Форумџика на годината

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    ^^
    Продолжи со таа терапија како што ти кажал ветеринарот. Сигурно ние не знаеме повеќе од докторот.
    Почекај малку, заздравувањето не оди преку ноќ.
    Инаку синиот спреј е метиленско сино, базна супстанца која се употребува за дезинфекција. Не ставај ништо друго освен тоа што ти дал докторот.
     
  2. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Имам ѕлатен ретривер, 3 год стар, во двор го чувам, премногу мириса (да не му се доближиш!), морам да го избањам! Утре планирам да го направам тоа и цел ден да биде на топло, ама вечерта пак во неговата дома, во бокс надвор.
    Мислите ќе му биде нешто?
     
  3. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Јас моите кучиња ги бањам строго само во лето.. Кога бев мала имав едно кученце, многу го сакав, и го избањав почетокот на Март (добро се сеќавам) беше малку ладничко ама времето беше сончево..И после откако го избањав ми се разболе и после 2 недели умре ;( Од тогаш кученцата си ги бањам само во лето кога е +30 и не им се има ништо случено досега :)
     
  4. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Го избањав веќе мојов, завршивме работа. На сонце се пече, со фен го сушев, ништо нема да му биде ајдеее големо е :) неможев така да го оставам, смрдеше премногу, одвратно. До сега го имам бањато зимно време ама ден-два беше дома на топло, ама овој пат надвор ќе си спие. Се надевам ќе биде добро.
     
  5. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Едно од мачињата денес нешто не ми е во ред.
    Некако како да има некој проблем со движењето.

    Сабајле кога го видов одеше во нормална положба (не кривеше, не се влечкаше, не куцаше), но изгледаше како напнато при движењето, како да го боли нешто, како стегнато беше и полека се движеше. Не ни дојде кога ги викав сите мачиња ( а инаку само си доаѓа), па кога го побарав лежеше и после одвај слезе од лежиштето и одвај по скали се качи. Кога го галев видов кај стомакот како драпнато да е и му беше изрепано малку и крзното на тоа место.
    Сега пак го барав, но го нема. Другите дојдоа, тоа не. Помислив да не се скри некаде, зашто обично кога ќе се удрат или кога ќе им е нешто се кријат дури да им помине, па излегуваат. Ми е страв да не пцовиса.

    Совет како да му помогнам?
     
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Па прво мораш,ама мораш ако сакаш да не ти умре,што е можно побрзо да го пронајдеш.Втора работа,види колку е голема раната кај стомакот или што и да било,и види дали е ногата скршена,е сега незнам дали препознаваш скршеница,ако не консултирај се со некој кој подобр ги познава овие работи.Ако не може да ти каже,или ако е голема скршеницата веднаш носи го на ветеринар.Тие таму ќе ти кажат што и како,ќе зима инекции и ќе и ја стават ногата веројатно ви гипс или лонгета,и ќе ти кажат дали има инфекција кај стомакот раната што ја опиша,ќе ти дадат таблети и ќе треба да прима инекции и да го носеш на контрола за да внимаваат на целата ситуација,барем така мислам ,сега различно е.Ова и се случи на мојата мачка,и терапијата беше горенаведената,па сега не мора да значи.Скршеницата беше на ногата кај лигаментот,па лекарот утврди дека е скинат лигамент,па не ќе може да го мрда долниот дел од ногата(стапалото да речам).Но,по време кога заздрави раната таа продолжи да си ја мрда и да прима дразби,јас ја чешкав и ја боцкав на ногата па реагираше,но се прават грешки и чуда богами.Не оставај само да помине,може нема да умре,а можеби и да,ако не може да се движи нема да може да се храни само,зборувам ако не го пронајдеш,а коската може да заздрави криво па да има проблеми,зато интервенирај навремено.И да ако има инфекција ситуацијата ќе биде лоша.Се надевам помогнав.Клучно-да го однесеш на ветеринар итно,па ќе ти објаснат конкретно.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Го најдов мачето т.е. само дојде.
    Исто се движи, но нема ништо скршено. Денес беше повесело, убаво си мјаукаше како и претходно, дури и на покрив се качи, па штом толку високо успева да се качи, изгледа не е ништо сериозно.

    Инаку, вчера забележав и дека има течна столица.
    Разговарав со ветеринар, ми рече ако немало крв во столицата не било страшно, можело да е настинка или од храната, а за движењево ми рече дека дополнително ќе дојде да го види мачето.

    Фала ти за одговорот :) .
     
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Епа лажна паника ;) .Штом се качува не е ништо страшно,само дали првери што е со раната кај стомачето?Да не има закачено некоја инфекција па...да има проблем.Тоа провери го.
     
  9. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Имам канадска верверичка и постојано морам да внимавам на него зосто прави бељи кај стигне :D ,многу е темпераментен,секогаш свежа вода ,овошје и колку е можно повеќе да се работи со него за негово припитомување и мислам дека за овие 5 месеци ептен успеав да го припитомам колку е тоа возможно
    Инаку ако има некој зенка нека пише па може да ги париме ,јас никако не мозам да му најдам партнерка на малиов :D
     
  10. lilili

    lilili Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Колку пари е еден преглед на мачка на ветеринар и каде?
     
  11. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    lilili, обичен преглед мислам дека е 150ден.
    Не знам од кој град си затоа еве на овој линк адреси и телефонски броеви на сите ветеринарни амбуланти во Македонија:

    http://www.milenici.com.mk/category.aspx?cid=68
     
    На lilili му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дечки јас си имам една мака...
    Денес кога го шетав моево кутре, налетавме на лудата комшика пекинезерка. Одамна не се сакаат со мојава, се имаат скачкано и претходно. И двете се женски и двете се лути пиперчиња. Башка ист дечко имаа :wasntme: Пекинезеркава обично е затворена во двор, ама денес беше пуштена на улица. И се пушти на мојава и почнаа на сред раскрсница да се тепаат! Не знаев што да правам, почнав да викам и се обидував да ги разделам, ама не можев. Почнаа да се касаат, да се тркалаат една врз друга, хаос! Некако успеав да ги одвојам и да ја избркам пекинезеркава. Отпосле ја проверив мојава да не е некаде повредена, и приметив дека на грбот, некаде долу кај опашката, има крв :worried: Не ми даваше да ја видам, бегаше кога ќе пробав да ја допрам таму, и не успеав да видам дали има длабока рана. Се лижеше на тоа место, крв веќе нема, ама рана сигурно има.
    Пекинезеркава е луда, лани сестра ми ја касна неколку пати на ногата, а бидејќи не е вакцинирана од 2005та, сестра ми мораше предвреме да прима тетанус. Газдите на пекинезеркава очигледно се несовесни, не знам ни дали после тоа ја вакцинираа, а ние ниту ги тужевме, ниту па ги пријавивме дека чуваат невакцинирано куче.

    Прашањето ми е - дали може моево кутре да фати беснило од пекинезерката, иако ние редовно ја вакцинираме? И дали да ја однесам на ветеринар да и ја види раната, или непотребно паничам? Да пробам да и ставам бетадине на раната?
     
  13. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Јас викам да си отидеш ти на ветеринар таму тој најубаво ке ти каже,сепак е стручњак за животни нели? :) Не се паничи.. :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ана пробај да ја ѕирнеш дали има некоја поголема рана или е само гребнатинка, ако не дава да ја фаќаш, пробај со финта додека лежи полека мази ја и види, или дади и нешто храна и види.
    Го имам видено твоето кученче по фотографии и пекинејзерот е мала раса па верувам дека не е многу повредена но сепак, да не имало некои стакла по улицата па да не и е останато.
    Ако е само гребнатинка или мала раничка, немора на ветеринар малце поише хигиена и ќе и помине.
    За вакцините ако на време си ги прима сите вакцини, т.е. ако од последното вакцинирање за беснило се поминати помалку од 12 месеци нема потреба да ја носиш повторно.
    И на пример ако има некоја раничка а не дава да ја допираш можеш да земеш од антибактерисkите спрејови што се и да ја прскаш за да не и се инфицира раната.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Дали е нормално мачор да крвари од гзот за време на парење? Ајде искусните :lol:
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.564
    Допаѓања:
    42.994
    Пол:
    Женски
    Луѓе абе не ли е рано за овие лудите крлежи...сега му најдовме еден на кутрето и баш ме зачуди зошто само што заврши зимава мислев рано им е да се појавуваат.Како и да мора да му ставиме ампула ама онака чисто ме интересира дали кај вашите имате забележно?
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Па рано е, по обичај. Јас на моето од октомври до март не му ставам ампула. Ама зависи од времето, се водам по тоа ако има нула и под нула температура редовно, тогаш не ставам, оти сме имале и 30 степени во октомври една година а друга гребеме мраз од колите сабајле. Ако веќе ви е запролетено времето ништо чудно и крлежи да има, оти кога е ладно не значи дека изумираат, туку само станат мрзи и чекаат да се згрее па да живнат при првото топло. Му било на некој досадно па ги надгледувал. :D Можеле да живеат и до 20 години :o
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Не може да биде нормално. Крварењето ( без разлика на кое место) не е добар знак.
    Однеси го веднаш на ветеринар.
     
    На Lady-in-white му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    На моето маче уште од мало му солзат очите.Еве денес е голем мачор и уште го имаме истиот проблем.Постојано го бришеме и со камилица и со капки за очи и нема лек . Имате некој предлог што би можело да биде ???
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ако не кива и кашла или покажува други симптоми тогаш едноставно му солзат очите повеќе од што треба. На многу мачиња им се дешава тоа, а може да е од алергии, од затнати солзни жлезди, или и од превртена трепка(макар да е во едното око само, пак двете можат да солзат). Се додека е чисти солзи и ако не кива тогаш не е страшно нешто, оти настрана солзење, солзи и кивање кај мачки не е само симптом на респираторна инфекција туку и на висок притисок. А штом пораснал голем а му солзат од мало, не би му се секирала многу. Без детален преглед на очите и ветеринар нема да знае од што му солзат постојано.