Има некоја феминка што чува морско прасе ? Или не мора да чува туку барем да има подобри познавања за нив..
Ветеринарната станица при Ветеринарен факултет мислам дека ти работи 24 часа. Јави се кај нив. Инаку и приватниве ветеринари повеќето работат на повик за ургентни случаи. Јас мислам твоево е баш ургентен случај, не чекај до утре.
Го однесе на вет?? Јас сега го гледам постов...а вчера вечерта си пишала. Може има проблем со некој нерв или карлицата, што ти кажаа на вет?
Целата поента за кастрација е да го изгуби тој "нагон" и доколку го чуваш само дома, нема да ти бара да шета надвор, нема да се тепа а и нема да си "обележува" територија. Верувај ми, не е убаво кога обележуваат.
Се јавив сабајле и прашував за кастрација. Ќе му се прекине нагонот за парење, ама не и желбата за надвор. Пак ќе си бара да излезе. Мојот вертеринар ми предложи кастрација, ама морам да го научам и да излегува и да си доаѓа дома сам. Значи, колку и да нема нагон, ќе знае да си мјаука за да излезе, бидејќи тоа му е инстинктивно и со кастрацијата нема да исчезне. После саат време на телефон со ветеринарот, кој исто така чува мачор, решив да го кастрирам после празнициве. Во меѓувреме ќе го пуштам надвор повремено.
^ Мојата мачка е кастрирана (женка е), ама мислам дека инстинктот за надвор си го имаат сите мачиња, место не ги држи. Нека шетка, досадно ќе му биде ако цело време е затворен по домче.
Зависи сега кај кој вет ќе кастрирате/стерилизирате...околу 1200 ден е кастрација, стерилизацијата е поскапа мислам околу 2100 да не ве излажам...најубаво прашајте си информирајте се
Луќе хрчакот ми е здрвен и не мрда,нашиве ветеринари не се разбираат од хрчаци,некој лек? ве молаааам
Kолку ти е стар хричакот, ако е година ипол-две, значи дека веќе е стар и е здрвен поради тоа, жал ми е ама мојот пред умирање беше таков, неколку дена и потоа умре, а ако е млад стави го на топло, нека се згрее малку, на нив и се случува тоа.Tие се нежни, треба да се чуваат добро, зошто срценцата им се мали и може да и пукне од страв или сл.Oпиши подетално што како,вака толку можам да ти кажам
Опиши ја вистина целата ситуација, да ти кажам конкретно...Ако е омалаксан т.е slow motion и има исцедок кафен од анусот тогаш значи дека не е добро т.е. свари му јајце, дај му дел само од белката и види дали ќе јаде, исто и двопек (или парче лебче исуши) и дај му, ако јаде тогаш за некој саат ќе се опорави...исто така може да се тресе (лево-десно) и многу ќе спие нормално нема да се движи, затоа ќе пробуваш да го чистиш кај газето од исцедокот + да му смениш се од корен каде што го чуваш (пилевина, храна, крпче каде што си спие се', може и некоја инфекција му е, не знам точно, ти го кажувам ова пошо и на мојот му се случи ова и сега е супер фала богу Ако е ова тогаш направи така ако не е, кажи ми да видиме што да направиш..Нормално ако е стар 1-2 или 3 тогаш рокот му е толку , мојот е скоро година па ми беше чудно ама пак се опорави за среќа...позз
Малце појше каснам ама да се поправам и воедно да се извинам за дезинформацијата од моја страна како неискусна кучкарка погрешно сум сватила околу вакцините ,еве сега кога заврши процесот на вакцинација и ревакцинација на мојата кучка ...кажувам дека вакцината кошта 500 ден и ревакцината уште 500 ден . Да редактирам ... сакав да кажам уште нешто TweetyxP околу твоето кутре , Педигри е многу слаба и неквалитетна храна како и Фрискис ,Амиго ,Чапи итн итн . ако си финансиски моќна пружи му поквалитетна храна на твоето кутре за да ти биде и по здраво и да има подолг век . поквалитетни храни ти се Еукануба , Ројал Канин ,Пурина ПРО ПЛАН . јас лично мојата ја хранам со Пурина про план и сум многу задоволна .
Луѓе ве молам за помош, ова веќе не е нормално... Имам златен ретривер, го чувам надвор има бокс огромен. Живее во боксот, од негов 6-7 месец. Цели 3 години не престанува да лае навечер. Сега му е најверојатно и период за парење, завива, квичи, лае претерано многу! Само се прашувам кога комшиите ќе ме дадат на суд, не се поднесува неговово. Станувам викам по него да престане, не сака, одам кај него ќе го погалам ќе му дадам храна пак почнува одма штом си отидам, со весник замавнувам не го тепам, пак иста песна... Секое сабајле во 3-4 часот татко ми или мајка ми стануваат да го пуштат да се истрча, ако не стане некој, тешко нас, лае ама како да се дави со кучиња лае. Сме пробале со игнорирање, шанси нема, не се издржува. Секако сме пробале и со арно и со лошо не бива и не бива. Искрено незнам што да правам, ама преку глава ми е дојден, ај јас, мое е ќе го трпам, ама комшииве веќе се на раб со нервите, и со право. Нивно да беше, до сега јас сигурно ќе се побунев. Не се спие од него. Мислам дека од боксот од вратата се треска дури. Ако некој знае што е лекот, вечно благодарна ќе сум му, искрено. П.С. Во моментов беснее, лае како мрднат, комшииве гледам станаа, чекам во секој момент на врата да ми се појават или да вртат на мобилен! Бебе имаат, срам ми е веќе да ги сретнам да не ми преречат нешто.
Имав куче пред 1 год, ама ни спиеше во обушјето надвор,и таткоми го однесе всело,иначе го храневме постојано со млеко и леб му дробевме трошки во него, не јадеше се' за извршување нужда колку што се сејќавам си одеше на пристојно место..ама лоша навика му беше тоа што постојано ни се качуваше на тарасата и во кондурите ни спиеше,а требеше во дворот да си седи . Иначе ептен имам мерак за милениче (особено за куче)
Братучетка ми има златен ретривер кој го чува веќе 7год и да ти кажам право се уште не сум чула да залае. Мислам дека главен проблем е што го чувате на ланец. Па тие се толку мирни и воопшто не се наслини (колку што знам јас) и не се чуваат на ланец постојано. Ако ви е ограден дворот зошто не го пуштите слободно да шета. Си бара внимание. Имам некаде прочитано дека кучиња кои се чуваат на ланец се агресивни.
Има ременчиња, со апаратче на нив. Кога кучето залае испушта звук со висока фреквенција која луѓето не можат да ја чујат ама кучињата можат. Звукот ги иритира и тоа ги тера да не лаат оти научат дека при секое ав ав, добијат пиуууу по ушите. Прашај во пет шоп ги има ли, или ако може да ти нарачаат.