1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа на совест

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од brunete, 29 јуни 2011.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека премногу размислувам за како луѓето ме перцепираат и дали со некоја постапка сум повредила, изнервирала некого или направила некој да има погрешно мислење за мене.

    Така што, да, често чувствувам грижа на совест. Ми се случувало да не можам да заспијам затоа што сум свесна дека сум повредила некој. Јас сум секогаш таа што прва се јавува и што се извинува, затоа што ме убива грижа на совест, понекогаш дури и кога делумно вината не е само кај мене.

    Не го гледам како позитивна особина секогаш, би сакала да сум погруба понекогаш, особено со луѓе за кои знам дека не би размислувале толку за мене. За блиските, нормално е да имаме сите грижа на совест, нечовечно би било свесно или несвесно да повредуваме луѓе што ги сакаме без око да ни трепне. :)
     
    На angelche16, Bah, AziskaStrslenka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Да во право си.