И јас да се изразам за изгледот .Значи јас секој втор ден се бањам ,лицето обавезно навечер го чистам со ласион па ставам ноќна крема ,косата ми е малце проблематична сува користам маски и регенератори за да ја направам малце понормална ,ае сминкам само кога излегвам преку ден на кафе и навечер во кафич стилот на сминка зависи од расположение.Во глобала човек треба да се грижи за својот изглет во границите во кој мисли дека се чуствува удобно и средено да не се претерува ,па жалосно е да се потроши повекето време во животот во средување ,треба и да се живее
Во ред, сфатив дека не си лажга туку опседната со изгледот, па затоа само тука и те читаме. ОК сори за тоа што мислев дека лажеш.
Ова не е твое??? Можеби сакаше да кажеш се подзабричуваш! Ајде де живеј си го начинот на живот твој си е, нема да ти го присвоиме.
Што е запнувањето за Дани не ми е јасно ако некој се издвојва од вашата дневне рутина или начин на живот и одма некој лажи и измислува неможам да сватам некои членови значи дефинивно.. Мојата грижа за изгледот се состои од тоа,да видам секогаш чиста и уредна тоа ми е на прво место, чисти заби, коса лице средени нокти чисти и испеглани алишта... Доколку во денот излегувам негде за некоја работа станвам,се туширам пијам кафе се облекувам средвам и заминувам,доколку не дома станвам мијам лице заби средвам коса облекувам тренерки да ми биди комотно и вечер пред излегвање се туширам или пред спиење зависи... Депилација секој месец задолжително кај мене,а доколку морам да направам некоја отстапка да морам да се средам за негде да е неопходно ме има и бричот послужено во хитни ситуации. Проблем секогаш ми е косата што многу брзо ми се мрси денес ако ја измијам утре во коренот веќе ми е мрсна така да тој ден ја носам пуштена наредниот фатена. Овај месец не одам на вежбање памалку мојата дневна рутина се смени меѓутоа да не забегвам со муабетот објаснив во што воглавно се состои мојата грижа а за лажењето девојки кој лажи сам си се лажи нормално...
За сабајле и навечер го мијам лицето со сапунот гел за мрсна кожа од Apivita , потоа од кога ке го измијам лицето ставам крема за лице на Clinique Superdefense и од кога ке се упие кремата тогаш се шминкам. Се шминкам скоро секојдневно За навечер , прво ја чистам шминката од очите со течноста на Гарниер 2во1 , потоа го мијам лицето со горенаведениот сапун на Апивита и го чистам со млекото за лице на Korres Milk Proteins 3in1 Потоа нанесувам крема за околу очи Clinique - All about eyes и тоа е тоа Заборавив да наведамдека двапати неделно ставам и маска за лице на Apivita и Во врска со телото - се туширам секој ден so Балеа со мирис на лубеница и потоа се мачкам со
Секое сабајле се туширам, се мачкам со млеко за тело, после тоа мијам лице го чистам со тоник, мијам заби и ставам крема за лице. Ја средувам косата ако треба да се допегла-довитка. Косата иначе ја мијам на два до три дена, најчесто на фризер, дома ако немам време за фризер. Скоро секој ден се шминкам, за преку ден наједноставно прајмер, пудра, камена пудра, руменило, маскара и кармин или сјај. Што се однесува до депилација дома се депилирам со машинка на недела дена, по потреба. Ноктите ги правам два пати месечно. Косата ја скратувам еднаш месечно ја третирам со маска при секое миење а еднаш неделно практикувам дома да си направам некоја природна маска и со неа ја третирам. После секое миење ставам спреј за расчешлување, арганово масло и малку силиконски капки.
Кога сум прва смена на училиште си мијам лице, заби ставам дезодоранс, крема за лице, пудра коректор и римел се облекувам и одам. Се туширам навечер со гел за туширање, бричам нозе и пазуви со пена за бричење, алишта си пеглам исто навечер. Кога сум втора смена од сабајле исто си мијам лице,заби, шминка, си пеглам нешто за носење и одам на школо. За викенд за излегување прво се бањам средувам нозе, пазуви, мијам коса ако има потреба, ставам млеко за тело или лосион, дезодоранс, сушам коса, се шминкам зависно од тоа каде ќе излегувам си пеглам алишта и се облекувам. Косата ја мијам скоро секој ден бидејки многу брзо ми се мрси. За депилација одам 1 месечно на козметичар, фризер исто така 1 месечно за шишање. Се фарбам дома сама, фризури исто си правам сама. Еднаш неделно најчесто за викенд си правам пилинг на лице, ставам маска, шминка отстранувам со млеко од Нивеа, користам регенератор за коса, маска, спреј кои ги комбинирам не ги користам сите наеднаш користам и силиконски капки, парфем, креми за раце, пилинзи, пена за коса, лак, вегите си ги средувам дома сама и тоа е отприлика може и нешто да сум заборавила.
Се грижам, но не сум опседната, така би ја опишала таа моја грижа. Не се осеќам запоставено, баш напротив мислам дека сум доста негувана, туку едноставно немам време за целодневни ритуали, никогаш. Кога и да имам слободен ден не се одлучувам да го користам за тоа да го посветам на тинтрање и третмани правење. Не ме опушта и релаксира тој процес, туку го сфаќам како нешто што сакам да биде завршено во најкраток можен рок и на најпрактичен начин. Во текот на денот покрај времето што ми е одредено за секојдневната основна грижа, како бањање, миење лице, вадење шминка и сл. обично вметнувам нешто како чупање веѓи, правење пилинг, депилирање раце, па утре некој друг дел и тн. Облеката ми е постојано свежо испрана и испеглана, косата секогаш ми е чиста, некогаш пуштена, некогаш уредно собрана во репче или едноставна пунџа или плетенка. Не се фарбам, се шишам на пола година затоа што не ми цвета, а фризури што захтеваат повеќе од 2-3 минути не знам да правам, ниту имам нерви за тоа. Во однос на шминката, сакам уредно да изгледам и пре би да ставам 3 квалитетни работи на мене што нема да се размачкуваат и ќе стојат на место под секакви временски услови, отколку да трчам на секој пола саат во тоалет да проверам што треба да корегирам. Некогаш кога сум излезена наменски да завршам некоја работа од 1-2 часа, имам доволно самодоверба да излезам и без шминка. За вечерно излегување повеќе се задржувам пред огледало, но сепак се спремам релативно брзо затоа што сум испраксирана и ретко експериментирам со шминка. Имам неколку истестирани комбинации што ми прилегаат на тенот и ги менувам зависно од расположение, облека, пригода и сл. Парфем користам секогаш освен кога одам да спортувам. За на работа и факултет користам подискретни и ненападни мириси, без разлика на годишното време, а кога сум излезена си дозволувам поголема слобода по тоа прашање и покрај годишното време, обрнувам многу внимание на тоа каде одам и што носам. Една од подобрите работи што ги имам направено за себе е тоа што се откажав од цигари и палам само во посебни прилики, а со тоа доста ми се има подобрено и тенот и состојбата на кожата, па од кога го увидов тоа, некако повеќе се трудам да се грижам за изгледот од внатре, со секојдневно применување на некои ситни фини навики што позитивно влијаат на имунитет, расположение и сл.
Косата секогаш мора да ми е средена, редовно туширање, миење лице со гел, нега на кожата со соодветна крема. Редовно миење заби, задолжително два пати дневно, понекогаш и три. Шминкање по дифолт, парфем, добро искомбинирана гардероба, прилагодена спрема приликата и соодветен накит. Мора се’ да биде тип-топ!