа има нешто американско во себе :^) :lol:
    не навистина, не е за смеење, цело време јади, цело време е гладно, и колку ќе му дадиш ќе изеди.. се враќам денес од училиште и го гледам мачето дебело како бремено да е (а мачор е), значи многу јади, 3 пати повеќе од брат му а мало е, 4-5 месеци е.. и како што кажав од што е дебело цело време кога оди паѓа, не можи три секунди на нозе да стои, или паѓа настрана или на газето... татко ми ми кажа, му дале преѓе на мачињата 2 чинии (веројатно мали) млеко (или јогурт), а тој нормално, се изел.. навистина незнам што да му правам, ми иди да земам едно каивче и да го шетам низ парк како кученце, па да вежба и да ослабни малце :|
     
  17. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ај некој нека ми помогне ако има искуство со зајчиња. На едното зајче му пагаат влакната, прво почна горе на главата меѓу очите, голо беше на некои места и сеа пак му пораснаа, а почнаа да му паѓаат позади на вртот значи голо е, кожата му се гледа. Прво мислев дека е од тоа шо другото цело време го лиже. И цело време таму го лиже. Зне некој шо е работава?
     
  18. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    На маче кога му даваш да јаде, никогаш нема да му биде доста :D Така да стави го на диета, не е убаво па и дебело да е, жално е и кога викаш дека не може да стои од што е дебело :?: Давајте му храна 2 пати дневно, а не на секои 2 часа :) ;)
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Со што го храните мачето и дали го чувате само или оди и надвор?
     
  20. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Black.Beauty - па и треба да го ставам не сакам да имам копија на Гарфилд дома :rofl: преѓе вежбаше однсно одев од едниот крај до другиот крај на ходникот, а тоа ме следеше бидејќи сака да се гали :lol: сега не му е подуено толку стомачето ама сепак е дебело.. Инаку за хранењето, па моите му даваат така, ама кога ќе излезам и ги гледам како седат пред врата, гладни и мјаукаат, сепак му давам по нешто.. ама тоа е само навечер незнам денес што се случи.. сабајлево се си беше океј а кога дојдов од училиште, стомакот тапан му беше :|

    sunfemina
    па најчесто со тоа ние што јадиме, ако е сабајле а уште немаме јадено му даваме јогурт, млеко, супа ако има од претходната вечер.. преку ден исто така ние што ќе јадиме, сега јадевме грав така да најверојатно тоа ќе му дадеме.. како што и кажав на Black.Beauty, моите практикуваат да им даваат јадење 2 пати дневно, ама јас секогаш кога ми мјаукаат навечер, секогаш му давам нешто, било тоа да е млеко, бисквита, леб.. инаку ако мислиш дали оди надвор од дворот, не не оди, а ако мислиш дали е домашно маче, не е ни тоа, во дворот ги чуваме :) а бидејќи имаме голем двор, можи да си шетка повеќе и да ослаби, ама кое нормално маче би шетало на сонцево :^) , цело време спие..

    Инаку мислам дека и глушец фатиле денес со брат му, така да можеби е од тоа.. одам јас надвор сега да го терам да трча малку :D