Ако се чеша на тие места, може да е шуга, зајчињата доста често ја добиваат. А тоа што другото го лиже таму е затоа што пробува да му помогне, не му паѓаат влакната од лижењето. Ако не си во можност да го однесеш на ветеринар оди до аптека, купи препарат Scabies, 70-80 денари е, мачкај го некој ден ако почне да поминува значи е шуга. Ако не може да се 300 други работи, бактериска инфекција, габи, алергија од болви или крлежи итн итн Епа не го храните баш нај најубаво Мислам супер е што воопшто го храните, али има толку евтина сува храна за мачиња со која ем ќе ем здраво, ем најадено, ем нема да е дебело. Не знам кај живееш, али во секој маркет има таква храна, особено евтина е во Кам. А и кај секој ветеринар продаваат на мерење. Во Кам на пример кило храна е 100 и нешто, до 110 највеќе, а за мало маче ќе ви трае може и 2 месеци. Вие давајте му и од тоа што јадете, ама ако има мевце внатре. Мачето е месојад и леб и грав не може да имаат добар резултат кај него. Исто не му давајте кравјо млеко, мачките не го варат воопшто добро. Јогурт, павлака, кисело млекце е ок ама млеко не. И никако не му давај обични бисквити, од оние ние што ги јадеме, тие имаат шеќер, а за животни тоа апсолутно е непотребно. Блага и солена храна не треба да се дава на животни.
Не се согласувам дека мачките не знаат колку му е доста, така најчесто се однесуваат мачки што не се хранат правилно т.е. им се дава се и сешто од човечка храна. Од тоа што го наведе скоро ништо не спаѓа во исхрана на мачка освен евентуално јогурт, а млеко строго во ограничени количини и не секојдневно (ствара пролив бидејки мачките немаат соодветен ензим за кравјо млеко). Супа, грав, бисквити, леб и слично ни под разно не е исхрана за маче. Храната што ја јадеме ние и е здрава за нас, за мачките може да е штетна и потенцијално опасна. Прво што ми паѓа на памет е кромид што често го користиме за готвење, а кај мачки предизвикува анемија и не смеат да го јадат. Инаку тоа што му го давате го јаде бидејќи нема друг избор. Кога би го хранеле соодветно многу брзо (за 2-3 месеци) ќе се врати во форма и нема да јаде така лакомо, вака има голем проблем што не се решава со физичка активност. Затоа е подуено во стомачето и сигурно испушта и гасови. Ова ти го зборувам од искуство на чување маче кое живееше надвор, беше хрането од сите комшии со остатоци од ручеци кои вклучуваат најголеми мрснотии од меса, зачини, ориз, грав, компири, лебови, тестенини итн итн.. И постојано јадеше како да не видело храна, подуено во стомакот и тромаво..секако затоа што никакви потребни состојки и витамини не внесувало. Откако го земавме дома, во консултација со ветеринар почнавме со контролирана исхрана строго за мачки и недавање на остатоци од нашата храна. После 2 месеци мешето веќе не беше подуено, мачето беше нормално, јадеше умерено и не сакаше да помириса манџа или било што друго од наш оброк што порано сигурно го јадело надвор.
фала на советите ние одсекогаш така сме ги хранеле мачките и ништо не им фалело, ама сега штом го знам ова, ќе се потрудам да ги хранам како што треба и ако му купам храна за мачиња, ќе треба барем една недела да се навикнуваат да ја јадат полека, бидејќи еднаш татко ми кога му купи, неколку дена ја јадеа и секогаш кога да му дадев беа многу лакоми, како никогаш да не виделе храна инаку само да кажам мачето ослабе, и си се движи како што треба а имам и друго прашање.. како да ги оттргнам мачињата од малите деца?? значи има едно девојче 3-4 години, внука на комшиите и супер е девојчето ама кога ќе и дојдат мачките при рака, ги гњави, ги стега.. јас и викам немој така, и престанува ама тоа на еден момент, се уште не разбира дека ги повредува, и навистина незнам што да правам пред некој ден кога не бев дома а таа дошла кај нас, почнала да ги крева и да ги фрла, мајка ми кога ја видела и рекла нешто како - ај сега да те испратам, да не те бараат дома.. исто и денес беше дојдена со две другарки и пак така ги стегаа (освен девојчето 1 одд. што е ).. јас ги тргам од нив и му викам да ги остават, а тие ќе ги остават на 2-3 секунди и пак истата приказна.. а и моиве мачиња како ги научив, не знаат да се бранат.. од мали ги галам и многу се мирни, само ако си играм со нив или некој многу ако ги гњави, е тогаш пуштаат нокти... ај што се плашам за мачињата, ама и страв ми е да не ги изгребат децата, па после јас крива незнам дали да ги тргам некаде понастрана кога ќе дојдат или што да правам, бидејќи и да ги оставам зад куќа негде (исто во дворот, само на место каде што децата нема да ги најдат) пак ќе дојдат, како сенки ми се, цело време сакаат да се галат .. навистина незнам што да правам..
Како што реков ќе треба и неколку месеци да поминат на стабилизација, на почеток ќе ја јадат и сувата храна така лакомо затоа што настојуваат да внесат потребни витамини и други состојки во организмот (или некои нема да ја сакаат) ама ќе се привикнат. А иначе мачињата бидејќи се надвор не може да им го ограничиш движењето, освен да не му дозволуваш на девојчето контакт со неа, да не влегуваат во двор без ваша дозвола, реагирајте кај комшиите да и објаснат дека не е убаво така да прави... Јас малтретирање не дозволувам и остро реагирам ако видам некој така да се однесува со маче,куче или било кое друго животинче, а и моиве се бранат и бегаат ако некој ги замара. Или покажи му на девојчето како треба да се однесува со маче, да го погали без да го зима во раце и да го стиска...не е толку мала ако е 1во одд. за да не разбира ако и се каже како треба, а како не треба да се однесува.
не не, не ме сфати.. има три девојчиња, од кои едното е 1во одд., а таа што почесто иди кај мене е 3-4 години.. а оваа што е 1во одделение и сестра и (6-7 години е) денеска прв пат дојдоа, заедно со другово девојче.. и не влегуваат без наша дозвола, едноставно тоа девојчето што е 3-4 г. ми е како помала сестричка и секогаш кога доаѓа (бидејќи таа е од Скопје, а јас живеам во Битола) барем секој втор ден иди кај мене.. и и кажувам да не ги гмечи и крева, и баба и и има кажувано ама што разбира, 3-4 годинки е :/ едноставно ми останува кога ќе дојде да им давам храна на мачињата некаде понастрана..
ВЕ Молам ПОМООШШ !! Имам едно маче, вчера го добив, ама одкако го донесов дома не се помрднува од едно место, не сака да јаде, ништо не сакаа... Од раце ми бега кога ќе го фатам... Ве молам помогнете што треба да направам за да се смири мачево, да почни да јаде... ????
Претходно го чувал некој дома и колкаво е мачето? Може да е исплашено од промена на средината. Не го зимај во раце штом е плашливо, погали го само да те осети да почне да стекнува доверба во тебе. Пробај да му дадеш храна од рака, намачкај го под носето со јогурт, павлака тоа ќе го испровоцира да се излиже. Ако е поголемко можеш да му купиш и мала кесичка со потечна храна (околу 20 денари се) за мачки и исто да пробаш така и со тоа. Пробај и со некое врвче да го позанимаваш за да почне да трчка по него.
Srce01, а мачето и пред да го добиеш односно кога ти го донесоја беше такво ?? можеби е до средината, можеби се уште му е чудна.. немој пренападна да му бидеш, сеуште се плаши и не те знае, а храната немој онака наеднаш да му ја даваш и да го чекаш пред тебе да јаде, стави му ја на едно место и остави го само да си јаде, потоа полека по полека гали го помалку и ќе се смири.. и моите кога ги добив (тие беа 2) се скрија под столица и кога и да ги фатев бегаја, ги однесов кај машината за перење, му направив креветче, и му оставив храна.. кога и да ме видеа бегаја.. ама јас ги галев секој ден по малку и ене ги сега, самите ми се галат и ме бакнуваат океј можеби дека моите беа 2 и затоа побрзо го изгубија стравот, ама сигурна сум и дека твоето ќе престани да се плаши.. сфати го, и него му е тешко, нова средина, нема мајка, нема братчиња и сестричиња, нови луѓе.. никое маче неможи одма да те засака и да ти појди во скутот и да ти се гали, миленичињата, во случајов мачињата, многу полека стекнуваат верба во луѓето, а и можеби тие што ти го дале, не го галеле многу (таков беше случајов со моите мачиња) па затоа нема доверба во никој сега.. со време се ќе се среди, само смири се и немој да паничиш
Па и јас сумњав дека е шуга, пошо не е во контакт со надворешната средина, дома е на чисто, го изнапрашав и татко ми, ветеринар е, прво ми викаше не му е ништо да го оставам, оти немаше ни ранички, ни црвенило ништо.Ама неможам да го гледам такво, жал ми е, па татко ми го намачка со флогоцит маст, за воспаленија на кожа била и сличи работи, ми рече дека било поефикасно од средството што ми го препорача. Сепак ако не почне да се подобрува за неколку дена ќе бараме друго чаре. Фала ти сепак
SunFemina, MaggieTatum, AngelGirl... Фалаа ви многуу многуу.... Ќе се обидам да го сватам и да ми дадам време... Многу ми помогнавте... Прекрасни сте... <3 <3 <3 <3 <3
Имам хрчак и тоа женско. Многу време треба да и се посвети. На секој трети ден и ја менам пеливината. Ако ја оставам и собата ќе почне да смрди. Ја хранам со сончоглед, моркови, краставички, семки, макарони, праски и др. Најмногу го сака сончогледот. Моето хрчаче мочи и сери кај сака и во храната и наогам г*мно. Бидејки стаклениот аквариум е мал и не сакам цело време таму да е, ја пуштам малку на креветот и си играм со неа. Послатко нешто од неа нема, многу си ја сакам .
Имам куче хаска женка ама сакам да ја парам... И како оди тоа ако може некој да ми објасни Дали треба да се пари ко че добие или...
Гледам го спомнувате фризерот Тошко како најпрофесионален, па сакам да го носам кучето на шишање.До сега го носев кај Пепи, и задоволна бев кај него, ама треба ептен да чекам за терминот, а итно ми е.Ќе може ли некој да ми го пише бројот од фризерот Тошко по лп?Фала однапред
Imam kuce okolu 1 mesec kuceto mnogu kvici navecer. Mnogu se cesa a nema nitu bolvi nitu krlezi ako moze nekoj da mi pomogne [mod-kirilica:26hxp8j7][/mod-kirilica:26hxp8j7]
људи ми дадоа на грижа 3 дневно кученце Mајката окучила дури 11, и умрело едно, зашто нема доволно гради за сите. E сега, јас треба да го чувам дури не прооде и не прогледа па сега, не знам како да го ранам какво млеко,што зашто и како Eдит- Hајадено беше кога ми го донесоа, и наспано, си спиеше како бумбарче, ама сега стана и плаче... Mлекото треба да биде стоплено нели? Oд што е мало му направив креветче во кутија за сладолед дундарче тоа
Aман женски ајде поискусни, кажете ми. Jас му давам на кучето топло млекце, може ќе ви биде смешно, ама од кондом, зашто и е како цице, и супер си цица преку него за со шприц е премногу мало, го нахранив 2 пати, ама кутрето е нешто многу ладничко зашто така? верувајте дека нема шанса да преживее со мајката и сите бебиња таму, зашто е најситно, испогребано е цело,другите кутриња се многу посилни, и тоа не може на ред да стигне да се најде. Pасно куче е, после ќе го даваме на поклон, ама најбитното е да преживее Cега сите совети ми се добредојдени Eдит- и не е 3 дена старо, 2 дена... Aман бе не сакам да ми умре, на душа да го носам
Оф душиче...Немам баш искуство, но кученцето е препремногу мало за да биде одвоено од мајката. Барем да биде покрај неа, а да се дохранува поради тоа што има многу кученца. Дали е соодветно да се храни со обично млеко исто не сум сигурна. Знам само дека обавезно треба да се затоплува иако сега не е толку ладно, дополнителна топлина каква што би имало покрај мајката би била потребна. Ќебенца и шишенца со топла вода доаѓаат во предвид. Само колку треба да биде оптималната топлина не знам. Треба да се води и сметка на физиолошките потреби. Најдобро е да се посоветувате со ветеринар како да го негувате зошто кученцето е штотуку родено, а обично се оставаат минимум месец и пол - два со мајката. Спојлер Евентуално да се обратиш до организациите на фб за заштита на животни, сигурна сум дека имаат повеќе искуство со такви случаи или да прашаш на форумот за миленици.ком.мк
Хранење на СЕКОЈ 3 СААТ со лактовит, можеш и порано барем до 10 ден зошто е премало, лактовит околу 100-200 денари е од хумана аптека, ќе му го правиш со млака вода, немој старото што ќе ти остане пак да му го топлиш, се ново на секој 3 саат ќе му правиш. Обавезно шишиња со топла вода околу него, не врела да не го изгориш Ставај му мечиња да се затопли поубаво. И зишто уште не знае да мочка, треба да го бришеш со тоалетна, улошка, палома, почесто во текот на денот. Друго не знам што може за такво мало бебуле
3начи кутрето HEMA да преживее со мајката Cигурно, еве уште 2 кутриња се оставени на своја судбина, ама тие сепак се покрупни, може ќе стигнат да се нацицаат. Jас бев грешка 13 родени, 11 се денес живи, одма 2 починале, мајката несакајќи ги настапнала. Eдното го земавме ние уште 10 се, а кучката 8 цицки. ќе му купам јас тоа што ми кажа Oфболи, ама мора со кондом ептен му е слатко со кондомче, зашто нели меко како циценце пит булче е. Mу направив креветче со ќебенца,пред некоја минута пак го ранев, се покака, го исчистив E сега има една гребаница кај увцето, да го мачкам со кантарион? плус јас имам кучка ептен е бесна да ви кажам, само рипа околу него го лиже, и со носот го копа, како да сака да го скрие? Hе знам оти така бе, аман овој месец ќе има не наспани ноќи инаку плачеше, ама го нишав, сега заспа и спие дај боже да преживее
Срцка земи пумпица од оние за капки ако ти текнува со гума горе што се. Јас така ги хранев мачињата кога останаа без мајка.