1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за изгледот

Дискусија во 'Тело' започната од yawn, 14 април 2011.

  1. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Јас искрено, немам многу работи, но оние што ги имам ми се од тотална корист и редовно ги употребувам. Најважното го имам, со оглед на тоа дека сеуште не заработувам сама и не можам да трошам баш колку сакам и на што сакам, се задоволувам и со ова што го поседувам моментално. Не е воопшто малку, но човечка природа, секогаш сакаме повеќе. :D

    И, секако дека водам грижа за својот изглед. Слободно можам да кажам дека секогаш сум средена, од глава до пети. Луѓето што ме познаваат лично, велат дека сум голема педантерија и перфекционист, тоа посебно го изразувам во грижата за мојот изглед. Бојата на гаќите ми е секогаш иста со бојата на градникот и чорапите, а чорапите мораат да ми одговараат на бојата на патиките кои што ги носам. Способна сум цела ќука да ја превртам за да ги најдам овие 3 работи во иста боја.

    Лице. Секако, користам крем кој што одговара на мојот тип на кожа, моментално тоа е кремот од Nivea, пред неколку дена го купила мајка ми, задоволна сум. Го користам тоникот на Cliven, користам млеко за чистење на лице од Green Line и еднаш месечно, обично тоа е некаде при крајот на месецот, правам маска за лице од банана, мед и јогурт, нешто што го обожавам. Не го мијам многу често лицето со вода и сапун, затоа што имам доста читано дека тоа може само да ја надразни кожата, ништо повеќе, а шминката ја отстранувам со влажни марамчиња.


    Тело. Најголемиот дел од своето слободно време го посветувам на моето тело. Веќе една недела редовно трчам на кеј, кога се враќам се туширам и секојдневно го мачкам со млеко од линијата на She. Го обожавам мирисот, моментално тоа млеко за тело ми е омилено. Иако, користам и путер за тело со мирис на малина, имам млеко за тело од линијата на Bali Bliss (Avon), Amai и ред други кои што ретко ги користам, а сум ги добила на подарок или сл. Под пазуви се бричам речиси секој втор, трет ден, користам стикче од Rexona откако паметам за себеси и никогаш, ама буквално никогаш не ме изневерило. Интимна депилација до сега имам правено само еднаш, иако се средувам редовно и таму, но со брич, бидејќи не можам да соберам храброст и да стегнам заби за повторно да ја истрпам таа болка. (Во тие моменти мразам што сум женско |( , ама Здравје Боже за на лето ќе морам). Депилацијата на моите нозе и раце исто така ја правам самата, со помош на мојата драга машинка и поради тоа што веќе се депилирам редовно 3-4 години, болката е секој пат се помала и помала, издржива во секој случај. Лактите се делот од телото кој што многу си го мразам, како магарешка кожа да имам таму, многу ме нервира, ама ја мачкам со едно средство од Oriflame и навистина делува. Кратко, но доволно за да ми ја омекне барем на една недела. Ноктите на нозете ми се секогаш излакирани, нешто што не можам да го кажам за ноктиве на рацеве, бидејќи истите ги немам. :emo:


    Коса. За косата користам шампон, маска и субрина од колекцијата на Avon, задоволна сум, но сепак едвај чекам да ми се потрошат за да си ја купам новата колекција на Garnier, предолго ја меркам. :devil: Косата ми е исто така секогаш средена, ако не ми е испеглана ми е извиткана, и обратно. Никогаш не сум ја пуштила колку да се рече, а доколку заклучам дека не ми е доволно убава, сјајна и бујна како што сакам да ми биде, донесувам една експрес одлука и ја фаќам или во репче или правам едно убаво балеринско пунџиче, па тогаш и Господ ме гледа. :D Не ми е многу оштетена со оглед на тортурата која што ја вршам врз неа, но за 1 месец веќе би требало да си закажам на фризер, сепак да не претерувам. :lol:

    Од шминка многу малку работи користам, најчесто тоа е коректор, руж во розе боја, црно моливче и римел. Не ставам пудра воопшто, затоа што навистина немам потреба. За среќа. :)

    Се на се`, мислам дека надворешниот изглед значи многу и го претставува многу човекот како личност. Секогаш треба да се трудиме да пронајдеме време за себе, макар и само за извршување на основните хигиенски работи. Знаеме барем во денешно време на секакви болести и инфекции колку значат тие.. :tmi:
     
    На LittlePinky, srcekrsacka и ANELIJA им се допаѓа ова.
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    14 години планираш на солариум ? Девојче со кој памет ? ( no hard feeling) :bow:

    И јас сум 14. Не познавам ниту едно девојче кое оди на школо со шминка. (зборам за основно)
    1. Наставниците ќе и се добро изнавикаат
    2. Ќе претрпи да биде подмет на исмевање не само меѓу соучениците туку и надвор од школото.

    Не дека немаше. Имаше такви случаи, што се не претрпеа. :doh:

    Шминка,пудра само за вечерно излегување и тоа нежна. Најчесто сите не шминка другарка која веќе е изпраксирана :D
    Имам чисто лице, само освен во периодот на пмс.
    За кафе може а и немора малку пудра и римела.
    Ноктите ги правиме сами, туториали од нет или пак со нежни бои. Едноставни.
    Важно е природниот изглед да се истакне. Не планирам уште од мала да изигравам теткица . :D
    Немам брчки, ептен ми е рано за тоа, па нема што да покривам.
    за школо лабело, сјај, парфем и ништо повеќе од тоа.
    Личната хигиена е најбитна. :)

    Исто практикуваме сите другарки.. а и ништо поразлично не прават ни поголемите. :)
    понекогаш изгледа невкусно ако претеруваш, посебно со пудрата :doh: .

    Производи од Авон и Орифлејм порачуваме преку другарки кои се застапници. И тоа ретко затоа што повеќето работи ги "позајмуваме" од мајките. :D
     
  3. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    хахахахахахахахаххахахаха по муабетов испаѓат дека јас доаѓам од друга планета.. или можеби ти.. прво не сум во основно, туку средно 1 год сум.. а познавам мн девојчиња во училиштето каде што учев а се седмо (бидекји тие од осмо не ги гледам неможам да кажам, др смена се) и постојано доаѓаат нашминкани.. а да не зборам за во мојот клас нема девојче кое доаѓа без шминка.. па ајде барем овде кје ве молам без правење лице барем анонимен е форумов... ретки се случаите девојчиња од наша возраст да не ставаат воопшто шминка ..
    а да и за солариумот.. јас не кје одам да се печам.. ќе отидам 3-4 пати колку да не сум мн бела за кога ќе одам на плажа.. и немат да сум единствена.. верви ми..
     
  4. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Hello Earth caling.. :hai: :D

    ја по годините мислев основно си :emo: ,
    ај уште малку и ја ќе видам како е средно :D

    ам.. незнам ваљда е до средината, до воспитанието или наставниците. :!:
    Кај нас тоа не се практикува, затоа што ти треба огромна сила за да ги издржиш сите околу тебе, на прво место наставниците. :wasntme:


    не правам лице, и немам потреба. :)
     
    На Madonna и Forgotten им се допаѓа ова.
  5. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    ^^
    За на училиште само пудра, туш, моливче а за на излегување нешто повеќе ?????? Ами и јас изгледа сум заглавила некаде во минатото или ти малку си претерала...
    Јас пудра за на училиште ставам само кога ќе ми излезат бубулици пред менструација а обично си одам без никаква шминка и да средно сум и воопшто не се срамам од тоа, не сакам да шетам ко да сум била сабајлето на молер...
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    И јас се шминкав во средно, никогаш не сум излегла без пудра, маскара и моливче. Едноставно така си се допаѓав и се чуствував по-самоуверено. Ретко кое девојче доаѓаше без шминка, незнам зошто се чудите. Ако пред 6-7- години сме се шминкале во средно незнам зошто сега ви е чудно?
     
    На srcekrsacka, marama и unlucky им се допаѓа ова.
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    секое сабајле се мијам под пазуви со сапунче бекутан, после стикче и преминувам на дневната рутина за лице, едно доаѓање дома, ручек и право под туш и така сите денови, без разлика каде имам да одам.


    држам до хигиена и нега на тело, нај смрт ми е кога ќе снема вода аххх тек тогаш сум :@ :devil: :muscle:, мислам светот ми пропаднал, а у ск често знае да снема особено овој период. :lol:


    на професионалци се препуштам само за посебни пригоди, за секој ден и излегувања навечер секогаш се средувам сама, дури не одам ни на фризер, сама се правам и доста солидно сум се испраксирала како за фризура така и за шминка.
     
  8. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    па ти мојов пост си го сфатила ко маскирана да одам на училиште.. да ти појаснам.. пудра редам само на бубулиците и тоа за време и пред менструација... моливче редам на долниот дел од окото, а туш редам толку тенко што скоро и не се заприметува, а го редам за да ми изгледаат потемни и поголеми очите.. и искрено вака на 1 поглед кога ќе ме видиш немојш ни да заприметиш дека имам шминка.. бидејќи и молив4ето ми се бриши после пола сат негде.. па сега дали сум премногу нашминкана процени самата..
     
  9. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    насабајле миење заби лице ставање стикце чешлање и то е то..после ручекот откако ке го направам следува туширање миење коса потоа стикче парфемче капки за коса...фенирање и така сум си среденка за дома( не работам а некогаш се дешава и три дена до дукан да не идам )


    кога треба да одам некаде туширање,шминкање средување коса убава облека гледам баш екстра да изгледам и тргнувам


    ноктите ми се секогаш добро средени,исчупана издепелирана се е тип топ...
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Да, посветувам доволно внимание на изгледот.
    Не се потресувам ко некои кои заглавуваат по 5-6 часа дневно посветувајќи се на себеси, ама мојот најголем кошмар е девојка која е нашлапкана со тон пудра и римел, а е мрсна и неизбањата.
    Или под облакот на скапиот парфем да се шири реа на манџа или небањато суштество. :puke:

    Најголем дел од парите ми ги грицкаат млеката за тело и препаратите за коса.
    Внимавам косата да ми е редовно скратена, свежа и здрава. Задолжително фарбана, се ежам од подраснат корен, првут, суви врвови.
    Ако не сум чупана подолго време, имам чувство дека сум дебела во ликот. :D
    Ми се смеат кога им го кажувам тоа, но убаво исчупаните веѓи и те како влијаат на целата конституција на ликот.
    Не можам да се замислам без млеко за тело, моите лосиони, и основните средства за хигиена, јасно е, нив не ги ни набројувам.

    Посебно ценам чисти и негувани заби.
    Ноктите се исто важен дел и зборуваат многу за една личност.
     
    На LittlePinky, srcekrsacka, unlucky и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Како и најголемиот број девојки, парињата најмногу ми бегаат на гел за туширање, рол-он, млеко за тело, крем за лице и други препарати за одржување на личната хигиена. Ах и морам да напоменам дека јас сум задолжена за омекнувачот за алишта дома, секогаш јас го купувам :D

    Дома си седам по тренерки, може да ми се случи да излезам без шминка или само маскара и сјајче за усни, но :!: најбитна ми е личната хигиена - да сум чиста, перена, пеглана без оглед што носам на мене (дали се тренерки или фустанче), косата да ми е миена, чисти нокти, бели заби - никаде не одам пред да се измијам заби!
     
  12. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Вложувам доста во изгледов. Периодов малку ми помина во лежење, долго време сум на одмор, па немам некоја активност посеба освен плажа,дома,плажа,дома..
    Но, си ветив на самата себе дека ке се ставам во топ форма од септември со теретаната повторно!
    А за пари, си трошам колку ми е потребно за да си задоволам потреби и да изгледам како што треба. До сега не сум фрлала пари по слабеења во салони и слично, па немам ни во план :)
    Преферирам повеќе теретана и фитнес во секој случај :)
    Сакам да сум средена надвор од дома , и секогаш сум :) а за дома, онака сум си casual. :)
     
  13. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Доста време и средства издвојувам за изгледот,затоа што тоа ми е многу важно,а и таква сум по природа,ситничар сум.Косата ја потстрижувам редовно,ја фарбам поретко затоа што немам потреба од тоа,ставам фарба мн.слична на мојата боја онака ради сјај.
    Редовно се депилирам и по потреба си одам на солариум,не сакам да сум многу бела.Забите 3 пати дневно ги мијам,и редовно посетувам заболекар не чекам да ме заболи заб за да посетам лекар :!: и 2 до 3 пати ги полирам во годината.Лицето го негувам секој ден-вообичаени ритуали,еднаш неделно маска и пилинг.На лето одам и на масажи на тело,повеќе во летен период.
    Ноктите секогаш мора да се уредни и налакирани.Шминка ставам минимално за преку ден.
    Сакам негувани раце и стапала.Посветувам внимание на секој дел од моето тело.
    Најмногу трошам на пилинзи,креми,млеко,спрејови,ролони,маски,ма се тоа ме кошта едно мало богатство али не жалам,наместо да купувам штикли кога дома имам веќе такви слични како што многу прават поарно и порадо би потрошила на овие работи.
    Негуваната жена е прекрасна и заводлива :inlove:
    Уф да си имам еден салон свој за убавина...
     
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Сакам да изгледам природно и негувано, ама не посветувам пола ден на тоа. Уште ми е млада кожата и фала богу не ми е проблематична, па избегнувам да се шлакам со секакви креми.
    Најмногу обрнувам внимание на добар гел за туширање и млеко за тело, затоа што повремено знае да ми се суши кожата. Исто и од време на време на време кога ќе ми текне си правам и домашни пилинзи. Обавезно депилација, средени дланки, стапала и лакти. Исто и косата мора да е спастена, пошто се друго паѓа во вода ако излезеш небањат и мрсен.

    Како и да е засега немам потреба од којзнае какви препарати и не трошам многу пари на тоа. Избегнувам да ја навикнувам косата и кожата на секакви хемикалии затоа што станува зависна после некое време користење. За возврат на тоа не се фарбам, не пеглам коса и ретко ја сушам со фен. Во лето не се печам како гуштер на плажа па засега си терам без многу замарање.
    Шминка користам минимално за покривање на подочниците и изедначување на тенот, значи некои полесни пудри, плус римел, неутрален кармин и руменило. За вечерно излегување може и туш да ставам.
    Обожавам убави парфеми, на нив повеќе трошам.
    Што се однесува до облеката, на тоа мислам дека најмногу трошам од се ( колку што можам да си дозволам засега ).
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    За тоа колку пари давам и посветувам внимание (не као пола ден сега и вие па какви сте),ни до пола не изгледам од тоа што треба.
    До кога значи?!
    Косава,ај сеа поарна е,ама не е најарна. Ноктиве,цутат ко кокичиња,кожава од сува по сува, куби се секој месец,лакирај нокти,чупај веѓи. Е шо да напраам? У маслиново да се шкалабрцнам?! Шо ?! Целулит, бут, вежбај,диетисувај, храни се здраво.

    Денес многу сум напиздена нешто,а?! Епа сум! Подочњак до колена,пудра не се погаѓа,изгледам ко со гипс. Очиве мутни. Шо не напраив ко шо треба вечера?! Недеља,се знае,фул третман! Абе како не!

    Сакам кожа како на Хајди Клум! Да сјаеееееееее! Нејкум да биде мутна!!! Пилингот,све супер,ќе омекне,до утре...и после?! И после???? Кај не сјае и е сува,па и кога ќе излезе некое мозолче на сета сувоча покрај сите перипетии и молби за совршенство и посветено внимание,абе ти оди да пукнеш!
    Сакам тело ко со фотошоп правено! И молам више париве кои ми се вложени да се исплатат,зошто исто ми се фаќа,ќе почнам да си смрдам на 500 метри и нека воведат таква категорија на олимпијада,молим лепо!

    И да прашам,некоја го користела ли чудово? Помага ли за сјаење и здрав изглед?!
    [​IMG]
     
    На Rozich и rossonerka им се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Би сакала повеќе да се грижам за телото и изгледот, бидејки искрено не лупам премногу пари.
    Сакам да стекнам една навика да вежбам, но тоа го заборавам штом дојде зима и штом фатат студови и си се опуштам со помрсничка храна и на пролет ко мува без глава ајде помалку храна, ајде целулитни масажи, ајде орбитрејк, а претходните 6 месеци газот не сум го мрднала.
    Во однос на козметика имам кажано дека не сум фанатик голем ни препраративна ни декоративна.
    Се грижам доволно за лицето, имам сува кожа па ем сува ем кога ќе ми излезат мозолчиња (а за тие мозолчиња се виновни моите прсти кои во нервозен ПМС само на лицето ми се) па среќа си најдов совршена крема за лицето, па сапун посебен со козјо млеко, секојден млеко и тоник, секој ден го чистам со гарниер за ексфoлиатинг, па навечер со хлорафеникол, па пилинг и маска еднаш неделно.
    Е телото секогаш течен сапун, некогаш и со дове сапунчиња, НО имам мана што ме мрзи да ставам млеко за тело на секое бањање, ма некад и заборавам на многу подолг период. И после суви ми биле нозете, е ќе бидат. А крема за раце ставам 28 пати на ден. И стапалата речиси секојдневно или бар неколку пати неделно ги мачкам. Ама телото јок, дугачко ми е, па ме мрзи да се шлакам цела :rofl:
    За косата се грижам доста. За шминка само основна ништо посебно, малку пари фрлам на тоа.
    На козметичар немам у живот отидено. Ни на масажи, ни солариум ни ништо од тоа.
    Само на фризер одам и вештачки нокти сум ставала :)
    Не сум била ни на професионален шминкер, скржава сум 1500 за 5 саати не давам без јака потреба.
    Сакам да отидам на козметичар, да одам на масажи а тоа кошта, а јас сама моментално не можам да си го дозволам, јас сум моден мањак, пре ќе купам 20 пара нови чевли него да издвојам 1000ка за чоколадна масажа. А толку сакам. Дај некој за роденден нека ме почасти, зашто сама нема да ми текне да одвојам пари :)
    Не дека изгледам лошо, јас сум си задоволна од себе, каква сум таква сум, само на моменти посакувам повеќе да се грижам за телото и тоа да е континуирано, не во зависност од годишното време :)
     
    На srcekrsacka и Miss.Sweet им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    од непозната причина се бев залетала по козметичкиве салони-маникир, педикир,надградба на нокти, на трепки, третман за лице дури антицелулитни масажи и ЛПГ пробав :D-верувам дека едно мало богатство потрошив :lol: а посебно задоволство ми беа масажите(чоколадна, релакс) уште на масажа со вулкански камења не отидов-си ветив дека кога ке се стопли и тоа морам да го пробам, а :!: козметички техничар сум по струка :fubar: , и сватив дека нема потреба од тоа, па почнав сама дома и маникир, и педикир, и домашен третман за лице да си правам а последниве денови не се ни шминкам-до душа немам ни маскара, ни пудра-за проба не дека имам потреба од тоа. За се има пари за тоа нема :tmi: а од козметичкиот шопинг кремата за лице ке биде на прво место-додека дојде на ред користам лосион за тело од Авон мислам дека беше од манго или така нешто и супер е :)
     
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Абе ако ги правиш сите тие третмани за коса, па за тело, па ај сеа ќе си ги цртам ноктите, па не бива, па бриши и пак од ново.... ехеее тогаш и пола ден малку ќе ти биде :D Ама немам ни воља, а богами ни време да се замарам со тоа секој ден.
    И да, за вежбањето што спомнавте. Тоа исто се нервирам, во зима се опуштам малку повеќе со храна, ме мрзи од кревет до стол да се поместам и после кога ќе се одвиткам од хулахопки, боди и слична зимска опрема се чудам што ме снашло. Постојано одржување си треба, ама на кој да му текне. Секогаш истото го правам и се нервирам. За теорија ни нема рамен, ама пракса т'нко :D
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Се грижам за својот изглед онолку колку што сметам дека треба и онолку колку што ми дозволуваат средствата.
    Првенствено се грижам за телото, тоа ми е опсесија, неможам да опстојам ако не вежбам нешто. Тоа ми беше препуштено на професионалци, плаќав за вежбање, но моментално си вежбам сама дома, оскудација, шта чеш :lol:
    Не трошам многу пари на мојот изглед, не користам многу препарати затоа што имам прилично здрава коса, сјајна кожа, чисто лице, па така многу малце препарати користам.
    За нега на тело користам џонсонс гелови за туширање, само масло, било какво и вазелин. За стапалата павловичева или било каква крема за стапала. За лицето, го мијам со пилинг на буржоа или гарниер, нанесувам крема за лице од бајер или виши, маски повремено, моментално на планет спа од авон и кога имам некое мозолче јанг дерм лосион и толку. За косата користам шампон, маска и силиконски капки. Се депилирам сама, со апаратче, а интимата со Лилитовата шеќерна паста. Благодарение на таблетите од пивски квасец кожата ми е сјајна, косата такоџе, а за ноктите да не правам муабет. Ноктите ми се секогаш средени и налакирани, не шарани, ме иритира тоа, и косата ми е секогаш средена, чиста и уредна, исто и забите, како што спомна Трендафилка, тоа е огледало на личноста. Се чупам сама, не посетувам козметичари, досега не сум имала потреба.
    За шминка па воопшто не трошам пари и не користам многу шминка, само пудра, маскара, перли, моливче евентуално и кармини. Тоа ме кошта многу повеќе затоа што сакам квалитетен производ. Но со оглед на тоа што два пати годишно купувам пудра, перли и моливчиња се исплати. Сенки не користам иако имам дома некои, си го претпочиам природниот изглед, не си се допаѓам премногу нашминкана.
    Посетувам фризер, само еднаш двапати годишно.
    Професионалец би посетила за масажи и педикир.
    Севкупно иако не вложувам којзнае колку го имам изгледот кој го посакувам.
    За спремање за излегување трошам околу половина час, ако сум претходно избањата и со средена коса и ако имам одбрано облека.

    Заборавив да напоменам многу важен дел, тоа се парфемите, морам да мирисам убаво, кога не мирисам се гушам и се гадам. Опседната сум со парфеми, ете кај ми оделе сите пари, да на тоа трошам најмногу пари и не ги жалам.
     
    На rossonerka и ines.h им се допаѓа ова.
  20. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Епа вака,јас сум си спортски тип,и така и се облекувам :D
    Лицето си го чистам со некои препарати најчесто Нивеа,не се шминкам,освен за родендени или искачање негде со римел и сјај.Пудра не доаѓа у обзир пошо сум млада и си уништувам лице..Не се пеглам :) Дома сум си по тренерки или шорцеви,за искачање натака навака сум си по фармерки и маичка,а за родендени и тако даље може некоја блуза убава или фустанче :)