Групер.мк

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 22 септември 2018.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.098
    Допаѓања:
    285.211
    Имам четири ДАЛИ прашања:

    Дали сте искористиле купон од Групер?

    Дали сте задоволни?

    Дали би го препорачале?

    Дали сте го добиле тоа што сте го платиле?
     
    На Aleksandar1212 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    54.580
    Пол:
    Женски
    @referentka јас до сега имам купено и користено само купони за попуст на спортска облека и очила за сонце. Пример, со купон од 99 денари имаш 30 % попуст на патики и тренерки, така да, задоволна сум. Моја препорака е да ја инсталираш апликацијата и на лице место да купиш купон, да не ти пропаднат парите доколку не најдеш нешто што ти се допаѓа.

    Другарки имаат користено купони за патувања (конкретно за Солун и Банско) и задоволни се. Сепак, мој совет е да провериш и на букинг и да споредиш цени, се случува цените на букинг да се пониски од оние на групер.
     
    На Antebellum, referentka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.297
    Допаѓања:
    109.760
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу често нарачувано. Од јадење до материјални нешта.
    Така си го купив мојот пренослив полнач пред 2 години за 950 денари и уште ме служи добро.

    Потоа имам нарачано ташни за плажа и многу други работи.
    Ти ги доставуваат до дома некои нешта, за некои имаш бесплатна достава мислам.

    Задоволна сум на скала од 1 до 5, 4.50 би дала.
    Знам дека пролеттва правеа ршум со пиците во еден ресторан кај Симпо. Имаше акција сите средни пици по 50 денари. Пиците беа одлични и вкусни.
     
    На cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.883
    Допаѓања:
    144.784
    Пол:
    Женски
    4 пута Да. Барем до сега се било ко што е претставено.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.098
    Допаѓања:
    285.211
    Јас три пати и од трите двапати не сум задоволна.
    Прв пат нудеа депилација со попуст.Кога отидов во салонот, ми рекоа дека може ама само пола нозе:fubar:
    Денес бев исто и имав нарачка на две даски.Луѓе, поинаку беше описот, а на даската имаше еден колбас од најефтините во КАМ (оние едни црвени) една кременадла и некои 4-5 мефциња кои тие ги нарекуваат пилешки.
    Даската као за 3-4 лица.
    Утвари едвај за еден е тоа.

    Само еднаш беше пристојно.

    Групер го бришам од листата на опции.
     
    На raww, mira.mira, Antebellum и 4 други им се допаѓа ова.
  6. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    1.436
    Јас имам нарачувано шише за вода со вграден планер за таблети или како да кажам, фиокички за апчиња за секој ден од неделата =)))) Не го употребувам, ама тоа е до мене. Супер искуство имам, си платив на нет - дома ми го донесоа за два дена, иако не сум од Скопје, бесплатна беше доставата.

    Сеа у моментов не ми текнува што, ама имам нарачувано и други нешта. Многу сакам да пробам со купон за тироидна или нешто здравствена услуга, ама со оглед на тоа што не живеам во Ск - малку ми е потешко да планирам однапред.
     
    На cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.883
    Допаѓања:
    144.784
    Пол:
    Женски
    ауу лошо. За храна немам користено ама за курсеви и производи да... да си знам за храна ич да не нарачувам. .
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sanji4444

    sanji4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    Јас имам повеќе пати купено купони на Групер и сум задоволна. Неколку пати за депилација, за фризура, камера за во кола, за фотографии, за накит, здраствен преглед...
    До сега тоа што сум купила таква услуга или производ сум добила како што нуделе.
     
    На buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    37.525
    Јас само годинава за одмор имам земено купон и тоа дека друштвото настојуваше преку Групер да уплатиме, иначе мене никогаш немаше да ми текне. Океј беше попустот. Ама еве сега така си стои апликацијата, не ми текнува да видам што и како има.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.760
    Допаѓања:
    138.868
    Не е до групер, туку до локалите.
    Ако си земеш од проверени локали купони, нема да се разочараш..
    Пример Фрути ди маре сега скоро..Имаше и од Венето добри понуди и квалитетна храна
    Тоа е..кај нас угостителите не разбираат дека Групер треба да го гледаат како алатка за промоција. Па да те услужат како што треба и ти да се вратиш уште 10 пати без купони..
    Гледаат на краток рок, сега ќе ти скратиме на порција а за утре дали ќе дојдеш не ни е гајле..
    Идиоти..
     
    На Thallia, Aleksandar1212, Sesil и 17 други им се допаѓа ова.
  11. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    15.311
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Даст до локалите е.
    Имам користено за Банско,Солун ,Софија,еднодневните во Грција ама сите со Бисер Пром,зашто сигурна ми е агенцијата и немало проблем.Од јадења понудата во Перла бјанка мислам се викаше во Кисела вода пица со две кафиња и палачинка за 320 денари,Бек Јард еден локал позади Јосип броз пастрмајлија и вафли,супер беше се.За поскапиве патувања не ми се сигурни,посебно кога ќе видам некоја непозната агенција.
     
    На 1209, cresa-jagoda и Doozy им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    58.841
    До локалите е, се согласувам со @Dust

    Групер се професионалци, ако се пожалиш кај нив во „дирекција“, ќе обратат внимание и ќе ги опоменат. Мислам дека имаше нешто кај нив на страната за жалби и поплаки.

    Јас порано имам нарачувано и купувано купони и сум била задоволна. И храна и козметички услуги. Сега ги следам по социјални мрежи од друга причина, имаат многу добри кампањи и супер ги водат, па ми се интересни за гледање. :D
     
    На DAngel и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки
    Имам користено некои услуги со купони за масажа. Коректно се како што треба било секогаш.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    44.193
    Имам користено купони ама не сум била баш најзадоволна. Едното беше за патување, потоа видов на букинг дека дури и пониска е цената.
    Во една прилика видов дека нудат попуст на компјутерски очен преглед, а имав отидено во таа оптика претходно и добро знам дека овие прегледи им се бесплатни.
    Глупост ми е кога ќе видам фирми што нудат, не знам, пластични ствари за кујна, крпи ватевр. И мислам дека немаат ни продавница, само некој магацин надвор од Скопје и производи што ги нарачуваат од Кина. Групер им е онлајн продавница :)
    Може не е нивна вина, ама не можам потполно да се потпрам на нивните зделки или слепо да им верувам.
     
    На DAngel, cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.098
    Допаѓања:
    285.211
    Кога им се јавив уште првиот пат дека ме зезнале, тие дигаа раменици и рекоа дека немаат врска со тоа.
    Како немаат врска кога на нивниот сајт е истакнато ?!
    Значи дека тоа што го истакнуваат со попуст и тоа нема врска со нив?!
     
    На mira.mira, cresa-jagoda и kravce им се допаѓа ова.
  16. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    5.354
    Пол:
    Женски
    Да имам земено три пати купони еднаш за Банско бидејки цената за тие денови денови беше предобра за двајца во хотел со се
    Вториот пат земав за тренерки и се исплатеше еве тренерките ги убив од носење
    И еднаш имаме земено за во Куманово во она етно село и задоволна сум друго немам зимано
    Не сум имала до сеа проблеми
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tejjy

    Tejjy Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2018
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Јас имам порачувано повеќе работи и сум задоволна. Сум го добила тоа што го платив и најдобро е да си ја спуштиш апликацијата и на неа да гледаш што има бидејќи вистина има избор. Мајка ми и сестра ми имаат купувано купони за патување и задоволни се.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lilo

    lilo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Јас немам користено групер, но имам користено келепур за по ресторани и задоволна сум премногу. Храната е како на сликата и описот одговара во целост. Сум била во Охрид и Вевчани
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    20.676
    Пол:
    Женски
    Od grouper nekogas zadovolna, nekogas ne. Koga ke sumiram poveke mi se negativni iskustva. Zadovolna sum bila koga sum kupila kupon za popust vo odredena prodavnica.
    Ke pisam del od losite iskustva.
    Toa so hranata I mene mi se slucilo. Ides I ti sluzat skoro pa pola porcija.
    Kupivme kupon za Cheyenne na klimata. Ne zaebavaa skoro mesec dena. Sekoj den najavuvaa deka ke dojdat I ne doagaa. Reagiravme vo grouper no vratija pari vo kosnicka.
    Kupon za manikir I pedikir. Koga otidov uslugata bese za nikade. Gazdaricata prvo se cudese od kaj se pojaviv, iako imav zakazano. Toa sto go dobiv, poarno doma sama ke se sredev.
    Ima edna firma so adresa na kacanicki pat. Haos. Kupivme led sijalica, ne rabotese. Kupivme masina za jufki pravenje, ja vadime od kutija, skrsena. reagiravme,grouper ni vratija pari vo kosnicka. Imalo I drugi negativni iskustva, ova e del.
     
    На mira.mira, cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  20. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    2.521
    Пол:
    Женски
    Јас немам нарачано ништо. Си ја симнав апликацијата за патувања, но кога ги споредив со цените летово од агенциите, воопшто немаа попуст. Дури и поскапи идеа бидејќи во агенциите беше со превоз. И да напоменам, исти вили-хотели со цените од агенциите споредував. После тоа ја избришав и толку беше, џабе се рекламираат од тој аспект. Барем да не не прават будали при интернет и можност за споредба.
     
    На mira.mira и referentka им се допаѓа ова.