1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Луѓе,хрчаков мој,нели преку ден спијат,а ноке се будни,е,мојов и дење и ноќе спие....Зошто така? :^)
     
  2. MiDnIgHtLaDy

    MiDnIgHtLaDy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    21
    Сакав денеска да му земам Цефалексин,но сабајле видов дека на местото под устата каде што беше потечен,направил рана и му се згрутчила.Исто така отокот се намалил.Сега незнам дали надворешна е раната или внатрешна во устата.Moжно е да се удрел некаде или да го каснало нешто?Инаку нормално јаде нема некаква промена во однесувањето.Мајка ми вика да не му давам ништо,сама ќе му се исчистела раната,ама јас се плашам дан е нешто сериозно :?:
     
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.674
    Допаѓања:
    22.984
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да прашам, на мачорчето мое (7 месеци е) му потече папочето (не многу) ми рекоа дека така било нормално кај мачорите, па дали сте забележале вие кај вашите мачорчиња ваква појава???? И дали е нормално?
     
  4. gremland

    gremland Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    имам маче еве веќе 4-5 дена како е болно на задните нози му се паднати влакната и на опашката од предниот дел кај нозите првите 2 дена имаше пролив сега го снема дали е можно од тоа што имал пролив што серел да му попаѓале влакната или? а еве сега гледам и носот му станува црн малаксано е несака да се гали бега слабо јаде.ке ве молам за помош поззззз
     
  5. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Луѓе,да ви кажам најпрво дека си вдомив едно напуштено кученце,го однесов на ветеринар и му стави тие вакцини што требаше,ама многу долго крзно има и се замостило,цело е суканици,кажете ми каде во Скопје да го однесам да ми го средат,богами само професионалци ке се справат со неговото крзно.Греотка е цуценце,а многу е убаво. :(
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Дефинитивно не е за секој милениче! Однеси го на ветеринар побогу, како да ти кажеме тука???


    Пуфличе во Дебар Маало има груминг салон каде што може да ти го средат, спроти министерството за одбрана се наоѓа.
     
    На Puflice му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    можно е да има глисти доколку не е прочистено веднаш на ветеринар
     
  8. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Фала ти Мимс,се надевам ке успеат да го средат,па ќе закачам слика од него. :*
     
  9. gremland

    gremland Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ок одма го носам на ветеринар па ке видиме што е работа
     
  10. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    ^ И го однесе? :|
     
  11. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    Чувам папагалче веќе многу долго време, можеби 10 години има како што е кај мене ..
    Но проблемот е во тоа што е премногу диво, не сака да му приближува никој одма каса со клунчето :worried: .. Не изглегува ни од кафез, се имам трудено многу пати да му правам муабет,со смирен тивок тон( за да не го исплашам уште повеќе), да му ја оставам вратичката отворена а храната пред кафезот и триста други работи но за жал ништо не помага. :worried: ;(
     
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    ^^
    Некако касно е за да го припитомиш сега, но мора нешто да се случило штом има трајна траума да не сака да излезе од кафез. 10 години е навистина долг период. Пробај остави му го цело време отворен кафезот, (не мора храна пред врата) и кога не си во собата и дома, само обезбеди се дека сите прозорци се затворени и со навлечени завеси и било што друго низ собата на што би можел да се повреди. Можеби ќе излезе кога ќе се осети сигурен дека нема никој, дека нема опасност.
     
  13. ivann

    ivann Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    Имам мало маченце машко 2 месеци е, нон стоп цица по се шо ке најди а најмногу по облека и постелнина. да не знај некој како можам да го одвикнам? :call:
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Денес го однесов џуќелчето позади бавча што ми спие на стерилизација, а таа е многу крупна, не можев да ја влечам, а знам дека такси немаше да ме прибере. Ме гледа една жена, се мачам, вика чекај до продавница ќе одам да ти земам паштета да ја лажеш
    и зема, ама кутрево не мрда.
    женава ми вика чекај, ќе те однесам со кола кај ветеринарот, не ми се веруваше луѓе :) Какви добри луѓе имало. Па ми кажуваше како и таа сака кутриња, ги рани по доктори ги носи итн.
    Срце жена, башка и тука кај мене живеела :D
    Ја стерилизирав, колку беше смешна под анестезија :rofl: душиче уплашено, и шибнаа еден седатив да се смири.
    И така патешествија беа денес, сега е супер шиба низ маало братче :D
     
    На Edie.S и BoaVista им се допаѓа ова.
  15. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    и мојте претходни мачори истата навика ја имаа од малечки и така им остана ,мачоршта станаа веќе а не се одвикнаа.
    едино да не му даваш да те цица, друго решение нема .
     
  16. ivann

    ivann Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    морам нешто да сторам ке пробам по 1 сат 2 да висам над него само ко ке му речам НЕ! и престанва :/ ке се обидам...
     
  17. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Веќе година ипол имам маче, го обожавам и си го сметам за член на фамилијата. Го хранам наутро пред да одам на работа, тое е околу 8ипол најчесто, и навечер околу 7-8 со храна за мачки од конзерва (говедско, пилешко, мисиркино, зависи кога како ќе ми се погоди). Исто така, постојано има мало чиниче со овие сувите грицки за мачки, исто зависи кога каков вкус ќе ми се погоди да купам.

    Е сега, мачето мене ми изгледа супер, да не се урочам, досега немало никакви здравствени проблеми, ама дебелко е така :D Мене не ме загрижува, но кој и да ми дојде на гости што не бил кај мене одредени време, првиот муабет му е лелелелел со што го храниш мачорот, огромен е :D На почеток не обрнував внимание, но сега и сестра ми почна да го збори тоа и да ми вели да намалам со храната. Јас не би сакала тоа бидејќи реално гледано, не му давам премногу храна за мачор што има година и 4-5 месеци (не ми е прво маче, пола живот чувам мачиња). Плус што оно си е навикнато на ваква храна и на ваков распоред на оброци, спие со мене, се буди дури и викенди во времето коа одам на работа за да му дадам храна, секоја вечер во исто време цивка за храна, значи си го знае редот. За мене и да нема храна, за него мора секогаш да има :D Ве прашувам, ама најискрено, дали мислите дека претерувам? Дали постои такво нешто како „предебело“ маче и ако одговорот е да, дали тоа може да му предизвика некои здравствени проблеми како кај луѓето?

    Можеби некому ќе сум му смешна со прашањево, ама јас навистина си го имам само Кали :inlove:

    Благодарам женски :)
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Постои дебелина и кај мачки и ако е претерана пречи секако. Нормалната тежина кај мачките е отприлика околу 3-5 кг. и тоа зависи од видот-расата, полот и др. Мачорите природно се покрупни од мачките и тоа е јасно и забележливо.
    Која храна му ја даваш? Му давате ли и друго да каснува? Успева цела конзерва да изеде одеднаш?
    Дали е активен, дали си игра, трча и сл.?
    Навиките кај милениците ние ги ствараме и убаво е да си има ред ама и да не претераме, па да влијае неубаво на миленикот. Ако е навистина здебелен има диетални планови и храни за мачки, по препорака на ветеринар.
     
    На Trnche и imelda им се допаѓа ова.
  19. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Мачор е, сеа нз колку тежи, ама не ми се верува дека е повеќе од 4кг. И активен е, цело време трча, плус викенд (сабота и недела) обавезно е надвор (го пуштам петок попладне, го збирам или недела вечер или понеделник попладне). Му давам киткет или нешто сл (не го знам точното име :)), а никако цела конзерва на едно јадење, прееемногу е тоа :D Малите конзерви (тие од 40тина ден) ги јаде за 2 дена, по 2 пати дневно. Јас му зимам од големите, околу 1250 гр, таа ја јаде 5-6 дена отприлика. Покрај оваа храна, во мало чиниче има секогаш од сувата храна за мачки, т.е. грицки. Тие ги зимам на мерење и 1 кг му трае околу 20-25 дена отприлика, зависи кога како.

    Сеа ме загрижи малку, баш ќе најдам начин да го измерам да видам колку тежи.

    Фала ти премногу :*
     
  20. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали некој знае одгледувалница на Американски Кокер Шпаниел,ако некој знае нека ми каже каде се наоѓа и можеби телефон за контакт.
     

    Прикачени фајлови: