1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Овде во нашиот град во Штип во ветеринарната станица, но не ја знам ветеринарката. Но, таа не ја даде таблетката, туку техничарот. И со него потоа разговарав на телефон кој кажа дека е нормално да повраќа. Па сега не знам.... :|
     
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Е не ги знам кои се ветеринарите од Штип.
    Јас сум од Скопје и ги знам скоро сите ветеринари од Скопје, па мислев ако си од Скопје ќе те посоветував на кој ветеринар да го однесеш, али бидејќи си од Штип не ги знам таму ветеринарите.
    Незнам зошто ти рекол дека е нормално да повраќа, али јас знам дека повраќањето поради таблетите во никој случај не е нормална работа.
     
  3. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Денес е добро, јаде, си игра, излегува по надвор, а тоа е добро нели? Само две глисти поврна, а потоа ги исфрли преку изметот. Сега мислам дека е добро... :(
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Лесно се дава таблтата, му ја држиш главата и му ја отвараш устата и со прстот подлабоко ќе му ја ставиш таблетката во почетокот на грлото и ќе му ја подржиш затворена устата пола минутка за да не ја исплука таблетата.
    Глистите не треба да ги исфрла преку повраќање, глистите треба да се исфрлаат преку изметот.
    Немој да му даваш салами, претходно ти кажав што треба да му даваш а што нетреба да му даваш да јаде, сега кога е мало нетреба да јаде салами бидејќи ќе му го отежнат варењето на храната.

    Глистите со помош на апчињата се исфрлаат од организмот на кучето преку изметот.
    Да, тие секогаш се појавуваат, затоа треба секој месец до 6 месечна возраст на кутрето да му даваш апче според тежината.
    Значи еднаш месечно ќе му даваш од таблетката до 6 месечна возраст, а после тоа до крајот на животот ќе му даваш таблетка на секои 3 месеци.
    При процесот на чистење не доаѓа до компликации.
    Па ризично е за нас луѓето доколку не го прочистуваме кучето, а доколку кучето редовно се прочистува нема опасност за нас луѓето.
    Ако пак нешто не ти е јасно околу прочистувањето и вакцините прашај ме.
     
  5. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    СДП дали е точно тоа што го велат дека ако удараш кученце по лицето, потоа ќе стане агресивно и ќе каса?!? :^) А, и како да го одвикнам моето кутре да гриза? :worried:
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Тоа зависи најмногу од расата на кучето, или ќе стане агресивно или плашливо, а може ни едното ни другото, затоа се удираат со весник по газето, тоа не ги боли туку ги плаши звукот.
    Е сега од искуство да ти кажам дека не постои начин да го одвикнеш да каса, но нема секогаш да каса, тоа го прави додека да му пораснат запчињата, дотогаш купувај му гумени играчки ама цврсти за да ги гризе нив додека му растат забите и го чешкаат, така позафатено ќе биде со играчката одколку да те гризе тебе :lol:
     
  7. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    хелоолл :)))
    ја барав темава.. и конечно ја најдов :) ххх
    јас пред некое вр си земав кученце.. мн ми е слатко.. малтезер.. малецко е.. и е мн мрднато.. мн ми е убаво од кога си го земав.. незнам.. секој ден си се смееам и си играм со него баш ми е како мало братче.. мн ми е поубав животот со кученцетоо... :))) хахаха
    незнам зашто и што му се дешава ама секој ден ме буди во период од 5 и 30 .. или во 6 и 30 ахаха ко натемпирано е... хахаха и ми цвили и морам да станувам :((
    можда дека е уште бебе.. има само дваипол месеца..
    па уште не е навикнато.. нз.. хаха пред некој ден ми имаше пролив.. и ми какаше крв.. малку.. :/
    што му е? му давав линекс ми кажаа а и ми кажаа дека исто за пролиф било добро мелено месо да му дадеш и му поминувало.. му дадов и сега ми е ок.. иначе најдобар ветринар во ск..? кој би ми го препорачале и каде.. :)) фала мн :) позз..
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    wtf? Под итно однеси го на ветеринар, вакцинирано ли е? Ако ти е ванцинирано пред неколку дека тоа може да е реакција од вакцината, и не му давај бре линекс и мелено месо леле голупости кој ти кажувал тоа....? Носи го кај ветеринар што ти е најблиску што има врска тоа кој ветеринар бил најдобар, и добро е што те буди во точно одредено време затоа што створува навика за да го изнесеш надвор да не ти направи беља дома.
    А ова со проливот и крвта е сериозно под итно на ветеринар, и од храна треба да му даваш само специјална храна за таа возраст на кучиња ништо друго, поготово не млеко и такви чуда :^)
     
  9. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Моето куче имаше пролив, го однесов на ветеринар, ми дадоа некој прашок, го раствoрав во вода и му давав 4 пати на ден од растворот. Малку само му помина (еднаш имаше еднаш не) и пак го однесов на ветеринар. Тогаш ми кажаа да му дадам линекс. Му дадов само едно апче и му помина.
    Јас не му давам само кучешка храна, му варам ориз, палента, гриз, пие мн јогурт и млеко, супа со пилешко без коски, коски големи телешки му купувам, лепче по две кришки во денот обавезно и фала му на Бога, супер е.
    Инаку за ужинка јаде банана или морковче, тоа посебно сака :D
     
  10. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    jas ne procitav nanazad no se nadevam ne se povtoruvam.i se nadevam nekoj ke mi odg.ziveam na selo i nemam blisku veterinar vo gradot.problemot mislam ne e strasen no se prasuvam zosto.znaci vaka cuvam dve macki obicni mislam neznam kako da kazam ne se nekoja rasa.majka im tuka kaj nas se omaci i go cuvame nekoi si 4god.i znaci so niv se e vo red si jadat se od hrana do leb i zelencuk(salata krastavicki,domati,zelka)jadat i kikiritki cokolado mislam bukvalno se.ama nisto ne se faka na niv.dvete mi se mn.slabicki.so toa sto jadat se mislam najmalku trebase do sea da bidat jastuci :) ama ne.slabi se.po rast malecki mi se no me zagrizuva toa sto se slabicki.se izvinuvam sto bev opsirna no sakav da objasnam.ako znae nekoj neka kaze.fala.poz
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Многу е важно да се носи кучето на добар ветеринар, а не да се носи на кој ни е најблиску.
    Во Скопје има ветеринари кој не ја заслужуваат првата буква В а камоли титулата Ветеринар.
    Искрено јас не сум ветеринар, али има некои работи кои што подобро ги знам од самите ветеринари.
     
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Како прво браво за тебе што се интересираш за Малтезерчето и што сакаш да му најдеш добар ветеринар :clap:
    Во Скопје најдобар ветеринар е Диме од Капиштец (се наоѓа кај домот за деца без родители).
    Ветеринарот е одличен, и јас мојата Пудла, 6 години ја носам кај него и се си е во најдобар ред.
    Кутренцето твое треба да јаде 4 пати на ден,па можеби е гладно и затоа те буди.
    Исто така можеби те буди за во ВЦ.

    Со што го храниш кутренцето?

    Ако му даваш кравјо млеко, од тоа го има добиено проливчето бидејќи млекото предизвикува пролив.
    Веќе е 2,5 месечно и немора да му даваш млеко.
    Купи му сува кучешка храна за мали кутриња Puppy а исто така освен кучешката храна можеш да му даваш и домашна храна како што е варен ориз со пилешко месо, риба од конзерва (сардина или туна) , палента, макарони, јогурт, павлака , кисело млеко, овошје , зеленчук...
    Само бидејќи твоето кученце е од расата Малтезер и е цело бело не му давај морков бидејќи содржи голема количина на каротин и кучето од бело ќе ти се пожути :!:
    И ако не е вакцинирано однеси го на вакцина.
     
  13. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ако се слабичи треба да им ја зголемиш количината или пак да ги храниш поквалитетно.
    Давај им да јадат ориз со пилешко месо варено.
    Чоколадо не им давај бидејќи е штетно за мачки и кучиња.
    Тоа што им даваш краставички, домати, зелка нека им биде како десерт а не како основна храна.
    Бидејќи ти колку и да им даваш домати и краставици од нив нема да се здебелат бидејќи содржат големо количество вода.
    Затоа ако сакаш да ги здебелиш давај им добра и квалитетна домашна крана како што е, Варен ориз со пилешко месо, риба од конзерва (туна/сардина) а можеш и ослич варен да им дадеш, макарони, палента, павлака, јогуртче ...
    Почни да ги храниш со горенаведенива работи и ќе видиш дека наскоро ќе имаш здебелени мачиња :)
     
  14. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    фала :) иначе ок фала за препоракава за ветринаров.. ја кај мене во населба во автокоманда имаме ветринарна болница и таму го вакцинирав и му дадоа апче против глисти..
    пролив има од млекото знам ми кажа Мелита.. :) му давам сува кучешка храна од ROYAL таа за кученца од 2.мес. па до кај 5 или нз.. некогаш му ја мешам со јогурт.. и така.. само малку ми е проб..
    незнам на колку сата да му давам да јаде.. :( обично ако ме разбуди навечер накај 5 или 6.. и после ако му даде мајками накај 9.. ама ми кажаа ако јаде накај 6 или 5 да му дадам накај 11 или 10 зависи.. и сеа после.. нз.. на пладне како и вво колку сат.. :/ некогаш не ми јаде..
     
  15. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ројал канинот е одлична храна, продолжи таа да му ја даваш.
    За во Автокоманда ветеринарната болница имам различни мислења слушнато, некои ги фалат а некои велат дека се катастрофа, сепак јас таму го немам носено моето куче и неможам да ти кажам од мое лично искуство.
    А за ветеринатор Диме од Капиштец ти кажувам од мое лично искуство дека е одличен.
    Ако му даваш 4 оброци на ден, оброкот распоредиго на секои 6 часа.
    И незнам дали знаеш, али кучињата несмеат да јадат благо, затоа благо никако не му давај.

    Инаку како што прочитав ти си пишала дека го вакцинирале и му дале апче за прочистување од внатрешни паразити??? :^)
    Апчето му го дадоа пред или после вакцинацијата ???
     
  16. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8

    апчетоо после вакцината.. иначе за благо знам и не му давам.. само храната за кучиња таа од ројал... :) иначе таа докторката таму и е нешо на мајками другарка па она ми го прегледа.. :) кученцето... :))
     
  17. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    ^ Е како така му го дале апчето после вакцината :^)
    Апчето за прочистување се дава 5 - 7 дена пред примањето на вакцината :!: , а не овие од Автокоманда обратно направиле, прво вакцина му ставиле па после му го дале апчето |(
    Незнам што да ти кажам, ова се основни работи што секој ветеринар треба да ги знае, а за ваква почетничка грешка што напраиле од Автокоманда, јас да сум на твое место би размислила дали уште еднаш би го однела кучето таму.
     
  18. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Пишав и во СДП , ама не добив некој конкретен одговор.
    Имам проблем со кучево (пекинејзер) ... никако не сака да се движи со синџирче .
    Дури и вратник кога ќе му ставам , многу се плаши , се треси целото ... како некој да го малтретира.
    Порадно се движеше без проблем , ама сега не .
    Како да го навикнам пак ? Некој посебен дресинг или ?
     
  19. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Јас сум дресер, па еве ќе ти дадам советчиња како да го вратиш кучето во нормала, а ако не успееш покрај советиве, може да ме исконтактираш.

    Викаш ПОРАНО се движело без проблем. По оваа реченица јас заклучив дека кученцето твое е возрасно, односно не станува збор за мало кученце што се навикнува да оди на поводник, туку твоето е возрасно и претходно си одело нормално на поводник а сега од Х причини се плаши и несака да оди на поводник.

    Тој страв го има добиено од нешто, пробај да се сетиш дали има некој претрпен страв од поводникот како на пример дали мали деца го имаат влечено со поводникот и слични ствари.
    Стравот од одење на поводник неможе тукутака да се појави кај кучето сигурно има претрпен некој шок и страв и затоа сега одбива да оди на поводник.

    Е сега твоја задача е да го ослободиш кучето од стравот, треба да му покажеш дека одењето со поводник не е страшно.
    Пробај со неговиот поводник да си играш, влечи го поводникот пред кучето како да е врвка и тоа нека си игра со поводикот, со оваа техника кучето прво ќе свати дека поводникот не претставува опасност за него и едноставно поводникот ќе го гледа како позитивна работа.
    После втор чекор, кога ќе му го ставиш поводникот дај му и малку од сувата кучешка храна како награда.
    Додека е врзано со поводникот фрли му некое топче или некоја играчка што ја сака и тоа нека оди врзано до топчето, така ќе осети дека додека е врзано нема никаква опасност.
    Исто така додека го водиш збори му мило и убаво и биди ти опуштена и смирена.

    И никако немој со сила да го тегнеш, така уште повеќе ќе го истрауматизираш.
    Спроведи ги овие совети што ти ги дадов и мислам дека ќе успееш.
     
  20. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Доберман браво за советиве, баш се корисни. Многу од нив ми ги кажал и ветеринар.
    Имам ретривер за една недела ке прави 7 месеци. Мислам дека е мал за негова возраст, го споредувам со др кучиња во парк. Брат му е повисок, а овој е низок и дебел во споредба со него. Има прекрасна длака, сите што го виделе така ми кажале.
    Го хранам со месо, телешко и пилешко. Му варам секој ден ориз со зеленчук внатре, морков,компир, пашканат, некогаш и брокула му ставам. Му правам и палента со гриз, ја јаде со јогурт. Сабајле пред да јаде еден саат му давам само јогурт или млеко. Јаде мн моркови свежи, јаде и марула :D Во секој оброк му ставам и една кришка лепче. Некогаш му купувам и кучешка храна (кога имам пари :) )
    Му давам да јаде 2 пати во денот, кога ке станам јас и после од прилика 11-12 саати. На пр. во 11 саат сабајле па во 10 навечер.
    Исто така имам и проблем. Уште мочка на 3 саати, а по голема нужда оди 10 минути после секој оброк.
    Ама проблемот е што неможам да го оставам дома сам повеќе од 3 саати, инаку обавезно ке се измочка дома. Како да го научам да трпи некое време. Некогаш не одам на сите предавања на факс поради ова :( стварно ми е проблем, неможам од дома да мрднам на подолг период.
    Поздравче