Читам, читам па пак читам и си велам или јас ништо не разбирам или некој овде лаже. Кај се видело секој ден да се депилираш? Единстено ако не си врколак, па и тие не се депилираат секој ден. Што не ќе видиш, што не ќе чуеш. А и ова, кај има цело работно време да го посветуваш на својот изглед, во бордел!?
позз до дани1 и нејзината макотрпна работа.. Боже,сестро,па и сите ние се капиме,и се мачкаме со лосиони и триста чуда,ставаме маски на косата,се депилираме по потреба ставаме пудра,маскара сјај и руж и тоа по потреба,богами секој ден немат зш ама ајде,после средуваме коса...ама сепак не трошиме 8 или 9 часа,како што рече ти,демек цело работно време.. Дали ние нешто пропуштаме или ти ја преувеличи работава не знам,ама знам дека многу е и намали си!
Посветувам нормално. Ама брза сум за спремање, за на работа за 20 мин сум готова, испеглана, облечена, минимално нашминкана.
немам други обврски И нигде не пишува дека се депилирам секој ден, и секако дека не е преувеличување работава мене ова ми е начин на живот.
Дани баш ми е мило што ти во животот освен што немаш потреба да работиш моеш целосно да си се посветиш на твоето тело но исто така и ми е мило што освен тоа да го правиш-ништо друго и не знаеш. Ко за утеха за нас што се бафтаме со наука и ринтаме ко коњи.
Kако можи да тврдиш дека ништо друго незнам кога и јас од октомври почнувам со факултето и сварно незнам зошто сите ме нападнавте кога јас вложувам само труд и пари а свјо иглед и сите вие кога не би работеле и би имале доволно пари би го правеле истото
драга моја, јас имам сосема доволно кеш за да го правам истото што и ти но веруј ми! кога сама ке заработуваш тешко дека ке висиш по цели денови по козметичари. патем верувам и дека не си до толку грда за цело време да се улепшаваш, али ко што рече-сега се упишуваш на факс што значи мала си-што значи ке пораснеш и ке сфатиш што ти зборам. и колку да не сум АПЛА ван темата-си посветувам внимание онолку колку што мислам дека ми е потребно. за средување нокти и коса-не дирам јас зошто стварно не ме бива. одам на јога и пилатес, користам топла депилација, но не давам никој друг освен јас да ми го рчне лицето. третмани за тело (од продукти) користам сапун и млеко од Лаш. Не дека не можам повеќе да си приуштам финансиски, туку толку ми е времето.
Дани баш ме интересира како изгледа мајка ти.Секако можеш да кажеш дека изгледа одлично,а јас нема да ти верувам.А знаеш зошто?Зашто ми личиш на оние девојки кои се каприциозни и која парите ги вложува во нешто погрешно.Зашто рака на срце драга моја ова што ти го кажуваш чини и тоа многу.Се надевам искрено не си од оние девојки кои ослепуваат со својата блескавост на сметка на пропадна и запуштена мајка.Или татко кој ја носи истата кошула 10 години.Искрено се надевам дека не е така.
Мајка ми е убава жена со некое килце плус .И секако дека не сум од оние девојки кои ослепуваат со својата блескавост на сметка на пропадна и запуштена мајка и татко кој носи како што велиш ти 10 години иста кошула и двајцата се на многу добра позиција па јас се додека е така ќе се гришам за изгледо и ќе вложувам во себе затоа што нема ништо поубаво од една убава и негувана млада девојка
Извинете ако грешам, ама стварно неможам да сватам зошто одма ја нападнавте дани1. И не разбирам како за некој можите да кажите дека ништо друго незнае кога не го познавате лично и не знаете каков живот има. Не велам дека го поддржувам нејзиниот пост(кој можеби не го склопила баш најдобро, и преувеличила дел од работите) ама еве како што кажа ако нејзините родители добро заработуваат и може да си приушти трошење на голема сума на пари за нејзиниот изглед, без притоа да трпат тие , тогаш супер за неа, лично јас сметам дека тоа е сосема во ред
Дани јас не те напаѓам, вчера те читав и читав и си викам "абе девојчево во 5 да не станува?". Инаку,јас си водам голема грижа за изгледот. Само со косата си водам битка. Наутро си станувам,стандард обврски како секој нормален човек. Секогаш кога сум рано на предавање се шминкам додека пијам кафе, изгледам природно за на факултет, не сум користела нападни сенки и нападна шминка. Понекогаш користам и само пудра без маскари туш и остало,ама кога ме мрзи да се шминкам наутро, некогаш одам и без шминка јас немам срам, па жени сме никоја не е совршена, косата секогаш ми е права, а на врвовите витка. Е со ова се борам секој ден. Некогаш јас носам во репче, некогаш си ставам капче(зимско) и така си седам на предавања, со капата.Си немаме проблем Водам голема грижа за косата, секогаш ми е негувана и ми мириса на убаво кога излегувам некаде ја пеглам или виткам со фигаро. За домашен изглед стандард во тренерки или пижами( само кога сум сама дома). Надвор кога сум секогаш сум средена,скоцкана од глава до пети. За посебни прилики и ноќни излегувања гледам сум средена. Се туширам два пати неделно, не сум навикната секој ден да се туширам. Водам секој ден грижа за интимната хигиена. Користам крема за тело од авон, но поретко. Кога излегувам ставам лосион за тело, секогаш имам парфем во чантата со себе.Ноктите ги заборавив, некогаш ми се средени некогаш не. Некогаш ги правам во салон,а некогаш ги лакирам, си правам комбинации.Се депилирам сама, не одам во козметички салони. Еднаш одев за интимна депилација ама и дома може да се изведе тоа. И тоа е тоа.
Мојата грижа за изгледот е само она основното. Да сум секогаш чиста и уредна. Тоа е тоа. Не се шминкам, не ставам маски на косата, нити нешто друго освен шампон, не ми е фарбана, не ми е сува, таман си е, па немам потреба од нешто друго. Ја потскратувам на одреден период колку да се освежи. На лицето исто не ставам ништо, не користам млека за тела, што знам, не сум имала некако потреба. Одам само на козметичар за чупање зашто не знам баш сама да се средам, така понекогаш се чупам само по неколку влакненца кога има. Се депилирам со депилатор, тоа ми е ептен олеснување, па секогаш сум си издепилирана. И тоа е тоа. Ептен сум лесна жена за издржување.
Миење на лице наутро и навечер за мене е обавезно. Имам мрсна, проблематична кожа склона на мозолчиња. Бидејќи сум малку кнап со пари гледам да користам нешто што можам да направам сама како некој чај во замена на тоник, пилинг од сода, маска од мед итн итн. Телото нормално туширање, ако немам време или вода, ондак замивање. Пилинг си правам од морска сол, шеќер и течен сапун или субрина. Дезодоранс користам постојано, а парфем зависи од расположение на дишните патишта тој ден Понекогаш ме гуши и ми пречи па го избегнувам. Косата ја мијам на 2,3 дена со обичен шампон, моментално коприва. Се фарбам сама, иако порано одев на фризер. На фризер одам 1,2 годишно, имам среќа косава не ми расцветува. И на фризер одам кога имам потреба од фризура за некој настан. Вообичаено ја носам пуштена како што ми е природна, прекршена, понекогаш знае да изненади со фини локни. Или ја собирам во реп, понекогаш пунџа или фатени неколку прамени. Заби обавезно пред легнување и кога станувам, а бидејќи излегувам речиси секогаш поручек се фаќаат три миења. Се депилирам сама со депилатор и се чупам сама. Ако утнам тука е моливот за веѓи Ноктите ми се секогаш средени и налакирани. Летно време се трудам да се иста боја на нозе и раце, а кога почнува сезона на чорапи на нозе црвени или борди, а на раце зависи од расположение. Шминка се помалку користам. Најчесто е тоа туш, маскара и кармин. По потреба коректор, а многу ретко пудра и руж. Со сенки ретко се шминкам, тоа е кога одам на некои поважни места. Не фрлам пари за шминкери, доволно добро си ги познавам цртите и најдобро знам што ми прилега, што не. Гардероба чиста и пеглана, не мора да е нова, битно е да изгледа фино и да нема дупки.
Иди бегај со лажгиве.Стил на живот А! Кој плаќа за сето ова, од платата на работно место кое што време го посветуваш на ?????????????????????? Море ај не бери гајле има многу како тебе.
Според мене грижата за изгледот е многу важна. Јас се капам секој втор ден и се фенирам косата ја фарбам на секои 25 дена. За на факс ја пеглам или виткам. За факс само лабело во боја,користам крем за очи и ги кревам трепките и. безбојна маскара. Тоа е тоа. се облекувам пристојно. Не излегувам во диско така да не се шминкам нападно. обожавам да се шминкам и се шминкам нежно. Депилација на веѓи и раце кај козметичар секој месец. Нокти си правам сама со гел. И треба секоја девојка да има средени нокти. По дома сум си опуштено со трењерки. Во ташна имам секогаш влажни,секојдневни,палома и дезодоранс
Приметувам дека сега многу повеќе водам грижа за изгледот отколку до пред некоја година. Се туширам 2 до 3 пати во неделата, освен во лето кога е ептен жешко некогаш и секој ден ако има потреба. Се мачкам со лосион или млеко за тело, не дека имам многу потреба пошто кожата не ми е нешто сува туку едноставно сакам кога ми мириса убаво и ми е помека на допир. Косата ја мијам секој втор ден, а некад ја оставам и 3 дена да ми искулира од шампони и регенератори (тоа кога знам дека тие денови нема да имам нешто многу обврски или некаде да одам по средена). Сушење со фен или фенирање/пеглање не практикувам често - косата сакам да ми се исуши природно (имам доста права коса па не морам да и се замарам многу), али да, кога излагам негде или едноставно сакам да си се почувствувам по girlie се фенирам или реееетко некад се пеглам. За депилирање си најдов едно девојче што топ ме средува за ефтини пати, супер задоволна сум. Веѓите сега ми е мерак да си ги средувам, со помош на youtube полека полека си се научив сама како да си ги направам тип топ и многу сум си хепи Никад не сум отишла некој да ми ги прави ноктите, не поштувам многу многу гелни нокти со циркони и чуда на нив, си ги средувам сама и ги лакирам зависи од расположение. За шминкањеееее еееееееее тука ми се прави меракот повеќе од било кога! Преферирам поприроден изглед за преку ден, доколку имам ептен потреба од малце пудра, коректор, маскара... ама за навечер за излагање си посветувам доста време и убаво ми е додека го правам тоа! Некад вака ќе се испоотворам и ќе си напишам реферат, али тоа е тоа така ми дојде.
шо и љубоморите на dani? не гледате дека таа си има време секоја ден да си се депилира.. не е тоа ваш проблем грижа за изгледот е многу важна ама не претерано. зависи секој како ќе ја свати фразата '' грижа за изглед'' , за мене грижа за изглед е единствено кога редовно се капеш, водиш хигиена за себе си, се грижиш за телото .. нешта кои секоја жена може да ги прави со денешниве услови.. јас исто така имам приметено дека секоја година се грижам се повеќе и повеќе за изгледот како што напомена rainbowec.. сеуште сум нашколо и имам повеќе време да ја извиткам или да ја испеглам косава, да се спремам на сабајле, ама имам и денови кога некогаш немам време да ја измијам косата и ја врзувам во опавче..никогаш не би излегла од дома не средена. од сабајле планирам што ќе носам , се туширам , сабајлето ја правам косава , се шминкам и низ врата ми треба многу време на сабајле да се средам и секогаш станувам многу рано..
Капење, секојдневно. Исто и со миење заби и лице. Шминка не користам многу, мислам дека сеуште е рано. Косата секогаш си ја носам природна, никогаш не ја виткам, ниту ја пеглам. Во зима, ја сушам со фен, а летно време, сама се суши . Кога немам време да ја измијам, а е мрсна, ја врзувам во опавче и така ја носам. Користам разни шампони и регенератори, како и гелови за туширање, лосиони користам неколку пати во неделата, најчесто двапати и така. За на училиште само лабело, а ставав едно време и маскара. Ноктите секогаш си ги средувам сама. Скоро секогаш ми се средени, а кога немам време повторно да се налакирам, едноставно го бришам претходниот лак, кој е веќе излупен, бидејќи најмногу ме нервира излупен лак . Обрнувам големо внимание на облеката. Секогаш да е испрана. Боите се обидувам секогаш да одговараат една со друга и не ми треба многу време за да се подготвам пред да излезам некаде.