1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за старите родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lolyta777, 19 јануари 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Пред да споредувате современ дом за стари лица со болница, ве молам одете и разгледајте еден од нив. Зборувам за современиве реновирани и сл. Во толку убави хотели не сум била, не пак болничка соба. Медицинските оддели се обично во посебен дел.
     
    На okcenzi, imelda и lunicka им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    А домот во кој ги чуваат од што мислиш дека се плаќа? :^) Од фала? :wasntme:
    Колку за претстава еве, мојата е во дом веќе 98 недели а според докторите во најмала рака ќе ги дуплира(за кое сценарио мора да се води некој ред ама тоа да оставиме на сметководител/финансиски советник да рачуна распореди). Само станарината и јадењето е 600 евра неделно, накнадно облека, кратење коса/нокти, средства за хигиена, посебни стрволинки, цигари... Целокупниот месечен трошок и е 2600/2700 евра. Пензијата и е 400 евра месечно. Ќе и земам јас опинците на неа :P
     
    На tessie и lunicka им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Сакаш да кажеш дека остатокот од над 2000 евра ти и го плаќаш? Ако се лажеме :D
    Колку што знам еве тука во државата јас кај што сум, баш читнав по форуми, старите што мораат во дом каде ќе им биде пружена и медицинска нега 24/7, ги оставаат куќите на установите, или ги продаваат па со тие пари се сместуваат. Ако куќата на старите е порано препишана на ќерка или син, тогаш тој што ја добил куќата е должен да плаќа за старите. Значи тоа во случаи кога мора да оди, тогаш гледаат што се имаат старите на сметка, имот на нивно име, им го земаат и ги сместуваат.
    Ако речеш дека дома ќе си го гледаш родителот, треба да плаќаш медицински сестри, апарати, лекови и се што ќе ти речат од болница дека е потребно. Ако видат дека не е правилно згрижен, го носат во болница, а за плаќање кажав претходно како е.
    Ова само во случај кога мора да е постојано под надзор, па и сам да сака да оди во дом, плаќањето е исто, оставаш или продаваш куќа затоа што пензиите не се доволни да платиш престој и третмани.

    Па и во Македонија оние прекрасни домови кои ги спомнувате, видов и јас на слики, се скапи, и не ми е јасно како ќе ги плаќа едно семејство со просечни примања и старец со просечна пензија. Веројатно има евтини и далеку понепривлечни варијанти??
     
  4. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Имелд и Теси зборувам за македонските старчки домови каде завршуваат поголемиот дел од старите лица, не зборувам за домови во ЕУ, или некои приватни домови овде каде завршуваат многу малку луге, претежно оние кои во минатото биле на некои високи позиции. Инаку тресење суми од ракав и извртување на приказната дека тоа се супер луксузни хотели а не домови е надвор од умот.
    Во Македонија има 1-2 такви домови од кој едниот е Панада, каде што се сместени мал број на луге. Најголемиот дел завршуваат во таканаречените државни домови каде условите се повеќе од мизерни. Да не се фолираме, која снаа ќе доплаќа да свекрва и биде сместена во приватен дом посебно толкави баснословни суми кои ги спомна Имелдам толку е македонскиот годишен приход по семејство а не пак за дом да доплаќа и тоа толкава сум на месечно ниво.?
    Туку најчесто одат на варијантата држава ја зема пензијата и ја сместува во дом а се останато останува а синови ќерки. Сега ние тука можеме до бесвест да филозофираме но тоа е македонската реалност.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Епа тоа и го велам.. Не е секоја ситуација црна или бела. Некому над 300 евра месечно му е луксуз за старечки дом, некому над 3 илјади му е луксуз за свадба, што се вели, па некои парови не се одлучуваат на тој чекор. А инаку далеку се од 1-2 приватни домови, прогуглајте ќе се уверите.

    Толку немаме за неопходни нешта и ситуации а кафичине секој ден полни. Не можеш за навистина важна пригода да си седнеш ако не резервираш претходно. Приоритизација и организација му е мајката.

    Јас велам секој со своите приоритети кога се парите во прашање. Тие приоритети си носат и придобивки но и последици. Но не смееме да судиме и да гледаме само црно или бело кога не сме запознаени или ако не сме искусиле нешто и да делиме навреди на луѓе чиишто судбини не ги знаеме и не можеме да ги дознаеме од две реченици. Се делеа “комплименти“ од типот на себични, вакви такви лесно како да се фрлаа конфети. Но, најлесно е да судиме и да етикетираме. А немојте да мислите дека со жени за чување многу поефтино ќе се помине. Ама битно во своја куќа ќе биде.
     
    На mira.mira, srcence1607, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Не. Затоа реков кога стана збор за стан/куќа, од што се плаќа таа грижа. Со оглед на тоа што мораш да распоредиш финансии според очекуваното време за грижа, и што е ставена во дом изберен од нас а не било каков номиниран од социјално, плаќам и јас уште сега, а колку, тоа си е моја сметка.
     
    На okcenzi, lunicka и tessie им се допаѓа ова.
  7. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Сега мислам дека ме вовлекувате во една непродуктина расправа, а јас не сум склона кон такви расправи каде што нон стоп се извртува приказната. Кога ја почнав оваа расправа со Срценце, и уште некои поентата беше расправата да ја сведеме на рационални македонски услови, а не да филозофираме со разни екстра стандарди во домоите за стари лица каде просечна плата е 200 евра.
    Лесно е овде да кажуваме за организација, приоритизација..... јас кога расправам за било која тема, како основа го земам просечното маједонско семејство. Да се разбереме јас не припагам во тие просечни семејства, но тоа не значи сега да им филозофирам на лугево овде да им кажувам ќе се организирате и ќе си направите приоритизација и ќе можете да си направите виќендица или да си купите брендирана ташна од 1000 евра..... Не е работата по секоја цена да излезете во право со измислување и филозофирање туку според мене поентата е да дискутираме раљционално и за македонски услови, инаку се останато што е надвор од тоа, воопшто нема ни да го коментирам бидејки не дозволувам да идам вовлечена во празна расправа и фантазирање.
    Ако ги имате вие тие пари за кои зборувате очи нема да ви види свекрвави а камо ли да и доплаќате толкави суми во екстра луксузни домови.
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Мене ми се обраќаш со ова? Па нели фамилијарни вредности, човечки односи, љубови, емоционални уцени и се тоа е важно за односот колку ќе се сакаме и почитуваме млади со стари, а не кој колку пари има или од кого пари/наследство чека па така да почитува, од корист :?:
     
    На lunicka, srcence1607, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^^Каква врска сега има со какви суми располага некоја со дали некоја ќе и види очи на свекрвата?
    Сега си сама на себе контрадикторна, ти се преставуваш како богата значи и ти нема да и ги видиш очите на свекрвата истата таа која што цело време целиш дека ќе ја чуваш без обзир на било што?

    Инаку јас мислам дека добро стојам финансиски (не од тато и од мама туку мои средства) а види чудна работа секоја недела се гледам со свекрвата. :?:

    Сум се изјаснила и друг пат доколку не бара постојана нега како на Имелда свекрвата тогаш со брат ми ќе го негуваме дома татко ми, факт е дека нема да можеме сами да се грижиме за него доколку добие деметија, алзаемерс итн, тогаш во тој случај кога е опасен сам на себе а и на околината е најдобро и најхумано да се смести во установа каде ќе биде надгледуван 24/7.
    Сега за сега е 64 години сеуште работи, таква професија има што не мора да оди во пензија до 70 години, не пие по една рака апчиња |( витален е, не мора да значи ако е некој постар мора да значи дека е беспомошен а и дека ќе мора некој да ги гледа, повеќето од нозе го напуштаат овој свет.

    За свекорот и свекрвата тие имаат четворица синови така да како ќе одлучат тие меѓусебе јас ќе им ја почитувам одлуката, ако одлучат во ваков случај дека они ќе се грижат за родителите јас ќе си го исполнам мојот дел заедно со сопругот за чување на неговите родители, без било каква надокнада или мислење на колку ќе наследи сопругот мој.

    Кога веќе барате да зборуваме за условите во Мк а да не пишуваме баснословни суми |( и приказни, на вујна ми мајка и пред 7-8 години се разболе од деметија и од првин со брат и одеа во смени се грижеа за мајката ама како и напредување болеста стана невозможно некој постојано да биде со неа.
    Ги разгледале сите домови кои ги примат ваквите случаеви во Ск а не се многу, се одлучиле против геријатрија затоа што условите биле нехумани, одвратни итн, се одлучија за приватно сместување ама месечните трошкови биле 30.000 денари а таа со пензија од 10.000, тие двајцата со добри просечни плати ама и деца на факултети немале можност да одвојуваат по 10.000 денари.
    Се договорија го продадоа станот на мајка им, со парите ја надокнадуваа разликата, почина старата после 4 години, остатокот од парите си ги поделиле.

    Проблемот е што 99% од децата не сакаат да се одвојат од станот/куќата за да им пружат најдобра нега на родителите туку сакаат да си го задржат станот/куќата и ги остават старите во сериозно мизерни услови.
     
    На Waka-waka, okcenzi, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Дај бе прекинете со тие демагогии колку ќе си ја сакате свекрвата и сличните работи. Мајка и свекрва не е исто и треба да ви е јасно дека свекрва нема да ве сака, си има деца нејзини што ќе си сака. За неа сте само жени на нејзиниот син и точка.

    А тоа што зборуваш демек Таа му е мајкаа на саканиоот вака такаа, секако дека ќе ја тинтраам, па она го родилаа, го одгледала. Да не била она, сега љубениот мој не ќе постоеше аввв :$ :$ ;( :inlove: - верувај кај неа нема да ти запали |( , едино може да пали кај маж ти секако ако му лижеш гз на маж ти коооолкуу ти него го сакааш па дури од толку љубов и мајка му ќе ја гледаш како своја дур не умре..

    И ако толку се сакате со неа, како мајка да ти е, бла бла немој утре да те прочитам во Снаи и свекрви-проблеми, па да те потсетам на лигавењава тука за љубов кон свекрвата. :*

    Back to reality dear
     
    На okcenzi и joy1 им се допаѓа ова.
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за мислењето едно по друго, не сакав да ги ставам во едно зашто се однесуваат за различна тема од претходното мислење.

    А чекај малце, од каде ти знаеш ја какви услови имам?? Јас кога зборев за дом и слично, зборев лично за мене. Зашто упорно ме реплицираш кога реков дека не сакам да ме реплицира никој зашто очигледно си се настрвила за карање а не сакам да се карам. Кажав лично мое мислење и чао пријатно.

    Од каде ти знаеш каде живеам, колку пари имам и слично. Од каде знаеш утре јас во каква фамилија ќе влезам, на какво место ќе работам и со која пара ќе располагам па се фатила за мене??
    Убаво кажав тоа е лично мое мислење, што значи за да го имам тоа мислење и став треба да си имам мои лични причини кои тебе и другите не треба да ве интересираат.

    И ако веќе зборуваш за просечни семејства и просечни плати, не потенцирај дека ТИ си богата и ајде ќе ти аплаудираме зашто ти си богата. Биди си богата ти цел живот дај боже се да имаш на тацна, не сум љубоморна на пара ниту пак зависна од неа, ама немој тука да им солиш памет на помалце богатите и сиромашните дека ако имаат помалце од тебе дека треба да ги чуваат дома старите затоа што ти мислиш дека така е правилно. Ти ниту ги знаеш ниту си си должна да објаснуваш кој колку пари има и дали има за дом или нема.


    И за тоа со наследството, не зборам за другите, ќе кажам лично за мене. Не ми треба никакво наследство ниту пак ќе барам од моите , ниту пак ме интересира наследството на дечко ми-негово си е.
    Јас лично не сакам да чувам стари лица и тоа не значи дека ако не сакам да ги чувам дека не ги сакам и ме заболе за тоа дали е правилно или не спред вас.

    Не сакам да се објаснувам и докажувам зашто 10 пати го напишав едното исто, ти пак упорно Срценце, срценце, срценце. И не ми е гајле дали ти ќе разбереш што сакам да кажам и останатите, важно е што моите родители ми го разбираат личниот став околу тоа, се согласуваат со мене. А за сметката, домот и парите не дебатирај околу тоа, зашто тоа си е наша лична работа.
     
    На imelda, okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Абе ептен забегавте со темава.
    Зборуваме за грижа за стари и болни родители или кој колку пари има?
    Бог да чува.
    Срценце : И не ми е гајле дали ти ќе разбереш што сакам да кажам и останатите, важно е што моите родители ми го разбираат личниот став околу тоа, се согласуваат со мене
    Ако не ти е гајле што толку дебатираш а?
    Прави си муабет со родителите на оваа тема, сега можеби се сложуваат ама кога ќе остарат нема да биде така верувај.
    Кога лежи родител на постела и те погледне, бара помош од тебе, а ти не си бог за да му помогнеш ќе го земеш како вреќа компир и марш во дом. Не е така ако имаш барем малку совест ,машки ќе издржиш и ќе се грижиш за него.
    Е сега во предходните постови прочитав за болести, односно за склероза тоа е веќе нешто сосема друго.
    Така да не се парите во прашање туку совеста.
     
    На Nezna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    а кој дел од тоа дека побарав да не ме реплицираат не го разбираш?? убави пишав, си кажав мислење, ме реплицаа дадов одговор и замолив повеќе да не ме реплицираат зашто не сакам да дискутирам повеќе на темава, но повторно ме реплицираа за истота работа што ја кажувам по 15 пати. Преку глава ми дое, и затоа е претходното мислење напишано. И пак го пишав истото за репликите и пак ме реплицираш за зборче. Дај бе доста, кои сте вие да судите дали имам јас совест или не. Од страна многу е лесно нели, дојди да видиш што ми се случува па после кажувај за мојата совест. Аман не побарав ни совет ни мислење за да ме нападнете.

    И НЕ МЕ РЕПЛИЦИРАЈТЕ ПОВЕЌЕ- НЕ САКАМ ДА ДИСКУТИРАМ ЗАШТО НЕ САКАМ ДА СЕ РАСПРАВАМ. АЈ ПОЗДРАВ
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Само нешто сакам да додадам на темава и ќе се тргнам од тука. Се додека мислите дека знаете се, што инволвира и решавате за опции, сценарија, идеални решенија, ништо не би ве спремило, додека се најдете во таа ситуација. Помага да имате знаење што се чека и очекува од вас, не за друго, ама барем за полесен шок, без разлика на што се решите откако премерите што вие добивате или губите при опциите на маса. Лично пропаднав во литература, уште откако ги препознав знаците, барав, слушав од напатен народ, пред да се соочам со проблемот за грижа, сакав да знам, да се едуцирам, да видам што ме чека оти некој поминал или мине низ тоа и знае подобро од моите претпоставки, ама додека не ми дојде мене во реалност, не знаев дека толку е тешко. Сите муабети со јас вака ќе, или јас вака ќе, се е тоа вода под мост. Ниедно решение не е идеално. Идеално е автобус да те згази на такво здравје. Секое решение е мачење, и за стариот болен и за сите околу него.
     
    На JAVO22, tessie, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам,џабе не се рекло да не ти дојде на глава!
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    И има некоја што си ги фрли родителите или ги прати во старски дом? :D
     
  17. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Секоја чест на оние што се грижат за старите родители без оглед на тоа дали им е заслужено или не, според мене тоа е најтешката работа на светот и многу често имам размислувано на темата...

    Се надевам дека никогаш нема да ме снајде бидејќи незнам што ќе биде... без разлика дали се работи за моите или неговите родители мислам дека нема да можам да го правам тоа а ќе ме изеде совеста жива ќе пропаднам скрос.

    Затоа не се занесувајте многу да ги осудувате лицата кои го прават тоа и кои се пожалиле, ние неможеме да си замислиме ни 5% од тоа што они го поминуваат.
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Во Битола отворен најсовремен старски дом

    Од денеска, во синџирот на приватни домови за стари лица, влегува и Старскиот дом кај битолското село Кравари


    Од денеска, во синџирот на приватни домови за стари лица, влегува и Старскиот дом кај битолското село Кравари, кој на денешната свеченост, ресорниот министер Диме Спасов и официјално го предаде во употреба. Овој објект, претставува најсовремена институција од ваков тип во Државата, со капацитет за 32 лица, а во комплексот се наоѓа и Дијагностички центар со софистицирана опрема, чии услуги ќе ги користат старите лица од овој Дом.

    - Овој старски дом е еден од најмодерните и најсовремените страски домови, не само во Државата, туку и пошироко. Јас и мојата екипа бевме во неколку држави од Европската унија и ги видовме старските домови - рече сопственикот Димитар Тристовски.
    - Се работи за значајна инвестиција во Битола во делот на приватни старски домови, кој е значаен во зголемувањето на капоцитетите. Ние како Министерство за труд и социјална политика, и во иднина ќе продолжиме континуирано да иницираме и соработуваме со потенцијалните инвеститори - рече Диме Спасов, мионистер за труд и социјална политика.

    Во Моментов, Министерството за труд и социјала финализира активности со уште десет идни инвеститори. Бидејќи оваа дејност во Република Македонија е дефицитарна, со владините мерки за градба од едно евро по метар квадратен и поефтини комуналии за 95%, како и кредити од Светска банка со ниски камати, за само неколку години се изградија шеснаесет приватни старски домови, каде што се вработени над двесте негуватели и медицински кадар.


    http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=82987#.VCw2hGeSyQw

    https://www.youtube.com/watch?v=nVgqhhbBdhQ

    Баба Марија има 77 години. Од пред 6 месеци живее во домот за стари лица Мајка Тереза. Сопругот и починал и не сакала остатокот од животот да го помине сама.

    -Не сакав да му сметам на синот. Барав негде кај што ќе има луже, не сум навикната да бидам сама. И така дојдов овде, вели Марија Ѓоргиева

    Во домот веднаш се спријателила со уште неколку жени кои ја делат истата судбина. Заедно гледаат телевизија. Оваа 77 годишна старица плете и чита. Го чека синот да и ја донесе “Џејн Ер“ од Емили Бронте.

    Вели и староста може да биде убава.

    -Да читам, многу сакам тоа да го правам, а овде и не шетаат. Бевме во Музејот на Евреите, на доручек на мост, во цркви...

    На денешниот ден на стари лица, од домот на сите корисници им поделиле ливчиња со логото смајли...сите имаат 100 дена рок да напишаат што е тоа што ги прави среќни.

    -Сакавме да направиме нешто и потоа сите тие ливчиња ќе ги собреме, ќе ги закажиме на хамер и ќе ги замениме со приватните домови, вели Јорданчо Јосифов.

    Во домот Мајка Тереза има 87 корисници. Повеќе од половината од нив се жени. Најстариот жител има 95 години.

    http://www.sitel.com.mk/i-starosta-mozh ... arite-lica
     
  19. JAVO22

    JAVO22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас немав доволно време да ги прочитам сите коментари на форумов,па ке ме извините што ќе прашам : Дали некој има искуство со некој од овие домови во Скопје конкретно?Која е цената што ја плаќа особено ако е родителот неподвижен во постела,како е задоволен со цената што ја плаќа?Благодарам за одговорот однапред:)
     
  20. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Мислење во го пишави во чување на стари лица па го копирами тука Вака ми треба мислење од некој кој има искуство со геирјатриските домови . Имено после доживеаниот мозочен удар баба ми ја сместивме во геријатриски дом. Вториот ден од престојот при одењето во домот на моите им било кажано дека овие 3-4 дена да не ја посетуваат ( посетата не е забранета туку топол совет од докторот кој моите го послушале а јас не можам овие 2 дена да отидам бидејќи сум 12 часа на работа ) бидејќи се вознемирувала и во текот на првите 24 часа од престојот и била доста немирна. Сместена е во домот Бранкица во радишани. Нечии искуства околу тој дом и спроведувањето на терапијата во иостит ( бидејќи бабам и прима цел куп на терапии) ?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.