Глумата и на двајцата е навистина на ниво.Плус ми се симпатични како пар.Го гледав одамна, ама многу добро се сеќавам на сцената со вибраторот во ресторанот Крајот е нели како во секоја романтична комедија, ама сепак е интересен.
Кетрин ми е омилена глумица, а овој филм просто го обожавам и би го гледала постојано, мислам дека никогаш нема да ми здосади !
Лелелел.. филмов го обожавам значи колку е предобар .. прв пат го гледав лани летото и се заљубив во глумецот .. го обожавам у сите филмови добро глуми !
Кетрин многу ми е слатка а типот многу ми е грозен, повеќе ми се допаѓа во пар со Ashton во Killers Инаку и не е нешто посебен, лимунатка што би рекле некои форумџики , мада имаше неколку сцени на кои слатко се изнасмеав .
Ах Жерард. Мислам дека 10 пати го изгледав филмов поради него. Она, класичната романтична комедија. Без никаква поента во неа. Глумата? Не нешто најдобро, не е ни лошо. Сосем прикладно. Приказната ми е тотално безвезна, ама овие се тие филмови кои релаксираат и помагаат во тепање време. Има мнооогу голема разлика од глумата на Жерард тука до онаа во Law abiding citizen.
Колку ли сум се смеела на филмот .Особено на она сцената во ресторанот со вибраторот и кога овој докторот ѕвони на врата и Аби (така ли се викаше ликот на Кетрин ) отвара скоцкана од глава до пети,со фризура и шминка и вели Џст дуинг д дишес .Кетрин е дефинитивно створена за комедии а Жерард не ми е воопшто привлечен,не знам што толку гледаат некои во него. Филмчето е добро,би го препорачала.
Хахаха, филмов е закон!! Додека го гледав дома ми се чудеа зошто се смеам како недоквакана, ама одкога го гледав со нив имаа разбирање и веќе не ме гледаа така чудно. Највеќе се смеев кога детето и ги вклучи вибрациите на гаќите..ХАХАХА.. Интересна комедија
Си ги сакам вавиот жанр на филмчиња, сега тоа е. Али каква спојка од актери мх мх. И со докторчето не беше лоша, али со Жерард сивуплееее. Го имам гледано 3-4 пати, го знам на памет филмот, и пак би го гледала, впрочем еве сега ќе си го пуштам на кинотека да се забављам. Глумицава ми е хит, родена е за ваков жанр, нешто као „Life as we know it“. Колку се смеела на сцените кај што се средува цела вечер, и онака ноншалатно искача кога докторчето и ѕвони на врата и она као демек само ги миела садовите , она со вибраторот во рестаранот ми беше урнебес, коа јадеше кавијар на таа реката, па го повраќаше од што и беше гадно и така. Ете ви доволна причина да го гледате филмот, ако не сте го гледале а сакате ваков жанр.