Секојдневно водам грижа за изгледот , станувам утрото ги мијам забите , туш , лосиони за тело , средување на коса , убава комбинација на гардероба , малку шминка , парферче ,немам убави нокти за жал па во месецот 1 посетувам козметичар и готово
најмногу пари лупам па козметичките салони.се збогатија од мене.на маникир и педикир одам еднаш месечно.на депилација двапати во месецот.во солариум по потреба најчесто летниот период.а сега почнав да одам во ординација Анчевски.прават најдобри третмани на лице и тело.а од козметика ја користам dr.Hauschka.лосиони и млеко за тело од нивеа.
Трошам онолку колку ми е долг џебот... Внимавам секогаш да изгледам средено ,чисто , и миризливо ... Ноктите ги препуштам на козметичар ! Купувам најмногу козметика Гардероба и обувки моментално купувам од Италија , или порачам по роднините , таму се многу поефтини а се исти како кај нас во бутик... пред туширање пилинг на лице и тело (2 пати во неделата ), потоа млеко за тело , правам купка на стапалата , депилација или бричење задолжително , не се оставам да укарам како мечка Косата ја мијам само со шампон , и понекогаш ставам регенератор ( ми паѓа косата од него ) , не ја сушам со фен , ја оставам сама по себе да се исуши За дневен изглед туш , крема за тело , дневна шминка , гардероба , парфем За вечер слично
Сакам да изгледам средено и негувано па макар и да купувам по ефтини работи ( секако квалитетни). За облека и обувки ми даваат моите, а бидејки сум зачленета во Авон секој месец си порачувам нешто, па не осекам кога си ги трошам парите ,козметиката си ја купувам сама, ретко терам пари од мајками, користам многу производи за кожата, и косата, наутро станувам се туширам, обавезно млеко за тело стикче, спреј за тело, малку пудра руменило маскара и сјајче за уста, облеката на г’з и одам на факултет. Едно доаѓање од факултет се пресоблекувам ( ако ми е многу зешко се туширам облекувам пижами, и одмарам ) чистам шминка, мијам лице, ставам крема... Навечер иста песна мијам заби, чистам лице со лосион кој сама си го правев , ставам гел за мазнење на кожата, оној од Авон од ПланетСпа , се мачкам со кремата Здраве мојот најголем спасител од сите бубалици, и проблеми со кожата, и Лала секако што е за флеки, и утредента кога станувам се чуствувам препородено . На косата и ставам капките оние зелените од Авон спреј за коса од Велафлекс, и сум како нова. Ноктите сакам секогаш да ми се средени па макар да имаат само слој сјај за нокти, дури и кога не ми се лакирани сакам да ми се чисти и средени, нешто што многу мразам е излупен лак, па претпочитам често да си правам маникир бидејки повеке време ми трае. Не посетувам козметички салони, освен за вегите, сама си се депилирам, си правам маникир, педикир сама во домашни услови, редовно користам крема за стапала и сум задоволна од нивниот изглед, ама сега почнав дасе мачкам павличева маст и верувајте чуда прави на нозете, петиците се меки и нежни.... Толку од мене, се трудам сама и одам до максимум, за да изгледам средено и чисто без да трошам многу пари
Јас многу водам грижа за изгледот.Сабајле кога станувам мијам лице,раце,заби потоа се чешлам,ставам парфем,дездоранс,крем за лице и одам на улилиште.Кога се враќам се туширам па пак мијам лице,раце,заби,се мачкам лосион за тело и ставам крем за лице.Навечер пред да си легнам пак се туширам мијам раце,лице,заби се чешлам и си легнувам.
Се разбира дека се грижам, но не паѓам во транс ако ми искочила бубуљичка или ако ми се скршил ноктот Ќе го опцујам така културно .... да ти **** сега ли најде да се скршиш..... И толку Не трошам многу пари, не патам од цена и марка. Вложувам онолку труд колку што е потребно и колку што сум дента расположена. Се случува една иста комбинација да можам да ја стокмам во рок од 5 минути и во рок од 50 минути. Спремањето за обично излагање или специјално е исто. Единствената разлика е во специјалното каде што однапред се планира секој детал. (хахах ова звучеше како дефиниција) Задолжителни работи: -Средена коса -Налакирани нокти -Минимална шминка -Парфем
овде има многу да се пишува.. Не си дозволувам да излезам со мрсна коса и се трудам косата да ми биде посјајна и поздрава секогаш. И на лицето исто му обрнувам големо внимание, трошам доста време на него: маски пилинзи тинтрања триста за дома не носам шминка а за излегување сосем минимално. никогаш не легнувам со шминка на лицето. Телото сакам секогаш да ми е мазно па да си се заљубам во самата себеси не се осеѓам женствено ако сум со влакна па затоа се си дозволувам да бидам влакнеста макар и да не се гледаат. Ноктите секогаш се со нормална должина и често се лакирам. ич не ми е убаво да видам некоја девојка со стар излупен лак или пак со дооолги (орловски) несредени нокти. Облеката секогаш е миризлива и испеглана. притоа и признавам дека најмногу пари на облека трошам сакам облеката секогаш да одговара на местото на кое се наоѓам. дома мора да имам парфем, лабело, млеко за тело и антиперспирант секогаш.
Се грижам за мојот изглед и тоа секојдневно.Пошто имам 13 години и не користам шминка,повеќе користам средства за нега.Секој ден прво го чистам лицето со дермогал или ако имам некои поголеми бубуљички со клинданицин,па го мачкам со крем.Косата ја мијам 2-3 неделно со шампон и со регенератор.Зошто имам "буф" коса т.е. многу ми е густа после миење си ја плетам у плетенки.После бањање се мачкам со млеко за тело.Се пребришувам со марамици и ставам Rexona.Како што реков не користам шминка освен сјај или некогаш римел.Па мислам дека ова за мојата возраст е сосема доволно.
Нема девојка што не се грижи за својот изглед. Секое утро мијам заби,потоа лицето го мијам со Дав сапун и ставам крем за лице. Немам навика секојдневно да се шминкам. Гледам да бидам уредно и во чисто облечена. Секојдневно користам дезедоранс и парфем. Никогаш не се оставам да бидам несредена во однос на депилирање и тие работи,да имам мрса коса. Ноктите со нормална должина и секогаш налакирани.
Секој ден си мијам заби,лице,креми лосиони сапуни,купки,шампони,на козметичат одам на 2 недели на чупање...на два дена се бањам,еднаш во месецо на депилација на нозе и раце... Мои подготовки за обичен ден миење заби лице крем за лице сјај,вазелин испеглана облека и си ја чешлам косата и некако обично си ја фаќам креми за лаце парфеми за викенд се бањам миење заби крем за лице лосион за тело Си ја пеглам косата или ќе си ја фаќам косата некако интересно се шминкам си ја бирам облеката повеќе време парфем
Секогаш се трудам да изгледам убаво, да сум убаво облечена. За нашколо, почнав да се шминкам ама од утре повеќе нема Се трудам секогаш веѓите да ми се средени, а сега почнав и со надусниците Косата да не ми е мрсна, да мирисам убаво, со парфеми.. Инаку за излегување редам шминка
Од секогаш сум се грижела за тоа како изгледам.Прв впечаток луѓето добиваат од изгледот.Пицната , среденка , скоцкана , нашминкана (не секогаш) , напарфемисана и најбитното да не го заборавиме најдобрата шминка на секоја девојка е НАСМЕВКАТА.
Девојки дали сте ги пробале оние третмани за боди врапинг, антицелулитни масажи и кавитации? Дали се навистина ефикасни или не? И да не се за постара кожа кавитацијата и врапингот?
Се грижам за сопствениот изглед секако. Кога станувамзадолжителное миење лице заби, не секогаш наиутро се туширам. Средувањето ми зависи од тоа каде ќе одам, ова е во контекст на гардеробата и шминката, сакам да се соодветни на претстојниот натан. Ноктите сакам секогаш да ми се средени што речиси е и 98% така, млеко за тело во лето послабо користам затоа што се потам многу од него па нанесувам ама мнмалку, антиперспирант задолжително, парфем задолжително, шминка секако, средена коса иии чевлите мора да се средени чисти без нив ништо не е како што треба. Накит не носам претерано но сакам некогаш да имам нешто на себе и ташната е она што сум јас без неа никаде и секогаш мора да ми е вклопена со нешто.
Леле луѓе покрај вашите козметички катчиња(во темата за слики) мене ми е срам да го ставам моето па ќе си пишам тука.Јас никогаш не користам толку многу производи истовремено, посебно не декоративна козметика.Секогаш имам една до две нијанси на пудра, камена пудра, руж обично во корална и розева боја, бронзер или перли, коректор, римел, бело и црно моливче, 2-3 моливи за уста, хајлајтер, молив за веѓи, борд, црвен и темновиолетов кармин, црна и две кремави сенки. За факултет обично секогаш се шминкам, пудра, римел и некогаш место туш моливче, руж може ќе ставам, а може и не, зависи ако сакам малку да го освежам лицето. За кафе или прошетка исто, само може и кармин ќе додадам.За вечерно излегување, камена пудра, хајлајтер и сенки, а може нив и да ги изоставам. Секој ден туширање се подразбира, косата кога ми беше подолга ја миев на ден и користев само шампон и маска или маслиново масло, некогаш и силиконски капки.Сега исто, само што поретко ставам маска, и користам некогаш спреј за коса, восок и лак.Сакам да ми е средена иако е кратка.За препарати за тело трошам најмногу пари, зависна сум од кремите и производите на планет спа, сакам богати и хидратантни млека, имам некое за секој ден и оние кои ми се за излегување, полуксузни, со светки или со појак мирис, користам домашен пилинг и обично дав гел за туширање.Дезодоранс секогаш и парфем исто, на лето претпочитам спреј за тело место парфем, полесно ми е со него.Крема за раце и вазелин пред спиење секогаш.За лице користам пилинг и гел, тоник и крема и маска еднаш неделно. На педикир, маникир и сл немам одено и не ги чувам нокитите, сакам да ми се кратки, обично нелакирани и средени, ако ги лакирам тоа е со црвен или црн лак, не сакам нежни бои. Кога имав долга коса не одев на фризер, секогаш ми ја кратеше татко ми и ми беше совршена, зошто ја носев рамна и без некои посебни финти.Сега кога е кратка морам барем еднаш месечно да посетам фризер. Козметичар не сум посетувала иако сакам кога ќе имам финансии за да си направам целосен третман на лице.Се депилирам сама целосно, се чупам сама исто така.Не поднесувам некој друг да ми ги корне влакната и да ми гледа интима, незгодно ми е.За шминкање еднаш имам отидено да ме шминка професионалец и веројатно уште еднаш ќе идам за свадба, онака не планирам, знам и сама пријатно да се средам. И тоа е тоа.
Важен ми е изгледот многу За коса имам долга користам шампон за сува и оштетена коса (бидејки ја пеглам) , обавезно маска , и масла (маслиново или кокосово) .Секогаш сум средена во косата (или пеглана и локни на природен начин ги правам ) .Косата ја мијам 3 пати неделно . За лицето- имам чисто лице обавезно сабајле и вечер го мијам со козји сапун и два пати неделно ставам зелена глина. За училиште понекогаш ставам пудра, масакра и лабело . За излегување пудра , бронзер , се шминкам smokey , туш , маскара , вегите со моливче и карамин(црвен или темен) За телото имам нормална тежина , вежбам дома , немам стрии/целулит , после бања обавезно млеко за тело . За облека секогаш сакам да сум средена зависи за каква прилика. Ноктите ми се многу важни и секогаш средени , на лето ги чувам и имам долги нокти за срека немам проблем со кршливост а за училиште ми се со средна должина и сјаен лак
Изгледот на секој треба да му биде важен без оглед на полот. И со малку труд и финансии може многу да се постигне.Првиот впечаток за надворешниот изглед е знак за грижлива и негувана личност.
Јас сум од оние кои посветуваат цело работно време на својот изглед па ми иди некако како работа грижата за изгледо. Станувам на сабаље и одам на фитнес вежбам 2 часа, после фитнес се депилирам 1час секаде каде имам потреба од депилација па следи капење 1 час по капење следи мачкање со крем за тело и стик под пазуви, шминкање(пудра,маскара,сјај и руж).Косата скоро секој ден ми е различна дали пеглани,виткана,плетенка,пунџа. Бидеќи имам осетливо лице посетувам дермтолог 3 пати месечно кој ми прави третмани за чистење на лице.
Може оди само втора смена на работа. Бај д веј, кој има потреба да се депилира секој ден? Јас мислам малку дека е преувеличување работава.