1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Па не звучи како да јаде количински претерано многу штом е така. Обично на кутиите за храна пишува отприлика колкави се препорачаните количини според тежина на мачето, исто и конзервите. А и штом оди надвор може да не си јаде нешто друго што не е баш добро т.е. мрсни остатоци што фрлаат луѓето..а може да влијае на поправање.
     
  2. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Sunfemina, фала ти уште еднаш :)
     
  3. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    неодамна добив мало кутре, германски овчар, ама многу е мало околу 40 дена е старо. многу рано е одделено од мајката а ни го дадоја зашто неможеле појќе да се грижат. е сеа грев ми е многу за кутрето цело време цимоли, се крие, плаче, му е страв да спие само, јаде само млеко.. ауу жал ми е премногу. е сеа има и едно проблемче, премногу каса. знам дека е мало и дека е чудно што на 40дена каса, ама сила бре, се зачудив дури. што би ми препорачале да правам? на 19ти треба на ветеринар да го носам, но до тогаш што? :/
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ставај му термофор каде спие, да му е топличко, оти ако беше со мајка му од неа ќе се гушка и грее, и некоја мека играчка, некое мече за другар да си има. Земи му и некоја играчка од петшоп за гризање, мали кутриња сакаат да гризат на нешто. Нормално е да каса, ако беше со браќата и сестрите, ќе се касаа додека не се научат дека боли кога ке те каснат, или колку боли кога тие ќе нанесат болка. Вака се учи на тебе. Уште не разбира НЕ, ти врескај, буквално вресни, не силно да будиш комшии, ама со висок тон кога ќе те стисне повеќе од што е на играње ти тргај се од него, па врати се погали го и ако пак стисне јако, пак така, да научи дека така не си играме. Кога се галите гали го по мешето повеќе наместо по главата, нели држи ги рацете подалеку од устата колку можеш. Кога ќе биде целосно вакцинирано почни да го дружиш со други кутриња/кучиња, ако проба по нив да каса брзо ќе го научат дека не треба така.
     
    На evelyn993 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не му давај млеко, купи му храна за кучиња џуниор, таа е ситна и ќе може да ја грицка. Млеко никако. На кучињата додека се мали треба исклучиво храна за кучиња да им се дава, таа ги содржи сите витамини што му се потребни за развој на кучето, лесно може да ја свари и да нема други проблеми со стомакот и цревата. Апче за глисти треба да му дадеш, ама за тоа ќе се консултираш со ветеринарот.
     
    На evelyn993 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maloto123

    maloto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Во сабота ќе земам куче џуџест пинч,дали знаете колку изнесуваат првите вакцини?
     
  7. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ха! Тема ко за дебелиот мој!Значи вака.Го земав пред 4 години,тогаш имаше 2 годиники и беше мноогу сладок,меченце бе :lol: .Сега има 6 години на 6-ти март му е роденден. Моменталната тежина му е 8 кила :rofl: , да,да 8 :D .Вчера го измерив. Му купувам строго мачешка храна, иако додека не бев дома мајка ми 2 пати му дала кучешка од конзерва. Ама ништо не му е. Во летото кога се митареше секојдневно го чешлав најмалку 2-пати во денот.Во лето е како стаорец, во зима како мече :hug: .Често знам да си го легнам до мене, да ме топли :lol: ама не ноќе кога спијам, вака преку ден додека лежам .Искрено не сум го бањала, незнам, некако и не ми е баш најј да бањам мачка, мали од маало сум бањала 2-3 ама само во лето :!: .Имаше порано дебелиов многу болви ама се спасивме од нив сега си уживкаме,што се однесува до хранава почнавме да му купуваме грицки од Карфур - Тео се вика , многу ја сака и фала богу што ја сака.Еве ја и чини 47 денари, не е скапа, а ја јаде :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  8. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Луге вака кучево че го носиме да се парит...Таа денеска доби и сега треба да ја однесеме дури има добиено или после тоа... ?????
     
  9. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    јас како тазе сопственичка на пинчер ке се обидам да ти помогнам .
    вакцината кошта околу 500 ден ,со тоа што имаш вакцина и ревакцина во таа сума .во периодот од вакцината до ревакцината нема да ја изнесуваш надвор и да има допир со други кучиња и мачки никако .

    совет плус ... ке и купиш калциум од пет шоп и ке и даваш таму ке ти објаснат колку да и даваш во зависност од тежината на кутрето ,и ке и купиш и АД капки од било која аптека и тие се за коските и за ушињата.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Кај кој ветеринар вакцина + ревакцина е 500 ден?
    Мене ми зимаа 600 за вакцина + 600 за ревакцина + уште некоја вакцина 600 ден.
    Сега збориме заразлични раси на кучиња има ли и тоа врска со вакцините? :^)
     
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Вчера најдовме 5 мали гревчиња мачиња, мали, преубави, оставени во пакет, смрзнати кутричките. Ги земав, ги згрижив, најадов, денес цел ден си игравме...ама морам да ги дадам со оглед на тоа што дома веќе имам 2 и бебе :D има ли некој што би сакал маченце? 3 машки и 2 женски се, ама мислам дека со стерилизација понатака, не е веќе ни битно машко женско...најмногу уште некој ден можам да ги почувам, а иако срце ми се кине ќе морам да ги вратам на улица, а тешко дека ќе преживеат :( Ве молам ако сака некој, прашајте некој, или да ми дадете предлог кај да ги дадам, жал ми е да ги оставам а ќе морам :(
    Исто, мачката што ја прибрав пред 2 месеци морам да ја стерилизирам а не знам точно која возраст е, има некаква врска возраста?некој ризик при стерилизацијата? и кај е најдобро да ја однесам и колку чини отприлика?
     
  12. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    мачињата можеш да ги однесеш во некој институт за напуштени животни мислам дека постојат такви а за стерилизација искрено колку што имам слушано е докај 1200ден не сум сигурна сепак прашај си
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Каков е тој институт за напуштени животни? Прв пат слушам. :^) Ако мислиш на стационарот Вардариште, никој не препорачува носење на миленик таму затоа што жив тешко да излезе :doh: .
    еnca.69 јас од срце би те замолила да не ги враќаш на улица мачињата, кога веќе знаеш дека тешко ќе преживеат, туку да ги причуваш и во скоро да се потрудиш да им најдеш дом. Биди упорна, барај љубители на мачиња за да се вдомат ;) Ако ти требаат линкови од страници на фб ќе ти пратам.
    Понуди ги по форуми (како овде) и на страниците за животни на фејсбук.
    За стерилизацијата не знам точно колку е важна возраста, иако често пати слушам колку порано толку подобро ама мислам дека нема да има проблем, цените се 1000-2000 денари плус-минус зависи кај кој ветеринар.
     
  14. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Цените за стерилизација ти се движат од 1200-1500 зависи кај кој ветеринар отидеш :) Инаку за мачињата добро ќе биде да ги сликаш и да ги дадеш во оглас како во пазар3,24оглас и сл.
    Ти посакувам да најдеш добар дом за твоите мачиња :)
     
  15. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Јас упорно барам, а сум љубител на животни каков што мислам дека нема, чувам маче инвалид кое бара многу ама многу внимание и одржување, без задните нозе е, го чувам со памперси :( уште едно што собрав, две од комшии големи јас ги чувам, они ги малтретираат и не ги хранат, и овие 5, и верувајте е хаос, а имам бебе, и не е издржливо. Јас во Вардариште животно нема шанса да дадам, подобро на улица отколку таму, дури и размислувам да организирам нешто против тој стационар, ама еве барам, уште ништо, а хаос ми е...цела куќа валкана, стапалки, млека, чуда, сафра ме фаќа, башка што сите околу мене ми реагираат и скренаа....ќе почекам уште некој ден да видам, еве од тука кој може за едно две да помогне :(
     
    На imelda и sunfemina им се допаѓа ова.
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Eве понуди ги во соодветниве теми на форумов овде и овде. Исто има и посебен форум миленици.ком.мк, а и други активни форуми со теми за миленичиња.
    Добар предлог е да ги ставиш и во огласниците и како што спомнав на фб страниците.
    Исто така напредно пребарувај по форуми или на гоогле, може баш некој моментално и бара да земе маче. ;) На форумов баш приметив некои постови од претходно во кои бараат мачиња, па сигурно има такви и сега.
    Секоја чест што покрај се и мачињата си ги земала да ги згрижиш, камо сите да имаа толкаво срце како тебе! :*
     
  17. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Mимс разликата во цените сигурно не е до расите голема или мала затоа што ветеринарот кој планирам да ми го вакцинира моето кутре инаку Виктор се вика
    (е сеа незнам каде има амбуланта )
    веќе трета година се грижи за шарпланинецот на татко ми и нема никакви поплаки од него.за таа сума го има вакцинирано и Jаблан и ке ми ја вакцинира и мојата кучка .највероватно цената варира од ветеринар до ветеринар ,можеби кај Диме во Капиштец е тродупло поскапа што незначи дека е тродупло подобар ветеринар од овој што го спомнав ...Затоа е најдобро да имаш повеќе ветеринари во предвид ,за било што не само за вакцина,сигурно дека ако ми го вакцинира кучето за помала сума нема да и стаи чкљ вакцина .вакцината е таа безралика дали ке ми ја наплати 500 или 1500 ...
     
  18. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Луѓе кај е најефтина сувата храна за кучиња? Имам едно мало надвор и нејќам да го трујам со виршли..
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Во скоро секој петшоп има храни рефус на килограм и цените им се од 100 денари за кг. нагоре така да сегде ќе најдеш ефтина храна..види во петшоповите околу грчка амбасада, тие први ми доаѓаат на памет.
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Во КАМ маркет, храната за домашни миленици е најефтина. 6 килограми е околу 300 денари, а 10 кила е околу 600, има и помали конзерви, сите се на марката Амиго, колку се добри и какви се навистистина незнам, порано му давав на моето куче таква и многу ја сакаше, а и луѓево што чуваат миленици низ маало гледам дека нонстоп ја купуваат.
    Ако некој знае нешто повеќе за хранава добро би било да сподели :)
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.