1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    ќе земам :) го ставив во едни панталони на струја, се топлат и многу греат, ги ставив на најслабо, сега топличко му е, целото кутивче од сладолед го ставив таму :)
    фала ви женски, тоа лактовит утре ќе го земам преку ден :)
     
  2. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    [​IMG]

    Еве ти добра финта за малото :D
     
    На antonina, Calypso, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    уште да знам како :rofl: Hе, најсериозно сега, кутрево е ептен мирничко, воопшто не плаче, а мене тоа малку ме чуди, ме фаќа паника, цело време го прегледувам, само спие :^) .пред 40мин го разбудив, му дадов млекце, не пиеше многу, малку пиеше.
    дали има место за паника зашто толку е мирно?
    :worried: Cе си мислам да не умре, го кревам во рака, не цивка, само спие.... :|

    Eдит- вакво е ко на сликата таа големина, само покафеавкасто.
    Aбе прв пат чувам толицко кутре, да беше маче, за нив сум експерт, ама куче :worried: Tолку мало прв пат ми е :D

    E исто е ко ова у средина, ама уште помало, овие гледаат :D
    [​IMG]
     
    На sunfemina и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  4. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    лелее и јас цел живот сум со мачки, кучиња, исто како доктор офболи бев ги лечев ако беа болни, или кога им умре мајката на мачињата јас ги пораснав а беа 2 дена стари и за мачки знам како треба ама за кучиња не толку, битно гледај млекото да е млако да не е многу топло или ладно за да не го фати пролив :tmi: и на 30 дена кученцето треба да се вакцинира, толку од мене па извести не што се случило :*
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mack-ka

    mack-ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Девојки и ние си имаме нов член во семејството!
    Шефкет (мачор) сестра ми го најде на улица и го припитоми..пошто прв пат чуваме маче дали ке може некој да ми каже како е најубаво да го раниме, колку пати во денот, овие 2/3 дена го раниме со тоа што ние јадеме.. ама читав дека не е убаво, па дали ке можете да ми препорачате каква храна е најубава!?
    Сакам и на ветеринар да го однесам да го проверат и да ми кажат што како..
    Многу е мил кога му се јаде си мјаука.. дома си го чуваме кога му се кака или мочка си мјаука и пред врата стои.. многу е паметно..
    И имам проблеем.. многу чудно мјаука, ми е страв да не му е нешто.. кога мјаука ко засипнато да е.. ко да има нешто во грлото, најмногу и ради тоа сакам да го носам на ветеринар.. :/


    Ако има некој време ке ве молам подетално објаснете ми како да го чувам..

    ВИ БЛАГОДАРАМ! <33333333333
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ќе ве искарам скоро сите на форумов! Аман луѓе немојте да ги храните милениците со тоа што јадете вие плиииииииииииис :angel: Не дека не може, ама тоа треба да биде одбрана и соодветна храна. Имајте на ум дека мачките се месојадци и може да им давате мевце ама чисто, не од манџа и со зачини, запршки, јајца, зеленџуци или други додатоци кои се многу штетни за нив. Не давајте често млеко зошто предизвикува пролив. Други млечни производи може (јогурт, кисело млеко, павлака..). Воглавно практикувајте соодветна храна за мачки и тоа сува со витамини. Менувајте вкусови за да видите каков вкус има мачето т.е кој вкус на сува храна најмногу го бендисува па и да не му здосади ако цело време добива храна со вкус на телешко на пример. ;) Повремено може да земете некои од кесичките или конзервичките за мачиња (и со нив да не треба да се претерува).
    Нема потреба цело тањирче да го преполните со сувата храна зошто мачињата си јадат по малце и поубаво е повремено да им додавате 'свежа' храна од ќесичката во текот на денот зошто така не им застојува. Се разбира свежа вода мора да има во секој момент во посуда.
    На ветеринар обавезно за вакцинирање, ревакцинирање...таблетки за прочистување од внатрешни паразити.
    Ако добро сфатив по тоа што стои на врата кога сака да мочка, го пуштате надвор за да си ги изврши тие потреби?
    Ако го пуштате надвор не е лошо да си користите заштита од надворешни паразити болви, крлежи и сл. Каивчињата за таа намена траат неколку месеци и јас имам добро искуство со нив. :)
     
  7. mack-ka

    mack-ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Да да го пуштаме надвор ке си заврши работа и си доага си мјаука пред врата и си го пуштаме внатре..
    еве денска имам во план да одам да му купам некоја храна, па сакам да ве прашам дали неколку пати дневно да му давам од таа храна? или да и мешам и друга храна да не му биде исто, или пак не му смета?

    И сакам да одам до Џамбо да му купам нешо, дали ако има чешел за мачки смеам да земам да го чешлам?
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Убаво што се сети за чешлањето :) , не само што смееш туку и многу е препорачливо да го чешлаш редовно само одбери добар чешел во зависност од должината на крзното на мачето. Претпоставувам дека е со кратко влакно, па ако има во Џамбо чешел за такво крзно земи си. ;)
    Околу храната, јас на моево маче му давам вискас најчесто и од задната страна пишува дека за мачка од 4 кг. во просек треба да се даде 60гр. дневно ако се дава само сувата храна, но сепак потребите на мачките варираат и исхраната треба да се прилагоди.
    Мене една кесичка од 300 гр. ми држи во просек скоро 1 недела, значи моево маче дневно си јаде просек по 40 грама. Значи ние 3-4 пати во денот и додаваме во посудата по 10-15 грама храничка и тоа тврдам дека и е доволно иако изгледа малку вака од страна, мачето си е сито со супер кондиција и изглед и кога сака оди си каснува повеќе пати. Значи постојано има достапна храна, но нема потреба од голема количина (освен ако подолго време во текот на денот не сме дома). И секако стално кога имаме некое мевце, друга храна што смее да ја јаде или зимаме од тие кесичките и конзервите со потечна храна му ја даваме. Значи можеш да му даваш и друго само немој баш се туку одбрано :!:

    Едит-Ако е помало мачето од 1 година има и јуниор храна ;)
     
  9. babyusa

    babyusa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    14
    ve molam za info dokolku na nekoj mu se ima sluceno nesto slicno... papagalceto moe vo posledno vreme mn pocna da kiva i da se trese .. da dali nekoj znae na primer dali moze da se dade nekoj antibiotik onaka epten malce da se smiri ili treba da go nosam na lekar

    itno e ve molam
    [mod-kirilica:3t6fetj7][/mod-kirilica:3t6fetj7]
     
  10. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    zdravje na papagal

    Јас имам папагал и еднаш зимата многу киваше и така малку се тресеше...настинка...ама така, само му помина.Би ти препорачала да го однесеш на ветеринар и они ќе ти кажат што му е.
     
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    На своја рака не му давај ништо. Јави со во некоја ветеринарна станица, објасни им, и ако треба појди да ти дадат антибиотик (специјален за птици) и да ти објаснат како да му го даваш. Реагирај побрзо, зашто некои птици не се баш издржливи, лесно умираат и од настинка. И внимавај на папагалчето, времево почнува да станува променливо.
     
  12. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Прво да си знаеш дека носењето птица на ветеринар е ПРЕМНОГУ стресно за нив и често добиваат срцев удар.
    Настинка му е, веројатно промаја го фатило што се вика на нашки :lol: , гледај да не му мењаш простории и да му е кафезот на место кај што нема прозори и врати во близина што се отвараат нонстоп да не настинува. Земи му витаминчиња од пет шоп и ќе помине :)
     
  13. mace333222

    mace333222 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ве молам...моето маче нема јадено 2 дена..му давам несака ништо да проба му купив и храна за мачки несака ако може некој да ми помогне :)
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Многу малку информации имаш дадено за да се процени што му е..
    Со што го храневте претходно мачето?
    Колкаво е, колку време го чувате и дали го чувате дома или надвор? Како се однесува покрај тоа што не јаде веќе 2 дена т.е. дали има некаква промена во однесувањето, некакви други симтоми?
    Најправилно би било бидејќи 2 дена одбива храна да го однесеш мачето на ветеринар, можно е да има настинка и треба да се лекува.
     
  15. mace333222

    mace333222 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    maceto go hranev so riba..salama..najmnogu riba... go cuvam nadvor.. ima 3 meseci .. 2 meseci e kaj mene ... pa mislam utre da go odnesam ?[mod-kirilica:3icmnkdv][/mod-kirilica:3icmnkdv]
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Прво, мачето е премногу мало за салами. Такви преработени продукти смее да јаде после 6 месеци.
    Бидејќи велиш дека го чуваш надвор, има шанси да каснало нешто, па да не сака да јаде. Во секој случај, однеси го на преглед, штом си сигурна дека не јадело два дена, може да станува збор за нешто посериозно.


    Е сега јас да ве прашам за мојов мачор.
    Има 1 година, не е кастриран. Во суштина е многу мил, се мази, преде, спие скоро секогаш со мене.
    Ама некогаш, а се почесто, не напаѓа по нозете. Значи, ние си одиме низ стан, и ќе се џитне и ќе не направи попара по нозете. Не му е од полудените хормони, и не би се решило со кастрација, како што кажа ветеринарот, туку му е нагонот за ловење.
    Има ли некоја сличен проблем? Имате ли идеја како да го одвикнам, зошто ако не се одвикне, ќе мора да го подарам?
     
  17. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    На колку време е најдобро да се бањат кучињата ? и уште нешто прв пат на кучето има крлежи околу ушето не се многу ама има 4-5 и мали се ги извадив и ги стиснав со клешта што да му ставам против крлежи а воедно има многу болви му ставав прашок па потоа ми дадоа ампула од ветеринарна и пак ништо траеше неколку дена ампулата и пак полно беше што да му ставам за трајно да ги нема ? :)
     
  18. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    мало е и затоа така е и моето така беше првите неколку дена а после полуде :D
     
  19. Kissed

    Kissed Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    118
    На колку време е најдобро да се бањат кучињата ?
    Се во зависност за која раса станува збор. Јас чувам Shih tzu и оваа раса мора да се бања во период од 7 до 10 дена.
    А за болви и крлежи како превентивно средство го користам Frontline на секој 2 до 3 месеци во летен период и на самата амбалажа е наведено дека дејството не е подолго од 3 месеци. Јас денес му ставав на моите :rofl:
    А доколку веќе имам крлежи или болви во тој случај најдобро е да набавиш ампула која се користи после бањање и се раствора во 2л. вода би требало да ја има во ветеринарните станици.
     
  20. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Јас имам самојед и најдобро е бањање 3-4 пати ГОДИШНО. Со бањањето им се оштетува кожата, порите, крзното. Не е препорачливо многу често.
    Ако го чуваш во стан може и почесто ама во зима да се пази да не се изнесува тој ден да не настине
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.