Грижа за изгледот

Дискусија во 'Тело' започната од yawn, 14 април 2011.

  1. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    694
    Ова е севкупна тема за Убавина и мода.
    Колку време,пари и енергија вложувате за вашиот изглед?
    Дали вие се грижите за него или го оставате тоа на професионалци?
    Како изгледа една ваша подготовка за излегување обичен ден и викенд....
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Сакам да водам грижа за изгледот. Т.е мислам дека нема девојка која тоа истото не го сака.
    Сакам да бидам средена, чиста и миризлива постојано. Под тоа не подразбирам секој ден да имам 12 килограми шминка на моето лице.

    За на факултет, станувам, одам под туш, се мачкам со млеко за тело, се облекувам, парфемче ова она и излегувам. Не се шминкам. Или ретко ептен.

    За излегување на кафе, роденден и слично, под туш, млеко за тело, еден сјаен спреј, се шминкам, пеглам, облекувам и одам во напад.

    Севкупно трошам пари најмногу на млека, лабела, сјаеви, парфеми, купки, креми како и секоја девојка.
    Не си дозволувам да не се избричам под пазуви затоа што е зима па никој не гледа. Не си дозволувам да обраснам до толку да е приметливо од авион. Сакам да сум мазна, да мирисам убаво, сакам да имам средени нокти. Под средени не подразбирам вештачки и огромни. Моите се од страна изгрицкани, па пак сакам кога ми се налакирани и убави. и да не се налакирани сакам да се чисти. :) Иако не викам дека е секогаш така. Има денови кога толку ме мрзи што лакот знае да си седи подлупен и застарен на ноктите. На секој му се случува.

    Пред спиење ставам крема на лактите и петите, поради тоа што ми се како шмиргли :D, лицето го чистам со алкохол, и сега со една колекција од орифлејм.

    За косата имам едни капки, и еден спреј за заштита од фенирање, па доволно и е. :)

    А изгледот за по дома. Друга прича. Ако не се лажам се имам негде изјаснето. :)

    Не знам дали вака ти беше замислата за темата. Не знам ни дали опфатив се но воглавно тоа е. :)
     
    На bvlgari и yawn им се допаѓа ова.
  3. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.560
    Пол:
    Женски
    Се трудам секојдневно да бидам средена, што значи сакам да изгледам средено, убаво, чисто.
    Практикувам после секое туширање да ставам млеко за тело, стикче, парфем... Пред да одам на факултет се туширам, ставам малку шминка (некогаш и воопшто не ставам) но без да ставам бекутан на лице нигде не мрдам :lol:
    За вечерни излегувања или за на кафе се средувам повеќе, косата секогаш сакам да ми биде средена, најчесто ја пеглам ( кога косата ми е средена мислам дека и се друго е на свое место :) ) Големо внимание и посветувам на косата, користам маски, силиконски капки и сл.
    Исто така и ноктите сакам кога ми се средени, бидејќи ми се кршливи најчесто се кратки и излакирани со некој посветол лак, во некоја понежна нијанса.
    Кај мене нема одредени работи на кои што трошам најмногу пари. Зависи од периодот некогаш ќе се случи еден период да и се посветам на гардеробата, па на козметиката и така трошам се до последен денар :lol:
    Има уште но во глобала тоа е тоа ;)
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    посветувам и повеке од доволно време на својот изглед, а највеке пари трошам на козметика :lol:
    понекогаш знам и да им доверам на професионалцина пр. маникир, педикир(најчесто летно време педикир) фенирање на коса, ама тоа е еднаш во неколку години :lol: :rofl:
    за илегување, на кафе или така нешто се шминкам, но не нападно- нијанси кои ми одговараат,
    (кога имам време знам и да експериментирам)
    секогаш средено, намирисано, убаво и со вкус :$
     
  5. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    73
    Секојдневно користам шминка.. за денско излегување на кафе или на училиште, пудра, туш и моливче.. додека за навечер ставам посилна шминка..на козметика трошам најмногу пари ( после гардероба секако) бидеќи обожавам да се шминкам... иначе многу ретко посетувам козметички салони.. меѓутоа за летово планирам на солариум, педикир, гел на ноктите, депилација.. да се спремам за на плажаа :D
     
  6. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Вложувам онолку колку што имам на располагање пари, време и енергија за мојот изглед... но мислам дека е доволно! Кога се во прашање парите (според мене еден од побитните фактори за убав изглед)можам да кажам дека скоро цела плата ми оди на облека, чевли,накит, шминки, ташни, лосиони и креми за тело... (да не се разбереме погрешно платата ми е скромна така да сепак имам контрола и купувам она што ми треба ;) )
    Време исто така имам доволно бидејќи засега единствена обврска ми е работата и излегувањето со дечко ми и друштво...така да пред излегување скоро секогаш оделувам доволно време за да се средам! Ако предвреме сум ја средила косата довлен ми е пола час да се погрижам за изгледот и да излезам од дома нашминкана и сооветно облечена!
    Енергија исто така имам во доволни количини за да се дотерам! Искрено ми е мерак да си се средам, да се дотерам во нови паталчиња, да се намачкам со мелко за тело, да си ги носам омилените обетки! Ме исполнуват такви ситни нешта кои потајно мислам дека ми влијаат врз расположеието одвнатре! Секојдневно користам шминка и воопшто секојдневно посветувам внимание на надворешниот изглед! Понекогаш ми е преку таквото од секојдневниот ритуал на спремање и дотерување ама тоа ептен ретко се случува и тоа најчесто со причина (уморна,разочарана од нешто,болна и сл) Не дека сум опседната со изгледот но си го сметам за обврска секојдневното дотерување кое сметам дека би требало да биде важно за секоја жена!
    На професионалци им се препуштам само кога морам,односно не знам самата тоа да го сторам! Пр.не знам сама да се шишам па морам на фризер :lol: , се депилирам на козметичар, посетувам солариум оти дома го немам :D ...и тоа би било!
     
  7. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Па вложувам онолку колку што ми дозволува џепарлакот.Најчесто на козметика и аксесоар.Облека и обувки ми купуваат моите.Козметиката ја обожавам,не би можела без неа ни два дена ,најмногу без млеко за тело,спрејчина за тело шминки и слично.
    Наутро кога станувам без разлика дали сум прва смена или втора на училиште редовно ставам моливче и маскара,пудра по ретко.А за излегување знам да се нашминкам и повеќе.И обавезно после секое туширање се мачкам со млеко за тело. :)
    Ноктите си ги лакирам на неколку дена некогаш еднобојно некогаш си ги шарам.За изгледот си се грижам самата,освен за косата одам на фризер. :)
     
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.668
    Би сакала еден ден да имам доволно пари и све а оставам на професионалци :lol: За козметика ми се чини најмногу пари одат,а кога ќе ми снема од све ќе ми снема па 2000ден не ми расправаат..шампон,регенератор,дезодоранс,лосиони,спрејови,силиконски капки,крема за стапала,лак,пена за коса,маска,ампула,пилинг,крема за лица,лосион за чистење итнннн ахх :doh: има уште многу :lol:
    И секогаш водам грижа за изгледот,и во зима одвојувам 10тина минути за да го нахранам телото со лосион иако некои се правдаат дека зимно време им е ладно после бањање да дремат и да се мачкаат лосион :lol: е кај мене нема така...единствено косата ја фарбам на фризер,некогаш се фенирам ама ептен кога ми треба секојдневно не можам да си дозволам,ноктите јас си ги средувам секогаш ми се во бордо нијанса или француски....секогаш имам време да се нашминкам и средам,и не разбирам некој да не си води сметка за целокупниотизглед па млади сме,нели ги фрустрира кога ќе видат 50госишна стредена ,а ти е не...секој има пари барем за основното ,и не слушам изговори...
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    Посветувам доволно внимание, а и пари барем јас мислам дека е доволно.
    Воглавно повеќе пари трошам на козметика одколку на гардероба, највеќе на декоратива но сепак се зависи од финансиската состојба во која сум моментално.
    Внимавам секогаш да бидам средена, едноставно јас така се чуствувавам по самоуверено одколку кога би излегла од дома без да се средам, нашминкам и облечам што прво ми паднало при раце.
    Косата ми е најголем проблем, но се трудам секогаш да ми е средена.
    Воглавно трошам доста време и пари средувајки се, но сепак уживам во тоа.
     
  10. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    192
    Секогаш се трудам да внимавам на изгледот, но се обидувам да останам скромна. Купувам само тоа што ми треба и не се обидувам да навлезам во некои модни трендови кои не ми одговараат, затоа што тоа не сум јас. Се облекувам поспортски а за навечер знам и штикла и фустанче ама не сакам да изгледам како тетка или пак да се облекувам премногу провокативно што е случај со повеќето девојчина на моја возраст. Редовно се туширам, се бричам под пазуви секогаш за да спречам непријатна миризба. Обожавам млека за тело, лосионни, спрејови, парфеми...Шминка секојдневно не корисам, само за излегување пудра, маскара и моливче евентуално некогаш и туш. Косата ми е кратка па само ја пеглам.
     
  11. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    75
    Трошев и на крај престанав, зашто еден кога ѕирнав што се` не имам.
    Си велам барем пола од ова да користев.
    Инаку да многу обрнувам внимание на себе, но почнува да ми здосадува |-)
     
  12. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.932
    Па вака, обожавам да се грижам за мојот изглед и претпочитам секогаш да сум средена. Под тоа не подразбирам еден тон шминка и миризливи масла на мене. Под тоа подразбирам да сум чиста, издепилирана и миризлива.

    Откако ќе станам од спиење, лицето го мијам со ладна вода(имам мрсна кожа на лицето, па ако го мијам со топла вода повеќе ќе ги активирам лојните жлезди), го чистам лицето со тоник, ставам хидратантна крема која ми игра улога на подлога за пудра. Најмногу сум задоволна од кремата против масна кожа на YoungDerm бидејќи е што би се рекло 3 во 1: хидратантна крема, крема против мрсна кожа и акни и подлога. Потоа ставам пудра за да ги покријам недостатоците ( плус ја штити кожата од надворешни влијанија, нечистотии) и маскара. Навечер обавезно ја отстранувам шминката со тоник.

    На депилација на нозете одам стриктно кај стручни лица, не преферирам да се депилирам дома. Под пазувите секогаш сум средена и бидејќи брзо ми растат влакненцата, тоа ми е една од најголемите обрвски(добро сеа во зима малку запоставувам :$ :D ). После секое капење, ги тријам колениците, петите и лактите со пешкир за да ја отстранам мртвата кожа. Потоа се мачкам со млеко за тело а погрубите места ги мачкам со подебел слој на погуста крема.

    Косата најчесто ја исправувам со фенирање, користам шампон кој многу одговара на мојата коса и понекогаш употребувам маска за расчешлување и сјај.

    Во недела, си правам "генералка" :lol:. Правам пилинзи на телото и маски за лицето против митисери :)
     
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.545
    Сакам да се грижам за мојот изглед :)

    Многу си купувам гелови,млеко и спрејови за тело :) Сакам да сум чиста и одржана :)

    Исто сакам да се грижам и за мојата коса бидејки е многу долга и морам да ја мијам 2-3 пати во неделата и да ја чешлам бидејки се мрси :) Ако некој знае некој убав шампон,регенатор или капку нека пишува бидејки сакам малку да ја блеснам и дадам волумен на косата :)

    За лицето исто така сакам да се грижам :) Го мијам 2 пати дневно и плус го чистам со алкохол,лимон за флеките и мед :) Лицето го чистам и со влажно марамче бидејки многу убаво ми го чисти лицето од шминка и го освежува :)

    Шминка многу не користам,повеќе користам крем :) Ноктите исто така сакам да ми се средени бидејки многу се лупат и кршат :)
     
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.909
    Нормално како и секоја ( скоро секоја :D ) девојка и јас сакам да изгледам добро , како однатре , така и однадвор :)
    Најмногу пари трошам на лакови , па затоа морам да имам и што поголем ацетон. Мора секогаш да ми се средени ноктите , тие ми се најбитни . Ако немам лак тоа е зошто имам витамински гел да ги одморам од јаки бои . Значи нема шанси да ми се без ништо . Ако подолго време не купам лак искрено како нешто да ми фали , не ми е по ќеф ништо ...
    Исто не можам да искочам без да се шприцнам под мишките . Еднаш - два пати се имам враќано зошто сум заборавила да ставам дезодоранс :tmi:
    На косата и обрнувам многу внимание , не шетам со мрсна коса ама кога ми е 3 или 4 ден ја врзувам во репче или пунџа правам . После миење секогаш и ставам спреј за обновување и незнам што.
    За тело имам и спрејови и млека ама некогаш после бањање ми иде само да си легнам . После депилација ми е голем мерак да се мачкам , ептен и тогаш не ме мрзи :D
    Од облека сакам фармерки да купувам , и кошулки .
     
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.295
    Едно нешто е сигурно- за мојот изглед се грижам лично јас (што ќе ми се професионалци, кога самата го правам тоа многу добро ;) ). Ми се случило неколку пати професионалецот да ме утне и јас да не го добијам тоа што го сакам. Се депилирам (туто комплето), се чупам, си правам третмани за чистење на лицето, кога имав долга коса и се шишав сама, се лакирам (секакви дизајни), се шминкам, сама си правам фризури итн, итн. Значи, јас сум најсоодветниот и најкомплетниот професионалец кога се работи за мојот сопствен изглед. Најдобро знам која фризура- како ми одговара, си ги знам критичните точки и знам како да ги третирам :)
    Да одговорам и на прашањето, колку време поминувам во подготовки пред излегување од дома? Зависи од пригодата.
    Спремањето за на кафе и за на факултет ми одзема отприлика еден час (зависи дали и косата е вклучена во тоа). Секогаш сум нашминкана, не премногу но доволно за да изгледам пријатно. Не дека имам некои маани кои ги покривам со шминка, но едноставно сметам дека секоја жена треба да се грижи за својот изглед.
    Спремањето пред излегување или пред некоја посвечена прилика е дооолга приказна хаха :lol:
    Нокти, фризура, пилинзи, шминка, облека.....сето тоа може да ми одземе и по 2-3 часа. Но, како и да е....кога резултатот е задоволувачки потрошеното време не го жалам ;)

    Е, сега да напоменам дека моментално користам помош од професионалец- фризер и сум многу задоволна од него. И кога ќе ми порасне косата, пак ќе си го посетувам, бидејќи сум презадоволна од неговата работа :)
    И мислам дека во иднина ќе ми треба помош од професионален масер.
    Се’ друго сметам дека можам да направам сама 8)

    Уфффф ама детално сум објаснила :$
     
    На LittlePinky, srcekrsacka, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.811
    Пол:
    Женски
    Не сакам да имам многу работи кои остануваат неискористени. Доволно ми е да имам од се по нешто, а и сето тоа да го користам :D
    Најголемо внимание обрнувам на косата, пошто имам светла коса со средна должина, често ја пеглам и морам редовно на 2 дена да ја мијам што бара постојана употреба на капки, серуми, маски и што ти не. Смачено ми е веќе
    Еднаш во недела правам пилинг,со талог од кафе и сол (баш прееска си правев и кожата ми е многу мека)
    Депилација се подразбира, иако досега не сум била на целосна (интимна) депилација,али планирам, со Господ напред :D
    За нега на тело, користам еден лосион за тело од чоколадо.
    Редовно си правам педикир со производи од Авон и Орифлејм, на ноктите на нозете скоро секогаш имам црвен лак, кога не сум налакирана некако чудно ми е, а на рацете зависи како сум расположена. Секогаш сама се лакирам :!:
    А да, зависна сум од крема за раце, мразам сува кожа
    И за крај лице и шминка. Користам Dove крема за лице и пошто имам сува кожа и се шминкам само кога треба. Од шминки користам пудра за лице на Менхетен, црно моливче, маскара и руменило (перли)
    И тоа би било се, ако нешто ми текне +, ке додадам :*
     
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.668
    Од каде да ја набавам таа крема на јанг дерм и колку е?инаку и мене недела ми е генералка ден :lol:
     
  18. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    976
    Shery како се прави пилинг од талог од кафе и сол? Ке можеш ли да ми објаснис подетално? Тој е за тело така?
     
  19. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Јас овој пилинг го правам така што додавам две големи лажици за кафе во пластичен сад и една голема лажица морска сол па на крај додавам од мојот гел за туширање и се тријам како забегана особено по нозете. :lol: Велат дека е добро за целулит а и општо за кожата. Ама внимавај, ако го правиш ова во када или ако ви се бели плочките од туш кабината дека бои кафето. Кај мене се црни па немам мака, ама мислам дека некој се пожали за ова на форумов. :hai:
     
  20. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Најмногу од моето слободно време трошам за мојот изглед... Кога сум дома обично сум под некоја маска за лице :D За косата порано повеке се грижев и секоја недела и ставав маски али веке ми се смачи зашто дефинитивно за масна коса нема спас али затоа лицето добива многу повеке внимание :D