1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за старите родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lolyta777, 19 јануари 2011.

  1. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Мајка ми е чакната жена, после 60 ако ги доживее, сака да оди во дом, за да не ни сметала.

    Лично, и да имам и да немам финансии, би се грижела за неа.
    Крај краева, таа е онаа што од 3 кила месо направила човек од мене, ако треба и пелени ќе и менувам, ама не би можела да ја пратам некаде, за да ја третираат ко стока и плус да им давам пари. Нема теорија.

    Од сегашна гледна точка, така размислувам.
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    А децата кога ќе направаат 18 години да се повлечаат од домот и да не им сметаат на родителите, може така???
    Ужасно многу ме нервираат вакви мислења, родителот во сопствениот дом им смета на децата :^) , а тие веќе мажени/ женети со сопствени деца :@

    И почесто старите родители се грижаат за возрасните деца него обратно, еве пример моите вујковци имаат по над 50 години, едниот веќе е и дедо, а дедо ми сеуште им ги плаќа комуналните сметки (струја, вода, телефон, дрва).А дедо ми сам се чува, остана вдовец пред 7-8 години, сам се пере, готви, чисти и пазари, не е на ничив терет, и сега кој кого чува?
    Не значи ако остареле дека по дифолт ќе мора некој да ги чува, повеќето и од нога го напуштаат овој свет.

    Татко ми сега за сега е здрав, прав ама ако дојде ден да треба да го негувам, ќе го направам тоа без размислување, никогаш не би го дала во дом, тој тоа не го заслужил.
     
    На smiley-94 и butterfly.93 им се допаѓа ова.
  3. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Моите родители(и не само моите), цел живот се грижеле за мене, за тоа дали јас имам што да јадам, дали имам доволно пари, дали имам добра облека, дали имам нови чизмички, ново палтенце, па зошто палтенцето е црно,а не црвено и слични работи. Да можам(кога ќе бидам повозрасна и кога сама ќе се снабдувам со пари, односно ќе имам своја работа) би се грижела за нив. Кога би била финански добра, ДА би се грижела за нив. Тие пола свој живот го поминале во грижата за нас. Тие се среќни само кога и ние сме среќни. Тие работат за ние да имаме што да јадеме и да имаме нова облека. Мислам дека треба да се каже едно БЛАГОДАРАМ на тоа. :)
     
  4. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Вака размислувате дека немате чувано. Не зборам за стари луге кои сами се движат и одат во тоалет, јадат и си ги вршат своите потреби.
    Замисли дека си жена од 30-40 год. со две деца, трчаш на работа по цел ден,родителот пага болен(мозочен удар) и лежи неподвижен во кревет, не те познава, моча, сере по себе, ти плакаш жена која го чува за 10-12000 ден за само 8 часа и после све друго е на тебе. Значи немаш приватен живот, неможеш да одиш на гости, нема одмор, занемаруваш деца и фамилија. Кажете ми може ли да се чува дома?
    Ако трае кратко 5-6 месеци може и може, ама има такви кои се со години такви.
    Јас сега чував моја баба на мајка ми мајка која имаше 90 год.,мајка ми почината и да ви кажам неможевме да ја дочуваме дома и ја дадовме во дом.Јас имам две деца, на работа сум до 17 часот и дали после да ги чувам децата или баба ми. Јас паднав болна зошто немав време ни 5 мин. за мене. Чував бебе и баба и уште едно дете, цела кука на мене, на сите да им зготвиш, исчистиш, по цена на моет здравје не. Здрајве боже и јас така викав како што викаат живи били па видели.
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ова е многу чуствителна тема на муабет, и неможе да се рече вака или онака.
    Никој незнае утре што ќе го снајде во животот.
    Ете прост пример ви даде Kalina1 ^
    Искрено и јас сум прва која би рекла не никако дом, но никогаш незнаеш што ти носи животот.
     
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    јас сум едно дете на моите и со оглед на тоа дека цел живот ми се тресат над глава и ми даваат се од себе се имам шо сакам и кога ке се омажам секогаш ке ги посетувам ке ги чувам никогаш нема да ги запоставам
     
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    47.661
    Пол:
    Женски
    Мајка ми секогаш викала-Керко ко ке остарам и ке се разболам до тој степен да не можам да станам сама да си земам за јадење и да се избањам ДАЈ МЕ ВО ДОМ.

    Нормално ниту едно дете нејке своите родители да ги даде во дом но некогаш условите така налагаат. Таму ке бидат згрижени 24 часа и најбитно од се КЕ ЈА ИМААТ ПОТРЕБНАТА МЕДИЦИНСКА НЕГА што ние дома нема да можеме да им ја дадеме.
    Моите баба и дедо беа во дом,дедоми таму и почина Бог да го прости. На мајка ми секако не и беше лесно да го остави таму,но поинаку не можеше.Живееше сам а се разболе многу.Кај нас дома немаше простор каде да го донесеме бидејки и со нас живееа стари луге. Одлуката падна на геријатрија. Секако дека не му било подобро од дома но друг избор немавме. Таму си комуцираше со остананите старци,редовно сестрите и докторите го посетуваа и му даваа лекови,редовно беше избањар и измиен.

    Вака сите се пукаме у гради моите вака моите така никад нема да ги оставам,но никогаш не се знае што ти носи животот. Ако не можете да ги чувате кај ке остаите ,на улица ваљда нема. И јас не би сакала моите да ги оставам во геријатрија но ако се мора и јас и тие се спремни на таков чекор. Нема да бидат ни први ни последни што биле таму.
     
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Кокино, ако не си го гледала филмон Свекрвиште со Џенифер Лопез те советува да го гледаш. Ја би ја мавнала со тавчето у фаца ко неа :D извини малце на шалава, ама понекад е можеби стварно решение :)

    Инаку секогаш сум била против заедници, не знам како ќе биде кога ќе ми дојде ред, ќе се трудам на страна да се тргнеме а инаку старци не поднесувам. А више не можат- они све поише им фали, ко брливи се господе боже.

    Куферите и у дом за стари лица, па таму нека се дере. Хајтт, па деца да нервирам по дома, караници секој ден, ја нервозна од неа, она збори по страна на синчето па ние да се караме ради излапавени и злобни старци, нема шанси. Исто важи и за моите родители. Ке имаат снаа и они, посебна фамилија ке е веќе, зашто бе да им досаѓаат на глава и да ги чуваат?? Сите знаеме дека човек кога ќе остари е најдосаден, превртлив, се го боли, офка, кука по цел ден, измислува. Бегај бе таму, и они у дом таму, ќе ги посетувам и се, ама на трепки да ни стојат не.
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Срценце во ред е и јас бев и уште сум против заедница, НО :!: неможеш да тераш луѓе од сопствената куќа, која што лично они ја купиле или граделе. Колку и да се досадни и лоши ако си се со име и презиме на имотниот лист ти си таа со сопругот (или твојата снашка ) што ќе си го фати патот ако неможете да си најдете разбирачка.
    Јас бев против заедницата, ама си се впрегнавме фино лепо, заборавивме одмори и други лагодности едно 10 години, од типот на кола, скапа гардероба и чевли и ноќни излегувања, па и кредит си натоваривме на врат и ДА сами сме.
    Инаку ако отидеш кај нив, ќе си правиш компромиси и ти и они, ама старите сигурно нема да речат епа добро ајде пошто сме многу луѓе ние сега ќе се преселиме во дом за стари.
     
    На Bozica1980 и Glasna им се допаѓа ова.
  10. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Јас и на твои години, а богами и сега сум децидно против заедница, ама да бидеме реални, идејата со дом за стари лица е неизводлива. Не постои никаква шанса снаата кога ке дојде, свекрвата здрава, права, со не повеќе од 60тина години да спакува коферите и правац старечки дом. Се знае кај нас во Македонија кој иде во старечки дом, да се разбереме, па и со оглед на нашиот менталитет....
    Свекрва ми уште кога се спомна стан под кирија за нас, одма почна со идеи, син и имал стан, ке се влечкал ли под кирии, она ке си идела у старечки дом, станот ке ни останел на нас....аха, важи. После некое време ако не од неа, од било кој друг ке бидам покажувана со прст, ене ја дојде, жената ја избрка од дома...знаеме како иде тоа. Чист рачун-долга љубов, молим лепо!
     
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми


    Погрешно си ме разбрала. Не реков за во нивна куќа, фала богу дека во нивна куќа нема ја да се праам газда и остало. Јас го напишав тоа во контекс вака: пример јас и дечко ми да живееме на страна одвоени од родителите. Но више кога стареат, изнемоштуваат, се разболуваат старциве, обично ќе се доселат кај синот или ќерката за да ги мкнат по лекари, да ги чуваат дур не умрат. Реално, гледано тоа е ужасен период, еве и моите чувале старци, и уште чуваме али луѓе не се издржува. Цело време ќе ти офка, кука на глава, на кого да се посветиш прво на нив или на децата?? Ќе те изнервира старата, ќе се истуриш на децата или маж ти и обратно. Баталете тие работи.

    И не го зборам тоа еве напамет, млада сум ми здосадиле па и ја моите ќе ги пикнам у дом. Си го знам местото. Утре и ја кога ќе бидам свекрва, мајка ќе го направам истото. Се што можам ке овозможам да ги тргнам на страна децата, а више кога нема да можам, ќе си одам во дом. Ем луѓе ќе се дружам, лекари, нега, ем децата раат ќе ми бидат. Ем они ќе бидат среќни и смирени, ем јас ќе бидам среќна ради нив. Чиста сметка, долга љубов. Повеќе ќе ве поштуваат ако им се тргнете од патот, отколку да си дишите у врат дур некој не умре.

    И оставете што ќе речат луѓето, ја избркаа не знам што. На луѓето уста нема да им затврите, затоа нека зборуваат што сакаат. Битно е вие да си расчистите уште кога ќе се земете. Ќе седнете двете фамилии заедно на еден ручек и ќе отворите картите на маца. Вака, вака вака. Крај.
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Не знам сега како е но како помала имав отидено во еден дом за старци, во Прилеп мислам беше, и таму глушец да ти е жал да оставиш не па човек. Добро одамна беше, сега веројатно е подобро ако сеуште постои. Инаку има приватни? Чисти, фини места, и како се со цена? Колку што имам слушано пензиите не се доволни да сместиш пензионер во дом. Знае некој?
     
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Свекрвите и снаите – проблеми

    srcence1607 , имајќи во предвид дека станува збор за твоите родители и на родителите на твојот сопруг, кои ви се треселе кога вие сте офкале и кукале, кои ве исчувале, ве исшколувале и ве направиле луѓе, би требало да сакате да им помогнете кога ќе онемоќнат а не куферите и `старците` во дом а вие да си се ширите во станот. Ама на 18 години животот изгледа како амерички филм и старечките домови се како тие како прикажаните во холивуд, со базени и налакирани секси бабички ;)
    Bridget, има приватни домови, таму е навистина чисто, храната е добра, докторите и сестрите се културни и достапни 24 часа но за наш стандард е прескапо. Баба на братучед ми е во приватен дом во Карпош и плаќаат 600 евра, дедо ми беше сместен во Панада пред да почине, исто беше ѓавол ипол скапо...
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Значи пак не ме разбирате. Јас и да се ширам зборам за ширење во мој сопствен стан, а не во нивна куќа. И да, го почитувам сетоа тоа што го напраиле за мене и него, ама не сакам бе децата да ми трпат на глава. Сум трпела старци на глава, трпат и моите и гледам дека кога не иде не иде. Секој дена со нервози околу нив, они нервозни, ја и брат ми нервозни, и сте се караме ради нив што праат глупости. Ко со деца од 2 години да се расправа човек. Ем поубаво ќе биде за нив во дом, ем за нас и децата. Вие све вртите на ваша воденица водата дека, сега ја што ќе си ги израснам децата и се тоа, треба на стари години да им се тупнам дома и да им бидам товар?? За што ? Фала треба да ми кажат што сум ги чувала? Едноставно лично јас би се тргнала и сама би си отишла.
    За тоа не треба фала, ќе ги чувам зашто ги сакам, зашто среќата нивна би ми била најбитна, а не за едно мочано фала. А за среќа, сите признајте дека ќе ви бидат товар, не глумете тука дека многу ќе сакате да си ги чувате старците. Прашајте ги вашите родители дали им е лесно и убаво ако чувале старци на глава, како е, и дали е така ко што мислиш. Ако ти раѓаш со мислата на чело Ја го родив, Он мора ме пази дур умрам :puke: .. Зашто? Треба да ти го врати тоа?? :fubar:

    И да, тоа што ме исчувале, исшколувале и сетоа тоа, тоа е должност, обврска на секој родител. Иначе зашто ќе го раѓаш, да шета по улици и лоши патишта? Тоа не е родител. Секој може да роди ама не секој да биде мајка. И тоа да ги чуваш пред умирање- не е показател за твојата благодарност кон нив и љубов. Кога цел живот твој ќе им покажуваш колку ги сакаш и остало, тоа е фала, а не пред умирање ;) Дури еве и ти викаш дека тоа треба да го сториш како фала, а не од што сакаш. Значи пак доашаме на моето дека се товар, а не задоволсто. Не е САКАМ туку МОРАМ . ;)
     
    На Meredit, okcenzi и joy1 им се допаѓа ова.
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Секој со своите маки срценце. Се си во право дека старите се бетер од деца. И мене некој да ми рече да ја чувам баба ми и измет да и правам, нека фала (односно имавме такава ситуација, се одлучуваше кој ќе ја дочувува па да му припадне станот, затоа што живееше сама), јас реков не, не ми треба ни стан ни ништо, ниту таа нешто претерано не чувала ко сме биле деца, ниту сега јас нешто сакам, од времем на време одам да ја посетам и толку. НО :!: за моите родители не е така, е за нив ме боли и те како. Посебно татко ми (има здравствени проблеми), само да го видам дека нешто не му е добро, од глава не ми искача, цела сум испотресена. Ме чувале, ме пазеле, и сеуште ми се поддршка во се. Е нив ќе ги чувам, па макар и најнапорни старци да станат (не дека сега не се :lol: ). Истото важи и за родителите на вереникот. И тој е многу испотресен за нив. Ние сами живееме, но ако дојдат такви години кога нема да можат сами, јас свој родител во дом не оставам. Пари за тие приватните домови немаат, а во тие државните состојбата е катастрофална, комшија да е па да не го оставиш, а не па сопствен родител.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Јас имам барано за инфо, не се сеќавам на имиња, оти онака барав да видам дали има и што опции. Многу убави приватни домови веќе има за кој сака да си ги плати, како мали мотелчиња се, со европски стандард на чување, и ако се болни со свое возило ги носат на лекар, градини доволно големи. Да ти е мерак сам да се резервираш :D Изненадена сум дека има, позитивно, ама има, фала богу, оти моите нема кој да ги чува кога клекнат двајцата па тогаш ќе им барам подетално места. Ама важно има.

    За цените, пензии не верувам дека би покриле таков трошок. Сепак, јас би платила од мој џеп ама да знам дека се чувани и гледани како луѓе.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    Свекрвите и снаите – проблеми

    само за информации во мк приватните старечки домови коштаат од 400-600 евра месечно па срценце ако имаш за фрлање толку пари месечно пушти ги во дом ама ако немаш што ек правиш ке ги оставш сами црвцте да ги изедат????
     
  18. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Абе ситуацијате сега е таква. Од каде да знам за едно 20-30 години како ќе биде?? Условите какви ќе бидат у државава. Не се фаќајте одма за моето мислење бог да чува. И не напаѓајте, тоа го кажав што го мислев. А не значи дека ако не ги чувам ДОМА кај мене родителите кога умираат, дека не ги сакам ;) Ако не се согласувате со мене, не значи дека треба ај сеа да ме каменувате :fubar:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми

    точно
    кога повеке стари би сакале да одат во страски домови, секако дека и би се отварале повеке а со таква конкуренција се разбира и дека ке се намалкуваат цените.
    Па ако пред 20 години една операција на уши беше околу 10 000 марки ( 5 000 евра) денес се 600 евра.
    ЈАс мислам дека генерацииве што идат ке сакаат во страски домови, ама овие сегашниве закоравениве сеуште не.

    Свекрва на мојата тетка земаше пензија околу 320 евра ( воена пензија) и кога ја сместија во старски дом ( многу добар и опремен) тие додаваа само околу 100 евра, но тука освен спење и храна имаа 24 часа достапни сестри и доктори и плус лековите кои ги земаше за 300 работи. Арно ама старава несакаше да седи тамо пошто другите биле прости, досадни, многу рано легнувале ( 9 -10 ) итн муабети колку сакаш за на крај да им рече вие мене ме фрливте како куче. Тоа и било маката. А тетками беше со две малолетни деца и имаше преживеано мозочен удар, а смените на работа и беа и по 24 часа 2 пати во неделата. Е старата се врати дома и пак истите пари што ги даваа за во домот таа ги трошеше за лекови. А неможеше сама ни да се избања, ниту да оди во продавица, по сите викаше по дома и за јадење и за далечинското да и го дадат и што уште не. Наместо да си ужива во староста со нејзини врсници таа повеке сакаше дома со внуците да се кара и да го малтретира папагалчето на братучедми.

    Да не ви раскажувам уште какви не глупости правеше. Затоа мислам што на стар човек понува да му забегува паметот, да си го пратат на соодветно место и сите срекни и задоволни.


    А во домов во секоја соба имаа телевизор, фрижидер и тераса. Абе јас уште сега би отишла :D
     
  20. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Свекрвите и снаите – проблеми

    За жал дур да ја префрлат куката врз мажот ми мора да ги трпиме.Гостите кој ни идат само вака ми велат „Правај почит ради мти она не заслужува, ние добро ја знаеме„ или „Јака ти душа како досеа истраја да ја гледаш„. Јас пак на мм јасно му кажав дека немам намера да се нервирам со неа дека јас не се мажив за нив па да ги трпам нив.