За патувања не знам дали некогаш би уплатила преку Групер. Можеби некогаш, ако ептен наидам на навистина добра зделка. Инаку, тешко. Обично користам купони за масажа, депилација, фризер, шишање, фенирање. Од тие услуги немам негативни искуства, сè си било во ред. Последно искористив купон за попуст за дерматоскопија, задоволна сум и од тој третман. За купоните за храна имам слушано поделени мислења, не сум сигурна дека некогаш би искористила некоја понуда, но ќе видиме. Засега сум задоволна.
Не сум користела до сега.Не ми се поверливи некако, мама запнала за Фрути ди Маре.Можда ќе пробаме, ако пробам ќе споделам искуство. А како оди тоа постапката може некој да ми каже?What’s the point?
А како се извршува плаќањето за одредена понуда на групер? Дали преку картичка или кога ќе се оди на местото - пример во ресторан или кино, зависно за каде се однесува понудата. И дали треба да се печати прифатената понуда од групер? Откако ќе се кликне на „купи“, што понатаму?
4 пати одговорам со ДА. Користев еднаш антицелулитни масажи 20 на број.за пристојна цена и имаше ефект.задоволна до сега од повеќе работи сум
Имам земено пред три години купони за зимување во Банско Се беше ок Сега чекам зделка да испадне за Боровец па ке си купам пак купони Поетини се на групер отколку на букинг
За јадење неколку пати сум го користела и имам поделено мислење. На пример некои места го користат за да те привлечат пак да појдеш. Некои иако си редовен таму и те знаат те вреѓаат демек ау и ти со овие купони? И тоа газдата. Треба коментари да се оставаат и да се читаат пред да се направи нарачка не сме ние долгорочно бизнис насочен народ. Ние денес да џапнеме за утре ќе трескаме глава. Не е до групер до фирмите си е.
До сега имам купувано неколку купони од Групер и можам да кажам само позитивни работи. За се што сум купила купони се е било така како што пишуваше во описот. Треба многу убаво да го прочитате описот пред да земете било каков купон. Видов доста делумно задоволни корисници дека порциите во рестораните не биле големи или пак им велеле „пак ли вие со купон“ и кој знае уште какви ситуации имало. Мислам дека најмалку во такви ситуации грешката е кај Групер. Да, тие ги договараат акциите и се останато но, не можат тие секогаш да се таму за да видат како би се однесувале со вас вработените. За било каква ситуација од тој тип најдоброто би било да се обратите во Групер и да дадете свои искуства за понатаму тие самите да знаат со кого треба да продолжат да соработуваат, а со кого не. Сепак и тие кога одат да договорат едно им кажуваат, а потоа ние добиваве друга услуга. Се тоа зависи од газдите не од Групер. За најдоброто на сите мое мислење е дека треба да пишуваме и позотовни и негативни искуства со фирмите за да се подобрат услугите.
Имам користено добри 20 пати, речиси сите биле храна/пијалок. Ама и тоа било нешто ситно, претежно кафе. Колач, сладолед, сендвич, слично. До сега не сум имала никаков проблем, сите биле како во описот и услугата била добра.
Јас имам позитивно искуство со Групер. Неколку пати имам порачано различни ствари за во кујна од тие што се со бесплатна достава и за најмногу два дена стигнуваат на домашна адреса. Производите се баш такви какви што сум ги порачала. Еднаш исто така купив купон за во Newborn клиниката и го добивме точно она за што имавме платено и што беше наведено на страната. Генерално, задоволна од Групер барем до сега.
Сум користел и Групер и купинапопуст, задоволен од она што сум го користел. Иако повеќето од тие попусти не се попусти туку реални цени нарочито за патувања-хотели. Секогаш што ја кажуваат цената основна на која што се базира попустот е нереална и никогаш не ја нуделе во стварноста. Случај таков со хотелот Вита Спринг Спа во Бања близу Банско, цената со попуст на овие сајтови и цената директ да си резервирате во хотелот е потполно идентична. Со тоа што на сајтот на Групер мора одма да платиш а кога резервираш директно преку хотелот тие само ти ја резервираат собата а си плаќаш на лице место
Дали некој "купил" курс од Групер? Гледам сега има некои попусти па сомнително ми е некако од 489€ на 5€ намалени. Ако знае некој како одат тие работи нека ме "просветли"
Јас имам купено за Фотошоп. Откако го купив сфатив дека тоа што го купуваш на Групер е нешто ко вовед од курсот. Т. е. програмата беше Basic алатките на Фотошоп. За понапредно ниво се наплаќаше на месечно ниво мислам. И диплома откако ќе ги поминеше сите левели ти даваа, ама пак, не ја добиваш со тие 300 денари што ќе ги дадеш на Групер.
Купив курс по германски на Групер, за џабе фрлени пари! Ама не вреди ич. Не ми дава да поминам за точен одговор (го дава како опција ама не го одобрува), и од 5 прашања ако имаш 4 точни не ти дава да поминеш бидејќи требало да имаш минимум 55% точни одговори, па тоа е веќе 80%.... КАТАСТРОФА