Грижа за старите родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lolyta777, 19 јануари 2011.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.818
    Пол:
    Женски
    Се мислев каде да ја сместам темава, ако не одговрта преместете ја или избришете ја.
    Имено, пред неколку дена слушнав дека во Кина е донесен или е во подготовка не знам точно Закон за грижа за старите родители, според кој децата ќе бидат должни да ги издржуваат своите стари родители.
    Се прашувам како би било кога и кај нас би се донел таков Закон. Дали би го подржале или би биле против?
    Еве, конкренто за мене, јас сега за сега сум во добра, солидна, материјална состојба и мислам дека во моментов би можела да ги издржувам и да се грижам за нив, но тука се и родителите на сопругот.
    Но, јас сум невработена, така што сите финансии кои ги носи маж ми, морам да ги планирам за тековно издржување на месецот, годината и се разбира да штедам што би се рекло за црни денови.
    Од друга страна, моите родители мене и на сестра ми успеале да ни ги задоволат нашите потреби, никогаш не сме биле разгалени, да добиваме се во секое време, сепак и двете не школуваа, ни правеа матурски, дипломски, свадби итн.
    Прашањето е - Дали кога би постоел ваков закон, а се нема доволни финансии, ќе треба да ги лишиме нашите деца,( на пр. да бираме меѓу правење свадби и издршка на родител,) од исполнување на нивните соништа или да ги згрижиме оние кои ги исполниле нашите, условно речено, соништа.
    Лично за мене, доколку немаме доволно средства, јас во договор со родителите и сестра ми би ја продала семејна куќа, за да можам да ги платам на пр. трошоците за храна и лекување, а на родителите би им купила помало станче или би ги земала кај мене, секако со нивна консултација.
    Меѓутоа сите сме свесни за финансиската состојба во нашата мила татковина, па прашањето е -Дали овој закон доколку би постоел кај нас би бил оптеретување за семејствата или не? А што е со социјално загрозените семејства?
    Сепак и јас сум родител, треба да се грижам за моите деца,за нивната сигурност и иднина, а што би било на старост со мене, дали треба целокупната грижа да ја оставам на моите деца, во смисла- што ми е гајле тие нека му ја мислат.
    Ме интересираа и вашите мислења.
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Да се донесе ваков закон во Македонија би било еднакво на апокалипса.
    Парадоксално и жално, но поголемиот дел се потпираат токму на пензиите и финансиската поддршка од старите.
    Дури сосем нормално е, слушам коментари од 40 и кусур годишни луѓе - па што, родители ми се, треба да ми помогнат.
    Е до кога бре, до смрт?
    Ситуацијата е комплексна, а нималку лесно е да се грижиш за постари луѓе.
    Се надевам дека ќе имам доволно финансии да се погрижам за моите родители кога ќе остарат и да им овозможам мирна и пријатна старечка доба (уф , изразов :D ) рамно на се' што ми овозможиле и се' уште ми овозможуваат во животот.

    Но, има тука еден момент на кој повеќето забораваат.
    Старите не се многу захтевни во поглед на финансии (со исклучоци, кога се работи за некоја сериозна болест или постојан медицински надзор).
    Значи немаат барања од типот нова облека и патувања, луксузи во домот или некои посебни желби за јадење.
    Од искуство, се' што вистински бараат е само малку друштво, внимание, разговор и љубов.
     
    На Giovanna, oliolivera и teddybear им се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.682
    Подобро би издржал закон за доживотно издржување на децата, отколу грижа за старите родители.
    Многу примери околу мене се страшни за опишување. Ги сместуваат родителите во шупи да живеат, им ја земаат пензијата, на нив им од пензијата не им даваат ништо. За јадење-што остане од ручек се дава на старите.
    Или пак како што е пишано погоре, за тоа се родителите да ги издржуваат децата (ама до кога :fubar: )
    Јас имам два примера такви во мојата фамилија.
    Од една страна е чичо ми и неговата фамилија и злоупотребата на пензијата на дедо ми. Тој ја зема пензијата, а дедо ми живее буквално во мизерија, баба ми е почината пред 22 години, тој сам се грижи за себе, а човек што има ептеееееееееен слаб вид и перде на очите колку може да се грижи за себе??? Плус една манџа ја јаде 3-4 дена. Ме фаќа жал за него, но одбива секаква помош од татко ми и од мене ( си осеќа грижа на совест што на постариот син не дава ни 1 денар од пензијата, ниту пак на децата на постариот син). Од таква голема куќа, го оставија на цел спрат празен, без мебел, само со минимални услови за живот. Ама дедо ми си е крив !
    Од другата страна пак, вујко ми тотално си ужива во животот со баба и дедо. Тие готват, плаќаат сметки за струја, вода и телефон. Плус и мобилниот на вујко ми го плаќаат. + децата на вујко ми ги издржуваат-им даваат пари за на училиште, за шетање, им ги задоволуваат нивните секојдневни каприци. А дедо ми и баба ми имаат вкупно примања околу 500 евра(а пензионери се) и се жалат дека немаат пари. Па кој к*р се жалите на мене, кога вашиот син ги зема парите, а мајка ми или јас?!?!?

    Конкретно јас сум за издршка на родителите, ама каде што се има повеќе деца, товарот да остане на оние што се останати во истата куќа да живеат со нив. А во случаите каде што се сами родители-би требало некое од децата-во договор со останатите-да ги згрижи во своја куќа или во своја близина.

    А јас да треба да одбирам помеѓу моите родители и децата....тешко, но сепак сите живееме за своите поколенија. Ќе барам да воспоставам некаква рамнотежа помеѓу двете страни.
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.818
    Пол:
    Женски
    Токму тоа и ми е поентата, старите ти помагаат, ти плаќаат сметки, фрлаат по некоја паричка,(или им ја земаш цела пензија) а за возврат што добиваат, манџа 3-4 дена, и некоја шупичка...Дали е потрбен закон за да се зголеми моралот кај децата и да ги гледаат своите родители. Дали навистина некој што не чувал и негувал заслужува таков третман...
    Еве еден случај, кога мајката на мојот другар почина, тој се радуваше затоа што сега ќе има уште една соба да направи детска за децата (имаат 3 год. и другото 8 месеци).Дали старите баби и дедовци се товар на семејството, дали само ги чекаме да умрат?
    Од друга страна, што мислите за старските домови...дали таму навистина би им било добро или таму се оставаат само за да починат..?
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.314
    Допаѓања:
    18.073
    Пол:
    Женски
    Хаха, е според мене бе негата се заслужува :D ...моите коа беа здрави и прави се откажаа да ми помагаат на било каков начин заради најглупави причини не е ни важно, не ме прашаа со години дали сум гладна, жедна, дали ми требаат пари, дури ме избркаа од дома и ме натепаа коа дојдовме кај нив демек да се смириме...се плашеле да не им земам нешто...мореее....такви ни за во дом не се :@. Да им дадеш корка леб во зима, парче лубеница во лето, а пензијата да ја носиш на домот за деца без родители Сеа не се толку здрави како порано, ама им е незгодно да побараат ќерката да ги бања и чува како мали деца...ете им го брат ми, штом е подобар од мене, снаата ќе ги чува. :lol:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. milce

    milce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    20
    Mnogu interesna tema,no na pocetok so edna pogovorka:worried:to ke si frlis zad sebe toa ke si najdes i pred sebe!!!mnogu slucaevi mnogu primeri,o jas sum premnogu cuvstitelna i mozam da podgazam se ,no ima luge koi secat i gotovo.Rditelite treba da se gledaat zasto vaka ili taka storile nesto za nas.No nstanuva problem koga ke porasnat i se odomat decata.E togas e problemot.na ednoto pomagaat drugoto ne go poglednuvaat,ili snaite ne cinat vakvi takvi .I dodeka se na noga skokaat do nebo.E koga ke opadnat togas ami sto da pravat???????kasno e za kaenje togas ,zatoa sekogas velam Koga sme zdavi pravi da ne gresime zatoa sto koga ke dojdat stari denovida mozeme mirno i so cista sovest da pouzivame ako gospod ni pruzil vek.sekako sum za toa deka roditelite treba da se dogledaat a ne da se frlat nekade nastrana.e alal da im e na tie sto im davaat o 3-4 dena ista mandza da jadat ama gospod gleda ZABAVA AMA NE ZABORAVA se ke im se vrati.......
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.314
    Допаѓања:
    18.073
    Пол:
    Женски
    Ако не ми помогнале кога најмногу ми требале, ни парично, ни морално, ни никако а пливаат во девизи? Снаата да им е дотерана џоа Мис Стон,синот да се пијанчи во најскапите кафани, а јас у едно исто да одам? Зашто? Зашто не го сакаат зетот? Абе ајде...па без трошка грижа на совест ќе ги оставам на милост и немилост како тие што ме оставиле мене. Друга работа: чување мали деца и чување старци се различни работи, друго е да бањаш бебе, друго е да носиш на секое мочање толкав старец, па уште ако не заслужил додека бил на нога - пријатно! Сеа коа земаат астрономски суми месечно јас со маж ми да почнам од нула???? Зашо? За да не бидеме трошоок??? Епа и чувањето на старци е трошок...извинете, ама според мене, се се заслужува. Свекор ми и свекрва ми колку можеа помогнаа кога беше најтешко е за нив греота е да не им помогнеш еден ден. А за таквите носот шо ти го креваат до небо и делат деца (ова појќе го сакам она не) па уште во лице да ти каже никад не сакав да те родам? и таква манџа ако јаде од мене треба да е благодарна.
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.468
    Не сметам дека треба да има закон со кој јас сум должна да се грижам за своите родители. Никако.
    Прво, има секакви фрикови и луѓе кои не го заслужиле истото, макар тоа што се мајка и татко. Второ, доколку таквото нешто го заслужиле јас самата ќе покренам иницијатива да се грижам за нив, без притоа да сум обврзана со некаков глупав закон да го правам истото.
    На ништо не личи да ги лишам своите деца, да им ги скратам задоволствата кои пред тоа ми биле мене пружени?
    Доаѓа до избор без излез. Или родителите, или децата. Од еден аспект си ти дете, од друг си пак родител.
    Баш made in China глупост.

    И Лолита само немој да ја поттикнеш владава. :lol:
    И онака имаат чудни изуми и прават некои свои пресврти. :x
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.068
    Нека ги почува Господ здрави уште долго оти чуствувам дека сум тек на почеток на мојот живот, оној кој јас ќе го одберам и сакам да го живеам. А во него нема баш многу место за нив. Ги почитувам, ќе се грижам за нив колку можам-доволно да не се чуствуваат целосно отфрлени и запоставени, нема да ги оставам сами на себе но дека ќе се залепам за нив 24/7 и ќе ги закочам целосно моите планови...I don't think so...
    Ќе најдам начин, дали нив во целост ќе им се допаѓа или не-незнам, претпоставувам не, веројатно ќе очекуваат најмногу што можат, но јас ќе им дадам најмногу јас што можам...Па и мене можеби детсвото не ми било совршено, нема потреба и тие да очекуваат совршена старост...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    35
    Cuvanje moze no do izvesni granici. Eve kako nasata situacija baba mi moja ima 94 god. a majka mi pocina pred 10 god, tetka mi dobi mozocen udar i sega baba mi nema koj da ja cuva. Stara e skleroticna,moca vo peleni. Znaci sto dali jas sega kako vnuka treba da si dadam otkaz od rabota i da ja cuvam baba mi??? Blizu pamet. Za da ja dades vo dom ne primaat vo drzavnite treba teski vrski, privatnite mnogu skapi i sitacija katasrofa. Site 4 vnuka sme so mali deca, rabota i nikoj nemoze da se otkaze od sopstveniot zivot za da ja cuva.A starata nejke da cue za vo dom, a sekoj den komsiite mi se javuvaat izlegla, padnala, sramota.
    Znaci sekoj roitel treba da bide svesen koga ke ostari da se povlece vo dom da ne im smeta na decata.
     
  11. majag

    majag Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Barajki kade da go postavam moevo prasanje naidov na ovaa tema. me interesira kakvo e vaseto iskustvo so starskite domovi ili centri za zgrizuvanje na stari i bolni lica. Mojot svekor e veke dva meseci vo postela so peleni odbiva i hrana veke, se macime site ko gresni gjavoli site rabotime nemame vreme za sebe i familija a sega i za nego da se grizime , a mora roditel e i zasluzil baska megutoa ne e toa prasanje sega..nemame vreme se iscrpivme ke popagjame veke, nema da moze decata da si gi iscuvame , ne e eden den - dva ne se znae do koga ke tera vaka. Kulturata na ziveenje kaj nas e na nisko nivo i sram ni e da go dademe vo dom barem mene, na drugite doma ne sum ni spomnala, site od komsii do rodnini ke vikaat ete dva sina ima vo dom go dadoa, a realno ne moze da go neguvame 24/7 ne moze fizicki da se postigne i da se izdrzi... vo teska situacija sme... sto ke se sluci ne znam, zatoa pisav da cujam nekoj sovet nekoe mislenjee, ako e veke za vo dom koj dom, kade sto kako e tamu , nega doktori i sl. Ve molam dajte nekoj sovet i mislenje..pozdrav

    [mod-kirilica:2gwk2sue][/mod-kirilica:2gwk2sue]
     
  12. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Незнам дали сум во право,ама знам дека со стари луѓе многу тешко се живее ова го приметувам по атмосферата дома,караниците кои најчесто произлегуваат од нив-старите луѓе,мене лично таква ми е бабата со која живеам само негативна енергија шири и нон стоп се дере а + тоа што и е гласот “по гласен“ .. :@
    Може како повозрасна и мене би ми било жал за родителите ама отом потом.Јас знам дека уште од сега сум решена кога ќе се омажам ќе живеам само со маж ми и деца (здравје ако даде господ) ама свекрва не зимам!! Макар и во трошна куќа да живеам ако!Ама без свекрва и свекор!
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.881
    Не можеме сите да се согласуваме,но ми треба време да соџвакам некои од размислувањата тука...
    Морав ова само да го кажам,а ќе се вратам да си го допишам веќе почнатото... Ме прободе нешто под левото ребро дур читав пар неблагодарности.
    Е затоа не очекувам многу од останатите луѓе.
     
    На Fearless и Offspring им се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143

    Ако не се лажам во нашите државни старечки домови (уствари се под локална самоуправа) не чуваат лица кои се во постела. Имаат сестри и по некој д-р можеби се вртка онака за мерење притисок и давање на лекови на време ама нешто посебно грижа нема (на една моја комшивка татко и работи како чувар па од тука знам некои инф.).
    Имаше еден таков рехабилитационен центар приватен ама не ми текнува како се вика, одеше реклама на ТВ долго време. Е тие имаат цел тим на д-ри и сестри и нудат посебна нега за такви лица. Знам дека ако пензијата им е испод 8 000ден не ги земаат...тоа е друга приказна, туку во твојата приказна двата сина треба да седнат и да решат што ќе прават со татко им. Претпоставувам дека е тешка одлука затоа што колку што се мачи тој што лега во постела толку повеќе т.е дупло се мачат тие околу него.
    Сега лега 2 мес. а може да залега и 2 год што и д-ри ќе го кажат истото. Чим почнал да одбива и храна :x само вештачки да вегетира можат да го одржуваат под лекарства.


    Што се однесува до Законот, да не бидам фф
    Ретки се тие кај кои нема да проработи човечкото во себе и буквално на цедило да се остават родителите. Секој би требало да помага колку може и скриената форма ,,ако сака,,. Ако не е така тогаш ајде да ги прибереме под ист кров моите и неговите, родиме 1-2-3 деца и да направиме голема заедница и да живееме, па ако издржиме бар еден ден, е тогаш ќе не биде :). Епа нема да не биде :) станува збор за 2-3 генерации кои имаат различни размислувања и ставови.
    Никој на никого не треба да биде обврска а во најмала рака па да се решава со Закон. Законот е глупост и може многу лесно да се злоупотреби. Се е на база на добра воља и разум.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    985
    Зарем треба закон да те натера да се грижиш за некој што те израснал и крател за себе за ти да имаш?

    Додека можам ќе се грижам за моите родители и ќе сум среќна ако им вратам барем дел од она што ми обезбедиле. Дома сме две сестри и кога-тогаш двете ќе основаме сопствено семејство, но не ни помислувам да ги заборавам родителите и да ги оставам сами на себе кога ќе им е најпотребно.

    Дај боже да сум финансиски способна да ги издржувам, но и да немам доволно финансии сигурно нема да ги оставам на цедило. Подобро да го поделам со нив она малку што го имам отколку да ми се стега душата што тие живеат осамени и во беда.
     
    На Simonna7 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    Ги гледам јас деновите како се приближуваат кога свекрвата моја ќе зависи многу повеќе од некој друг, отколку што зависи сега. Барем е способна сама да живее засега(нема да ја запали куќата ако сака јајца да спржи - способна). А закон имало или не, на повеќето од луѓето како и мене, самиот морал ми работи дека колку и да е лоша и спрема своите деца, неразумна или тврдоглава и инат на стари години, дека нема да ја оставам, како и досега што не сум ја оставила, ниту јас како снаа ниту син и да се мачи ако не може веќе да живее сама. Од другите нејзини деца најмалку очекувам тие да размислат за нејзина нега. Како што најголемата одговорност засега паѓа на нас двајца, така по дефолт се очекува ние да мислиме за иднина.

    Сме мислиле, се ќе и биде средено, ќе оди во приватен дом со сите услови кои и се потребни. Од нас ќе биде посетувана и дружена, ама дека ќе ја земам со мене да ја чувам дома, не, не и не. Не дека ќе ми смета оти е стара, дека ќе ми го одзема времето, туку дека ќе ме полуди со нејзиниот отров, кој уште сега го шири кон се што дише, од човек до мува, се и смета, па камо ли дома да ми е. Не ми е сеедно, и не сум размислила што можам за неа да направам туку така, него пропаднав во литература за нега, во книги за помош, во мемоари на луѓе што го поминале тоа, и кристално јасно ми е што ме очекува, физички и психички ако решам јас да ја чувам. Ќе не уништи нас двајцата, како целина и поединечно како луѓе, а таа жртва не ја давам.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    7.022
    На сето трудење да ме дигнат на нозе,кога ќе се најдеме во обратна ситуација,јас да свртам грб?Епа фала богу не сум воспитана така,иако ги знам моите никогаш нема да бараат некоја посебна грижа од мене....како и да е треба да се помогне,не само од финансиски аспект,ама да отидете на пазар место нив да не се килават со 10 торби по автобуси,по лекари кога треба,по лекарства,некогаш да се зачисти да се помогне по дома,да се јавиш,да отидеш барем еднаш на 2 недели да ги посетиш.Да не зборам за оние случаи кога се апсолутно непокретни,без свест и сл. тешки моменти се,ама верувам дека и они на сите обврски кога ме издржувале не би ме оставиле така беспомошна ако било потребно.Лошо е што кај нас нема такви центри за стари лица каде што некој стварно ќе се грижи за нив,каде што ќе се социјализираат со луѓе на нивна возраст па за жал многу стари луѓе се оставени на милост и немилост.
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Не верувам дека би имала срце да ги однесам во дом. Па знаете ли каков шок е за стар човек кој има потреба од внимание повеќе од мало дете, да го изнесете од куќа каде живеел цел живот и имал по некој близок, во сосема нова средина каде треба допрва да се навикне?! Па од таква болка животот ќе му се скрати, како што и познавам еден случај-бабичката почина само три месеци откако ја однесоа во дом, не знаете колку плачеше и молеше да не ја носат.
    Секој најдобро си знае, ама јас не би можела да спијам од грижа на совест ако направам такво нешто. Пре ќе платам некоја жена да се грижи додека јас сум на работа или со други обврски, отколку да ги пратам во дом.
     
    На ozbilnazena и wolf4e им се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.961
    Мајка ми долго време гледаше и изгледа двајца родители кои беа во длабока сатрост до последниот им ден. И тоа едно добри 3 години веќе беше и преселена кај нив ... Двајцата веќе беа на постела. Значи татко ми и ние децава бевме одделени од мајка ми 3 години. Освен што се гледавме кога ќе дојдеше дома за да земе нешто или тетка ми викенд да ја замени зашто живее во др место. Значи измачување да, остаре предвреме да, психички и физички се стопи да ... плус одеше и на работа и др обврски. Но благословена е што имала такви родители кои секогаш помагале, од нив остана добар спомен кој е нејзин заслужен. Ама не се пожалила никогаш, ќе речеше родител ми е како да го оставам??
    Ете така ... и јас немам намера родителите мои кога ќе снемогнат да ги оставам на милост и немилост. Тоа е мое воспитание, тоа е мој разум и тоа е моја совест. Заслужиле!
    Еден ден и ние ќе бидеме нечиви стари родители ... не заборавајте. ;)
     
    На DeMelo, Peppermint, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    183
    ;( ова е тешка тема и кој не видел само може да си пишува овде се и сешто .Како прво на Геријатрија може да се однесе има во склоп на општите болници пример во Охрид има и во Св.Еразмо и во општата болница ама мислам дека сместувањето е околу 350 евра ! ако зема пензија 150 евра другите вие треба да ги доплатите ! Постои и друга опција да си најмите медицинска сестра или популарно жена за чување на старо лице и додека сте на работа таа да го чува и измет да му прави па видете можете да побарате и пари за туѓа нега околу 3.700ден ако добиете и тоа трае долго и парите од пензијата па да се исплатите некако и стариот дома да си го чувате ем бес срам ем поевтино ем дома ке си биде со своите !
    П.С. господ да им даде сила на сите кои имаат ваков проблем од искуство ви кажувам ! многу е тешко !
     
    На imelda и stetoskop им се допаѓа ова.