1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грчеви кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 9 мај 2010.

  1. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    43
    Грчевите на стомачето кај бебето се јавуваат во првите три месеци по раѓањето и најчесто се безопасни. Доколку мајката дои, храната која таа ја внесува при редовните оброци делува на млекото и на бебето што цица. Некои продукти делуваат позитивно на доењето и на количеството на млеко, но има и такви кои делуваат негативно на продукцијата на млеко. Некои материи кои бебето ги внесува со млекото при цицање предизвикуваат пореметување на процесот на варење на храната и грчеви.
    Во периодот додека дои, мајката треба да почитува одредени правила на исхрана, поради себе и поради бебето кое го дои. Исхраната мора да биде разновидна, да биде богата со витамини и минерали, кои ќе се конзумираат преку внес на големи количества на овошје и зеленчук, супи од зеленчук и супи од месо. Се препорачува избегнување на месни преработки како сувомеснати производи, виршли, колбаси, паштети, салами и друга конзервирана храна која во себе содржи конзерванси и адјуванси. Овие продукти преку мајчиното млеко делуваат на бебешкиот организам, прават стомачни грчеви и доведуваат до промени во празнењето на цревата на бебето.
     
    На tina2018, Mamicka25 и sunmoonstars им се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Овој сируп ни беше спасот...Едно време го снема по аптеките, сега не знам дали го има...
    [​IMG]
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    На нас ни помогнаа Еспумисан капките, и не му давав по пропишаната доза од 25 капки после секој подој, туку по 10 и тоа само два пати навечер (последните две цицања пред спиење).
    Сум слушнала и дека овој сирупов бил добар Нурс Харвис.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Нас ни помогна топло термофорче на стомачето, или затоплена пелена, и чај од ким понекогаш. Друго ништо, не пробав од овој Nurse Harvey's, не можев да најдам. Пазев на исхраната, ама залудно, грчевите пак си беа тука. Нормална појава се, сепак, неговиот систем за варење се разработува, буквално се учи да функционира. Тој период брзо се заборава, иако е напорно. Важно е да се има многу трпение.
     
    На tina2018, QueenBi, Bufi и 3 други им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    И јас го користев ова и плус чајче Бекутан. Му давав само во исклучителни ситуации кога многу плачење а беше програмиран од 18,00-20,00 уста да не затвори
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Лелеее флешбекови :( Керкичката плачеше два месеци по цел ден, ама буквално по цел ден :( Nurse Harvey's не се даваат пред навршен месец дена, единствено чајче Бекутан и Плантекс и дававме после оброк. На крај на вториот месец грчевите се смирија. И синчето имаше ама пократок период и не толку интензивни.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Исто доилката не треба да пие газирани сокови, ништо луто, без грав, леќа, грашок и други зрнести. За да не прима многу воздух заедно со млекото дури цица, главчето малку по горе се држи на бебето-полу седнато. кога се нацица обевезно да ждригне! може исто така да се стави и топал компрес на стомачето на бебето при болки. затоплете пелена на печката и ставете му го на стомачето НО НЕ НА ГОЛО! така се затоплја бебето и заспива...
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Леле, и син ми исто од 18-20.00 уста не затвараше вриштеше со сите сили , па дури и сите бои ги менуваше на лиценцето.Од умор заспиваше. Среќа само 20 дена имаше грчеви. А му давав чајце бекутан ,и му ставав затоплена пелена на мешето над облеката .
    Исто помага и кога се држи бебето во позиција со свиткани ноџиња (како кифла свиткано ).
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се сложувам со тебе, да не беше сирупов, ќе измрдавме сите по дома. Јас растворав во флашичка, 5 мл сируп, со 10 мл превриена вода и обавезно штом ќе почне да вреска и давав од тоа да се напие.Има влијание, го смирува стомачето,а богами и пријатно делува врз возрасните,особено за нерви и ушните тапанчиња :lol:
     
    На tina2018 и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас за сирупов не знаев. :(
    Грчевите и` ги смирував со Бекутан чајче и со затоплена пелена на стомачето.
    Исто пробав да и` дадам и чај од Ким, тој ми го препорачаа, ама мојава не сакаше да го пие.
    Се сеќавам дека легнував и ја ставав на мојот стомак да спие со мешето свртена. Ми рекоа дека така се смирувале грчевите. Успеваше, спиеше мирно ама затоа па јас се здрвував.
     
    На Cold.E, mina.baby и tina2018 им се допаѓа ова.
  11. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    на нас ни помогна многу една маст од ким.после бањање и навечер го мачкам,поретко му давам чај од милупа и ако ептен се мачи тогаш глицеринско чепче.после секој подој му давам капки саб симплекс.и си го земам да спие со мене во кревет,бабицата и педијатарот така ме советуваа и сега сме сите наспани и среќни :) а тоа дека мајката треба да пази,зависи,кај мене не е така.барем за газирани сокови сум сигурна дека не се проблематични,тоа меурчињата не одат во крвта,зашто би предизвикувале грчеви.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vecika

    vecika Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SANY4E

    SANY4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    јас имам 6месечна керка со грчеви немав никаков проблем,и давав по 50мл чај на бекутан за грчеви наутро и попладне уште 50.а и таква е јака кога имаше само ке се стисни ке ги собере нозете јас и ставав трици во вреки4ка затоплени и и давав чај,и нозете и ги исправав и ја повив одма почнуваше да прде и грцевите престануваа....
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Mamicki kolku e cajot na hipp za doilki vo granuli za doilki koj voedno mu pomaga na bebceto preku mlekoto?
     
  15. polzela

    polzela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    може ли некој да ми каже колку пари се еспумисан капките и дали може да се даваат на едномесечно бебе фала
     
  16. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    па мислам дека се окулу 230 денара и да може да се даваат на бебче јас на син ми уште од вториот ден почнав да му ги давам мислам дека тие се спицијално наменети за бебенца а и многу помагаат
     
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Иако искористив едно шишенце Еспумисан и мислев дека грчевите се смирија, откако примивме ДиТеПер вакцина после два дена почнавме да имаме повторно проблеми со грчеви но овојпат со многу поголем интензитет... Еспумисанот не ни помагаше и по препорача започнав со Colief капките. Има ли некоја од вас искуство со колиефот? И тие што доите како им го давате? Малку ми е проблематично со тие 15мл минимум пред доење во кои се раствараат капките па на лажичка па после цице... бебето нервозно, а кога сум сама оваа процедура ми е многу мачна :(
     
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Јас кога барав совети за грчеви имаше еден лекар кој многу логично ми објасни дека детето повеќе воздух ќе се наголта додека да му ги дадам капките (а со тоа и ќе има повеќе болки во мешето) отколку да не му давам ништо. Исто така, најдов дека за работиве за смирување грчеви не може да се најде НЗС, зашто кај некој делува едно, кај некој друго, кај некој ништо. Нас најмногу ни помагаше топла пелена на меше, заспиваше набрзо и убаво отспиваше. Се друго ми беа џабе фрлени пари. И капки и сирупи и што се не купивме, грчеви си имаше. И тоа најмногу доцна попладне и навечер. А плус што и тоа пред доење ми беше нејасно, моево бебе знаеше да цица некогаш на 1 саат, некогаш на 3, како да знам кога да давам капки (оти ако писне да цица, најди јунак да ја држи да и дадеш капки и плус 15 мин подоцна да цица), и дали баш пред секое доење (така некогаш ќе дојдеа 10 пати да треба да давам) итн... Ако не сте пробале топла пелена, пробајте. не премногу жешка, со пегла стоплена и на меше, секако, преку облеката.
     
    На tina2018, Dead-mouse и girl1985 им се допаѓа ова.
  19. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Истото се случи и кај мојата ќеркичка,тамам и се подсмирија грчевите прими вакцини и пак и се вратија. Јас почнав да ја заспивам и да ја легнувам на стомаче и гледам дека и е подобро,а за разлика од предходно сега вака легната спие и по 3 часа. Ова го правам еднаш до два пати во денот затоа што ортопедите не препорачуваат спиење на стомак,ама па јас морам да најдам некое решение и за нејзе и за мене . Јас пробував предходно со чајчиња ама безуспешно,а пробав и со Инфакол капки од кои 3-4 дена и се подсмирија грчевите ,но затоа 5-6 ден толку многу плачеше и се грчеше што престанав да и давам било што.Сега е само на цицање и спиење на стомак ,а проблем имаме само кај 7 навечер ,ама за разлика од предходно кога проблемот беше цел ден ова се издржува.
     
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Мојот син наполни еден месец и се грчи цело време, се гледа дека му е тешко. Се скратив од млеко и млечни производи, внимавам што јадам, почнав да пијам дневно по три чаши чај од камилица и му правам вежби (како да вози велосипед) и тоа најубаво делуваат насабајле кога ќе стане, ги вади сите гасови т.е ќе се изнапртка едно убаво :lol: и му ослеснува .