1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за старите родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lolyta777, 19 јануари 2011.

  1. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Ма јас го почитувам сето тоа и ги сакам своите родители, ама со тоа чување не се покажува благодарност и љубов спрема нив. Тие чувста треба да ги покажеш пред да дојде до тие нешта, тоа потклекнување и умирање. јас сметам дека одлично и често го покажувам сето тоа до сега, па и понатаму, но чувањето пред умирачка не е мерило дали си ги сакаш или не си ги сакаш како што ме осудивте. И убаво кажав, во дом би ставила тешко болни лица, дури и моите родители да се. Здрави луѓе не сакам со силаа да праам болни за да се ослободам од нив како што би кажале вие.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Тие чувста треба да ги покажеш пред да дојде до тие нешта, тоа потклекнување и умирање. Љуовта драга моја се покажуа се додека не испуштат душа, се до последниот здив се сакаат родителите и им се покажува љубовта, без оглед дали се болни или здрави. И сама знаеш колку им е потребна прегратка и убав збор баш на тие болни и изнемоштени луге. Оправдување ти е дека неможеш да ги гледаш како умираат. А, кој од нас знае кога ќе умре?

    Како можеш да направиш таква поделба, тие родители се и твои, нели кога влеуваме во брак велиме дека ќе делиме и добро и зло и дека ќе станеме една душа во 2 тела. Зошто ти не би се грижела за неговите родители и обратно? Значи за твоите боли а за неговите баш ти е гајле?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Nezna28 незнам зошто ние со поразлично мислење од тебе сме бездушни.
    Ако вие како семејство сте многу поврзани и многу се сакате во ред. Скоро сите семејства сте такви. Ок ти си многу чувствителна. И јас сум. Јас плачам ако гледам кученце повредено, мртво врапче или болно дете.
    Види јас никаде не реков дека штом ке дојде старота треба да ги шутнеме родителите, туку, ако треба да бирам помеѓу родителите и децата тогаш ги бирам децата.
    Многу случаи има, каде што заглавиле со стари и досадни и си ги запоставиле децата. во предходниот пости имам пишано:

    Човек кој гледа стари болни и кој истовремено гледа мали и шлакнати, не останува присебен, некаде ке попушти, ако не и секаде а така и се прават големите грешки

    Ова е реалноста. Мајка на 3 деца, гледајки стари и болни, а со навистина одлични пензии ( дали од љубов или за пари незнам) си ги испушти децата од раце. Најтешко е да имаш еден куп тинејџери дома, па згора и стари и досадни. Да да почнаа децата со марихуана, со алкохол и сега се пффффф. Да така е.
    Неможе човек се да постигне и работа и деца и дом и стари и болести и маки.

    Не е тоа безчуствителност ако старите ги однесеш во старски дом. Нивното време и нивната младост и нивните секирации поминале. Безчувствутелност е децата да си ги запоставиш, а нели тие се иднината.
    Младите денес не се сурови како штом имаш пишано, туку денес е суров животот. Денес тешко се стига до сопствен дом, до работа, до паричка, а да не ги изгубиш сите нерви. Затоа и не ги осудувам оние кои решиле да немаат деца, напоротив, ги разбирам. Со кои нерви и во кои услови ке гледаш дете, ако живееш во стан од 40 кврадрати со стари и без работа? Што ти му пружиш на тоа дете?

    Јас сум размислувала на оваа тема и да иако сум млада, знам дека нема да сакам да им бидат терет на моите деца. И моите се накај 60, па предходно кажав дека тие сами одлучија дека кога ке дојде тој ден да се веке немоќни, да си одат во старски дом, каде што ке имаат помош 24 часа. Тоа е совест, тоа е родителство, тоа е грижа. Мојата мајка несака да јас или брат ми си ги запоставиме семејствата, за да може нејзе утреден пелени да и менуваме. Доволно сме проживеале како деца, па несака понатака да ни е терет.

    Си го пишала ова:

    Секогаш кога ќе кажете па што има врска тие се стари и треба да одат во дом, посебно сме одлучни кога свекрвите се во прашање, но замислете ги вашите мајки кои се одрекле од многу работи во животот за да вие бидете некој и нешто, како ги носите во дом, со еден куфер ги оставате во една соба и го вртите грбот и си заминувате.
    Замислете да она вас ви го направела истото под изговор дека нема услои да ве чува. И, замислете како они се чувствуваат во тој миг кога ќе го свртите грбот и ќе си заминете, малку е ако кажам дека се чувствуваат бедно, но можеби не веднаш, но секоја солза капната од мајчиното око ќе ве стигне кога, тогаш

    Види, ниедно дете не побарало да биде родено. Ми се здосади по 3 пат ова да го кажувам. Изгледа не читаш до крај кој што пишал, а одма осудуваш.
    Значи ако мојата мајка сметала дека не е способна да има дете, тогаш немала потреба и да роди. Не е само роди го и фрли го на улица. Но јас имам право да бирам како и со кој ке го живаем мојот живот.
    Никој несака родителите ( за свекрви не зборувам воопшто) да си ги остави во дом. Јас не.
    Јас сакам за мојата мајка да имам 3-4 жени што ке и слугуваат по 24 часа на ден. Јас сакам мојата мајка да има јахта и да оди на крстарење, а не да се секира дали може да си дозволи бања. Јас сакам да живеам во замок, во кој ке има приватна бања за мојата мајка со кал од мртво море. Јас сакам мојата мајка да има голема кино сала, со огромен кревет на вода и секакви овошја и кавијари, за да може да си ја изгледа малечката невеста и сега овој новиот и сите следни. Јас сакам за мојата мајка 100 хектарска градина и да ги засади сите цвекиња на светов, за кои копнее цел живот. И јас сакам за мојата мајка 2-3 келави батки да ја возат со џип до пазар и да и ги држат торбите, додека таа се ценка за пиперките.
    Ок? Ајде сега да се вратиме во реалноста.
    МОјот стан е 90 квадрати. Да прилично е голем. Моите имаат посебна спална, јас имам посебна, брат ми посебна и + две купатиила, голема дневна, кујна и тераса. Ама кај да е брат ми ке се ожени. Јас ке заминам. Моите се ок. Двајцата работат. Ке имаат и внучиња. СУПЕР. Е сега мајка ми вика, ние ке си одиме во село или ке си направиме куќа во близина со две соби, за да може сите внучиња да ми идат на гости, без да се лути керката или снаата. Најсовесно. И кога ке дојде ден да сме немоќни пут под ноге и мир у куќи. Тогаш сами ке си ги гледате децата, пошто мајка нема да може.
    А што треба да каже? Да ме приберете, на глава да ви седам, да чувате уште 2 деца, па пелени за мали, па пелени за големи. Па едни на брза помош, други на ургентен. НЕ фала. Вие гледајте да си работите и да си стварате за вашите деца. Ние колку можевме ви створивме и ви дадовме и ке ви даваме додека можеме.

    Јас ке изберам дали да родам дете, кога ке одлучам дека сум способна да му пружам се што треба, а после тоа да не сум му на терет.

    И немој после овој пост пак да ме наречеш безчувствителна. Чувства се едно, совеста е друго, реалноста е трето и така.
     
    На mira.mira, anina, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми


    Аман, аман imelda погоре пиша
    Жите се немој да не учиш што е љубов. Ако со наближување на 30та не сме научиле по твој стандард што е љубов, тогаш одсега па ич.

    Љубовта се покажува до последен здив, па верувам дека и мојата мајка мислела на тоа, кога рече несака да ни биде терет и да повеке ке ја сакам, отколку дома да ми мрчи и деца да ми живцира. Фала богу никој здрави луѓе не ги фрла. Одењето во старски дом не е несакање и непочитувње. Велиш прегратка и незнам што. Па ке ги посетуваш и така одморен ке имаш повеке желба и за прегратки и за бакнеши и за внимание. Одколку дома да им ги чистиш каките, мочките и сите останати бељи, како и кукањата и лелекањата. Тогаш сигурно нема ептен да се гушкате и прегрнувате. Посебно ако треба во раце да ги креваш за да ги однесеш до бања па и да ги бањаш ТАТО И МАМА. Нема да можеш детево во раце да си го кренеш, а може и за навек кичма даси укочиш

    ДОСТА ВЕКЕ АМАН НАПНА
    Немој да не учиш што е како е љубовта. Не побаравме совет. Зошто неможеш да прифатиш дека не сите се како тебе.
    Аман те молам чувајси ги сите до тебе и твоите родители и родителите намажот и децата, па чак и внуците и прегрнувајтесе и делете љубов.
     
    На srcence1607 и joy1 им се допаѓа ова.
  5. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Љубовта се покажува до последен здив, па верувам дека и мојата мајка мислела на тоа, кога рече несака да ни биде терет и да повеке ке ја сакам, отколку дома да ми мрчи и деца да ми живцира. Фала богу никој здрави луѓе не ги фрла. Одељето во старски дом не е несакање и непочитувње. Велиш прегратка и незнам што. Па ке ги посетуваш и така одморен ке имаш повеке желба и за прегратки и за бакнеши и за внимание. Одколку дома да им ги чистиш каките, мочките и сите останати бељи, како и кукањата и лелекањата. Тпгаш сигурно нема ептен да се гушкате и прегрнувате.

    Што да кажам а да биде пристојно, ќе кажам дека мајкати е многу свесна особа и знае што ја чека и се обидува себеси да се припреми за она што ја чека. Одењето во старски дом не е несакање и непочитување? А, што е? Зошто таа не те оставила во дом а она да доагала еднаш месечно и да те гушнела и тоа е тоа? За тоа да ти мрчи и деца да ти плаши, и за долниот дел од твојот пост несакам ни да разговарам тоа е одвратно. Ако вака размислуваш за мајка ти, па можам да замислам како размислуваш за свекрвати, нејзе дирекно на кремирање, да не прави трошоци нели?
    Незнам дали ти или некој друг спомна дека некоја децата ги испуштила почнале да се дрогираат затоа што она чувала стари дома. Тоа е апсурд што не заслужува коментар да се префрли вината на старите заради своите пропусти во воспитувањето на децата.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми

    ЖЕНО КОЈ ДЕЛ ОД НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ НЕ ГО РАЗБИРАШ. МОРАМ ДА ТИ ПИШУВАМ СО ГОЛЕМИ БУКВИ ЗА ДА ЧИТАШ. ДАЛИ СИ СВЕСНА ДЕКА ОСВЕН ШТО СИ НАПОРНА СТАНА И ОДБИВНА? АМАН ЧУВАЈ ГИ СИТЕ ДО ТЕБЕ, САМО НЕМОЈ ПОСЛЕ НЕКОЈА ГОДИНА ДА МРЧИШ ОВДЕ КАКО ТИ ПОПУШТИЛЕ НЕРВИТЕ СО СТАРИТЕ И ДА ЗАМАРАШ СО ПРОБЛЕМИ.

    И КОЈ ДЕЛ ОД- НИЕ ОД ТЕБЕ НЕ ПОБАРАВМЕ СОВЕТ НЕ ГО РАЗБИРАШ?
    КОЈ ДЕЛ ОД -ОВА Е САМО НАШЕ МИСЛЕЊЕ НЕ ГО РАЗБИРАШ?
    КОЈ ДЕЛА ОД -БАШ НЕ ЗАБОЛЕ МЕНЕ СРЦЕНЦЕ И ОСТАНАТИТЕ, ЗА ТВОЕТО МИСЛЕЊЕ НЕ ГО РАЗБИРАШ?
    УСТВАРИ ШТО ТИ РАЗБИРАШ ОД ТЕМАВА?
    ГО ТЕРАШ ЧОВЕК ДА БИДЕ БЕЗОБРАЗЕН.

    ОК АКО ТИ Е ТОЛКУ ВАЖНО ЕВЕ ЈАС ИМЕЛДА СРЦЕНЦЕ И УШТЕ НЕКОЈА СМЕ БЕЗДУШНИ, А ТИ СИ ВОЗВИШЕНА СВЕТИЦА И БОЖИЦА НА НЕБОТО И НА ЗЕМЈАТА. ТИ СИ АЛФА И ОМЕГА. ТИ СИ БОГ


    ДАЛИ ТЕ ЗАДОВОЛИ НАШАТА ПОФАЛБА? НЕ! ОК

    НЕЖНА28 ТИ СИ ВО ПРАВО И СИ МНОГУ ДОБРА И ПАМЕТНА ОСОБА, А НИЕ СМЕ БЕЗДУШНИ, ГЛУПИ И ПРОСТИ И СОРАБОТУВАМЕ СО ЃАВОЛОТ, ДЕМОНИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ЗЛИ СИЛИ.

    ТИ МОРАШ ДА СЕ БОРИШ СО ТАКВИТЕ КАКО НАС И ДА НЕ ИЗБАВИШ ОД ЛУКАВИОТ, ЗА ДА НЕ ПОСТОЈАТ СТАРСКИ ДОМОВИ, БОЛНИ ЛУЃЕ, ВОЈНИ, ВИСОКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, СДСМ, АМДИ БЈРАМ, НАТО, АТОМСКИ БОМБИ, ВОНЗЕМЈАНИ И СИЛИКОНИ


    а да те прашам да не си јеховин сведок?

    а знам знам ти не си од нашата планета

    ти си од друга планета каде што цел народ живее во еден заграден простор, и на сите им е многу убаво и на старте им е многу убаво и на младите им е многу увбаво. И на бебињата им е многу убаво и на кучињата им е многу убаво. И на свекрвите им е многу убаво. И на мајките им е многу убаво. И на татковците им е многу убаво. И на жените им е многу убаво. И на золвите им е многу убаво. И на зетовите им е многу убаво. И на деверите им е многу убаво. И на свекорите им е многу убаво. И на јатрвите им е многу убаво. И сите цело време си викаат е многу ми е убаво.
     
    На rose60, anina, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Ух, ептен се изнервира значи. :lol: Само постов додека го читав те замислив како вриеш и нервозно куцаш на тастатура 100 на саат. Ама ме насмеа да ти кажам. :lol: Поготово делот со демоните, Амди Бајрам, силиконите и Јеховин сведок. :rofl:
     
    На WORRIED.BT и okcenzi им се допаѓа ова.
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Lovely ја не можам да се соземам од смеење, од кај ги ископа зборовиве окензи, од кадеее?? :rofl: :rofl: екплодира од нервоза :rofl: :rofl:
     
    На Lovely93 и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми

    леле срценце каква порака па тебе ти испратив

    ајде да не се брукам ептен овде јавно, ама стварно ме подизвади од памет

    море што има везе залепија пораката тука нека прочита нежна како изгледа една совршена вечер, а ако сака ке и го прерскажам цел ден

    аман не ми замерајте, прочитајте набрзинка и да ја избришам

    така тоа бе ке се гушкаме цел ден, вие какајте во кревет
    И така ке си ја наполниш кадата и прво ке ја избањаш мама, па после поголемото дете, па тато, па помалото, па ако остане вода и кучето. И после ке ја легнеш во тросед мама ама од левата страна, па помалото дете, па поголемото, па на крај тато, дека ако падне да не го боли многу. Па после ке кажеш, ајде сите нозе у вис и еден по еден сите пелени и после по една кашичка или попара за сите и по една приказна за пред спиење. Само ке мораш да се подзамислиш која приказна, пошто децата ке ја сакаат пепелашка или бетмен, а старите ке сакаат некоја за втора светска војна и за хитлер. Се се е лесно, само со приказниве е тешко.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    ЛУЃЕ УМИРААМ ОД СМЕЕААА ЖИМИ СЕЕЕ АХАХАХАХАХАХАХАХА :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: ОКЕНЗИ ТИ ТРЕБА ЛЕЧЕЊА СРЦКА АМА ВО ПОЗИТИВН СМИСЛА ДЕФИНИТИВНО.

    иначе се ова е стварно вистинито ама жално и реално. Не е мед и млеко животот со стари над глава
     
    На WORRIED.BT и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми

    утре ти и Lovely да си ме правдате пред модераторите на темава коа ке прочитаат
     
    На rose60, Lovely93 и srcence1607 им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Ако родителите нема кој да ги чува а им треба нега, сами ќе си одлучат дали ќе одат во дом или не, затоа што тие имаат уште една опција. Да најдат човек кој ќе се грижи за нив па да им препишат имот, спрат, куќа, стан. Ако гледаме реално без многу патетики тогаш да гледаме реално до крај. Како што ние си мислиме на нашата среќа, така и тие. Ако тие не можат да замислат животот во дом да го минат, имаат опции. Но не се должни да ти дадат куќа и да си заминат со куферот за да ти имаш мир. За мирот ќе се помачиш малку.
    Ете родителите на окцензи си решиле и ако не се предомислат кога ќе дојде јајцето на газот, тогаш супер, дошле до решение од кое сите се задоволни, нема што ние да преиспитуваме дали е правилно или не.
     
    На rose60, baby-star, evangelina.ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Верувам дека повеќето постови, вклучително и мојот, ќе бидат избришани бидејќи немаат врска со темата, но само ќе кажам за сите што се колнат во љубов и не можат да помислат да пратат некој близок во дом, дека понекогаш тоа е похуманата опција отколку грижење дома за човек кој не е во состојба сам да се одржува.
    Имав прилика тоа да го видам во сопствената фамилија - моите се грижеа за две стари тетки на татко ми, секој ден одеа, им одржуваа хигиена колку што можеа, им готвеа и ги хранеа. Сето тоа влијаеше и на моите родители, бидејќи и тие не се во цутот на младоста па да им оди лесно. Старите веќе се губеа и со паметот, одбиваа да се бањаат, си ги вадеа пелените, добија пликови од лежење на иста страна и тн. После скоро година дена мачење за сите, мораше да се пратат во дом. Таму веднаш ги избањаа, ишишаа, едната дури со инфузија ја поткренаа и им ја дадоа сета медицинска нега која што моите необучени за тоа не беа во состојба. Во домот секој ден ги посетуваа, и тоа време го користеа да им обратат навистина внимание како луѓе, да им направат муабет или прочитаат нешто, а не да го поминат времео чистејќи и менувајќи пелени. Сега двете се починати, но искрено, последните месеци во домот и за нив беа подобри отколку мачењето дома.
    Сакам да кажам, секоја ситуација е различна, и не може човек однапред да каже дека тој никогаш нема такво нешто да направи (и татко ми викаше порано), ниту пак може изричито да каже дека ќе ги прати своите во дом (има луѓе кои на своу 85, 90 години се луцидни, подвижни и навистина нема зошто да им се ремети мирот и да се селат).
     
    На okcenzi, srcence1607 и SV1911 им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Родителите не треба да ни бидат товар, љубовта не згаснува кога човек ќе остаре.
    Јас не можам да замислам, да можам а да не им помагам, па дури и да бидам со моите кога ќе остарат.
    Сигурно дека тие нема на драга волја да одлучат да отидат во старечки дом, кога можат да бидат со своите деца.
    Што има мене родителот да ми смета дома? За "какање"-сите го правиме тоа, и ние кога сме биле беспомошни и мали сме имале потреба од помош. Сите кога сме биле бебиња ни менувале пелени, се грижеле за нас кога сме биле болни, не советувале кога сме пораснале, а можеле да не дадат во дом па кога ќе наполниме 18 да им се вратиме.
    Ваков случај познавам лично, го оставиле синот во дом, демек немале пари за издршка, а куќа имаат ама такви неписмени, злобни и расипани луѓе, си го однеле детето во дом. Кога стана полнолетен му направиле две соби налик на куќиче тука до нив, всушност не ни знам дали родителите му го направиле или тој заработил па го направил. Ама се гледаше дека многу е засрамен од неговите.
    Поентата ми е дека треба да се грижиме едни за други. Тие се грижеле за нас, ние ќе се грижиме за нив.
    Немаат сите можност да се одделат од свекорот/свекрвата или мајката/таткото, но и да се одвоени, сигурно нема да ги остават дома сами болни и беспомошни, тоа е многу бесчуствително.
    Ако имаат поголеми пензии и ако тие самите решат да одат во старечки дом (а верувајте, такво нешто ќе решат само ако приметат дека вие сте незаинтересирани да им помогнете), тогаш ќе отидат. Иако како нивни деца, додека сте на работа, можете да најмите човек кој ќе се грижи за нив во домашни услови, додека да се вратите од работа.
    Има такви случаи каде никој од децата нe сака да го догледа стариот родител а на крај сите ќе се испотепаат кој што да земе од имотот.
    И има право Bridget, ако не сакате да се грижите за родителот на старост и под изговор дека не можете сите да живеете заедно и дека не можеш да се грижиш истовремено и за родителот и за своите деца, ги испратите во старечки дом, тие можат да си најдат некој за да ги дочува, но ќе му ги остават куќата/станот. Такви има многу а уште поголем е бројот на луѓето кои сакаат таква можност. Така сте во двојна загуба, ја намалувате почитта од родителот кон вас и ја губите можноста да наследите.
     
    На baby-star и Nezna28 им се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    ЛЕЛЕЛЕЛ ќе се испотепате на форумов. Ова е форум , а не боксерска арена.И ајде ве молам без докажување сите имаме право на мислење.Ова исто како со телевизорот, ако не ти се гледа некоја програма, пушти друга програма.
     
  16. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Да така е . Плус не велам дека немат допринесено за кукава ама секој кредит кој тие или ние сме го подигнале за да ја изградиме кукава го плакаме ние со платата на мм. Кога работев мое беше да снабдам за јадење за се во куката. Сега јас не пазарам за дома дека нема пари и свеки не пазари синока ручавме што ручавме на мм му се пријаде пак касното и отвара во фрижидер само шишиња вода,краставица и домати. И и вели на мајка му „Мамо што е ова празен фрижидер кога ... пазареше и се грижеше за домакинството фрижидрот беше полн сега нема ништо„ . Оваа кути и едно време му вели „Епа нема пари , ете нека пазари пак таа„. А женава зема плата пред неполан недела и не плати ниту една сметка ниту купи за дома нешто само еден базен на внукот.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Ке дојде ден и ние ке сме свекрви и како нам така некој во старечки дом да не прати?Јас затоа ја траам мојава свеки и велам дека не ја бркам од кука ама нема нема ни цела кука да ја има на располагање а јас во 1 соба .Сепак и ние одиме на нивно.
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Навистина?

    Ние не си ги сакаме родителите, а ти многу си ги сакаш?

    Ти лично познаваш родители што отишле во старски дом кога виделе дека децава не ги сакаат?
    Моите баш дека премногу не сакаат, ке одат во старски дом, ако еден ден се разболат, а не на нас да ни бидат терат, бидејки ете тие некогаш ни менувале пелени. Не е исто на дете од 5-10 кг да му смениш пелени и на стар човек од 50-60 кг. Ова некако сите вие што ја знаете љубовта го подзаборавате.

    Точно е и дека ако некој сака може да земе жена да го гледа и се да му остави, ама секој нормален човек кој си ги сака децата нема да го направи. Ке си оди во старски и децата ке бидат задоволни и тој.
    Ваквите родители па мене ми се себични и тоа многу.

    Да има и случаи каде децата не си ги погледнувале старите, па после се потепале за имањето, ама има и деца кои не се во моженост да гледаат стари и БОЛНИ, па останале без ништо. СЕБИЧНОСТ и во двата случаи.


    За болдот ке нагласам уште еднаш; да моите одлучија дека ако еден ден се разболат и да неможат да се грижат сами за себе, ке си одат во старски. Ни јас ни брат ми ова не сме им го прелдожиле. И нема да одат затоа што ние не сме умни како тебе и нема да ги гледаме, туку ке одат затоа што не сакаат и ние да се мачиме како нив и поради преголемата љубов. И да не мислат само на себе и немаат себичност, туку здрав разум и големо срце. Секој родител што вика дека јас те родив, јас ти менував пелени а ти сакаш да ме шутнеш, е себичен, затоа што мисли само на себе и на никој друг. Значи тој родител направил дете, само за да има кој да го гледа кога ке остаре, плашејки се да остане сам. Кукавици.
     
    На srcence1607 и imelda им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Полека со директните навреди. Јас во моето мислење, кое беше општо кажано, никаде не те именував тебе ниту пак твоите родители, ниту ничии. Си кажав само мое мислење.
    И остави ме мене и моите родители, изземи не од твоето зајадливо коментирање, јас никаде не те посочив тебе и твоите.
    Стварно претеруваш понекогаш со директните обраќања. Секој човек си е посебна приказна, секоја фамилија си е посебна приказна, ако тебе не ти се допаднало моето мислење, ок, кажи си свое, ама гледам дека твоето мислење го повторуваш после сечие друго.
    Јас мислам дека е доволно еднаш да се изјасниш и непотребно е после секого да го цитираш, убедуваш и навредуваш.
    Многу остро коментираш нечии мислења, често служејќи се со навреди кон одредени членови, само зашто имаат мислење спротивно од твоето.
    Што треба сега ние, што не мислиме како тебе, да те цитираме и да ти речеме леле па твоите не те сакаат, па ти си луда што мислиш така, па ти не ги сакаш и слични глупости?
    Ако одиме на тој начин, треба да ги испозатворат темите.
     
    На Nezna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Свекрвите и снаите – проблеми

    Сум кажала порано, мојата свекрва е во дом за склеротични стари, 24 часа нега. Епа ја фрлив, такви сме тука, фрламе стари по домови и не плачеме кога некој умре. :^)

    Ама, кој не чувал, или не се соочил со самата ситуација, за да види какво е тоа чување, ќе продава кикиритки за љубови, прегратки, топли домови и емоционални уцени. Камо да беше едноставна калкулација за пари. Јас од неа денар нема да видам, дури колку повеќе поживее, за да не ја местам на поевтино веќе и од мој џеб си вадам. Тој што не праќа во дом заради наследство е повеќе калкулација за пари, ако се вреѓаме веќе зошто да не речам. Оваа жена не е веќе ни мојата свекрва, ни мајката на маж ми. Таа е само тело кое живее, зборува свашта, поим нема која е или каде е од каде е и колку време е во тој дом, оди колку толку, пие, јаде што и дадат, и се кашка, да не се изразувам, несвесно пет шест пати во денот. Ноќе не спие. Станува. Дење ја пазат една смена на сестри. Ноќе ја пази друга смена на сестри, кои спиеле преку денот. Имаат доктор на повик, фризер на повик, музички уметници, разни забавувачи, макар води им го истиот секој ден толку ќе знаат, ама барем за негувателите е различно.

    Кој се нафаќа да ја чува нека дигне два прста, веднаш ја вадам од дом, со пензијата во пакет да ви ја пратам ако може :?:
     
    На srcence1607, okcenzi, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.