можеш сама да направиш храна ако имаш морков нешто сончоглед семки малку мелени бисквити и сипи му вода
Незнаев дека јаделе сончоглед, семки , морков ама сега му изнакупив храна 3 кила нека јади иначе многу е досаден на глава ми се качува на рамо ме каса
Прашав во друга тема ама не добив одговор.. Дали во скопските продавници за миленичиња и Џамбо има играчки за мачки со catnip во нив? Воедно сакам да ги прашам тие што чуваат мачки... верувам дека имате цвеќа околу куќа... што правите кога мачките скокаат во цвеќињата? И што треба да се направи за да не оди повеќе натака?
Има во Џамбо некои играчки за мачки. Јас лесно ја одучив мојата мачка, уствари и нешто посебно не беше заинтересирана за цвеќињата затоа што имам и кактус . Ја лупнеш по газето и веќе нема да проба да рипне на цвеќе. Мачките многу брзо учат и паметат. Доволно е 1-2 пати да ја лупнеш по газето и сваќа дека таму не треба да оди. Јас мојата мачка ја научив да и кога и изговорам ,,шшшшшшшшшшт,, знае дека не треба да дира и рипа. Не и давам да се качува по гарнитура, столици, маса....да не рипа по хрчакот и рибите само со едно ,,шшшшшшшшшт,, ама претходно ја лупнав по газенцето. Е така ја научив уште од малечко.
slavica999 не се сите мачки интелигентни, верувај ми. Пример, мојов, е толку глупичок што понекогаш ми паѓа жалче. Едноставно некои работи не може да ги научи. Туку, кога сме кај мојов, не е сечен(ко што би рекла мајка ми) и навечер веќе 3 дена го фаќаат будалите и мјаука на врата, се шета низ стан и вришти, како да сака надвор. А надвор не може да се снајде, пошто е глуп. Како да го научам на човечки биоритам, навечер да спие додека спиеме сите?
Малтретирај го преку ден и не му давај никако да заспие. Мојава така прави, мјаука да ја пуштиме надвор, понекогаш и од што и е здодевно па бара да ја мазиме, само да не седи сама. Секогаш преку ден (Додека сме сите будни) ја малтертираме кога ќе ја видиме дека спие, па навечер со нас си спие и таа како заклана. Ако ја оставиме, цела ноќ поспани ќе стануваме. Јас се правам глува чекам некој друг да стане и да ја пушти, ама и од тоа ме фаќа нервоза зошто упорна е. Не престанува да скока на врата и да плаче се додека не стане некој.
Ако знае некоја од вас да ми каже каде во Аеродром околу Бисер има ветеринар и колку чини вакцинација на маченце?
^^ Значи само тоа е лекот. Пошто дембелиов спие преку ден, и најкритично е меѓу 2 часа по полноќ до 6 сабајле. Не се спие од него. Денес еве решив ќе направам така, нема да го оставам да спие преку ден. Ама штом го пуштам 5 минути од раце или не го играм, правец во кревет. Е сега маста ќе му ја извадам, и ќе го најадам баш пред спиење. Се надевам дека ќе падне у кома до сабајлето.
Јас бидејќи живеам во куќа, мачињата надвор си ги чувам, и не им треба многу грижа зашто мачињата знаат сами да се грижат за себе..
незнам каде да пишам па тука пишав ми треба териерче ако некој подарува нека пише тука ќе се договориме би ми било многу мило да си ги дочекаме новогодишните празници со едно мало кутренце душиче
Тука имаш многу избор, спаси живот...СУПЕР ако вдомиш некое :up: http://www.facebook.com/media/set/?set=a.365905766799001.86725.166688476720732&type=3 http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152028076665961.522212.83377435960&type=3
да си вдомив едно кутренце вчера го земав многу е слаткичко ќе ви го ставам во темата за слики што е да го видите
Леле луѓе помагајте. Папагалон во последниве месец дена да речам ко ненормален е. Само скока во кафез, пафта со крилата, се дере, не да пее туку се дере. Порано ќе му направев шшшшш и ќе заќутеше, ама сега се дере уште толку. Го поклопувам одозгора со нешто да му биде темно, да ќути барем малку ама и тоа не помага. Порано ноќе мируваше, ама сега го слушам ноќе доле во кафезот прета, јаде, скока... Канчето со јадење постојано го истура. Значи лудилото ме фаќа и мене од него. Ми иде да го истепам. Не знам што да правам со него. Дајте совет или било што, на моменти не се трпи веќе
^ Женско е . Значи маж ваљда сака. А ич нејќев пак да земам уште едно. Беа две и таман се спитоми откако остана сама, сега пак уште едно и пак ќе биде диво.
Пробај пушти го од кафезот да полета малку, може не е одамна разлетан па така прави И мојте лудуваат така кога не се пуштени
tanjus во право е за ова дека треба одвреме навреме да го пушташ од кафез сепак птица е не сака да е затворена и јас сум за да пробаш така ако треба нека седи цел ден надвор од кафез за да му помине лудилото ,и да ви кажам на сите што сакате да имате питоми папагалчиња приврзани за вас многу треба да бидете упорни за да ви стои на прсте јас така 2 3 папагалчиња спитомив 3 4 пати во денот ги пуштав и ги бркав со прстето за да ми застанат прво во кафез ги учев па после ги пуштав надвор една недела ми требаше и да видите колку е срцле папагалчето после ви застанува на глава ви се пика во коса ако му е ладничко, едно имав белко и стално го миев дека се прљаше така малце на краевите на перјата и со фен го сушев немаше гајле ама ми имаше стекнато доверба не се плашеше од мене секој ден му обрнував внимание и го шетав со прстето многу беше срцле кога би си купила папагалче пак така би го спитомила
Имам едно прашање и ве молам доколку некој знае или претпоставува што би можело да биде нека пише што побрзо . Чувам маченце едно десетина дена и денеска си беше баш во добра состојба, јадеше пиеше вода и попладнево ненадејно неможеше да оди со задните нозе , одтогаш целото е здрвено несака ни да јаде ни да пие ништо , сега гледам дека воопшто неможе да застане ни на предните нозе и целото се влече на грб и на стомак. Во ова време нема ниедна ветеринарна станица која што работи така да ве молам ако некој знае што би можело да биде нека пише или како да му се подобри ситуацијата.