1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за старите родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lolyta777, 19 јануари 2011.

  1. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Епа токму тоа истото и јас го викам, почнувајќи од себеси ја прва би отишла и дом да живеам. Не сакам да им сметам на децата, сум живеела, со стари, болни абе што да ти кажам и верувајте мака е и за нив и за нас, ужасно е и тоа упте многу мала кога бев и сето тоа уште го памтам. Не сакам тоа на моите деца и внуци да им го правам и да им остане у сеќавање сето тоа како мене. Па и да ги чуваш дома- мислиш лесно е? Помалце пари ќе потрошиш ако ти е дома?? Пак тука негде истите пари се фаќаат. А овие старци сега што се од пред баба Ева што се вика, ти што сакаш прави ама нема да можеш да ги убедиш дека не ги бркаш и дека е убаво во дом, ќе се дружат. Старите луѓе знаат дека кај и да е ќе умрат, се плашат и се осеќаат осамено. А таа осаменост и преостананото време од животот подобро да ја пополнат дружејќи се со врсници, муабети, табли, шах, прошетки отколку дома, забутани у 4 ѕида и нервирајќи ги сите дома однесувајќи се како 5 годишно дете.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Срценце, не те напаѓам воопшто, но морам пак да напоменам дека ти си сеуште многу млада и работите ги гледаш од друга страна, имаш дома стари баба или дедо кои бараат многу внимание и смачено ти е. Твоите родители се (претпоставувам) здрави и сеуште релативно млади, но за некоја година и тие ќе почнат да се разболуваат, едноставно тоа е животот, па кога ќе го искусиш тоа на твоја кожа, верувај ќе го смениш мислењето.

    okcenzi, ако жената не сакала да седи во старечки дом а била релативно способна да се грижи за себе, зошто да биде таму? Не е куче па да ја бркаат од дома. Секако дека била свесна дека е стара и дека крајот и се ближи и сакала останатото време да го помине со своето семејство. Или дека станува збор за свекрва па што побрзо да и се мавне од дома на снаата, тоа подобро?

    Да не ме разберете погрешно, доаѓаат моменти кога на возрасните им е неопходна дополнителна нега и грижа и мораат да бидат сместени во дом, тука нема дискусија за тоа. Сведок сум на тажни ситуации каде е очигледно дека некој повозрасни луѓе не можат да се грижат да себе но семејството никако не сака да ги смести во дом зошто им ја користи пензијата и тоа е за секаква осуда. Но, кога станува збор за луѓе кои можат да се грижат за себе, но потребна им е дополнителна помож - некој да им помогне со покупки, да оди да им ги плати сметките, да им прави друштво на лекар, да ги ислуша кога се жалат, жално е и срамно да се збори да бидат сместени во дом кога е очигледно дека не се за таму.

    едит:
    Кажи ми, ти си била досега во старечки дом? Или си ги гледала по филмови и серии? Зошто сликава повеќе одговара за школска ескурзија отколку за реалната ситуација во старечките домови.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Свекрвите и снаите – проблеми

    И на одмор да си во ексклузивен хотел, кога тогаш ќе посакаш да си дојдеш дома, во куќата каде најголем дел од животот си поминал, да си со твоите најблиски. Собата со телевизор, тераса и кујна не го прават животот. Ако веќе блиски околу тебе немаш, децата заминале по свој пат, тогаш барем куќата е полна со спомени, а со спомени околу себе малку полесно се живее. Ако се толку скапи домовите, тогаш многу подобро е да се ангажира жена која би доаѓала редовно и би се грижела за старите, освен ако буквално треба 24 часа да си околу нив, тогаш дом/болница е неопходно. Не е така лесно како што ни изгледа. Тоа веќе во крајни ситуации.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Не можам да ви се изначудам на постовите. Во сите постови пишувате стари , страци, болни, зарем некој млад не дај боже не може да е болен , родител, брат, сестра и што ке направите во геријатрија, дом за стари лица, или пак во болница ќе ги оставите. Или велите страв им е од смрт, кој знае кој кога ке почине тоа не е по нарачка (дај 10 ка со кромид) .Дај боже сите да дочекате старост или со болест и немоќ на близок од семејството (не баба ,дедо, иако има деца и тоа го доживуваат многу болно) па да ве видам тогаш дали вака ќе размислувате. Тешко е не велам не, ама татко ми беше многу болен колку и да ми беше мака барем достоинствено го исчував не го оставив во болница да скапе.Иако на ваши години сум размислувала како вас се со време.
     
    На Nezna28 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    И што ќе правите кога ќе му ја префрлат на сопругот куќата?
    Ќе им ја покажиш вратата, ќе им покажеш тогаш кој е газда во куќата?

    Искрено само будали луѓе се оставаат при имот без имот заради притисок од синот, односно индиректно од снаата, сум слушнала за стотици случаеви каде се избркани старите од дома бидејќи нели не е веќе нивни дом, за греота.

    Инаку за одење во стараски дом по странство, да одаат старите во старски домови ама не оставаат куќи, станови на децата, продаваат тоа што си го печалеле во текот на животот, купуваат бунгалови во населби кои се како пензионерски села (retirement villages) и си живеат супер комотен живот со пензиите и остатокот од парите кои им останале од продажбата на имотот.
    Не одаат старите по странство во старски домови заради комодитетот на синот и снаата, да ги остават да им се шираат во нивни имот, да не им сметат во сопствениот дом, |( си одат заради сопствениот комодитет, во место каде имаат 24 часа медицинска нега, храна, забава, друштво итн.
     
    На fighter, mimiiiii, Li0ness и 8 други им се допаѓа ова.
  6. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Добро, гледам дека не се разбираме, така да не планирам да се докажувам и објаснувам. Тоа што имав кажав. Ако имам пари, ќе седат во дом (ако се болни, тешки и слично). Додека се здрави, прави ќе си седат сами во нивната куќа, јас во мојата. Посети, ручеци секако без исклучок. Ако немам пари а се болни, ќе си изнајмам жена, ќе ја плаќам да ги негува и пази и крај. Ви се свиѓа или не, не ме интересира, мој став, мое мислење, моја одлука. Никој не може да осуди дали е правилна или не.
     
    На leona83, joy1 и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми



    јас убаво кажав дека старата не беше способна да се грижи за себе и дека тетка ми имаше две малолетни деца и преживеан мозочен удар.

    еве што имам пишано


     
    На Cka, joy1 и srcence1607 им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми

    да дополнам уште на една работа која ми текна
    пиеше таблети запритисок слични во паковањето како кетоналот, само шишенцето повисоко
    Внатре имаше 60 таблети за цел месец по две да зема
    е кога нејзи ке и текнеше, иако имаше таблети за уште 3-4 дена таа мораше тој дена да вика одите да ми земете, вие не мислите на мене, не сум јас магарица, не сум стока итн
    ма битно пред други се правеше културна, па муабети за политика, па за спорт, абе што да ви кажувам.
    Прелани пред да почине, бев кај братучедками имаше некое предавање на правен и ај ке останам 2 дена на гости. И сабајлето пред да одиме, старата ми вика, ајде пиле да ми ја измиеш косата во лавабото и јас ок, земам шампон, чиста крпа и ја ја мијам косата а таа лчеле пиле бабино леле злато мое да си жива и здрава ..... После некој пола сат станува братучедками и ја гледа старава со крпа на глава и ми вика, ’ како бе оваа сама се избањала’ и викам дека јас и ја измив косата. И оди братучедками кај неа и вика бабо добра ти е главата и таа вика да бабе супер и брадучедкава и вика ама немој после да викаш дека некој сол ти ставил на глава и да ја кривиш... ( мене). Абе идеме ние вечерта дома тетин ми нервозен пука и ми вика уште еднаш да не и помагаш нејзе за косата, цел ден те колне дека си и ставила сол на главата.

    Рече некоја погоре дека сакале да бидат со фамилијата поради блискоста и незнам што, ама едно е да сакаш љубов да осетиш, а друго е да ги малтретираш сите околу тебе. Таква љубов не фала па и мајка да ми е

    Ете какви знаат да бидат старите, ама вие совршените одма ја накрививте тетка ми како ја шутнала како куче
    срам да ви е
    ми е криво и што почнав воопшто тука да пишувам на темава
    и сигурна сум дека старава не е единствена, ама добро на форумов сите сме без грешка
    аууу
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Свекрвите и снаите – проблеми

    okcenzi, да, свекрвата била тешка и напорна жена. Тоа што и требало помош да се избања не е ништо страшно, луѓе сме, треба да помогнеме кога можеме. Ако тетка ти и тетинот ја прибрале во свој стан, браво за нив, навистина се потрудиле, старите луѓе знаат и тоа како да бидат тешки за соживот но ако тие живееле во нејзиниот стан, дискусијата завршува тука, неможеш да ставиш некого во дом зошто ти е смачено од него!
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    хахаххаха :rofl: ме изнасмеа абе оваа ДАМА ептен забегана, не се сите такви верувај за да генерализираме. Мојот татко се движеше сам и по лекови и на лекар, се додека не го сруши болеста за да не може да оди никого не замараше, секогаш велеше се додека можам вие не се замарајте па и после тоа.И мајка ми е 76 години замара по малку како стар човек ама поднослива е барем за сега.

    Не се замарај што те напаѓаат повозрасна си од нив, убаво велиш овде сите се совршени се е мед и млеко ами како :tmi: Имаш доста издржан пример за ДАМА која што сакала да и угодуваат до смрт.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми

    не мила, тие не живееа во нејзин стан, туку таа во нивни, станот е платен со кредити од тетка ми и тетин ми, а кога тетим ми остана без работа дедо ми ( татко на тетка ми ) продаде нива зошто беа заглавени.
    За тоа и кажав дека ја осудивте тетка ми без да знаете. Додека беше жив стариот до 97 год тие живееа во стан нез како си вика тие што им ги даваа на користиње на воените лица ама што не беа нивни

    Инаку имаат големо имање од стариот во маврово па тетинот си го подели со 3 сестри. Старата ни еден ден во животот нема работено.

    Не е проблем да го догледаш стариот човек, ама да знае да те испочитува и да знае каде е границата.
    Тетка ми ја прибра иако исто поделија сите 4 деца на старата, а ниедна од керките повеке од собни папучки или сукња и немаат купено, ама не се тие виновни, пошто таа сосите деца беше иста - одвратна
    Кога се решаваше за страски дом сите се согласија пошто ја знаат каква е мајка им, значи не е тетка ми олошот во приказнава.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Моја грешка е, навистина извини, претпоставив дека станот бил на свекрвата. Знам ситуации каде во моментот кога старите ќе ги препишат становите, веднаш им ги пакуваат куферите и правец старечки дом и затоа преемотивно изреагирав, извини повторно.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Ма да, сигурно прва би отишла, сега така викаш дека си сеуште млада па ти се чини дека староста е далечна и затоа зборуваш тука. Се надевам дека твоите деца ќе имаат малку по хумани ставови од тебе и нема се да гледаат низ призмата на парите. Кога се работи за љубовта кон блиските нема тука нема место за калкулации дали нешто се исплати или не и што е поефтино а што поскапо. Како што сега прегратката на твоите родители така еден ден бесценета ге биде твојата прегратка за нив. Жалосно е што младите луге мислат само за сопствената комоција, било мачење било ова или она, па и вие кога сте биле ќило месо било мачење за вашите родители ама тие не ве фрлиле во дом за да живеат они во комоција.
    П.С нема ништо поубаво од топлината на сопствениот дом и прегратката на блиските. А, коментарот дека старите луге се свесни дека им се ближи крајот и дека знаат дека ќе умрат е толку монструозно што не би го коментирал. Никој незнае кога ќе умре, понекогаш може и млади на 20 години да умрат од ненадеж а може и стари над 100 години и болни да живеат долго.
     
    На mimiiiii, baby-star и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Срцепарателни пишувања за мајчински љубови и таткови прегратки, фамилијарни вредности, топлина на домови, happy families... сведени на осигурителна полиса - чувар за стари денови.
     
    На okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  15. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Не би ја избркала јас во никој случај само не би ни и ја оставила цела кука на располаганје. А инаку куката е на мм сите заедно придонесовме во неа секој на свој начин. А врз свекорот е затоа што ни требаше кредит од банка за да не ја даваме под хипотека а мм е осигурен (кредит за доградба и фасада).
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми

    токму така

    Абе стариве ако мислат да им се качуваат на младите на глава, подобро од почеток нека кажат, кај нас место заживеење нема. ти синко ако сакаш да се жениш пут под ноге и снајдувај се. Или па со време нека си го извадат синот од дома, па тој кога ке си обезбеди за себе нека се ожени. А не чекаат сната да дојде и да ги лечат фрустрациите. Абе колку случаи има како твојот, ке ја дава цела плата, ке вложува во куката, ке корене нерви, ке помагаат родителите на невестата и на крај ке речат, ние ја изградивме, наша е. А сметки, а храна а нервози, а кафиња, ручези, чистење? Тоа нема врска. Па никој не е должен бе освен твоето да те трпи, па на крај и тоа немора. Никој не барал со сила да биде роден. Ако не ти држи задникот не прави дете и крај, а не да го мачиш и него и сопатникот и внуците. Некогаш раѓале и по 7, се оставале на машките, ама снаата не одела на работа и не ја давала платата. Како за еден така за сите. Денес и плата да дадеш и се да средиш и на глава да ти висат и пак ке кажат на крај ај мрш ова е мое.


    да не се разбереме погрешно - ништо лично

    срценце сигурно не мисли во постот на својата комоција, туку на сопствените деца
    Него јас се се мислам, мајките кои имаа деца, зошто раѓаат? За да кога ке остарат има кому да му бидат терет? Не секој гледа така на родителството. Јас не. Дете да имаш е остварување на нешто повозвишено од себе, нешто на кое ти треба да му бидеш потпора, нешто што ке те исполни целосно и што ке биде подобро од тебе. Ако моето дете еден ден треба мене да ме чува, а со тоа и да му ги закочувам сите планови и нему и на неговите деца, тогаш јас сама ке отидам во старски дом

    За болдот има нешто подобро од сето тоа -МИРОТ духовниот, психичкиот и физичкиот, оној мир кој ке ти биде потребен за децата. И во време војна има многу љубови ама сите го посакуваат мирот (метафорично кажано)

    Човек кој гледа стари болни и кој истовремено гледа мали и шлакнати, не останува присебен, некаде ке попушти, ако не и секаде а така и се прават големите грешки
     
    На Daydream, srcence1607, mama31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Свекрвите и снаите – проблеми

    okcenzi Лесно е да зборуваш сега вака, ама ќе те прашам кога ќе ја помине 8та деценија во животот т.е кога ќе имаш 70+ години. Овде читам и некои деца во темата колку години сакаш да живееш викат 60 затоа што им изгледаат далеку од оваа перспектива, ама кога ќе се приближат ќе ги прашам дали е така.
    Лугето што се оставени во дом се таму од што мораат а не од што сакаат, ставете се вие на нивно место, да ве однесе некој и да ве стави во некоја установа со еден куп луге со различни болести и различни карактери, со одреден режим на живеење, дали вам ќе ви биде убаво?
    Да, на запад е тоа нормално затоа што таму само пари гледаат и ништо друго, додека кај нас поинаку се гледа на семејството и на семејните вредности фала богу сеуште.

    Таму кога ќе почине некој близок тоа мирно го прифаќаат како нешто нормално, а ние тажиме со месеци. Ние сме многу повеќе поврзани со семејството и тие работи ги доживуваме многу болно.
    Дали би ја оставила ти мајкати во дом заради сопствената комоција, и не само ти, еве нека се замислат и другите феминки. Секогаш кога ќе кажете па што има врска тие се стари и треба да одат во дом, посебно сме одлучни кога свекрвите се во прашање, но замислете ги вашите мајки кои се одрекле од многу работи во животот за да вие бидете некој и нешто, како ги носите во дом, со еден куфер ги оставате во една соба и го вртите грбот и си заминувате.
    Замислете да она вас ви го направела истото под изговор дека нема услои да ве чува. И, замислете како они се чувствуваат во тој миг кога ќе го свртите грбот и ќе си заминете, малку е ако кажам дека се чувствуваат бедно, но можеби не веднаш, но секоја солза капната од мајчиното око ќе ве стигне кога, тогаш

    Жално е што денес младите луге се толку сурови и на таков безмилосен начин сакаат да се отарасат од повозрасните чувствувајки ги како терет, а се им оставиле, и куќи и станови им дале и огромна љубов, па дури иако можеби биле не толку добри деца, но тие секогаш безусловно ве сакале, голем дел мајки немале ни што да јадат, но ни на крај памет не им текнало заради сопствената комоција да се откажат од вас.
    Јас искрено се прашувам како тие луге што вака се однесуваат со своите родители кои се им дале во животот, како ќе се однесуваат ако недај боже имаат дете со инвалидитет или друга тешка болест?
    Ќе се откажат ли и од него заради комоцијата и под изговор дека тоа е подобро за него?

    За семејството треба да се жртвуваш и да не го сметаш тоа за жртва туку како твоја должност, јас неможам да замислам да се откажам од моите најблиски, или од сестрами само затоа што тие се стари или имаат некоја болест.

    Болеста не бира, денес е доволно еден погрешен чекор и да се најдеш во количка, убаво ќе ви биде чувството да ве однесат во специјална установа и да ви го свртат грбот?

    Јас искрено незнам какво срце би требало да има човек, да го извади својот родител или родителот на мажот кој би требало исто да го сметаме за близок, да го „набркаш“ од сопствената куќа за да ти живееш поубаво? Мене ова ми звучи монструозно, па дури и тој родител да бил нај лошиот родител на светот.

    Јас се извинувам што сум волку емоционална, но ние дома толку сме поврзани што се би направиле еден за друг и тотално ми е несватливо вакво бездушно размислување тие се стари и сосема е нормално да одат во дом.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Јас си кажав што имав, не сакам понатаму да ме цитирате и коментирате, кога само напаѓате. Едноставно имам различен поглед на работите и не значи дека моето е грешно или вашето правилно. Така да ве молам да се воздржите од понатамошно реплицирање на моите коментари зашто веќе забегавме со офф топиков.

    Aко вие ме гледате како бесчуствителна, ледена особа која не си ги сака родителите и почитува само затоа што не сакам да чувам стари лица, тоа е ваш проблем. Никој одовде не ме знае приватно за да се дрзне да ме коментира и осудува каква сум.

    Ако вие мислите дека покажувате љубовм срцепарателност, емотивност, загриженост, грижа срце да ви се тресе пред да умрат- e*ати љубовта. Празна воденица тука глума врв.

    Љубов и грижа за родителите се покажува од кога ќе го сфатите значењето на тие зборови низ целиот ваш живот, со разни дела, низ многу различни животни ситуации, а не кога ќе падне на коленици и моли за лекар и помош, или чаша вода.

    А не за утре кај комшиките на кафе или по гости: "Јас колку ги чував женоо стариве кога паднаа, што да ти кажаам, маки маки невидени, не измачија што да ти кажувам, преку глава ми се, ќе полудам од нив" и после дојдете на форумов и пишувате: "Леле како можете така да зборитеее, pa јас има достоинствено да ги испратам, премногу ги сакам, ги почитуам леле како сте ладни, не можаам така".

    Од вакви личности и глуматања, подобро у најмизерниот дом ќе живеам отколку со некој да ме чува колку да се каже пред народ или ради куќата моја или да глуми дека сака да ме чува.
    А дека некој сака да чува стари лица- Не сака и никој не може да ме убеди у спротивното. Ќе ги чува зашто тоа го осеќа како должност и дека МОРА а НЕ дека САКА (или па некое париче, клуч од станче, апартманче чува под јастук стариот) :!:

    Крај.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Мајка ми не би дозволила да оди во старачки дом бидејќи ми е мајка и ми ги менувала пелените и ме хранела и бдеела над мене кога сум била болна и ги правела сите жртви за мене како секој родител, а за свекрва ми не одлучувам јас. Тоа си е работа на мм, девер ми и золва ми. Ако они немаат време да ја гледаа или им смета нека ја испратат. Ако сметаат дека можат да се грижат за неа како што се грижела таа за нив тогаш нека си ја чуваат.
     
    На Nezna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Свекрвите и снаите – проблеми

    ќе цитирам само мал дел А дека некој сака да чува стари лица- Не сака и никој не може да ме убеди у спротивното. Ќе ги чува зашто тоа го осеќа како должност и дека МОРА а НЕ дека САКА точно е дека никој не сака да чува стари лица, но тоа не се стари лица од улица, туку твоите родители, твоите мама и татко кои некогаш бескрајно си ги сакала, ти годеа нивната преграта и си се чувствувала заштитена кога ќе те гушнеле. Тоа не се стари лица, туку твојата мама и тато, без оглед на тоа колку години имаат.
    Па дури и свекрвата да е и таа е мајка на твојот сакан, и неможеш туку така бездушно да кажеш она е стара нека оди во дом и нека чека да умре, затоа што имаше и таков збор во еден погорен пост, тие се стари и знаат дека ќе умрат.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.