На почетокот остави го нека се прилагоди во нова средина нели. Иначе ставај му храна секој ден, нека има секогаш за јадење исто и воа менувај му, можеш да му даваш краставичка, марула, зелка, морков само не претерано по еднаш на ден или кога ќе имаш во моментот. И за некое време можеш да го пуштиш да си летка и остави го ако може само да се снајде да си влезе ако не пробај да го фатиш, земи го кафезот и оди накај него, доближи му го да си влезе или ако не бива така со крпа фати го. Ама со тек на време ќе се научи само да си влегува. Посветувај му внимание почесто за да не се плаши или не биде диво. Ако си почесто со него ќе се припитоми лесно и пуштај му музика обавезно. И уште нешто, кога ќе се стопли вади го надвор на тераса, но внимавај во најголемата жештита никако оти може а умре од жешкото исто и од многу ладно. И да кафезот чисти му го еднаш неделно
Пази да не го оставаш на промаја многу се осетливи. Можеш да му купиш и дополнителни витамини од продавницата каде што си го купила. Исто има и едни како бели кредички не знам како се викаат,мислам дека им служат за острење на клунот. Редактирам да те прашам дали се работи за тигрица? Ако да,овие два линка ќе ти бидат од корист. http://tigrica10000.bloger.index.hr/pos ... 54305.aspx http://www.domaci.de/viewtopic.php?t=21796
Сигурно веќе си го средила проблемов,ама ќе ти кажам нешто за пикенерзерите,и тие со слични очи(испакнати) како нив.Јас чував и го имав истиот проблем со очињата,баш поради тоа што им се така испакнати полесно им фаќаат инфекции.Ја однесов на ветеринар и ми рекоа по капка две во денот да и ставам Дексаметазон неомицин капки и за еден ден два се повлекува,ама пак ќе се појави,затоа имај си ги дома,не се скапи дали се 100 денари
Waka-waka да папагалчето е од родот на тигриците.Да прашам нешто моето папагалче многу ретко пие вода дали е тоа нормално.Некаде прочитав дека водата на папагалчето треба да биде ладна,инаку немало да ја пие дали е тоа точно? п.с ви благодарам Waka-waka и K.Mari4ka
Не пијат често вода, и кај мене ретко пие. Иначе незнам дали треба да му биде ладна. Јас му става до нормална температура не многу ладна за да не се разболе
На Фејсбук има една страна за грижа на мачиња.. има (без навреда) доста глуп наслов. На прв поглед исгледа обично, но отворете во белешки и таму имате се што ви треба.. Сум ги прочитала сите Од болести на мачките до Играчки и што прават кога се сами допа, па јазик на мачки, па движење на ушите, четкање заби, насмевка, спиење.. охохохоооо, премногу!! Линк: Спојлер http://www.facebook.com/NajPrekrasniMacinjaBaraatVerenPrijatel.i.Domakin?fref=ts
Вака ми треба голема помош. Пред 2,3 недели земав кученце женско старо 4 месеци, лабрадорче кое предходно било чувано негде со многу други кучиња и нема никакви навики ни за мочкање ни за ланец околу врат. Тоа со мокрењето некако го совладавме ама не знам како да го научам да оди со каишка околу врат, едноставно кога ќе му ставам каишка застанува на сред улица и не мрда, а кога ќе го потегнам посилно почнува да се дави... ве молам кажете ми што да правам..
епа вака како прво тоа сто усте не знае да се издрзи за да моцка надвор е сосема нормално немој да се гризис бидејки исто како на бебињата мускулите сто им се таму доле усте не им се развиени доволно и не мозат да се издрзат,сто поЧесто изнесувај го надвор секогас 30 минути после јадење и пиење водиЧка,секогас после спиење и секогас после долгата игра бидејки нивниот метаболизам е двојно по брз од старите куЧиња,сега за каиската ке земес храна која највеке му се допага и застани пред него викај го со храната само немој многу да го влеЧес на сила бидејки скоро сите мали куЧенца се срамезливи и пласливи биди стрплива и се надевам ке ти се исплати поззз
Сакам да купам два хрчака едно машко и друго женско е сега ме интересира колку време шивеат и ако се спарат ке треба да чувам и малечки ама сакам да чувам малечки ама кога ке пораснат сакам да ги дадам ама незнам дали ке можат да се одвојат од мајката и нема само еднаш да се спарат ке се парат поише пати а јас немам услови за толку да чувам па да ми дадете некој совет? ви благодарам однапред.
Cовет земи си еден хрчак, и немој да ги париш, а уште помалку 2-3 или повеќе да чуваш во еден кафез. дечко ми си зема еден хрчак, таа трудна да била, се породи, и роди 4, ја изедоа децата кога пораснаа после многу се тепаа меѓу себе па сите ги премести во посебен кафез, на тераса, ама летото умреа од многу жешко Cега има микро хрчаче исто вакво Mногууууууууу е слатко, и доста помал раст се од нормалните хрчаци и мирна е. Cамо многу енергетични животинки се, во кафезот обавезно да има простор за вежбање и трчање,многу сакаат да вежбаат Bакви
,,Барам зет,, Мојата мачка има 6мес и сега мислам дека е во фаза на парење. Многу мјаука, лега на грб и се трие...симптоми за парење . Некоја мешана ангорка е и би била многу благодарна доколку некој се јави за парење со некој мачор ангорец или сл. Си ја чувам по дома имам постирано и слики од неа. Ај хелп да не измрдувам јас по дома од неа, а не ми се пушта надвор да се меша со секакви мачки.
Луѓе,итничко ми е,што да правам ова хрчаков дали кива дали кашла незнам што прави (не спомнувајте умирање скраја да е уште неполни 2 месеца има) и ако е настинат на пример,не само за сега,кажете нешто ако знаете што како да правам?
Зависи што си му дала да јаде? може нешто што не треба да јаде си му дала....дај му малку белка од јајце и стави му чорапи или крпче во пилевината (тоа сакаат, да си направат место во тоа и да се стуткаат и спијат, топло им е така)
Значи вака... Имам аквариум со 7 риби: 2 златен караш, 1 иста од оние караш само црна и не расне повеке малае, 2 чистача и 2 ангелски риби... Е сега една од златниот караш некако под стомакот е надуена и мислам дека е бремена, а другата па не е...и баш затоа се посомневав...ако некој има некакво искуство со рибиве нека ми помогне? Ви благодарам однапред!
Дечко ми ми го купи папагалчето денес сега ми го подари...Тигрица било мн е мало какода се однесувам спрема него и што треба да се праве?? каква храна? Како да му се приближам побрзо? Како да почне да збори-црцори? (само клунчето го оттвора-дали е нормално) Прв папагал ми е
Можеби касно ти кажувам али не треба да се пуштаат 1 недела откако ќе дојде во домот. За да се навикне, колку и да пее остај го во кафез. За јадење ќе му даваш просо, спањак, лушпи од јаболки, жолчка од јајце ама ретко. Лесни се за припитомување ако сакаш да го галиш и да ти стои на рака прво треба да му се приближиш полека зборејќи му (барем јас така сите си ги припитомив) Не се откажувај ако се плаши и бега. Инсистирај секој ден и ќе има резултати.
Мачето кое го најдов пред зграда и го вдомив за жал мораше да биде надвор 3 недели, бидејќи немаше никој во станот, сите бевме на распуст, а не можевме да го однесеме дома во нашите градови бидејќи веќе имаме миленичиња. Пред некој ден го викав десетина минути и излезе од подрум, ама со повредена задна десна нога. Мачето е многу мирно, ниту каса, ниту гребе, па решив да проверам дали му е скршена. Убаво чепнав секаде, ногата не е скршена, нема ниту трн, а сепак не гази на неа. Мислам дека проблемот е некаде во колкот бидејќи кога ќе легне на таа страна мјаука. Значи таму каде што ногата се спојува со телото. Може некој да ми предложи што да правам и дали е можно да е нешто сериозно? Јас мислам дека некој го има удрено клоца, тоа ми е единствено логично решение, бидејќи мачето е многу мило, се гали и оди кај луѓе. Таму има многу мали деца, а сите знаеме колку животни се секојдневно малтретирани. Ако го удрила кола, мислам дека ќе било по сериозно. Крв воопшто нема, ниту траги дека имало. Колку време да чекам пред да го однесам на ветеринар? Дали има начин да му помогнам без да го носам на ветеринар? Јас сум студент и немам пари за дополнителни трошоци. Сепак, ако мора да се носи, ќе го однесам и ме интересира дали некој знае колку пари обично земаат ветеринарите за такви интервенции?
добро мачката колку време ги ности маченцата во утобата ???? ај ве молам информирајте ме мислам дека се пареше декември незнам точно ????