Моите 4 најдобри другарки беа поканети на роденден кај мене.Им реков да дојдат во 10ипол кај мене,но закаснив пола саат и они си отишле ко демек да ме бараат па се налутиле зошто ме немало!И си отишле на друг роденден(кај некој помалку битен)а ја им викав да се вратат они несакаат .. и после јас се налутив .. мислите ли дека јас сум во право ??
Хааха..па brunete имаат право..твој родендне е ,секогаш треба да си пред сите,а не тебе да те чекаат.Имаат и право да се налутат али ништо страшно,утре пак ќе бидете заедно
Не знам зошто ама мислам дека ова нема допирна точка со љубовен проблем. И да, во право се другарките
E добро де,си закаснила (макар што не си била во право) ама ете се случило.И сега толку треба да ти се лутат како да си направила којзнае што,па уште да ги молиш да се вратат и да не сакаат И другарка ми еднаш закасни на нејзиниот роденден,па јас и уште едно девојче фино лепо ја почекавме и не и ни спомнавме. Крајно безобразно од нивна страна. Не ги оправдувам!
Тоа што си закаснила може на секој да му се случи. ( иако е твој роденден и би требало ти да си прва). Но како и да е, ете се случило, ти се налутиле другарките но не мислам дека си направила некоја толку голема грешка за да не сакаат да се вратат. Би требало да им помине лутината, ти не си во право, а ни тие не се целосно во право, на сите може да ни се случи таква грешка.
како бе така, кај беше? Ќе се извиниш и ќе најдеш некоја многу добра причина зошто доцнеше, во најмала рака ,, бев да земам уште пиво,, или ,, морав да го бакнам а тој не ме пушташе,,
Пробај да разговараш со нив, извини им се, објасни им... Мислам дека ако ти се вистински другарки и ако им значиш, ќе ти ја простат оваа грешка. Со среќа!
Мислам дека според нивната постапка можеш да заклучиш колку добри другарки ти се. Иако делумно и ти си виновна - се случува, си задоцнила, си требала да се најавиш... Не знам што се случило, но сепак доколку си им значела, би требало да те испочитуваат. Како и да е, сметам дека треба да разговараш со нив, така најубаво самата ќе си процениш како стојат нештата.
Они дека ќе ми се смират знам.Само мене многу ме боли тоа што не ме почекале како нивна најдобра другарка,и башка отишле на друг роденден и ги молев да се вратат и неќеа.ко да не им значам..
Би требало да те почекаат, кога веќе дошле...И воопшто не е добро што заминале на друг роденден, најдобри другарки ти се, можеле барем да ти се јават, да те прашаат каде си..или како што вели i.am.me и ти си можела да си најавиш, и твоја вина е што си заминале. Дефинитивно треба да разговараш со нив, да им се извиниш што си задоцнила, а и тие тебе што си заминале.
Ајде да се обидеме да ја реактивираме оваа прекрасна тема која уште на почетокот е криво поставена и премногу лично, па затоа е, и замрена. Баш денес ми текна на оаа тема кога јас почувствував грижа на совест па си реков ајде да проверам дали веќе има таква тема. Прашањето би било: Дали вие чувствувате грижа на совест заради своите постапки ии заради одредени работи и постапки кои сте ги направиле а сп тоа сте повредиле некој ваш близок или пријател. Темава е феноменална, дава широки можности за изјаснување, па дури и ако сакате не само сувопарно ДА, НЕ туку и со свои лични примери да го поткрепите своето мислење. Жал ми е што неможе горе да се додаде анкета во која многу по сликовито би се видело колку всушност сме ние егоисти и колку ни е битно само нашето его, желби и потреби да се задоволени, без оглед што поради тоа некој би бил повреден. Би сакал да го прочитам и вашето мислење без оглед што можеби е дијаметрално спротивно од моето.
Mene mi e strav da komentiram da ne ispadne ne sum ja sfatila poentata na temata. Baska mislam deka naslovot nema vrska so pocetnite postovi. Dvete treba da se odvojat a prvata da dobie drug naslov.
Се согласувам со тебе Галапче, дека почетните постови немаат врска со темата и затоа е, и замрена темата. Слободно кажи си го ти своето мислење, кој како ќе те сфати е негов проблем. Дури и да го има нај совршеното мислење на светот ако некој сака погрешно да те сфати тој тоа ќе го направи без оглед на се. Денес е полесно да извртиш нечија туга теза отколку да дадеш своја. Затоа слободно, без грижа на совест кажи си го сопственото мислење.
Ova ti od iskustvo za vrtenjeto tugi tezi. (se salam)..(ova vo tvoj stil). Sepak ke pocekam prv ti,neli taka odi redot za toj sto ja pocnuva temata.
Ретки се луѓето кои денес вистински чувствуваат грижа на совест, едноставно затоа што се изгубени основните човечки вредности и се настојува да се остварат личните цели без никакви скрупули. Лично за себе говорејќи, чувствувам грижа на совест ако повредам драга личност. Тогаш ни прифатеното извинување не ми го брише чувството на вина. Чувствувам дека потоа треба тројно да се подобрам како личност и да пазам да не ја повторам истата грешка, иако неретко не успевам во намерата.
Ти благодарам Галапче, баш си љубезна. Темава не сум ја отоврил јас за да го имам уводното излагање но еве ќе го кажам сопствениот став односно мислење. Да, имам силно развиено чуство за грижа на совест и при секоја најмала неправда што ја нанесувам на луето, свесно или несвесно, или доколку нешто кажам дека е така а потсвесно знам дека не е така, знае баш онака добро да ме раздрма од внатре, да чувствувам некој немир поради тоа што сум го направил. Не е фалење ако кажам за себе дека имам премногу чувствителна совест и се што отстапува од оние мои зацртани норми а свесно сум го направил спротивното, знае да ме оптерети тоа чувство на грижа на совест, дури и за банални, небитни работи.