1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Славица, не е врзан, туку само е затворен во бокс, правиме муабет за бокс од 10 квадрати. Преку ден 3 пати го пуштаме по саат време, го шетаме, играме со него и го затвараме пак назад. Сум пробала шишиња да му дадам да игра да не му е досадно, не ги ни погледнува, топки исто, милион глупости за играње негови има, се е џабе. Агресивен никогаш не ни бил, ама едноставно не престанува да лае. Најинтересно е што знае кога треба преку ден да го пуштиме и тогаш ќе залае еднаш два пати како потсетување, ама ноќе никако не престанува да лае. Преку ден си дреме, глас не му се слуша. Дворот го заградивме 10 пати, постојано наога дупче од кај да излезе, копа и излегува, се враќа после 4-5 часа, понекогаш и цел ден го нема, па се дереме низ маало по него. Додека беше мал истото го правеше, со весник ќе го удрам малце, ќе го казнам, или храна подоцна добива или нема да го пуштам да шетаме и да играме, за да се научи дека не треба да бега, ама ништо од тоа.
    Имелда, уште денес ќе побарам такво ременче, фала многу!
     
  2. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Луѓе ве молам помагајте. Пред неколку месеци вдомивме едно мало мечуле, машко кутренце, абе ни заживеа дворот. Го однесовме на ветернирар, се беше во ред со него, нели дека вдомено најмногу се плашевме да нема шуга ама за најголема среќа немаше, барем така ни потврди ветернираот. Си го избанкавме, вакциниравме и ред други работи и си го чуваме по двор. Е сега минатата недела го приметив дека се чешка ненормално под устата оној предел, и кога го подигнав видов како ранички, го однесовме на ветеринар и ни го потврдо во тоа што се сомневавме, ни фатило шуга кутрото. Му дадоа инекција и ни рече на една недела да го носиме на таков третман, па после 3 третмани (т.е после 3 недели) ќе се видело што ќе се прави. Целта на мојот пост е доколку некој имал слично искуство или барем има некои познавања да ми помогне, се би ми било добредојдено, чепкав по нет и најдов неколку домашни совети, па ќе ги применам уште од денес, но и вашите би ми биле добредојдени. Поздрав и секое добро!
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Измешај пола и пола бебешко улје и некоја лута вода што е за плакнење уста после заби миење. Па полевај на памукче и топи го на местата дека има ранички, корузи или дека му паѓаат влакна. Ќе му помогне да не го чеша толку и да му поминат раните побрзо. Никако не пропуштај третманот кај ветеринар. Со домашно лекување може само да му олесниш малку симптомите ама не и да го излечиш. Мијте раце со многу сапун откако го фаќате, па и со оној алкохолен гел ако имате за дезинфекција, во случај да не е од оној вид што се пренесува и на луѓе.
    Ако има куќичка/кебенце на што спие, раствори пола оцет пола вода, стави во шише со распрскувач и прскај секој ден таму дека лежи.
     
    На Youlen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    ВЕ молам за совет сакам мачката да ја избајнам ми шета и надвор и внатре ја пуштам па кога е у натре ми мириса на лошо а сега и мачори бара за парење па незнам дали е смачена(бремена) и дали смеам да ја избајнам малце каако стомакот да и се познава незнам....а инаку така преку лето ја бајнами надвор си е ама сега сакам да ја зибајнам и в натре ке биде пред греалката ама незнам страв ми е ако е смачена да не и биде нешто ХЕЛП ??? :(
     
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Мачките се многу осетливи, а и подложни на настинки после бањање посебно на вакво ладно време. Јас никогаш не практикувам бањање во зима од тие причини.
    Ако оди надвор повторно после тоа за кратко време повторно ќе се испрља и џабе бањањето, а да ја бањаш често не смее во никој случај. Можеш да побараш сув шампон за мачки или овде можеш да прочиташ за чистење со раствор од вода и оцет.
    А за можноста да се спарена и поврзаноста со бањањето не знам дали би имало проблем. Лично би избегнувала хемикалии при бањање зошто мачките интензивно го лижат крзното после тоа, па ми е страв да не наштети.
     
  6. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    ти благодарам има супер совети АМА ЕДНО НЕ РАЗБРАВ КАКОВ ОЦЕТ ТРЕБА ДА СТАВАМ И ОЦЕТОТ ВО ВОДАТА ЛИ ДА ГО СТАВАМ НА ПРИМЕР КЕ ЈА НАПОЛНАМ КАДААТА И ДА СТАВАМ ОТЦЕТ И ДА ГО ИСТРЛАМ МАЦЕТО ИЛИ .... о.О
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не сум го практикувала тoj начин на чистење на мачиња, па треба да побарам и јас податок каков оцет точно треба да се користи и колкав сооднос се става на вода и оцет. Претпоставувам дека не треба многу голема количина на оцет. Како што пишува не треба кадата да ја полниш, целта е да нема класично бањање. Се прави раствор и се влажни крпа/пешкир во растворот, се брише крзното и најмногу се втрива на местата кај што е најизвалкана. Потоа се пребришува со влажна крпа и на крај се суши со претходно загреана крпа
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јаболков оцет е препорачлив за хигиена кај миленичиња, за кучиња сооодосот вода-оцет може да бидее по јак, но кај мачки бидејки многу се лижат направи 30-70, 30% оцет-70% вода. Можеш да раствориш во сад па да натопиш крпа, ама така поише оцет ќе ти оди, а можеш и во чаша па со рака да ја измачкаш мачката и веднаш после тоа да ја поминеш со сув пешкир.
    Оцетот ја сузбива непријатната миризба исто е добар и за влакното на миленичињата, само треба да се внимава на соодносот.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    Значи да ставам јаболков отцет и топла вода и да земам пешкир да го натопам и да ја истрлам мачката е како така ке се исчисти нели треба мачката да се 1.избајне со тој раствор да се натопи целата во вода и да се истрла ИЛИ 2.ДА ЈА ИЗБАЈНАМ СО ШАМПОН ЗА МАЧИЊА ДА ЈА ИЗБРИШАМ ПОТОА СО СУВ ПЕШКИР И ПОТОА ПА СО ПЕШКИР НАТОПЕН СО ВОДА И ОТЦЕТ ТАКА ЛИ ТРЕБА??
    1..2 ???КОЕ Е ПРАВИЛНОТО
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Добро објасни najubava2010, а и на линкот што го ставив јас има и други добри совети за чистење на мачките без да се бањаат со вода во када.
    -Еден од начините е тој со растворот од оцет 30% и вода 70%. Значи можеш како што напишав јас погоре во растворот да ја натопиш крпата и со неа да го истриеш мачето. Потоа со сува крпа да го избришеш за да се впие влагата и побрзо да се исуши.
    -Вториот начин е како што пиша najubava2010, да не топиш крпа туку директно со рака да го измачкаш крзното на мачката со растворот и после со сува крпа да ја истриеш.
    -Трет начин е да купиш сув шампон за мачки. Тој убаво се нанесува и потоа се поминува крзното со четка.
    Исто така пишува дека и течен шампон за мачки може на сличен начин да се употреби. Да се нанесе на крзното со крпа и потоа да се четка и да се засуши самото (без фенови).
     
  11. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    Денеска цел ден шмита мојата мачка.. цел двор ми е полн со мачори ама мачорите се никакви уличарски :devil: а мојата е полу персиска и сака да шмита со них ама во нашето маало има еден убав персиски мачор па и тој дојде тој и се пушта таа ржи накај него :x како да не го сака со него да се пари. и сега ги затворив 2-цата во долната соба од спратот нека бидат цела вечер сами можеби несака да се пара со него зошто тие беа со них обичните мачори од надвор :?: :?: и што ако не сака да се паре со персискиот мачор и утре ако ја пуштам пак ако шмита ако е спарена што ке прави дома ли ке си седи...
    прегеска кога беше надвор ја викам ја галам и да ја дигнам целата ме изпогреба :drunk: :drunk:
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Прво дали мачката е во сезона на парење, дали покажува такви знаци? Оној стереотип дека мачките се парат само во февруари не е точен, се парат и во други месеци. Мачките надвор најактивно се парат во тој период затоа што додека се родат малите ќе дојде пролет и шансата за преживување и наоѓање храна се поголеми. Тоа им е природен инстикт. Дали и кога ќе се спари мачката повеќе зависи од неа. Мачорите може да сакаат да се парат, но она ќе дозволи мачор да ја спари во оној момент кога е таа подготвена (и секако тој што она ќе го сака :D ). Затоа обично кога настојуваат да спарат мачки ги затвараат заедно неколку дена со храна,вода и песок. Кога на мачката ќе и дојде точно таа фаза ќе дозволи да биде спарена, а мачорот ќе биде спремен за акција. Претходно постојано ќе биде нервозна, ќе 'ржи и нема да му дозволи да и се приближи. Тогаш не е паметно никој да ги вознемирува, зошто ете и тебе те изгребала.
    Е сега имам една непроверена информација дека мачките надвор можеле да се спарат и со неколку мачори во ист период. Звучи неверојатно ама затоа велам не сум се заинтересирала дали е точно.
     
  13. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    е незнам дали и е период на мојата мачка за парење .....тој мачор од некна дојде кај нас шета низ дворо и ноостоп оди по мојата мачка таа ке иде во гаражата(вратата е отворена преку ден) и тој ке оде со неа...како да не ја пушта ке и се доплижи тој накај неа тааа ржии....а доагаат и други мачори никакви јас ги падам тие кога ке ме видаат незнаат накај да фатат....МИСЛАМ ДЕКА МАЧКАТА КОГА КЕ СЕ ЛИГАВИ..ВАЛИ НАКАЈ НЕКОЈ МАЧОР ЗНАЧИ САКА ДА СЕ ПАРИ ....но мојта од кај да знам што прави сега надвор е пуштена и персискиот мачор е со неа ама прегеска видов уште еден мачор имаше до нив...и го испадив....САКАМ ДА СЕ ПАРИ СО ПЕРСИСКИОТ МАЧОР :P :P
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Дека е надвор не можеш баш точно да приметиш во каква фаза е :) . Дома мачките се приметуваат зошто почнуваат да мјаукаат често и поинаку се однесуваат од вообичаено. Штом им 'ржи не е моментално спремна за парење и ги држи подалеку од неа, иако ја бркаат. Но може во скоро да и дојде моментот и тоа може да се одвива доста брзо..денес може да не сака ама утре веќе да се спари.
    Ако сакаш со тој мачор да се спари тогаш треба да настојуваш да бидат повеќе заедно, да не му ја заведе некој подоминантен мачор :) .
     
  15. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    не не не ја испушта тој со неа е цело време хаха :D
     
  16. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    Мојта мачка како што гледам има бууи :D :D
    што и ставате вие птотив буи и други паразити прашок--спреј??? :worried: :worried: :drunk:
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Многу смешно, нека и ја цицаат крвта па нека фати некоја болест.
    Има ампули, си требала на време да и ставиш, сега е зима обично во зима ги нема по тревите па твојава може ги има уште од летото или ги закачила од труго животно што ги има уште од летото. Избањај ја, исуши ја и стави и ампула, ќе си побараш на ветеринар ќе ти дадат, за мачки мислам дека се околу 200-300 денари и најубаво е да и ја стават на ветеринар. Греота е не ја оставај така со болви!
     
  18. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    значи треба да идам кај ветеринар да земам ампула против болви.. а тоа апче ли е или што е ,,како се дава ...???
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Или кај ветеринар или во пет шоп побарај. Апче се дава за прочистување од внатрешни паразити. Обавезно каде што ќе купуваш прашај за дозирање и начин на употреба претходно.
     
    На trendafilka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Мојата мачка ја нема веќе 3 дена,стара е 8 месеци.Знам дека е отидена некаде со маалските мачори,сезона за парење им е сега.
    Прашањето ми е дали ке знае да се врати,без разлика колку е далеку отидена?
    Ви се има ли случено вакво нешто?

    Многу сум загрижена :worried: