Љубоморни жени, вие ако немате време или пари или волја да посветувате многу време на вашиот физички изглед, dani1 не ви е крива Познавам многу девојки и жени кои редовно вежбаат, пазат многу на храна, нема никогаш да ги сретнеш без фризура, шминка, нокти и сл. па дури и дома ненајавен да им отидеш. Дали имаат или немаат друга работа, колку ги кошта, кој плаќа и слично не е ваша работа. Па и не треба којзнае колку пари да се одржаваш, само малку повеќе време и најбитно-мукает, по нашки. Јас не сум опседната со својот надворешен изглед, гледам да сум постојано чиста и свежа, а финеси со шминки и додатоци зависи од расположение. Знам да се направам барби ако сакам, но знам да сум и со пунџа на коса, без шминка и со широка комотна тотално неускладена облека. Ама чиста
Иди бегај со лажгиве.Стил на живот А! Кој плаќа за сето ова, од платата на работно место кое што време го посветуваш на ?????????????????????? Море ај не бери гајле има многу како тебе.[/quote] И зошто да лажам кога на форумов сум анонимна, па вие не знаете која сум па јас да се занесувам да лажам. Незнам зошто ме нападнавте кога јас си ја кажав мојата грижа за изгледо како и сите вие, а тоа кој плаќа за сето ова не е твоја грижа
Последнава година обрнувам многу повеќе внимание на изгледот од порано. Заби мијам 2-3 пати на ден. Одамна престанав да ги употребувам електричните четки. Користам обични кои се екстра меки и секој месец ги менувам. Додатно користам еден друг вид на четка која е како перо тенка (како замена на конец). Со посебна течност правам гаргара 2 пати на ден и навечер ред спиење со една крема ги премачкувам непцата. Секое утро го чистам лицето со 1-2-3 step колекција за сува кожа. Најпрво сапун, па тоник па кремата за екстремно суви делови. Потоа ставам дневна крема. За испагање ставам подлога за пудра, крема за затегнување на кожа наменета за под пудра, лесна течна пудра, камена пудра а потоа руж и маскара. Не користам туш, римел, сенки или јаки кармини. Скоро се е од клиник. Конечно најдов нешто што ми одговара па тешко дека ќе сменам. Со сетот 1-2-3 и ја симнувам шминката секоја вечер пред спиење. Потоа нанесувам бепатен на критичните екстремно суви зони доколку ми се појават и анти ејџ крема. Пилинг правам еднаш неделно. Под смесата за пилин ставам друга крема за подобро да упие и да се зголеми ефективноста. Се туширам 1-2 на ден, коса мијам на 2-3 дена. Користев шампон против првут неколку месеци и поради добрите резултати моментално се префрлив на бебешки. Регенератор и маска нанесувам редовно а поради тоа што ја сушам со фен косата и пеглам додатно ставам уље на врвовите и бутер. Нa фризер одам на 1.5-2 месеци, каде се фарбам и ја скратувам малку косата. Се трудам секој ден во неделата да користам различен гел за туширање а потоа ставам и крема за тело или уље. Обожавам разновидност во мириси па секој ден комбинирам помегу кремите , геловите и уљата. Имам апарат за депилација од кој сум презадоволна а и сама се чупам. Не сакам да ме пофаќаат на осетливи места. Парфеми редовно користам. Обрнувам многу внимание на облека, обувки, рачни часовници, очила за сонце... Не е доволно да е само чисто и пеглано. Мора се да е склопено едно со друго и да се чуствувам удобно.
Грижата за изгледот ми е многу битна најпрвин да се чуствувам јас убаво во сопствена кожа, а и сакам да оставам убав впечаток кај другите да ме сметаат за педантна, чиста и секогаш скоцкана. Како растам се повеќе и повеќе ритуали и производи додавам во целава грижа и повеќе пари се трошат. Косата ја мијам на 2 дена и тоа ми е правило бр.1. Сакам секогаш да ми е измиена и миризлива. Најпрво користам шампон, го измивам, а постапката ја повторувам два пати. Потоа ставам регенератор еднаш или два пати неделно. Околу 70% ја сушам по природен пат, значи или на сонце или ја чувам во крпи. Потоа ја досушувам колку што ќе е потребно а тоа најчесто е кратко 2-3 минути. Откако ќе ја исушам ја четкам, водена никогаш не ја четкам и ставам или силиконски капки или спреј. Ми се допаѓа како изгледа само исчешлана па така ја носам секојдневно зашто ми е права, затоа многу ретко користам пегла или фигаро нив ги користам најчесто за излегување. Лицето ми е слабата точка. Конечно го средив од акни и сега само пазам да не го упропастам. Некогаш може да ми се случи да го истискам ако излезе по некоја случајна акна и тогаш почнува тешкото. Многу ми е нежно и осетливо и веднаш се вцрвенувам па ајде го мачкам со креми, почесто здраве против црвенило да го вратам во нормала. Секојдневно го мијам со гел пилинг Nivea( за секојдневна употреба е) и сапунче Dove. Го мачкам со лосиони за чистење и против акни а потоа нанесувам хидратантна крема. Почесто ставам и маска од Neutrogena и го мијам со сапун со сулфур од Doctors. Телото го мијам со гел за туширање а после тоа нанесувам млеко или масло за тело. Влакната на телото многу ме нервираат кога ќе почнат да излегуваат и често ги отстранувам сама со депилатор или брич, сакам мазна и мека кожа. Веѓите и надусниците си ги подсредувам еднаш неделно, обожавам кога ги средувам. Сама си ги правам со ленти и чупалица зашто јас сама најубаво си ги правам. Козметичар единствено посетувам за ноктите, ставам надградба и месец дена не се замарам дали ми се изгребал лакот. Стапалата ги турпијам 2-3 пати неделно и после секое миење ги мачкам со крема. Парфем не користам најмногу поради тоа што не ми се допаѓаат како мирисаат, чудно знам Облеката гледам да ми е чиста и испеглана, да мириса убаво и да ми е прикладна за да се чуствувам убаво.
Ринтаме за нашето потомство за да биде среќно, затоа што тоа е најголемото богатство. И јас сум средена од глава до петици да не го срамам детето , а и себе, ама „цело работно време“ хммммммммммммммммм
Битно ми е да сум секогаш средена.За мене средено значи чисто. Се туширам секој ден,а косата ја мијам на 2 дена или некогаш ми се случило на ден да ја мијам бидејќи ми е многу мрсна.Користам шампон со Алое Вера и регенератор,но се трудам регенераторот поретко да го користам бидејќи приметив дека не треба толку често да го користам. Телото го мијам со најобичен бебешки сапун,а гелови за тело и слично избегнувам бидејќи штознам...мрзлива сум,но,сапунот ми врши одлична работа. Косата си ја чешлам ненормално многу бидејќи имам многу шашава коса која не стои на место.И,секогаш кога ке излезам од дома после 15 минути делува како косата да не ми е воопшто чешлана бидејќи ми се увртува,разлетува и изгледа ужас.Тоа се најмногу нервирам,но сепак избегнувам користеќе пегли,фенови и слични препарати. Лицето си го мијам со сапун насабајле и навечер.Насабајле ставам дневна крема за да ми го матира лицето а навечер обично си го чистам лицето со ракија. Ги мијам забите насабајле обавезно,и навечер ги мијам често но се случило да заборавам. Шминка користам само маскара,многу ретко пудра,сјај и...лабело?Се шминкам само за излегувања,родендени и сл. Парфемчиња си користам редовно,секој ден за секаде.
Сметам дека грижата за изглед е премногу важна, посебно кај жените. Кога сме кај тоа, можам да кажам дека секојдневно посветувам внимание на мојот изглед, во зависност од тоа како располагам со време и се разбира, во зависност од пригодата. Кога сме кај личната хигиена денот ми започнува со миење лице и заби. Заби мијам наутро, навечер пред легнување и после секој оброк. Ако треба да излезам тогаш ги мијам пак. Лицето наутро го мијам со медицински сапун, а потоа ставам дневен крем за лице. Навечер го мијам повторно со медицински сапун, го чистам со тоник и лосион и на крај ставам ноќен крем, кој исто така го затегнува лицето. Еднаш до два пати неделно користам маска за лице. Се шминкам само доколку мора да одам некаде и најчесто користам течна пудра, бела сенка, туш, маскара, креон, кармин и руменило. Се туширам секој ден, а косата ја мијам на 2-3 дена. За нега на косата при миењето користам шампон и еднаш до два пати неделно маска за коса. После миењето ја чешлам додека е водена, па и ставам балсам за коса кој не се плакне или бадемово масло за врвовите и ја прскам со спреј за заштита од горење. Ја оставам да се суши по природен пат, а со фен ја сушам само ако морам веднаш после миењето да излезам. Одбегнувам да ја пеглам или виткам, бидејќи пробувам колку толку да ја одржам здрава, бидејќи ужасно многу ме нервира кога ќе видам испукани врвови. Најчесто после миењето правам плетенки за да ми биде виткана или ја оставам така. Ја фарбам на 1-2 месеци и тогаш и ги потстрижувам врвовите. За телото користам гел за туширање, а после туширањето се мачкам со млеко за тело и се прскам со спреј за тело. За стапалата користам посебен крем кој ги омекнува, а за рацете крем за раце. Ноктите на рацете и нозете обавезно мора да ми бидат налакирани, бидејќи не можам да се поднесам кога сум без лак или кога лакот ми е излупен. Се депилирам сама. Веѓите и надусниците исто така ги средувам сама, со ленти и чупалица, два до три пати неделно. Парфеми користам кога излегувам, а за по дома се прксам со спреј за тело. Рол-он ставам секој ден, наутро и навечер пред легнување. Најчесто користам производи од Авон. Облеката сакам секогаш да ми е чиста и пеглана и да се чувствувам удобно. Сакам секогаш да сум дотерана, скоцкана, но најважно ми е да се чувствувам удобно и пријатно во тоа што го носам. Модни додатоци ретко користам, а кога користам претпочитам мали обетки и нежни ланчиња. Масивен накит ставам само кога комбинацијата која ја носам е едноставна. Чевлите исто така ми се секогаш чисти и најчесто носам рамни обувки. Штикли само за излегување, а и тогаш претпочитам некои со пониска штикла.
Не мила рoк овде никој не и љубомори, туку таа сака ние да се почувствуваме подолни од неа. Не знам кој и е филмот и зошто си лета во облачиња, но се гледа дека само за тоа е дојдена на фрумов. Од сите 6 мислења кои ги има, сите и се во оваа тема. Сигурно и ангелите од ВС може да и подзавидат. Јас ретко се шминкам, но лицето и телото секој ден си ги негувам. Секојдневното туширање ми е задолжително, како и хигиена на заби, нокти, уши и пети ( посебно во лето). Косата ја мијам 2-3 пати неделно. Гледам да се хранам здраво, но не секогаш успевам. Си вежбам 3 пати неделно, а немам некој голем мерак за тоа. Косата ми е или во реп или пуштена, а природно ми е права и често ја оставам да се исуши, зошто фенирањето и пеглањето многу ми ја оштетуваат. При секое миење на косата користам маска, балзам и силиконски капки. Се депилирам сама, со што секој месец си заштедувам по 20 евра и од нив си купувам што ми е потребно. Шминка користам само за излегување и гледам да е на природна база. Маски за лице користам од орифлејм и авон, но често знам да си направам и домашна, па користам 1 неделно,а поретко и 2 пати. Пс. секогаш кога ќе споменам здрава храна- ми се здојадува пица или чипс и затоа избегнувам да го користам тој термин.
^ Зошто кажа дека вежбаш 3 пати неделно и дека секојден се тушираш? Сакаш тие што не вежбаат и не се тушираат секојден да се чувствуваат подолу од тебе? По твоја логика
Епа и јас да кажам како се грижам за мојот изглед. И не се замарам којашто ќе помисли откако ке го прочита ова и онака тоа е мое тело и мој живот. Нели? Секој за себе. Но без претерување. Косата ја мијам 2-3 пати неделно зависи од потреба. Користам маска,шампон,масло за коса, избегнувам да ја чешлам постојано бидејќи ми паѓа косата без разлика на сезоната. Не ја пеглам бидејќи ми е првава, после секое капење користам фен, мн ретко ја витка дури можам да кажам 2 пати годишно со фигаро. Додека пак за природни локни или таласеста коса тоа го правам скоро 10 дена во месецот, со витлери или плетекна ке ја врзам косата па наредниот ден ја пуштам. Косата за по дома ми е најчесто во реп, а за надвор пуштена, кок, репче, локни, брановидна и така. Нокти имам убави барем така ми кажале. Секоја недела ги средувам сама дома, немам пари за да се расфрлам искрено да кажам, па ми е проблем, студент сум живеам во друг град и секој пара гледам да ја користам рационално. Значи да се навратам на ноктите ги турпијам еднаш неделно ги лакирам, а знам и нешто да им нацртам. За депилација сама се депилирам или бричам зависно која метода од овие две ја користам зависи од сезоната, на лето депилирам на зима се бричам. Сама средувам и веѓи, и надусници. За лицето водам исто така грижа го мијам само еднаш дневно пред спиење, па со тоник и на крај крема. Кога сме кај шминката, се шминкам за на факс само туш, маскара , лабело или нежен слој на карминче. За вечерно излегување се шминкам по конкретно, пудра, сменки, туш, маскара, моливче,кармин, руменило или бронзер, коректор и др раб. Заби мијам 2 пати дневно сабајле и навечер и ако излегувам и тогаш обавезно. Се туширам 3 пати неделно после тоа користам мелеко и тоа е то.Користам спреј против потење и дезодоранс или спрејче. Мрза ми е да вежбам а мн сакам ама немам време ни волја искрено. Ќе почнам 2-3дена и после ми здосадува а и нема потреба не сум некоја дебела, растресена па тоа според мене на моево тело не мора, инаку би било пожелно ама таква сум. Не се храна здраво воопшто значи јадам се што не е здраво а не ми се одразило на здравје и килажа што е супер. А имам сам 60 кг на висина од 173цм. Тоа е тоа за мене.
Незнам кој дел не го разбра дека девојката посетува салони за депилацијаа секој ден, бар така има пишано. Да јас сама се депилирам. Вежбањето 3 пати неделно го правам дома, туширањето е кај мене задолжително ( зошто секој ден сум по автобуси). И не станувам сабајле со помислата која пудра и кои сенки и какви нокти да ставам. Не знам зошто мојот пост го сфати како фалба, кога ниту пишав за некои салони, ни за брендови и некакви колекции.
Се туширам секој ден со обично ,бебешко сапунче,а ја мијам косата на секои два дена со шампон (не знам како се викаше).После туширање /бањање се мачкам со тело за млеко,рацете и лицето ги мачкам со крема.Кога имам акни си ставам хидроциклин.Лицето секоја вечер и утро ги мијам со нивеа 3 во 1.Косата ја чешлам ,ја сушам и некогаш ја пеглам ,но многу ретко. Се депилирам секој месец,а се чупам секои два дена и надусниците секоја недела.На усните постојано ставам лабело.Ноктите ми се налакирани постојано и се истурпиени. Вежбам секој втор ден по еден ипол час. ,за викенди по два.Од шминка користам само малку пудра и сјај,некогаш и маскара.Забите ги мијам наутро и навечер и на една недела со пастата за избелување. Дезедоранс и парфем обавезно. Така да се трудам добро да се грижам за изгледот.
Каде пишува жити се дека се депилирам секој ден, па дури почна и да измислуваш дека сум пишала во козметички салон болес љубоморна жена. Исто и јас незнам зошто мојот пост го сфати како фалба, кога ниту пишав за некои салони, ни за брендови и некакви колекции .
Ај жити се, а на што сум ти љубоморна,на опсесијата за изгледО (т)? Да кажеше дека имаш докторат да ти завидев, ама на ова ич не ти завидувам. Мојот пост се однесува на тебе само до првата запирка. И да ти кажа дека се депилираш после фитнес, а до сега не сум сретнала некој да се депилира секој ден. Останатиот дел од постот е разговор со конкретната феминка која ја цитирав. Колку за потсетување Ич не ти љубоморам на делов со влакната. Не, не би го правеле истото. Рботно време во нашава ни земја е 8-9часа.Е сега колку треба да си одлепен да трошиш толку време, за средување, а да мислиш дека си нормален? За тоа реков дека и ангелите на ВС може да ти подзавидат. Се ќе беше ок со твојот пост ако го немаше ова со работново време. Се прашувам каков ќе ти биде стилот на живот од октомври. Муабетот ми е, дека сакаше да се пофалиш, ама малку повеќе подлажа и за тоа си доби такви коментари од нас. А пиша: И зошто да лажам кога на форумов сум анонимна, па вие не знаете која сум па јас да се занесувам да лажам. Незнам зошто ме нападнавте кога јас си ја кажав мојата грижа за изгледо како и сите вие, а тоа кој плаќа за сето ова не е твоја грижа [/quote] Или лажеш или си опседната со средувањево, а опсесијата е нездрава работа.
Дани да те прашам јас, зошто сите 7 мислења ти се баш за оваа тема? Ништо друго не ти е интересно од фемина?
Лелелее успеавте лом да се направите и за едно средување, женска работааа. Секој си има право што сака да прави, ало олабавете малце. Инаку Okcenzi јас мислам дека Bridget со иронија кон Дани го напиша тоа, а не кон тебе... барем јас така сфатив може јас грешам. Како и да е, и јас водам хигиена и секогаш сум средена од глава до пети ама пола од постовиве што ги прочитав (како и чупање секој втор ден) ми се малце претеризам... ај да земам со сите да се расправам јас сега. Оладете малце, никој не се обиде да ви касне од чинијата тука.
Затоа што не сакам да бидам пак нападната со негативни коментари и наречена лажга кога само ја кажувам вистината, и мојот нечин на живот
Ако пишеше и ти дека се капеш секој ден по 1 час и со тебе ке имаше кавга. 1 час капење( несвест) секој ден, па кожата ке ти се собере ко попарена кокошка.